Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани....

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 09 Дек 2011 05:17 #169593

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
150 премиера на балетот на МОБ

ВО САБОТА ВО МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ЌЕ БИДЕ ИЗВЕДЕНА ЈУБИЛЕЈНАТА 150 ПРЕМИЕРА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА БАЛЕТОТ ПРИ ОВА ИНСТИТУЦИЈА. ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ СО ДВЕ ЕДНОЧИНКИ ВО КОИ ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ГОСТИ, НО И ВЕЌЕ ДОКАЖАНИ ДОМАШНИ ИМИЊА.

Во 62-рата година од постоењето, на Македонскиот балет ќе му се случи 150-та премиера. Големиот јубилеј ќе се одбележи в сабота со модерна балетска претстава составена од две едночинки – „Далечен плач“ и „Песна над песните“.

Повеќе




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 09 Јан 2012 07:14 #174358

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Македонската филхармонија ќе ја изведе контроверзната „4,33“


Прв пат на музичката сцена кај нас ќе прозвучи делото на авангардниот композитор Џон Кејџ кое и денес предизвикува полемики

Тина Иванова

Една од најконтроверзните, а во исто време и најпопуларните композиции во светот на современата класична музика, „4,33“ („Четири минути и триесет и три секунди“) на американскиот авангарден композитор Џон Кејџ, за прв пат ќе прозвучи и на македонската музичка сцена. На 17 јануари, во Домот на АРМ, ќе ја изведе оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев, на концертот посветен на современи автори, на кој ќе прозвучат и делото „Опа Иха“ од младиот македонски композитор Александар Пејовски, „Џез-свитата бр. 2“ од рускиот неокласицист Дмитриј Шостакович, како и Концерт за вибрафон и оркестар од бразилскиот перкусионист и композитор Неи Розауро.

Повеќе во Утрински Весник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 11 Јан 2012 07:34 #174645

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
РЕПЕРТОАР

1 ДО 31 – ЈАНУАРИ – 2012

12-01-12 четврток 20.00 “VIVA VERDI”ТРАДИЦИОНАЛЕН ГАЛА КОНЦЕРТ(по повод празникот ВАСИЛИЦА)

24-01-12 вторник 19.00 ОРЕВОКРШАЧКА – балет Петар Илич Чајковски

28-01-12 сабота 20.00 ШЕХЕРЕЗАДА – балетМузика: Н. Р. Корсаков

31-01-12 вторник 20.00 Вечер на современ танцФИЛМ & ШПАЈЗ (мала сцена)


ФЕВРУАРИ – 2012МОБ Ви најавува !

03-02-12 петок 20.00 КАРМИНА БУРАНАК.Орф


Македонската опера и балет го задржува правото на измени во репертоарот
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 09 Мај 2012 07:19 #198239

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Јубилејни „Мајски оперски вечери“


Четириесеттите „Мајски оперски вечери“ традиционално ќе бидат отворени на 9 мај со комплетно нова „Травијата“, лирско-трагичната опера на Џузепе Верди, под диригенство на индонезискиот диригент Норман Виџаја. Како најпосетена и најбарана претстава од страна на фестивалската публика, „Травијата“ се поставува во комплетно нова режија на Нина Најденова, со нова сценографија на Борис Стојнов и нова костимографија на Цветанка Стојнова, со кореографија на Борјана Сечанова, екипа од Бугарија
Во главните улоги ќе настапат нашиот сопран Благица Поп Томова во улогата на Виолета Валери, тенорот Ѓорѓи Цуцковски во улогата на Алферд Жермон, баритонот Борис Трајанов во улогата на Жорж Жермон. Настапуваат хорот, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.
Јубилејните МОВ, според раководството на националната оперска куќа, годинава се избор од најпопуларните и најгледаните претстави во изминатите години, претстави од „железниот репертоар“ на Македонската опера и балет . Покрај „Травијата“, публиката ќе има можност да ги погледне и „Турандот“ од Џакомо Пучини (13 мај), со солистите Ирина Гордеи (родена во Белорусија и солист во „Марински театар“) во улогата на Турандот, Руди Парк (Јужна Кореја) во улогата на Калаф, Адриана Јоциа (Италија) во улогата на Лиу, Владимир Саздовски во улогата на Тимур, Нико Исаков (Бугарија) во улогата на Пинг, Георги Динев (Бугарија) во улогата на Панг и Дејан Стоев во улогата на Понг, под водство на маестро Алесандро Д’Агостини (Италија); балетската претстава „Лебедово езеро“ (18 мај) на Чајковски, со брачниот пар Јана Саленко (Украина) и Мариан Валтер (Германија), солисти на Staatsoperа од Берлин, „Тоска“ на Пучини (22 мај) со Надја Веѕу од Италија, Иван Момиров (Бугарија) и Нико Исаков (Бугарија), под диригенство на Оливер Балабурски, оперетата „Војвотката на чардашот“ (25 мај) од Имре Калман.

