Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Науката во полза на човековото здравје

Науката во полза на човековото здравје 04 Апр 2011 17:47 #127962

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Човечко срце создадено во лабораторија



Научници создаваат човечко срце во лабораторија и се надеваат дека нивниот успех ќе претставува надеж за милиони пациенти кои имаат срцеви проблеми. Вештачкиот орган бил создаден со отстранување на мускулните клетки од донирано срце по што останал само цврст „скелет“ од сврзно ткиво.

Научниците потоа додале матични клетки од пациент на безживотната рамка. Клетките се множеле е пораснале околу структурата со форма на срце и со текот на времето се претвориле во здрави срцеви клетки. Американските научници веруваат дека вештачкото срце ќе започне да чука за неколку дена.

Иако сè уште има неколку години до создавање на целосно функционално срце, експериментот е голем чекор кон првите органи создадени по нарачка. Доктор Дорис Тејлор, експерт по регенеративна медицина од Универзитетот од Минесота изјавила: „Срцата растат и ние се надеваме дека ќе започнат да чукаат во следните неколку недели.“

„Има многу пречки кои треба да се надминат за создавање на целосно функционално срце, но јас предвидувам дека еден ден ќе можеме да создаваме цели органи за трансплантации“ додала доктор Тејлор.“ Овој експеримент се надоврзува на низа успеси на научниците кои се обидуваат да создадат резервни делови за трансплантации во лабораторија.

Во 2007 година британски доктори создале срцев залисток во лабораторија користејќи матични клетки земени од коскената срж на пациент. Една година подоцна научници првпат создале целосно функционално срце од животно. Човечкото срце се создаваат користејќи матични клетки - несозреани клетки кои сè уште ја имаат способноста да се претвараат во различни типови на ткива.

извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, lavce

Ре: Науката во полза на човековото здравје 08 Апр 2011 15:20 #128983

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Око создадено во лабораторија



Дел од око бил создаден во лабораторија, со што се отвараат нови можности за трансплантации и надеж за милиони луѓе со оштетен вид. Мрежницата - тенката обвивка која е осетлива на светлина - била создадена во процес кој експертите го викаат неверојатно постигнување.

Пациенти кои страдаат од оштетувања на видот предизвикани од старост се оние кои би можеле да имаат придобивка од овој процес. Јапонските научници употребиле „чисти“ ембрионични матични клетки, кои можат да се претворат во било каква клетка, како почетен материјал. Тие потоа на клетките додале коктел од протеини и хемикалии со кои ги натерале клетките да се развијат во дел од око.

Иако добиената мрежница не созреала, било постигнато нивото на развој кое се среќава кај бебињата непосредно пред да бидат родени. Експериментите, направени од RIKEN Центарот за Развојна Биологија во Кобе, биле извршени на лабораториски глувци. Научниците сè уште немаат покажано дека клетките функционираат. И покрај ова британскиот очен експерт Робин Али, професор на University College London, изјавил: „Ова е навистина значајно постигнување.“

Тој додал: „Да се види таа прекрасна структура во лабораториски сад е апсолутно неверојатно.“ Тој верува дека тестови на луѓе би можеле да бидат направени за пет години. За само 10 до 20 години, синтетички мрежници би можеле да бидат употребени за поправање на оштетен вид.

извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Науката во полза на човековото здравје 20 Мај 2011 16:04 #136971

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Потполно функционална бионичка рака




Патрик е 24 годишен Австриец кој ја загубил функцијата во левата рака откако доживеал струен удар на работното место. Лани, тој се решил да ја ампутира раката и да ја замени со бионичка. Во ова видео, Патрик ја демонстрира целосната функционалност на бионичката рака, а тестира и прототип рака што овозможува многу поголем опсег на движења.

youtu.be/9WJ19Ndz6zo

извор
Последна промена: 20 Мај 2011 16:05 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Науката во полза на човековото здравје 20 Мај 2011 16:14 #136977

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Операција на мозок без отворање на черепот

Хирурзите на медицинските факултети на Унуверзитетот Вашингтон во Сиетл и на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего утврдиле дека е можна операција за лечење на разни болести и повреди на мозокот без отворање на черепот и без вообичената огромна лузна на главата. Овој револуционарен, минимално инвазивен хируршки зафат, се изведува преку отворот каде што е сместено окото со што се елиминира отворање на черепот и вадење на дел од коска за да се дојде до мозокот.

