Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Вести и новости од светот на музиката

Вести и новости од светот на музиката 09 Јан 2010 01:09 #11908

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Десет најдобри обвивки на албуми во 2009
Наградата за најдобра обвивка на албум ја однесе груапта Muse, благодарение на дизајенрскиот тим La Boca, кој ја дизајнираше обививката за албумот “The Resistance”. Еве ја комплетната листа на најдобрите обвивки на албуми објавени во 2009 година во организација на Art Vinil.

Muse – 'The Resistance'
Manic Street Preachers – 'Journal For Plague Lovers'
Fever Ray – 'Fever Ray'
Massive Attack – 'Splitting The Atom'
Green Day – '21st Century Breakdown'
Pet Shop Boys – 'Yes'
White Lies – 'To Lose My Life'
Editors – 'In This Light And On This Evening'
La Roux – 'La Roux'
Depeche Mode – 'Sounds Of The Universe'
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 09 Јан 2010 01:10 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Вести и новости од светот на музиката 14 Сеп 2010 02:00 #51501

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Lady Gaga доминираше на MTV Video Music Awards

Половина од 16-те MTV Video Music Awards во неделата навечер во Лос Анџелес ги однесе поп ѕвездата Lady Gaga, а седум од осумте награди беа за нејзиниот спот за песната „Bad Romance“.



Gaga беше номинирана во 13 категории, а дома однесе осум. Осмата награда беше за дуетот со Бијонсе на песната „Telephone“.

Пејачката позната по екстравагантниот изглед и шареноликите костими, наградите ги примаше во различни модни комбинации, а еден од интересните додатоци кои ги носеше беше шеширот од месо.

Уште само видеото на Еминем за песната „Not Afraid“ однесе две награди оваа година, и тоа за најдобро музичко видео и најдобро хип хоп видео. Еминем и Ријана ја отворија церемонијата со изведбата на песната „Love the Way You Lie“.

За тинејџерска сензација беше прогласен 16-годишниот Џастин Бибер.

Листа на добитници на MTV Video Music Awards:

Видео на годината – „Bad Romance“, Lady Gaga

Најдобар нов уметник – Џастин Бибер

Најдобро музичко видео – „Not Afraid“, Еминем

Најдобро женско видео – „Bad Romance“, Lady Gaga

Најдобро хип хоп видео – „Not Afraid“, Еминем

Најдобро поп видео - „Bad Romance“, Lady Gaga

Најдобро рок видео – „Kings and Queens“, 30 Seconds to Mars

Најдобро денс видео - „Bad Romance“, Lady Gaga

Најдобра соработка на видео – „Telephone“ – Lady Gaga и Бијонсе

Најдобра кореографија „Bad Romance“, Lady Gaga (кореограф Лауриеан Гибсон)

Најдобра режија - „Bad Romance“, Lady Gaga (режисер Френсис Лоренс)

Најдобра монтажа - „Bad Romance“, Lady Gaga (монтажер Џерет Фиџал)

Најдобри специјални ефекти – „Uprising“, Muse (Сам Стивенс)

Најдобра кинематографија – „Empire State of Mind“, Jay-Z и Алиша Кис (Хип Вилијамс)

Најдобра уметничка режија – „Dog Days“, Florence and the Machine (LEGS)

Најпродорно видео – „Tighten Up“, The Black Keys (режисер Крис Марс Пилеро)




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 14 Сеп 2010 02:05 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 13 Ное 2010 22:45 #72052

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Калиопи прогласена за поп пејачка на Балканот



Калиопи е прогласена за поп пејачка на Балканот за 2010 на изборот "БХ музички оскар на популарноста" во Сараево.

Хитот "Невиност" од компилацијата "Милиграм" и легендарната "Бато" која е добро позната во пошироки рамки,беше изборот на поп дивата за оваа манифестација .

Покрај Калиопи, наградени беа и Халид Бешлиќ, Драгана Мирковиќ, Ханка Палдум, Тифа и други.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 16 Ное 2010 04:39 #72942

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
„Карнеги хол“ на нозе за Симон Трпчески

Стоечки овации доби нашиот пијанист Симон Трпчески на деби-настапот во една од најпрестижните светски концертни сали, њујоршкиот „Карнеги хол“. Добитната комбинација на нашиот пијанист, светската диригентка број еден, Марин Олсоп и носителот на „греми“, Балтиморскиот симфониски оркестар, ја кренаа на нозе пребирливата публика на „Карнеги хол“, изведувајќи го Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од С. Прокофјев.