„Мајските оперски вечери“ традиционално ќе бидат затворени со „Аида“ на Верди на 31 мај. Во главните улоги ќе се најдат сопранот Гвинет-Ен Џеферс (Велика Британија) во улогата на Аида, Фредерика Брилембург (САД) во улогата на Амнерис, во улогата на Радамес е тенорот Леонардо Грамења (Италија) и Игор Дурловски во улогата на Рамфис. Во улогата на Фараон е Владимир Саздовски и во улогата на Амонасро-Џанфренко Монтрезор од Италија. Диригент е Оливер Балабурски.


Хуманитарна „Травијата“

Во соработка со Министерството за здравство, поддржано од Глобалниот фонд за борба против ХИВ, СИДА, туберкулоза и маларија, МОБ средствата од продадените билети за „Травијата“ ќе ги намени за унапредување на условите за лекување на Институтот за белодробни заболувања.


За сите претстави вклучувајќи го и отворањето со „Травијата“ цената на билетите е 1000, 800 и 600 денари (ВИП, партер и галерија) додека за претставата „Војвотката на чардашот“ е 600, 500 и 400 денари (ВИП, партер и галерија).

Izvor
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 13 Мај 2012 12:38 #199229

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Бесплатен концерт

Утре (14 мај) во Дом на АРМ, во 20 часот ќе се одржи концерт на симфонискиот оркестар на ФМУ. На програма на концерот се: Рапсодија на тема Паганини оп.43 од Сергеј Рахмањинов и Симфонија бр.7 во А-дур оп.98 на Лудвик ван Бетовен.

Концерот ќе биде под диригенската палка на Саша Николовски – Ѓумар, а солист е Дино Имери –пијано. Влезот е слободен за сите кои сакаат да уживаат во класичните мелодии.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 13 Мај 2012 13:14 #199232

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Big Sister wrote:
Бесплатен концерт

Утре (14 мај) во Дом на АРМ, во 20 часот ќе се одржи концерт на симфонискиот оркестар на ФМУ. На програма на концерот се: Рапсодија на тема Паганини оп.43 од Сергеј Рахмањинов и Симфонија бр.7 во А-дур оп.98 на Лудвик ван Бетовен.

Концерот ќе биде под диригенската палка на Саша Николовски – Ѓумар, а солист е Дино Имери –пијано. Влезот е слободен за сите кои сакаат да уживаат во класичните мелодии.

На сите кои се слободни, топло им препорачувам да отидат. Дино ќе биде новиот Симон Трпчески! :yes:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 02 Ное 2012 18:05 #219878

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Цел месец концерти и опера

„Песни и шепоти“ на Трпчески во Музеј на Скопје



Нашиот најпознат пијанист Симон Трпчески, по концертите со Лондонскиот симфониски оркестар, Њујоршката филхармонија, Kинескиот филхармониски оркестар, Загрепската филхармонија, вечерва во 20 часот во Музеј на град Скопје ќе настапи пред домашната публика во рамките на свеченото отворање на манифестацијата Есенски музички свечености. Kонцертот на Трпчески е посветен на композиторот Томислав Зографски и е еден од 11. настани што до крајот на месецов ќе се случуваат во рамките на манифестацијата. Тој ќе ја исполни суитата „Песни и шепоти“ на Панде Шахов, кој е еден од студентите на Зографски, и композиции на Зографски како пијано-придружба на сопранот Ангелка Гајтановска. На концертот ќе бидат исполнети и дела од уште двајца студенти на Зографски – Живоин Глишиќ и Јана Андреевска. Kонцертот на отворањето е во соработка со фондацијата „Томислав Зографски“.

Панда Зографска откри дека фондацијата вечерва на Трпчески ќе му додели специјално признание.

Од Дирекцијата за култура и уметност, организатори на манифестацијата, велат дека концертот е напор за афирмација на македонското музичко творештво. Ќе биде изведена и операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски, пијанистката Елена Kостовска во рамките на својот концерт ќе вклучи три дела од Зографски, а концертот на Факултетот за музичка уметност е посветен на делата од студентските денови на професорите.

- Македонското творештво го третираме како свеченост поради неговата состојба кај нас. Немаме концертни сали, немаме пијана, греење. Во Музејот на град Скопје не се прават концерти. Но нема друго пијано и тоа е единствена сала и така ќе биде додека не добиеме нови концертни простори во градот. Ние ќе го наполниме со столчиња - вели Мирко Стефановски, директор на Дирекцијата за култура и уметност.