Мал рез се прави зад или преку очниот капак кој е тенок колку што е дебелината на лист хартија. Притоа операцијата е помалку болна, а рехабилитацијата покуса.

– При оваа постапка се елиминирана потребата од отворање на черепот со што се избегнува голема лузна од едното до другото уво, а исто така е добра за заштита на големите крвни садови (каротидните и офталмолошките крвни садови), како и на нервите за слух, вид и мирис – вели Chris Bergeron, доцент на хирургија на Одделот за хирургија на глава и врат на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

Покрај овој начин на операција на мозокот, создаден е и друг начин преку носот, но хирурзите велат дека тој е посоодветен за мали интервенции на мозокот бидеќи просторот е помал.

Овие две нови методи на операција на мозокот хирурзите тврдат дека можат да бидат употребени за лечење на тумори на хипофизата, менингиоми, васкуларни малформации и аневризми, повреди на мозокот во сообраќајни и други несреќи, а во моментов се применуваат само во двете клиники, каде што се и создадени, на Универзитетот Вашингтон во Сиетл и на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.

извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi

Ре: Науката во полза на човековото здравје 30 Мај 2011 03:30 #138834

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Апче кое го преполовува ризикот од срцев удар

Научници велат дека апче кое се пие еднаш дневно би можело да го преполови ризикот од срцеви болести и инфаркти за милиони пациенти. Истражувачите кои стојат зад првото меѓународно тестирање од овој тип велат дека комбинираното Црвено Срце „полиапче“ би можело да го намали и ризикот од рак на дебело црево и проблеми со бубрезите.

Апчето е всушност комбинација од четири лекови, мала доза аспирин, статин наречен симвастатин за намалување на холестеролот и два лекови кои помагаат во намалувањето на крвниот притисок, лисиноприл и хидрохлоротиазид. Докторите веќе им ги препишуваат одделните апчиња на милиони пациенти во светот за да го намалат ризикот од срцеви удари и инфаркти.

Но многу доктори веруваат дека комбинираното апче би можело да спасува животи, да заштеди пари за здравствените фондови и да биде поедноставно за пациентите. Некои дури тврдат дека ваквите полиапчиња би требало да бидат препишани на сите лица над 55 години за да се намали ризикот од болести. Апчето би чинело околу 4,5 евра месечно по пациент, но истото најверојатно нема да биде достапно уште неколку години.

Научниците велат дека се потребни тестирања на поголеми групи за да се види дали полиапчето е најдобар начин за применување на лековите, или дали одделните апчиња функционираат подобро. Најновата студија го тестирала апчето врз 378 луѓе на кои претходно не им биле потребни одделните компоненти, но кај кои имало 7,5 проценти проценет ризик од кардиоваскуларни болести.

Доброволците биле од Британија, Австралија, Бразил, Индија, Нов Зеланд, САД и Холандија. Дванаесет недели по почетокот на студијата експертите го анализирале ефектот на лековите врз крвниот притисок, холестеролот како и колку пациентите го толерирале апчето. Професор Антони Роџерс, од Џорџ Институтот за Глобално Здравје во Сиднеј, изјавил: „Резултатите покажуваат дека може да се очекува преполовување на срцевите болести и инфарктие кај лицата кои го пијат полиапчето во долг рок.“

„Знаеме од други тестирања дека на долг рок би имало и 25-50 проценти намалување на стапката на смртност од рак на дебело црево, како и намалување кај другите големи типови на рак, срцеви проблеми и проблеми со бубрезите. Би биле потребни неколку години за да се добијат овие придобивки, но секако една од работите на кои се надеваме е дека полиапчето ќе им помогне на луѓето на долгорочен план.“

