Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани....

Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 01 Окт 2010 21:49 #57113

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Започнува концертната сезона на Македонската филхармонија


Македонската филхармонија ја започнува новата концертна сезона 2010/11 со спектакуларен концерт, кој ќе се одржи на 07-10-2010 г, четврток, со почеток во 20 часот, во салата на Домот на АРМ.
На отворањето на Концертната сезона, како солист ќе настапи реномираната солистка, Никола Бенедети, која со нејзината виртуозна музичка магија ја плени публиката ширум светот.
Никола свири на инструмент стар над 3 века, изработен од Страдивари, а на нејзиниот настап во Скопје, ќе го изведе романтичниот концерт за виолина и оркестар во е-мол од Ф.Менделсон, под диригентската палка на Јануш Псхиблиски.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Сеп 2011 05:34 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 04 Окт 2010 13:47 #57656

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Започнува оперската сезона


Честа да ја отвори има премиерата на популарната оперета „Веселата вдовица„ од Франц Лехар, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Почеток е во 20 часот на ден 08 октомври во салонот на МОБ.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 04 Окт 2010 14:05 #57667

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ОРЕВОКРШАЧКА


По подолга пауза, Македонската опера и балет повторно Ви нуди да ја погледнете балетската претстава ОРЕВОКРШАЧКА - П.И.Чајковски.
Ги каниме сите оние што не ја гледале, да не посетат заедно со најмладите љубители на приказните, на заедничко уживање во прекрасната музика и танц, што воедно и ќе ја збогати музичката култура на најмладите и ќе им го приближи овој тип на уметност.
Претставата ќе се одржи во месецот Октомври, на следниот датум: 27.10.2010(среда)12:00 часот
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 02 Ное 2010 02:02 #67480

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Снежана и 7те џуџиња



Македонската опера и балет повторно Ви нуди можност да ја погледнете најпопуларната бајка Снежана и 7те џуџиња - балет во два чина. Претставата ќе се одржи на 07.11.2010 година, недела со почеток во 12 часот во салонот на МОБ.
Цена на билети - 150 денари.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 04 Ное 2010 18:06 #68622

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
[img size=320x240]www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/9D...9F4AB93E44FE8073.jpg[/img]


Есенските музички свечености, кои ќе почнат утревечер со концерт на унгарски камерен оркестар, до 30 ноември ќе понудат настапи на седум домашни музичари и ансамбли и на три странски

Концерти, рецитали, настапи на неколку домашни музичари и нашите големи национални ансамбли, Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, како и гостувања од Унгарија, Белгија и од Косово ќе ги одбележат годинашните 11. по ред Есенски музички свечености. Манифестацијата свечено ќе биде отворена утревечер (20 часот) со концерт на унгарскиот камерен оркестар при универзитетот во Сегедин, во Домот на АРМ во Скопје. Со оркестарот, кој првпат се претставува пред нашата публика, ќе диригира Петар Шоморјаи, а на програмата се дела од нашиот композитор Гоце Коларовски, потоа композиција од Јозеф Хајдн, како и дела од унгарските композитори Иштван Вантуш и Лео Вајнер.

Годинава, на 10-годишнината, манифестацијата во 10 програмски термини, до 30 ноември, ќе понуди настапи на седум домашни музичари и ансамбли и три странски.....

Извор
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 24 Ное 2010 17:35 #76896

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Моќта на судбината од Џ.Верди, повторно на сцената од МОБ

Македонската опера и балет, во рамките на Есенските музички свечености, обновува едно од највеличествените дела на славниот Џузепе Верди.
Моќта на судбината - опера

Диригент - Џузепе Марота (Италија)
Солисти - Весна Гиновска Илкова, Нико Исаков (Бугарија), Цветан Стојановски, Игор Дурловск, Ирена Кавкалевска

Операта ќе се одржи на 27.11.2010 година, сабота, со почеток во 20 часот во салонот на МОБ
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 24 Ное 2010 17:36 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 28 Јан 2011 18:07 #106908

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Операта "Љубовен напиток" со Цуцковски и Милевска

Оперета "Љубовен напиток" од Гаетано Доницети ќе се изведе вечерва во 20 ч. во Македонската опера и балет, под диригетнсво на Саша Николовски - Ѓумар. Режијата е на Гордан Драговиќ - Черногорски од Србија, а асистент на режија е Трајко Јордановски.
Во улогата на Неморино настапува Ѓорѓи Цуцковски, Олгица Милевска е Адина, Ристе Велков е Белкоре, Владимир Саздовски ќе ја пее улогата на доктор Дулккамара, а Катерина Бошковска настапува како Џанета
Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите на Љупка Арсовска, а кореограф е Тања Поповиќ од Србија.
Со оваа опера беа отворени ланските Мајски оперски вечери.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 31 Јан 2011 03:30 #107615

