Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Спомен-куќата на Тоше Проески

Спомен-куќата на Тоше Проески 21 Окт 2011 09:30 #160542

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Спомен-куќата на Тоше меѓу трите најдобри објекти според светската јавност, гласањето за прво место трае до 4 ноември



Скопје, 21 октомври (МИА) - Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево има големи шанси да биде најдобар објект во 2011 според светската јавност која првпат годинава во рамки на престижниот Светски фестивал на архитектура во Барселона има можност по електронски пат да избира најдобро архитектонско дело.

Во тесна конкуренција се уште два проекта - идејниот концепт „Атмосфера“ во Калкута и Музејот на меморијата и толеранцијата во Мексико Сити. Музејот на Тоше вчера со 5.100 гласа бил на третото место, а утрово со 6.900 избил на првото место на отвореното гласање openbuildings.com/peopleschoice/waf/leaderboard. Но пласманот не е конечен и е неизвесен до 4 ноември до кога ќе трае гласањето.

Тоа почна пред 45 дена и учествуваа 704 објекти од светот, избрани за листата од вкупно илјада пријавени. Објектите може да бидат од разни категории, а главен критериум за учество во гласањето е да се завршени оваа година. Првата фаза од електронскиот избор заврши денеска напладне и до 4 ноември за гласање остануваат првите три рангирани.

Веста за високото котирање на Спомен-куќата на Тоше, според изборот на светската јавност, денеска ја соопшти Дејан Секуловски, еден од архитектите на музејот, кој од отворањето во април го посетиле 110.000 луѓе. Тој рече дека отвореното гласање на интернет е придружна манифестација на реномираниот фестивал, кој е смотра на најголемите архитекти на денешницата и на кој се доделува и главна награда за најдобар објект на светот според одлуката на 69-члено стручно жири.

- Тоа е најголема изложба за архитектура во изминатите години, каде што се претставува светската архитектонска елита. Имавме среќа годинава да пратиме труд и да ни го прифатат по првото селектирање. Во меѓувреме тие афирмираа и награда за најдобар објект по избор на светската публика. Од денеска сме на прво место, до вчера бевме на трето. Се надевам дека со поддршка на јавноста, иако немавме такви амбиции, ќе успееме да стигнеме можеби и до наградата, рече Секуловски на средба со новинарите.

Цело време додека траело гласањето, позицијата на Спомен-куќата на Тоше варирала од второ до петто место од 704-те проекти, а последните 20 дена константно е на второ или на трето место. На openbuildings.com/peopleschoice/waf/leaderboard може да се гласа само еднаш од ист компјутер.

Со поддршка на Министерството за култура, Македонија првпат ќе се претстави на фестивалот во Барселона, каде што архитектите на меморијалниот музеј на Тоше ќе го презентираат проектот на затворањето на 4 ноември. Тогаш ќе бидат доделени и наградите, меѓу кои и главната за најдобар објект на светот.

Наградата од публиката не е материјална, но е многу значајна за промоција на објектот пред најголемите современи архитекти кои учествуваат на фестивалот во Барселона. Таму се претставуваат градби од стотици милиони евра и архитекти добитници на Притцекеровата награда (во архитектурата еквивалент на Нобеловата награда), како Заха Хадид, Норман Фостер, Коп Химелблау...

Спомен-куќата на Тоше беше отворена на 25 април годинава. Лоцирана е на Гумење во Крушево на површина од 870 метри квадратни. Има форма на крст, изградена од бетон и стакло, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски. Нивниот труд идниот месец ќе биде претставен и на изложбата на Интернационалното биенале „Леонардо“ во Минск.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 13 Јан 2012 07:13 by Big Sister. Причина: погрешен линк
The administrator has disabled public write access.

Ре: Архитектура 21 Окт 2011 09:32 #160543

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ајде да гласаме за најубаво архитектонско дело - Спомен куќата на Тоше Проески...

Ако не ви функционира линкот од горе, пробајте на овој...

openbuildings.com/peoples_choice/waf/leaderboard




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 21 Окт 2011 09:35 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Архитектура 21 Окт 2011 09:35 #160544

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Glasav :srce:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Архитектура 21 Окт 2011 10:40 #160555

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
  • Карма: 0
Ако добро слушнав сега на вести,гласањето заврши денеска на пладне,а резултати на 4,а јас се залетав да гласам.Се надеваме дека сме први.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Архитектура 21 Окт 2011 15:01 #160574

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
На прво место е. :jupi:
Јас сега гласав. Мора да се регистрирате прво, нели?
Ме растажи текстот за тоа како настанал објектот... Подобро никогаш да немаше потреба од него.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.