Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Хистероскопија (HSC)

Ре: Хистероскопија (HSC) 18 Мар 2011 22:21 #123640

  • бамби
  • бамби's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 54
  • Thank you received: 78
  • Карма: 0
кажете ми дали има шанси за рефундирање на пари од фзо за хистероскопија?дали некој побарал? претпставувам ништо од сето тоа ама сепак да си прашам :)

поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 11 Јун 2011 22:52 #141159

  • Јованова
  • Јованова's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Карма: 0
Здраво на сите што го читаат ова!
Прво сакам да ви кажам дека пред 2 дена имав хистероскопија во Ремедика и само сакам да го поделам сопственото искуство со вас. За HSC најмногу информации добив од овој форум и им благодарам на сите што оставиле свој коментар. За Димитров во Ремедика прво тука слушнав пофални зборови и го побарав да се договорам со него. Ми рече да дојдам кога му е оперативен ден и дека откако ке ме види на ехо одиме одма со HSC доколку се види потребата од тоа. Отидов сабајлечки, ме виде и ми кажа дека ке правиме HSC. Потпишав согласности за операцијата: една за анастезиологот, а друга за докторот (операторот). Ме ставија во дневна болница (наместо во оделение) да чекам термин за во сала. Кога беше слободен докторот - немаше слободна сала, а кога ме внесоа во сала, анестезиологот со кој праев муабет беше сменет (беше друг анестизиолог кој се претстави), а докторот не го видов во сала. Ми ставија анестезија и коа се рабудив на мое барање ме ставија на оделение. Кога прашав кога ке дојде докторот да прашам како помина се, ми рекоа ке добиете на писмено шо-како било и која терапија е потребна. Од кога кренав галама, докторот на одење помина кај мене и кажа шо-како било. Кога му реков дека не го видов во сала, ми рече:„Па, шо!“
По неколку саати ме пуштија дома и на отпусното писмо видов печат на докторка за која немам никогаш слушнато. Ми пишуваше на контрола, по резултати кај Димитров....
Од вработени во Ремедика слушнав дека салата за интервенции работи не со 90% туку со 103% искористеност....Јас потипишав согласност за Димитров, а ме оперираше првиот слободен анестезиолог и првиот слободен доктор, кој што by the way го нема на листата на вработени на нивниот сајт, и не го видов со свои очи...
Толку..Ви препорачувам на сите кога потпишувате согласност за докторот-оператор инсистирајте неговото име да биде впишано на документот, а не на бланко име..Оти работите се менуваат преку ноќ т.е. кога сте под анестезија...Искрено се надевам дека мојот револт и препораки до сите идни пациенти на Ремедика се испратени на вистинско место и ке стигнат до сите вас..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 12 Јун 2011 03:01 #141176

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
Uf,Jovanova bas mi e zal za neprijatnostite sto si gi doziveala. Jas isto imam praveno histeroskopija vo Remedika pred 3 god, kaj Petanovski i nemav problemi od ovoj tip, naprotiv bev smestena vednas na oddelenie, koga me vnesoa vo salata tamu veke me cekase doktorot i mi pravese muabet duri da pocne da deluva anestezijata, a anesteziologot bese toj so kogo razgovarav prethodno. Vednas po intervencijata doktorot otisol kaj maz mi da mu kaze kako se pominalo, a posle dojde i kaj mene. Na otpusnata lista bese navistina potpisan drug dezuren doktor, medjutoa si stoese koj mi ja napravil intervencijata i naodot, a deka dezurniot doktor samo go pravi ispisot. E arno ama, rabotite ocigledno se menuvaat .... kako sto imaat poevke pacienti taka se poneorganizirani. Jas isto imam edno cudo zamerki sega koga bev vo bolnica za poroduvanjeto. I mene me porodi dezuren doktor zasto mojot doktor bas vo toj moment imase druga intervencija (iako on mi ja stavi provokacijata i doagase da me vidi). Jas vo den moment mnogu se iznervirav i dignav galama zasto ne sakav da me porodi bilo koj, ama otposle mi bese zal zasto doktorov maksimalno profesionalno si ja zavrsi zadacata i jas imav navistina super poroduvanje. kako i da e, ne e korektno voopsto sto po tolku dogovaranja vo eden mig se najdov jas vo rodilnata sala sama so sestra. Sepak, plakam za podobar tretman. Mada, od dr starna toj mig bese nepolna minuta zasto odednas so trcanje dojdoa anesteziolog, pedijatar, dezurniot doktor. Sepak, sega otkako pominaa 9 meseci ne mi e krivo ni najmalku sto tamu se porodiv, naprotiv, iako na propustite mora da rabotat poveke, ne se tie drzavna bolnica za takvo odnesuvanje, a i sto imaat edni 2 odvratni sestri na oddelenieto, ama toa e veke dr tema.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 13 Јун 2011 14:55 #141339