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Нацоски, во чест на Бритн, ќе пее во Рим


Тенорот и амбасадор на македонската култура во Италија Благој Нацоски утре ќе настапи на концерт во Рим, насловен "Омаж на Бенџамин Бритн", во чест на најголемиот британски композитор на 20 век.
Концертот се одржува во "Сала Имаколата" во Комплексот "Санти Апостоли" во центарот на градот, а ќе настапат и контратенорот Луиџи Скифано, како и вокалниот ансамбл "Ил џоко деле парти", под диригентсво и во пијано-придружба на Алесандро Д' Агостини.
"Бритн е еден од моите омилени композитори, и е еден од универзално најсаканите и најизведувани современи музичари, а ова се објаснува со фактот што поседувал голем капацитет за да ги отслика мистериите и сугестиите на секоја епоха со еден модерен и уникатен музички јазик. Програмата која ќе ја изведеме е префинета и восхитувачка, предизвикува емоции и е разновидна; некои од делата ретко се изведуваат, но сигурен сум дека ќе имаат силен ефект и длабока сугестија кај слушателот", објаснува Нацоски.
По овој настап, тенорот ќе замине за Лимож, Франција, на подготовки за операта "Италијанка во Алжирр од Џоакино Росини. Од оваа продукција ќе се изведат четири претстави, и тоа во Оперскиот театар на Лимож и во Гран театар на Екс Ан Прованс.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 19 Фев 2011 03:22 #114513

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Makedonskata filharmonija so zadovolstvo gi pokanuva najmladite i nivnite roditeli na najnoviot
SIMFONISKI KONCERT ZA DECA



Dirigent:

Borjan Canev


ke se odrzi na 26.02.2011 - Sabota so pochetok vo 12h

sala: Domot na ARM

Na programata ke bidat izvedeni nekoi od najubavite dela na vrvnite kompozitori, kompozicii koi plenat so svojot zvuk i energija, a najmladite niz muzikata ke gi vodi animatorot Martin Jordanoski

cena na biletot: 150 denari

Site zainteresirani sto sakaat da narachaat bileti da go storat toa najdocna do

Petok - 25.02.2011
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 19 Фев 2011 03:23 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 24 Фев 2011 23:07 #116763

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Слушајте филм со Македонската филхармонија


Диригент:

Тимоти Редмон(Велика Британија)

Концертот ќе се одржи на 03 март 2011 - четврток со почеток во 20 часот.

Сала - Домот на АРМ

Програма:
Музика од филмовите „Војна на ѕвездите„ , „Хари Потер„, „Супермен„ , „Индијана Џонс„ , „Гладијатор„ , „Форест Гамп„ , „Робин Худ„ , „Нарнија„ и др.

Билетите се во продажба по 500 денари
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 25 Фев 2011 02:45 #116817

  • D-r Lidija Pazdrijan
  • D-r Lidija Pazdrijan's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 769
  • Thank you received: 402
  • Карма: 28
Ане го најавија како концерт за деца и посебно ме воодушеви репертоарот.Навистина убав настан.
Вреди да се оди...:)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 28 Фев 2011 03:56 #117748

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
VIENSKI BAL SKOPJE


Ovaa tradicionalna manifestacija se odrzuva po 12-ti pat, na 19- Mart – (Sabota),

2011 godina vo prekrasniot ambient na hotelot Aleksandar Palas – Skopje.


Programa:

* · 19:30h, nastanot zapocnuva vo hotelskoto foaje so sluzenje na sampanj za dobredojde;

* · 20:45h, Ambasadorot na Avstrija vo Republika Makedonija, Negovata Ekselencija g-din Alojz Kraut sveceno ke go proglasi Vienskiot bal za otvoren so prigoden govor;

* · 21:00h, ballot zapocnuva so tocki na tancerite od "Prima Danca" i orkestarot “Johan Straus” pod dirigentskata palka na maestro Sasa Nikolovski-Gjumar;

* · Sleduva nastap na tancuvacki par od Italija;

* · Programata prodolzuva so John Ilija Apelgren, Kaliopi, Silvi bend kako i mnogu drugi iznenaduvanja.