Околу едно од шест лица искусиле нус појави како надразнет стомак и кашлање. Еден од дваесет престанале да го земаат апчето поради овие нус појави. Наташа Стјуарт од Британската Здравствена Фондација изјавила: „Иако концептот на пиење едно апче наместо повеќе звучи привлечен, ова беше само мала студија и за да видиме резултати би биле потребни поголеми тестирања за да се одреди валидноста на потенцијалните придобивки од полиапчето. Иако лековите би можеле да го намалат ризикот, тие сепак не се замена за имање здрав животен стил.“

извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Bubbi

Ре: Науката во полза на човековото здравје 06 Јул 2012 13:14 #206747

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Еве една многу интересна технологија за борба против озлогласената бактерија MRSA која е отпорна на антибиотик. За разлика од антибиотиците кои делуваат по хемиски пат, во ИБМ лабораториите се развиени т.н. нинџа-полимери кои делуваат по физички пат, односно се закачуваат за мембраната на бактеријата и ја дестабилизираат, предизвикувајќи така да се распадне...нешто како имитација на имуниот систем. При тоа здравите клетки во телото остануваат неоштетени, а исто така полимерите се биоразградливи и не се таложат во органите на телото значи не предизвикуваат непожелни нус појави. Ако ве мрзи да читате, ѕирнете го видеото многу е интересно.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Зока

Ре: Науката во полза на човековото здравје 08 Фев 2013 07:09 #231988

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Претставен бионички човек од милион долари



Во Научниот музеј во Лондон е претставен бионички човек од милион долари, кој што има синтетичка крв и најнови механички протези. Станува збор за дело на тим од роботички експерти направено за потребите на новиот документарен филм на телевизиската куќа "Channel 4", наречен "How to Build a Bionic Man".

Цената на овој робот изнесува точно еден милион долари. За неговата изградба се користени најновите механички протези, а има и вештачки бубрези, панкреас, слезина, душник, како и функционален крвоток.



Во главата му е вградена и вештачка мрежница, па роботот може да ги види објектите пред себе. Вградени му се и кохлеарни инпланти, се со цел да може да слушне што се случува околу него. Исто така, и главата му е прикриена со вештачка кожа.

Роботот поседува и вештачка интелигенција, како и систем за говор, што му овозможува разбирање на едноставни реченици и одговарање на прашања. Значи, овој робот може да оди и да зборува, а вели и дека името му е Рекс, пренесува "Sky News".

Целта на изработката на овој робот е да се покаже колку е развиена медицината и колку е едноставно денес да се направи нешто што пред десет години изгледаше како научна фантастика.

Клер Матерсон, која што работи за фондот "Wellcome", кој што ја поддржа оваа изложба, изјавува: "Низ целата историја луѓето отсекогаш барале начини на кои што би можеле да се подобрат.

Барале и помош со која што би можеле да ги надополнат своите недостатоци, да станат поголеми, подобри, побрзи и посилни. Овие цели, науката и фантастиката секојдневно ги прават се поблиски и пореални.

Доволно е само да ги разгледаме минатогодишните Параолимписки игри и ќе видиме како науката и технологијата ја трансформираат сегашноста".

Извор

Samo da dodadam deka vcera ja gledav emisijata vo koja dadoa primeri kako funkcionira vestackoto srce kaj covek na koj mu treba transplantacija na srce, pri sto mu go spasija zivotot bidejki negovoto srce veke otkazuvase. Za zal srceto kosta 120 000 dolari i ne moze sekoj da si go priusti.

Na potpolna slepa zena i go vgradija cipot vo retinata na okoto i posle operacijata mozese veke da prepoznava formi, t.e. nejziniot mozok pocna povtorno da uci da gleda.
Последна промена: 08 Фев 2013 07:11 by Fairy. Причина: dodaden izvor
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.