  • radost
  • radost's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 204
  • Thank you received: 122
  • Карма: 14
Jovanova, баш ми е жал што слушнав ваква приказна.
Се андевам дека се ќе биде во ред понатаму. Мене за хистероскопијата ме стестија на главно одделение и таму ме однесоја откако се разбудив од анестезија.
Изкрено не сум сигурна дали анестизологот беше истиот со којшто разговарав, не ми ни беше битно. Докторот и јас го видов само кога влезе во сала во полусон (така влегуваат). Ама го видов пред тоа и дојде да поразговара со мене пред да ме отпуштат, не веднаш по операцијата. Значи влезе за да го потпише отпусното писмо. А да на отпусното писмо секогаш има потпишано и уште еден лекар, не знам зошто.
Се надевам дека Ремедика ќе си ја подобрат услугата. МИслам дека можеш и формално да се жалиш, имаа некаде сандуче за поплаки.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 14 Јун 2011 22:55 #141686

  • Јованова
  • Јованова's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Карма: 0
Ви благодарам ana78 i radost. Да ви кажам дека денеска бев на контрола кај мојот матичен и малку ме смири како и вие дека печатот и потписот на отпусното писмо се само на некој шо ги пишува извештаите (а не опертарот) и дека без разлика шо нема своерачен потпис, сепак е потпишан Димитров. Целата тензија и недоверба кај мене се створи затоа што немаше место на оделение (и затоа ме сместија во дневна) и стекнав впечаток дека целата постапка оди нестандардно... Како и да е, утре ке имам резулати и потоа контрола и се надевам дека се ке биде во ред. Само мојот матичен ми кажа дека во моментот нема доволно прегледност на утеросот за може да се каже шо е тргнато, а што не (веке ми период на овулација 14-15 ден). Кажете ми дали имате правено контрола после ХСЦ и кога (во кој дел од циклусот)?
Поздрав до сите!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 15 Јун 2011 16:06 #141823

  • radost
  • radost's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 204
  • Thank you received: 122
  • Карма: 14
JOvanova само мисли поситивно и се ќе биде во ред. И јас се убив од мислење дали е се како што треба или не бидејќи бев многу мобилна после интервенцијата.
На отпусното писмо мислам дека ти пишува кога на контрола.
Јас по хистероскопијат пиев недела дена естрофем и потоа цел циклус циклопрогинова. Па чекав да добијам и после овулација во природниот циклус (во втората половина од циклусот) бев на контрола кај Димитров.
Во принцип септумот се гледа во втората половина од циклусот после овулација, а најдборо е неколку дена пред добивање бидејќи ендометирумот е најдебел.
Така што мислам дека ти е рано за контрола. Само опушети се.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 15 Јун 2011 16:15 #141827