Тој додаде дека парите ги ограничиле за меѓународни гостувања за Музичките свечености да прераснат во еден водечки меѓународен фестивал во регионот. Од странски ансамбли ќе настапат квартетот „Софија“, кој е во состав на Софиската филхармонија, и оперско трио од Србија.

Во рамките на 13. Есенски музички свечености како дел од етнопрограмата концерт ќе одржи групата „Љубојна“ со 14 музичари на сцена и со голема женска пејачка група, која и танцува. Kонцертот е во соработка со Центарот за култура од Битола и Универзалната сала.

Министерството за култура ја поддржува манифестацијата со 200.000 денари, а Градот Скопје со 150.000 денари.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 16 Ное 2012 03:26 #221542

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Да се пее во „Метрополитен опера“ во Њујорк е како да се добие филмскиот „Оскар“. На нашата Ана Дурловски и' се оствари сонот кој сите оперски пејачи на планетава го посакуваат. Да стапне на најголемата сцена на класичната музика, во градот кој го има збрано сиот свет во своите прегратки, да пее пред кремот на њујоршкото друштво, пред публика и критика со високи изострени критериуми, пред културна фела со зад себе долга традиција во градењето на уметничките вредности. „Македонскиот славеј“ Ана Дурловски, во Њујорк, во градот кој никогаш не спие, идната година ќе биде кралицата на ноќта во Моцартовата „Волшебна флејта“, улога со која веќе се верификуваше како врвна оперска певица на некои други културни сцени. Овој нејзин настап е надеж дека на Ана Дурловски ќе и' го отвори патот кон светската слава, како што тоа им се случи, на пример, на Лучано Павароти, Пласидо Доминго, Рене Флеминг, Ана Нетребко и на многу, многу други.

Публиката и овде, во Македонија, но и надвор, во регионот и особено во Европа, најмногу во германските оперски куќи каде што Ана Дурловски е ангажирана во последните години, не ги крие воздишките кога таа настапува. Никој не останал рамнодушен на блескавата колоратура на нејзиниот глас, на моќта која ја поседува на сцената, на исклучителниот тембр кој како што ќе каже критиката „не може да го засени ниту песната на птиците“. Ана Дурловски, како во времињата на „оперските диви“, времињата на Марија Калас, мами солзи, насмевки и многу аплаузи на отворена сцена. Па, сосема очекувано дојде и овој повик од престижната „Мет“, како што големата куќа на операта ја нарекуваат њујорчани, како што беше очекувана и наградата „Фауст“, која деновиве и' беше врачена за најдобар оперски пејач од земјите со германско говорно подрачје.

Дурловски е првата оперска пејачка од земјава што ќе настапи во „Метрополитен“.



Извор
Последна промена: 16 Ное 2012 03:27 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 05 Јан 2013 09:32 #228706

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Хорски концерт за Божик

Во соборниот храм „Св. Kлимент Охридски“, в понеделник во 20 часот, по седми пат ќе се одржи концертот „Божик-слава“. Ќе настапат хоровите „Св. Злата Мегленска“ под диригенство на Летка Димовска-Полизова, „Рустико“ под диригентската палка на Запро Запров и „Бутелион класикс“ од Битола, кој ќе го предводи Лилјана Трајковска. Настанот го поддржаа Министерството за култура и Македонската радио-телевизија.

Извор
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 16 Јан 2013 06:01 #229754

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Вуртуозната јапонска виолинистка Акико Суванаи со Филхармонија


Утре во Домот на АРМ во 20 часот Македонската филхармонија ќе го одржи првиот концерт за оваа година од циклусот „Виртуози“. Македонското деби ќе го има енергичниот српски диригент Владимир Куленовиќ, кој живее и работи во САД, а како солист ќе настапи блескавата јапонска виолинистка Акико Суванаи.

Со своето извонредно техничко мајсторство, впечатлива сценска појава и енергично музицирање, како што ја опишува критиката, Акико Суванаи е се' уште најмладиот победник во историјата на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во Москва. Таа свири на една од најпознатите виолини во светот, наречена „Делфин“, која претходно му припаѓала на еден од најважните виолинисти на 20 век, Јаша Хајфец, а е изработена од легендарниот италијански мајстор Антонио Страдивари.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 21 Фев 2013 08:25 #233246

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Концерт на Ана Дурловски вечерва во Домот на АРМ


Извонредниот македонски сопран ќе го отпее Концертот за колоратурен сопран и оркестар од Рајнхолд Глиер, единствен од ваков вид во светската музичка литература

Извонредниот македонски сопран и добитник на највисоката оперска награда во Германија, „Фауст“, Ана Дурловски, вечерва ќе настапи со Македонската филхармонија на концертот под наслов „Магичната Ана Дурловски“ во 20 часот во Домот на АРМ. Диригент е познатиот бугарски диригент Емил Табаков.