Диригентката Ослоп во изјавата за Македонското радио рече дека го поканила Симон за сите нејзини специјални изведби.

„Тој го направи своето деби со мене и во амстердамската сала ‘Концертгебау‘ со тамошниот оркестар. Знаев дека ова сега е негово деби во ‘Карнеги хол’ и го поканив бидејќи сметам дека е феноменален пијанист, прекрасен музичар со големо човечко срце. Вечерва свиреше како што очекував – спектакуларно“, изјавила Олсоп.

Возбудата и задоволството од одличниот прием не ги криеше ни пијанистот Трпчески, кој подвлече дека уште не му се верува дека го имал своето деби во „Карнеги хол“.

„Салата беше распродадена и морам да кажам дека чувството е прекрасно, бидејќи се работи за една од најубавите и најпрестижни концертни сали во светот. Во секој случај дадов сé од себе во изведбата на еден толку комплициран концерт каков што е третиот на Прокофјев. Навистина сум пријатно изненаден, особено од фактот што ретко се случуваат стоечки овации од публиката што има можност буквално постојано да го слуша најдоброто од најдоброто. Ова е незаборавен момент од мојот живот што ќе ме мотивира да се повтори чувството од публиката која практично ми се поклони на нозе“, изјави Трпчески.

На концертот присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и нашиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски. Министерката, пак, рече дека особено и е драго што концертот бил многу успешен, со големи овации во преполнетата сала.

Следна концертна дестинација на нашиот пијанист е Универзитетот во Чикаго на 19-ти, овој месец. Пред тоа, Трпчески заминува за Париз каде што ќе присуствува на свеченото доделување на престижните француски музички награди „Златен дијапазон“, за кои и самиот е номиниран со својот прв оркестарски компакт диск.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 31 Дек 2010 05:48 #97451

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
Почина Боби Фарел, пејачот на Бони М

Пејачот беше пронајден мртов во хотелска соба во Санкт Петерсбург, Русија, каде настапуваше, рече Џон Сеин.
Фарел, додаде тој, се жалел на проблеми со дишењето пред и по вчерашниот настап.
Причината за неговата смрт се уште не е утврдена.
Фарел, единствениот машки член на популарниот квартет, требаше да настапи за Нова Година во Италија.
Роден како Алфонсо Фарел на карипскиот остров Аруба, беше на турнеја со три жени - пратечки вокали, под името Бони Фарел од Бони М.
Оригиналниот Бони М, познати по хитовите „Daddy Cool“ и „Реките на Вавилон“, се распадна во 1986.




Извор
trtlata na mamika
Последна промена: 31 Дек 2010 06:01 by Majsi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 31 Дек 2010 06:12 #97470

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Имам слушнато од пријателка која работи на пасоши дека бил оженет со македонка, т.е.ми кажуваше како доаѓал во Македониај и во МВР ги средувале документите со девојкава:wtf:

Еве овде пишува дека бил оженет со Јасмина (модел од поранешна Југославија).




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 31 Дек 2010 06:17 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 31 Дек 2010 06:14 #97471

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Annabel wrote:
Имам слушнато дека бил оженет со македонка:wtf:

Aha, od Shutka, tamu pravea i svadba :laugh:
Toa bese nev:laugh: idn spektakl vo '80-te godini, zamisli koja zurka ja napravile, kako vo film Na Emir Kusturica.:laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Вести и новости од светот на музиката 09 Јан 2011 05:04 #100016

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Пред малку слушнав дека песната Игри без граници од Тоше е во Србија прогласена за песна на деценијата! Нека почива во мир, нема да биде заборавен!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 28 Јан 2011 18:22 #106926

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Македонец во спотот на Снуп Дог