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
Kaj mene se pravese histeroskopija poradi problemi so zabremenuvanje, i poradi toa sto na edno eho neposredno pred dobivanje vidoa nesto nalik na polip :wtf: ama posle ispadna deka samo endometriumot bil malku zdebelen neposredno pred menstrualnoto krvarenje. Taka da, kaj mene histeroskopijata bese samo dijagnosticka procedura, nemase polip, nemase nitu druga anomalija i se zavrsi na toa. Zatoa ne primav nikakva terapija, a za kontrola bevme dogovoreni ne se sekavam tocno posle 2 nedeli mislam ili po potreba ako imam nekakov problem. Si dobiv najnormalno vo vremeto koga trebase. Se e individualno, histeroskopijata moze da bide i dijagnosticka procedura i intervencija, pa od toa zavisi sto ponatamu, dali e potrebna nekakva terapija, koga kontrola i sl.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 15 Јун 2011 17:53 #141836

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Jovanova, jas pravev histero kaj Dimitrov - no pred nekolku godini koga seuste rabotese na Klinika. Istoto go "doziveav" i jas. Gola, legnata ... pocnaa so anestezijata, a nego go nema nikade. Se motkaa nekoi drugi doktori koi mene mi licea na stazanti i pocnav da se uprpuvam. No (za moja sreka) mene sporo mi deluva anestezijata i mi ja zgolemuvaat dozata se' dodeka ne me uspijat, pa bev budna koga d-rot vleze vo operaciona sala. Mislam deka toj turbo raboti vo salite i pauzite gi koristi za odmor i osvezuvanje. Relax, se ke bide vo red :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 15 Јун 2011 18:50 #141845

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Димитров си е малку таков, да речам „откачен“ :laugh:. На почеток тој ми ја водеше бременоста и можам да кажам се најдобро за него.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 16 Јун 2011 20:17 #142048

  • Јованова
  • Јованова's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Карма: 0
Денеска после дооолги 7 дена бев кај Димитров. Резултатите беа супер, а тој уште посупер! Ми објасни се, ми препиша терапија и на крај дури и приватен муабет. Неам зборови...Многу ми жал што ве потресов со мојата приказна, без врска. Ви благодарам многу на подршката на сите и се надевам оти пак ке пишуваме само убави работи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 17 Јун 2011 17:06 #142155

  • radost
  • radost's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 204
  • Thank you received: 122
  • Карма: 14
Jovanova мило ми е што си задоволна. Мене лично Димитров ми се гледа како многу стабилен доктор.
За за замарање, па за тоа сме сите тука, да си се замараме едни со други и да си се поддржуме.
Само опуштено.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 04 Ное 2011 09:04 #163101

  • Macee
  • Macee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
И јас правев хистероскопија ми отстранија септум на матката па да го споделам моето искуство со вас. Септумот ми го открија во јуни. Хистероскопијата ми ја правеа во септември и сакам да кажам дека сум доста задоволна од третманот. Правев во државна кај д-р Трајковски. Докторот е супер позитивна личност претходно детално ми ја објасни процедурата така што верувале или не целиот страв што го имав исчезна. Ме ставија во сала ми ставија анестезија и кога се разбудив се беше готово. Докторот дојде и ми кажа дека целиот септум е отстранет и од наредниот месец можам да почнам да работам на случајот. :jupi: Истиот ден ме пуштија дома се чувствував како ништо да не се случило. Немав болки и ништо невообичаено. Сега со нови сили во нови победи. :trudna:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 10 Мар 2014 04:12 #249131

  • tinkerbell
  • tinkerbell's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 36
  • Thank you received: 1
  • Карма: 2
skoro 2 godini probuvame za vtoro dete , ne fakja, minatata nedela pravev histeroskopija kaj petanovski, mi odstrani polip 4mm, mi rece deka vednas mozam da pocneme da probuvame a ne mi prepisa nikakva terapija posle postapkata. da ne zaboravil?da mu se javam da go preprasam? ili ima i drugi koi ne primale nikakva terapija posle HSC?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хистероскопија (HSC) 18 Мар 2014 14:36 #249291

  • Klaudija
  • Klaudija's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 12
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Сестрата на мм правеше хистероскопија во Плодност и отстранија септум на матката. Целиот септум и беше отстранет. Немаше болки и ништо невообичаено. :)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.