Ана Дурловски ќе го отпее Концертот за колоратурен сопран и оркестар од Рајнхолд Глиер, единствен од ваков вид во светската музичка литература, а на програмата се и балетската музика „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно, Увертирата кон операта „Набуко“ од Џузепе Верди, како и симфониската поема „Вретеното на Омфал“ од Камиј Сен-Санс, која премиерно ќе биде изведена во Македонија.

Izvor:Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 02 Мар 2013 11:05 #233886

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Вечерва доделување на наградата „Виртуози“ за музички уметници



„Интересот за манифестацијата е огромен, не само од стручната, туку и од широката јавност“, вели Сони Петровски, претседател на СОКОМ



Вечерва во Македонската опера и балет во 20 часот првпат ќе биде доделена наградата „Виртуози“ во десет категории, во областа на музичката и балетската уметност.

Манифестацијата ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а наградите ќе ги доделат десет значајни македонски културни дејци: Мелпомени Корнети, Велко Тодевски, Влатко Стефановски, Љубомир Бранѓолица, Оливер Белопета, Милка Евтимова, Владимир Георгиевски, Драган Даутовски и Глигор Чемерски.

Домаќин на вечерта ќе биде водителот од Македонската радио-телевизија, Златко Андоновски, а покрај централниот дел на манифестацијата, публиката ќе има можност да ужива во настапите на Женскиот хор при Младинскиот културен центар, на младата талентирана и веќе афирмирана виолинистка Ева Богоевска, на настапите на пејачите Иван Наумовски и Наде Талевска, како и на балерините Викторија Илиоска и Елена Ристеска.

Од Сојузот на композиторите на Македонија, кој се јавува како организатор на настанот, велат дека интересот за манифестацијата е огромен, не само од стручната, туку и од широката јавност, љубители на класичната музика и балетот. „Иако билетите веднаш се потрошија, вратите на МОБ ќе бидат отворени за сите посетители кои ќе сакаат да ги поддржат најуспешните македонски музички уметници и да бидат дел од прогласувањето на првите ’Виртуози‘“, вели Сони Петровски, претседател на СОКОМ.

Izvor Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 15 Јул 2013 04:23 #242217

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Отворено 53. издание на Охридско лето



Со неповторливиот настап на рускиот баритон Дмитри Хворостовски, заедно со Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Константин Орбелиан, во Античкиот театар во Охрид започна 53-то издание на „Охридско лето“.

Пред преполнетиот театар, фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Иванов ги поздрави присутните во Охрид, како што рече, во амбиент каде се испреплетуваат минатото и сегашноста, овозможувајќи барем за миг да се почувствува безвременоста.

- Велат, уметноста е одраз на човековата душа. И додека човекот го користи огледалото за да го види сопствениот физички одраз, ја користи уметноста за да ѕирне во душата. Фестивалот „Охридско лето“ е токму она големо културно и духовно огледало што ни помага да проникнеме во длабоката уметничка душа на Македонија, Европа и светот. Ни помага да уживаме во ариите на Верди, Бизе и Глинка, во мислите на Молиер, Шекспир и Достоевски. Ни овозможува да се збогатиме со старите, докажани, но и врвни современи музичко-сценски и драмски остварувања, рече Иванов.

Тој потсети дека фестивалот угостил десетина илјади учесници од повеќе од 50 земји, поврдувајќи го своето реноме како фестивал на отвореност, поврзување и споделување.

- Отвореност на Република Македонија кон уметничкото, различното и несекојдневното. Поврзување на Македонија и светот, на врвните уметници и верната публика. Споделување на љубовта кон музиката, драмата и танцот, рече претседателот Иванов, нагласувајќи дека му претставува вистинска чест што како претседател на Република Македонија е покровител на фестивалот кој е најзначаен израз, афирматор и промотор на македонската посветеност кон универзалните вредности.

Музиката, рече Иванов, е универзалниот јазик на уметноста и таа зборува и онаму каде што и зборот потфрлува.

Фестивалскиот оган беше запален со интонирањето на химната на фестивалот.

Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста. Од вечерва ќе блеснат сцените на Античкиот театар, „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и предворјата на хотелот „Палас“ и на ОУ „Климент Охридски“. Тоа ќе бидат местата каде ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите љубители во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

Програмата нуди неповторливи настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката и драмската уметност. Програма за сите вкусови и генерации, сето тоа вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид.
Izvor
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.