Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Електромагнетно загадување

Електромагнетно загадување 07 Јун 2012 15:19 #202542

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
ЕЛЕКТРОМАГНЕТНОТО ЗАГАДУВАЊЕ (electromagnetic pollution) или ЕЛЕКТРОСМОГ е термин кој се однесува на негативните ефекти врз здравјето кои потекнуваат од електромагнетното зрачење на уредите кои ги користиме во секојдневието, како уредите кои користат радиофреквенции: безжични телефони, мобилни, микробранова, рутери, бебшки монитори, безжични звучници, но и од самите "жичани" електрични инсталации, трансформатори, кабли, осветлување и сл. кои исто така емитираат ЕМГ зрачење.

Мислењата околу штетноста на оваа појава се поделени, од тоа дека ова зрачење е занемарливо во однос на зрачењето од сонцето и другите т.н. background зрачења кои потекнуваат од природата, па дури сметаат дека замарање со овие прашања е смешно. Но се повеќе се освестува и друго мислење дека вештачкото ЕМГ зрачење создадено од човекот влијае на клеточната структура и ДНК на живите органзими, и тие негативни ефекти допрва ќе се испитуваат. Она што моментално се врши од некои национални тела е пропишување на дозволеното загревање од изложеноста на овие зрачења кое се мери со единицата SAR (specific absorption rate), но тоа се однесува само на зрачењата кои имаат термален ефект врз живите организми, а не и за останатите ЕМГ зрачења кои немаат термален ефект.

Направени се обиди за научни да се испита поврзаноста на ЕМГ загадувањето со болестите како детска леукемија, канцер и слично, нормално има студии кои негираат и такви кои покажуваат поврзаност помеѓу тие две појави. Официјалниот став на WHO е дека нема доволно евиденција за да се потврди поврзаноста на ЕМГ загадувањето со ефектите врз здравјето... очекувано од WHO.

За оние кои не паѓаат од смеење на горниве увиди, еве еден интересен трејлер од документарецот
"Resonance - Beings Of Frequency"

Ќе преведам дел од текстот поврзан со видеото:

"Пред две милијардо години за прв пат се појави животот на земјата; планета која беше исполнета со природна фреквенција. Животот полека еволуираше иако опкружен со таа фреквенција ... и неизбежно почна да се прилагодува на неа. До времето кога човекот пристигна на земјата, беше воспоставена неверојатна врска... врска која науката штотуку почнува да ја разбира.
Истражувањата покажуваат дека изложеноста на оваа фреквенција е апсолутно интегрален дел од нас. Таа го контролира нашето ментално и физичко здравје, го синхронизира срцевиот ритам, му помага на имуниот систем и чувството за добросостојба.
Не само што сме опкружени со природни фреквенции, туку нашите тела исто така се исполнети со нив. Нашите клетки комуницираат преку ЕМГ фреквенции. Нашиот мозок емитира констанен тек од фреквенции и нашата ДНК дава инструкции преку ЕМГ бранови. Без нив не можеме да опстојуваме ни една секунда.
На овој деликатен баланс му биле потребни милијарди години за да се усоврши.
Но последните 25 години оваа хармонија е нарушена ... и тоа драматично нарушена.
Човечкиот вид се потчини на океан од вештачки фреквенции. Тие се насекаде околу нас, исполнувајќи го воздухот и исцрпувајќи ја земјината природна резонанција.
На прв поглед планетата изгледа исто. Но на клеточно ниво се случува најголемата промена која ја претрпел животот на земјата... и чии што ефекти штотуку почнуваме да ги гледаме и чувствуваме."

Ако ве заинтересирав, можам да пратам некои интересни линкови кон сајтови кои се бават со оваа проблематика, начини на заштита од домашното ЕМГ зрачење (толку колку што е можно), па и фб групи кои се за подигање на свесноста и ограничување на изложеноста од безжичната комуникација во школите.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Frenky, Зока, Cize

Ре: Електромагнетно загадување 08 Јун 2012 13:30 #202675

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Јас сакам да се едуцира малку на оваа тема, така да пуштај линкови.
Особено ме интересира како да се (под)заштитиме по дома :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Електромагнетно загадување 08 Јун 2012 14:54 #202677

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
No radiation for youЕве неколку едноставни работи кои може да се направат по дома за секој случај, па дури и да не е баш убедливо ова со ЕМГ загадувањето.