Cena na vleznici:

* ·sektor A (masite se poblisku do podiumot za tancuvanje) - 4500 denari;

* ·seкtor B (bileti vo ogranicen broj - masite vo ovoj seкtor se vo vnatresniot del od salata) - 2500 denari;


Vo cenata na vleznicite e vklucena svedska masa i neogranicen pijalok.


Kodeks na oblekuvanje:

Dami: Svechena (dolga) toaleta

Gospoda: Smoking, temno odelo ili uniforma


VLEZNICITE SE VO OGRANICEN BROJ !
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 01 Мар 2011 00:44 #118036

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ДОКТOР ОФБОЛИ

(балет според приказната на Корнеј Чуковски)

музика - Игор Морозов

14.03.2011 – Понеделник - 12 часот – салон МОБ



ОРЕВОКРШАЧКА



П.И.Чајковски

31.03.2011 – Четврток - 12 часот – салон МОБ


MOБ ги кани сите оние што не ги гледале, да присуствуваат заедно со најмладите љубители на приказните, на заедничко уживање во прекрасната музика и танц, што воедно и ќе ја збогати музичката култура на најмладите и ќе им го приближи овој тип на уметност.

Билетот за организирана продажба ќе биде по популарна цена од 100,00 денари.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 01 Мар 2011 00:50 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 28 Апр 2011 13:38 #132612

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Емануел Сејсон повторно на концертниот подиум во Скопjе


По неверојатниот настап на Емануел Сејсон со Македонската филхармонија во 2010 година и бравурозните критики во македонскиот печат, овој фантастичен млад харфист повторно се враќа на концертниот подиум во Скопjе со Македонската филхармонија, каде овој пат заедно со Фредерик Шату ќе го изведе Концертот за флејта, харфа и оркестар во Це-дур од В.А. Моцарт.
Диригент на концертот е Маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се и Увертирата кон операта „Дон Жуан “ од Моцарт и Симфонијата бр. 3 „Ероика“ од Лудвиг ван Бетовен.

цена на билетот: 300 денари.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Сеп 2011 05:34 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 13 Мај 2011 20:12 #135574

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
T U R A N D O T

od G.PUCCINI



DIRIGENT:

Angelo Inglese (Italija)


SOLISTI:
Vesna Gjinovska Ilkova, Badri Maisuradze (Gruzija), Blagica Pop Tomova,
Vladimir Sazdovski, Niko Issakov (Bugarija), Plamen Papazikov (Bugarija),
Dejan Stoev, Slavcho Dimovski, Marjan Nikolovski,
Dragan Kochoski, Jan Kisilev

ke se odrzi na 18.05.11g. sreda, so pocetok vo 20h salon na MOB

cena na bileti:
VIP - 1000 denari, parter - 800 denari, galerija - 600 denari.


BAL POD MASKI

od G.VERDI



DIRIGENT:
Vito Klemente (Italija)


SOLISTI:
Ivan Momirov (Bugarija), Cvetelina Vasileva (Bugarija),
Marijana Pencheva (Bugarija), Niko Issakov (Bugarija), Delyan Slavov (Bugarija),
Katerina Stojanovska, Vladimir Sazdovski
Riste Velkov, Marjan Nikolovski, Dejan Stoev

ke se odrzi na 14.05.11g. sabota, so pocetok vo 20h salon na MOB

cena na bileti:
VIP - 1000 denari, parter - 800 denari, galerija - 600 denari.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 13 Сеп 2011 05:33 #153512

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Годишна програма на Македонската филхармонија

за сезоната 2011/12 година.


Во Концертната сезона 2011/12, Македонската филхармонија ќе ја запознае публиката со исклучителни солисти и диригенти, инвентивни и невообичаени програмски концепти. Концертите се распоредени во три циклуси: Лауреати, Виртуози и Кирилица, а ќе имаме можност да ги слушнеме виртуозните мајстории на солистите Кристоф Барати, Микеле Кампанела, Готје Капусон, Мајуко Камио, Алексеј Огринчук, Ана Дурловски, Исмаил Лумановски . . .и диригентите Табаков, Пантлеев, Пшибилски, Редмонд ....

Ќе се „патува“ на Кафе во Париз и на Чај во Лондон, и ќе ја „вкусиме“ егзотичноста на Далечниот Исток.