Македонецот Влатко Мирчевски учествува во спотот за американскиот рапер Снуп Дог за песната "Мокра". 26 годишниот студент од Неговино, откако дипломирал на политички студии во Скопје, пред седум години заминал во САД за да ги продолжи студиите на Универзитетот за бизнис во Лас Вегас.
Приказната во спотот на познатиот американски рапер се случува на релација Лас Вегас- Лондон, а Влатко ја има улогата на лифтбој во Бекингемската палата. Спотот е снимен на две локации во Лас Вегас.
"Влатко често се пријавува на аудиции за спототви и за филмови. Тој учествува и во сцени на серијата "ЦСИ Лас Вегас" како статист, и се надева дека наскоро ќе добие редовна улога во серијата. Влатко вели дека е вистинско задоволство да се работи со целиот тим вклучувајќи го и Снуп Дог", ни негов близок пријател од Скопје.
Изминатово лето Влатко снимил и епизода за новото новото шоу на Џери Спрингер, "Бакаж" .Тој има улога и во хорор филмот "По зајдисонце", кој се емитува во музејот на восочни фигури во Лас Вегас.
Снуп Дог е американски музичар, рапер, продуцент и актер. Кариерата ја започна како со во 1991 година со деби албумот "На црно", а вториот албум "Кучешка поза" излезе во 1993 година, кој достигна четирикратна платинеста продажба.
Покрај музиката Снуп Дог почна да се занимава и со филм и беше водител на неколку ТВ шоуа. Тој неколку пати имаше проблеми со законот поради кои некое време му беше забранет влез во Велика Британија и Австралија. Од септмври, 2009 година, Снуп е дел од управат на музичката куќа "Прајорити рекордс", дел од "ЕМИ".
Снуп Дог во 2009 година соработуваше со раперот Мистер Капоне-И со кој го направија хитот "Запали ме". (М.Џ.)

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 01 Фев 2011 16:36 #107966

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Џенифер Лопез обвинета за крадење видеоспот


Латиноамериканската пејачка Џенифер Лопез е обвинета дека идеите за својот нов видеоспот, On the Floor, ги украла од промотивниот материјал на аренби-изведувачката Кет Делуна. Ова доаѓа само една недела по тврдењата на фановите дека новата нумера на Лопез е премногу слична со композицијата на Делуна, Party O'Clock. Песната на Џеј Ло излезе во минатата недела во САД, а таа на Кет лани и само во Европа. На двете теми работеше ист продуцент - Ред Уан.

Слики од видеоклипот на Лопез сега кружат на интернет, а фановите на Делуна се убедени дека тие претерано потсетуваат на тоа што може да се види во спотот на нивната омилена пејачка. Обожавателите сметаат дека костимите и танцовите движења на Лопез се копија на тие на Делуна, која јавно ја обвини латиноамериканската ѕвезда дека ~ ги „зела идеите“.

- Сум го видела ова претходно, кога веќе популарни изведувачи се обидуваат да земат визии и уметнички идеи од пејачи во подем и притоа се убедени дека никој нема да забележи поради нивната поголема сенка. За среќа, моите лојални обожаватели и моќта на интернетот ја изнесоа вистината на видело - рече Делуна за „Њујорк дејли њуз“, но додаде дека „бизнис си е бизнис“ и нема намера да преземе законски мерки против суперѕвездата.

Dnevnik
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 01 Фев 2011 16:37 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 28 Мај 2011 13:09 #138660

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Осум ру­ски те­но­ри со га­ла-кон­церт на Ох­рид­ско ле­то


Еден од нај­по­пу­лар­ни­те ру­ски му­зич­ки спек­так­ли, умет­нич­ки­от про­ект "Те­но­ри на 21век" ќе одр­жи га­ла-опер­ски кон­церт на 4 ав­густ во Ан­тич­ки­от те­а­тар, на 51. из­да­ние на Ох­рид­ско ле­то, нај­а­ви му­зич­ка­та се­лек­тор­ка Гор­да­на Јо­си­фо­ва - Не­дел­ков­ска.
Осум­те­ми­на со­лис­ти на во­деч­ки мос­ков­ски опер­ски ку­ќи и те­ат­ри: Алек­сан­дер За­ха­ров, Ди­мит­ри Си­бир­тсев, Мак­сим Пас­тер, Сер­геј Пи­са­рев, Алек­сан­дер Сквар­ко, Алек­сан­дер Бог­да­нов, Ми­ха­ил Уру­шов и Ге­ор­ги Фа­ра­џев ќе нас­та­пат со Ор­кес­та­рот на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, под ди­ри­гентс­во на Сер­геј Смбат­јан
"Тоа е умет­нич­ки про­ект, кој за вре­ме на три­го­диш­но­то пос­то­е­ње се здо­би­ва со свет­ска сла­ва, а те­но­ри­те нас­та­пу­ва­ат со свет­ски ре­но­ми­ра­ни ру­ски ор­кес­три и на нај­прес­тиж­ни­те свет­ски опер­ски сце­ни, ка­ко Ми­ла­но, Бо­ло­ња, Лон­дон, Њу­јорк и То­кио. Те­но­ри­те чес­то се по­ка­ну­ва­ни да учес­тву­ва­ат во вла­ди­ни кул­тур­ни прог­ра­ми, а нив­ни­те нас­та­пи се прос­ле­де­ни и од рус­ки­от пре­ми­ер Вла­ди­мир Пу­тин, рус­ки­от прет­се­да­тел, Ди­мит­ри Мед­ве­дев, од по­ра­неш­ни­от аме­ри­кан­ски прет­се­да­тел Џорџ Буш, ка­ко и од по­ве­ќе ев­роп­ски ли­де­ри. Во но­ем­ври 2007 ја до­би­ја наг­ра­да­та 'Ру­ско на­ци­о­нал­но бо­гат­ство' " , из­ја­ви Јо­си­фо­ва - Не­дел­ков­ска.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 27 Јун 2011 00:38 #143299