1. Добар процент од луѓето речиси не користат или многу малку користат фиксен телефон, ама го имаат за секој случај и најчесто е безжичен апарат со база и слушалка. Базата константно емитира зрачење со ист интензитет и тоа со голем домет, па ако не сте голем корисник на фиксен телефон може да го замените безжичаниот апарат со старите добри жичани верзии.
2. Безжичниот рутер емитира зрачење во облик на крофна околу себеси и интензитетот на тоа зрачење опаѓа експоненцијално со оддалеченоста од него. Затоа не е лошо да се постави на место кое е подалеку од просторот каде што спијат и најчесто играат децата. Најчест аргумент кој го слушам е дека колку и да пазиш којзнае колку комшии имаат рутери па они те зрачат...арно ама интензитетот опаѓа на дистанца а и зидовите можат да бидат доволна бариера за домашните рутери со мал опсег. Ако не е проблем краткото време на иницијализација при вклучување, не е лошо да се исклучи кога не се користи.
За корисниците на MaxTV, веројатно им е познато дека уредот кој го добиваат има интегриран рутер и најчесто нели се поставува некаде блиску до ТВ, па имајки во предвид дека помалите деца често се лепат за ТВ екранот не е лошо уредот да се помести на некоја пристојна оддалеченост.
3. Ова е општо познато, мобилните е пожелно да се постават подалеку од главата нарочно при спиење, и за да се намали зрачењето кон мозокот да се користат слушалки колку е можно повеќе. Посебно е јако зрачењето од мобилниот телефон на места со слаб прием како лифтови, подруми и сл. Имам гледано слики колку драматично е поголем ефектот на зрачењето од мобилни телефони во мозокот кај дечиња поради тоа што нивниот череп е потенок и многу е поголемо загревањето кај нив. Затоа мобилните воопшто не се препорачливи за деца, нарочно мали деца под 5 годишна возраст. (Јас се нервирам кога ќе и се јавам на жената што ја чува ќерка ми и она ќе и го тупне мобилот на уво еве збори со мајка ти.)
4. При спиење е пожелно да нема вклучено во блиска околина било каков уред на струја, вклучително и уштекан дигитален аларм.
5. Далноводи, трансформатори и други уреди кои пренесуваат струја со висок напон се извори на јако ЕМГ зрачење и не е препорачливо подолго задржување во нивна близина, на пример секојдневно играње на дечиња во близина на трансформатор.

Еве неколку линкови:

Electromagnetic Health
Wave goodbye
To WiFi or not to WiFi
www.norad4u.com/4-steps-program
Последна промена: 09 Јун 2012 09:30 by Fairy. Причина: ureduvanje na link
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vodolija, Зока

Ре: Електромагнетно загадување 08 Јун 2012 17:28 #202683

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
eve eden link na makedonski, ima mnogu za chitanje. za onoj shto go interesira, obavezno neka odi vo delot - fakti - referenci, sertifikati, istrazuvanje.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Електромагнетно загадување 08 Јун 2012 17:40 #202685

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Во врска со темата јас би ви го препорачала следново REN и да прочитате се што ќе најдете на интернет поврзано со д-р Никола Видев.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
Последна промена: 09 Јун 2012 09:24 by Fairy. Причина: ureduvanje na link
The administrator has disabled public write access.

Ре: Електромагнетно загадување 08 Јун 2012 18:01 #202688

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Mama Vase wrote:
eve eden link na makedonski, ima mnogu za chitanje. za onoj shto go interesira, obavezno neka odi vo delot - fakti - referenci, sertifikati, istrazuvanje.
Јас го имам СПХ неутрализаторот на Сончев зрак веќе четири години, но најискрено не го разбирам сосема начинот на дејствување иако го читав целиот сајт, а и пред да го купам лично разговарав со Стојан Велкоски конструкторот на овој апарат или попопуларен како СПХ "пирамида". Всушност описот на апаратот е дека го користи магнетното поле на земјата и ја менува амплитудата на ЕМГ зрачењето, но искрено не ми е јасно како тоа го прави за различен опсег на фреквенции, па и за космички и подземни зрачења. Сепак ги гледав и сертификатите и техничка шема на апаратот па иако не го разбирам сепак одлучив да го купам ... но не се осмелувам да дадам било каква препорака за него, сепак секој со сопственото убедување.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Електромагнетно загадување 24 Јун 2012 18:13 #205175

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Документрецот "Wi-fi a warning signal" ја обработува темата на последици од изложеноста на децата на wi-fi зрачењето во школите. Неколку научници од британија , австрија, шведска и дриги земји се залагаат за отстранување на wi-fi технологијата од школите и нејзина замена со "жичана" технологија, дури препорачуваат на родителите да го променат школото ако во него има wi-fi опрема. Тврдат дека ова зрачење прави оштетувања на структурата на ДНК, проблеми со концентрација и да не редам уште пострашни работи ... кого го интересира нека си погледне.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy, Зока

Најново на форумот

  • No posts to display.