Македонската филхармонија оваа година за прв пат ќе понуди шест претплатнички циклуси:



* FORTISSIMO - која ја вклучува целата концертна сезона (6000 денари);

* FORTE – претплата за 15 концерти (5000 денари);
* MEZZO I и MEZZO II – претплата за 10 концерти (3000 денари);

* PIANISSIMO I и PIANISSIMO II – претплата за 5 концерти (2000 денари).


Претплатите се сочинети од внимателно избрани концерти, овозможувајќи секому креација на сопствено симфониско уживање.



Екслузивно!

За секоја купена претплата до 20-ти септември попуст од 10%.

За сите информавии и резервации обратете се на

контакт тел: 070 33 1903
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 13 Сеп 2011 07:15 #153541

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
ЈОВАНЧЕ И МАРИКА ПОВТОРНО ВО МОБ


Во петок, на 16 Септември 2011 година, со почеток во 19 часот, ќе биде изведена операта за деца Јованче и Марика.

Јованче и Марика е опера која датира од деветнаесетиот век компонирана од Engelbert Humperdinck, кој ја опишал како оперска бајка.

Либретото е напишано од страна на Adelheid Wette, базирано на прикаската напишана од Браќата Грим “Ивица и Марица“. Многу е ценет по својата народна музика – инспирирана од разни народни теми едно од најпознатите битисувања, суштината е (Вечерниот благослов) од втор чин.

* Локација: Македонска Опера и Балет
Цена: 150ден.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 27 Окт 2011 12:50 #161547

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Со „Лебедово езеро“ почнуваат Есенските музички свечености


Со балетската претстава „Лебедово езеро“ од Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Русија, во која ќе настапат солистите Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар од Украина и Јовица Бегојев од Србија, во вторник во МОБ почнува годинашната манифестација Есенски музички свечености.

Дирекцијата за култура и уметност - Скопје е организатор на оваа манифестација, која ќе трае до 30 ноември. На фестивалската програма има 11 културни настани и застапени се три национални институции, Операта, Балетот и Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ со концертот „Незаборав - класика во народната музика“, на кој ќе бидат застапени изворни песни, староградски и современи.
Повеќе - Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Рe:Kласична музика-концерти,гостувања... 01 Ное 2011 06:12 #162339

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Со „Лебедово езеро“ почнуваат Есенските музички свечености


Со балетската претстава „Лебедово езеро“ од Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан од Русија и со настап на солистите Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар од Украина и Јовица Бегојев од Србија вечер во МОБ почнува годинашната манифестација Есенски музички свечености.

Дирекцијата за култура и уметност - Скопје е организатор на оваа манифестација, што ќе трае до 30 ноември.



На фестивалската програма има 11 културни настани и застапени се три национални институции, Операта, Балетот и Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ со концертот „Незаборав - класика во народната музика“, на кој ќе бидат застапени изворни песни, староградски и современи.

В четврток во Музејот на Град Скопје концерт ќе има пијанистката Бранка Парлиц од Србија, која е и професор на Музичката академија во Нови Сад. На 9 ноември во Фоајето на МОБ концерт ќе одржи виолинистката Ана Кондратенко. На 11 ноември во МОБ ќе биде изведена оперската претстава „Севилскиот берберин“ во режија на Димитрие Османли, а под диригентство на Алесандро Д Агостини од Италија. Во операта ќе настапат солистите Владимир Андриќ од Србија, Ана и Игор Дурловски, Благој Нацоски, Ернес Ибраимовски, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Кристијан Антовски.

На фестивалската програма во наредните денови е концертот на Семи Сталхамер (виолина), Изабел Бломе (виолончело) и Марија Ѓошевска (пијано), концертот на студентите од Факултетот за музичка уметност, посветен на творештвото на тројцата значајни македонски композитори - Властимир Николовски, Тома Прошев и Стојан Стојков.

На 21 ноември концерт ќе има шведскиот квартет на саксофони „Ролин Фонс“, а понатаму следуваат концертот на Ристо Ѓоревски (кларинет) и Елена Атанасовска Ивановска (пијано), концертот на пијанистот Кристијан Каровски и концертот на „Танец“.

Фестивалот ќе заврши на 30 ноември со концертот на гостите од Албанија, Дорина Ларо (виолончело) и Кристина Петролари Лацо (пијано).