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
"Партибрејкерс" на "Пиво фест" во Охрид


Српските рокери "Партибрејкерс" ќе бидат главни ѕвезди на охридскиот "Пиво фест" кој се отвара на 28 јули на "Билјанини извори" и ќе трае 4 дена.
" Во Охрид на "Пиво фестот" ќе ги свириме најголемите хитови на Партибрејкерс. Групата постои во ист состав веќе цели 29 години и ќе направиме врвна журка со посебна програма. Ќе свириме и песни од нашиот последен студидки албум "Слобода или ништо", кој ни е седми по ред", изјавил лидерот на групата Зоран Костиќ - Цане. "Партибрејкерси" ќе настапат на отворањето на фестивалот, во четврток на 28 јули.


Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 27 Јун 2011 00:42 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 27 Јун 2011 00:42 #143300

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Во продажба билетите за "Парни Ваљак" во Охрид


Од вчера се во продажба билетите за концертот на хрватските рок легенди "Парни ваљак" во Охрид кој ќе се одржи на 2 август во Охрид, на стадионот "Билјанини извори" , кој го организира "Авалон".
Влезниците по цена од 600 денари за партер и 800 за фан пит делот можат да се набават на сите продажни места на билет сервисот њњњ.купикартизасе.цом. "Парни ваљак" во Македонија доаѓа во седум години пауза, и и еден од рертките бендови во поранешна Југославија кој одржува концерти во Арени и во големи сали. "Парни Ваљак" во Охрид доаѓа со истата продукција која ја имаше на двата концерти во Белградска Арена, и концертот во Арената во Загреб. Со секоја купена влезница следува подарок цеде кое ќе може да се подигне на влез на концертот.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 30 Окт 2011 06:18 #161966

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Спот на Ријана поттикнува насилство врз жената



Феминистки од САД реагираат дека новиот спот на Ријана за песната „We Found Love“ е понижувачки за жените и оти пејачката преку пораките што ги испраќа во спотот ги поттикнува мажите на насилство.

Спотот изобилува со дрога, секс и со насилство. Американските организации за борба против насилството врз жената ја обвинуваат пејачката дека преку спотот создава негативна слика за жената.

Пејачката се уште нема никаков одговор на обвинувањата.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 08 Ное 2011 05:45 #163583

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Се одржаа големите MTV EMA 2011 награди

Глобалната суперѕвезда Lady Gaga синоќа во Белфаст го потврди својот статус на „прва дама“ на светската музичка сцена на 18-тото по ред доделување на MTV EMA 2011, освојувајќи 4 награди на настанот, кој ги собра сите светски ѕвезди во Одисеј Арената во Белфаст, Северна Ирска



Lady Gaga триумфираше во категориите „Најдобар женски изведувач“, „Најдобра Песна“, „Најдобро видео“ и “Најголеми фанови“ (сосема нова категорија, која ги слави артистите со најверни фанови).

Justin Bieber, Bruno Mars и Thirty Seconds to Mars освоија по две награди. Младиот поп феномен Bieber ја однесе наградата за „Најдобар машки изведувач“ и „Најдобар поп изведувач“.

Thirty Seconds to Mars се наградени во категориите „Најдобар алтернативен изведувач“ и „Најдобар world stage настап“, додека Bruno Mars ја заврши брилијантната година со победа во категориите „Најдобар Push изведувач“ и „Најдобар нов изведувач“.