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 01 Ное 2011 07:11 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 02 Ное 2011 06:16 #162614

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Награда за македонскиот хор во Римини


Хорот на Факултетот за музичка уметност од Скопје Драган Шуплевскии освои втора награда на меѓународниот хорски натпревар во Римини, Италија. Под диригентство на професорот Сашо Татарчевски хорот настапи на ревијален концерт, како и на официјалниот натпревар во кој учествуваа 30 хорови од Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Филипини, Индонезија, Полска, Чешка, Словенија, Русија, Финска, Унгарија, Грција, Швајцарија, Естонија, Хрватска и домаќинот Италија.
Позитивните критики од жири-комисијата и претставниците на останатите хорови придонесоа за добивање нови покани за учество на други квалитетни меѓународни натпревари, на кои хорот ќе има можност да ја претстави продуктивната и репродуктивната хорска традиција на Македонија. Гостувањето во Италија финансиски го поддржа и министерството за култура на Република Македонија.


Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 04 Ное 2011 06:30 #163062

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Македонска филхармонија ќе свири музика од цртани филмови

Утре (сабота), во Домот на АРМ напладне Македонската филхармонија ќе одржи концерт посветен на најмладите. Како дел од циклусот „Симфониски концерти за деца“, овој пат оркестарот, под диригентство на Ле Фи Фи, ќе изведува музика од познати цртани филмови. Концертот, велат организаторите, ќе претставува уште едно незаборавно музичко доживување, а на најмладите ќе им понуди несекојдневна можност да уживаат во спектакуларен настан, истовремено гледајќи ги омилените ликови од оригиналните цртани филмови.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија по цена од 150 денари.


Utrinski Vesnik
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 04 Ное 2011 06:41 #163065

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Прекрасно! Се надевам дека ќе одиме :) Мона Лиза фала за информацијава. :hug:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 05 Ное 2011 19:48 #163332

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
Beshe li nekoj na ova, kako pominavte? mi zvuchi dosta interesno :OK:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 18 Ное 2011 10:52 #165441

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Килибарниот фаун за Ефтимова

Македонската кореографка Саша Ефтимова е добитник на Гран при наградата "Килибарниот фаун" на 5. интернационален натпревар на кореографи во Лоѓ, Полска. Ова признание е освоено со изведба на делото "Откажување на духот", во кое освен самата кореографка која настапи и како солист, учествуваа и балетските уметници Бобан Ковачевски, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски и Трајче Стојковски.

На секој кореограф и играч му е сон да освои ваква награда, и затоа ова признание е реализација на нашиот сон за кој напорно работевме", вели екипата која учествуваше и победи во конкуренција на 14 земји од цела Европа.

Според Ефтимова се работи за натпревар од светски ранг, а нејзиното учество се реализираше по препорака на врвен педагог и кореограф со кој соработува.

Ова е големо достигнување за мене како кореограф и за луѓето кои максимално ме пратат во сите мои проекти. Дел од екипата е и Мирјана Поп Алексова, која, за жал, поради повредата не настапи. Претставата ја подготвувавме месец и половина и благодарејќи на разбирањето на МОБ за петдневното отсуство, успеавме да отидеме и да учествуваме на овој голем натпревар", вели Ефтимова. Балетот е дел од трилогијата на Изгубена вербаа, а се очекува и трета претстава. Селекцијата на учесниците и наградите, меѓу кои и највисокото признание Гран при ја направи четиричлено меѓународно жири.

Izvor: Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Класична музика - концерти, настапи, гостувања, настани.... 21 Ное 2011 13:03 #165810

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Квартетот саксофони „Ролин фоунс“ вечерва во Музејот на град Скопје






Во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“, вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот, концерт ќе одржи квартетот саксофони „Ролин фоунс“ од Шведска. На програмата се дела од Хендл, Лигети, Пјацола, Дубоа, Фаркас...

Квартетот „Ролин фоунс“ ги спојува талентите на Тове Нилунд, сопран саксофон, Кристин Углар, алт саксофон, Хелена Фриман, тенор саксофон и Нета Норин, баритон саксофон. Формиран е како професионален состав во 1986 година и оттогаш се разви во еден од најпознатите и најнаградувани квартети од ваков вид во Европа. Широката прифатеност на квартетот се должи во голем дел на репертоар што опфаќа класични стандарди, транскрипции, џез, фолк музика, а се зголемува бројот и

на специјално нарачана современа музика посветена на составот како од шведски, така и од странски композитори. Најголем дел од настапите на членките на квартетот „Ролин фоунс“ се нивните класични концерти, но тие исто така се претставуваат како гости солисти со големи симфониски оркестри, групи и хорови од Шведска и од Европа.

Izvor:Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2