Корејскиот бој бенд BIGBANG беа вистинско изненадување на EMA наградите, освојувајќи ја категорија „Најдобар светски изведувач“ (Best Worldwide Act), која за прв пат се воведува оваа година.

Eminem го повтори триумфот од 2010 година, освојувајќи ја наградата во категоријата „Најдобар хип-хоп изведувач“, додека Katie Perry, благодарение на фантастичните настапи, сосема очекувано ја освои категоријата „Најдобар изведувач во живо“. Linkin Park беа избор на фановите и гледачите во категоријата „Најдобар рок изведувач“.

Британските рокери Coldplay го отворија доделувањето на наградите со енергичната извеба на нивниот актуелен хит "Every Teardrop is a Waterfall". Сосема очекувано, Lady Gaga го имаше највпечатливиот настап изведувајќи ја „Marry The Night“ качена на џиновска склуптура во форма на месечината. Глобалниот поп феномен Justin Bieber ги расположи своите верни фанови изведувајќи ги песните "Under the Mistletoe" и "Never Say Never". Светскиот број еден ДЈ David Guetta ја „запали“ Одисеј Арената со својот настап, во кој доминираа ласери во разни бои и диско кугли. Својот спектакуларен микс беше надополнет со гостувањата на Ludacris, Taio Cruz и Jessie J.

За прв пат на доделувањето на MTV EMA наградите, шоуто се одржуваше на 3 сцени. Главната сцена беше во Одисеј Арената, втората беше поставена пред историската зграда Belfast City Hall, каде настапија локалните херои Snow Patrol. Третата сцена беше во легендарната Ulster Hall, каде вистински среќните 1200 фанови беа сведоци на шоуто кое за нив го приредија американските рокери Red Hot Chili Peppers.

Рок легендите Queen, кои ја добија наградата за „Глобални Икони“, врачена од Katy Perry, го затворија шоуто. Ветераните од Queen, Brian May и Roger Taylor, придружени од младата американска ѕвезда Adam Lambert, не потсетија на своите најголеми хитови, вклучувајќи ги и: "The Show Must Go On", "We Will Rock You" и "We are the Champions".

2011 MTV EMA – НАГРАДЕНИ

Lady Gaga: Најдобар Женски Изведувач, Најдобра Песна за "Born This Way", Најдобар Спот за "Born This Way" и Најголеми Фанови

Justin Bieber: Најдобар Поп Изведувач, Најдобар Машки Изведувач

Thirty Seconds to Mars: Најдобар Алтернативен Изведувач, Најдобар World Stage настап

Bruno Mars: Најдобар Нов Изведувач, Најдобар MTV Push

Queen: Глобални Икони

Eminem: Најдобар Хип-Хоп Изведувач

Katy Perry: Најдобар Изведувач во Живо

Linkin Park: Најдобар Рок Изведувач

BIGBANG: Најдобар Worldwide Изведувач

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на музиката 13 Фев 2012 06:48 #180275

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Се одржа „Греми“ 2012 година


Церемонијата за врачување на наградите „Греми“ во Лос Анџелес се претвори во своевиден настан во помен на Витни Хјустон, пренесоа светските агенции.

Големата победничка на вечерта е Адел, која зеде шест награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобра песна и најдобар албум.

„Фу фајтерс“ останаа со пет „Греми“.

Ова 54-то издание на престижните американски награди за популарна музика беше помрачено од веста за смртта на Витни Хјустон ден претходно. Пејачката (48) почина неколку часа пред предвидениот настан.

Програмата почна со молитва за Витни Хјустон од страна на водечкиот рапер Ел Ел Куул Џеј. Речиси сите присутни во салата ги наведнаа главите во знак на почит кон покојната. Неколку ѕвезди беа облечени во црно во знак на жалост, како Лејди Гага, која беше со црна ролка и со лице покриено со мрежест вел.

Молитвата беше проследена со прикажување краток видео материјал, на кој Витни Хјустон ја пее својата емблематична песна „I Will Always Love You“ од филмот „Бодигард“. Целата сала стана на нозе и аплаудираше.

-Витни, ние секогаш ќе те сакаме и оваа вечер ќе ти го кажеме тоа на најдобриот начин, со пеење, рече Ел Ел Куул Џеј.

Британката Адел на церемонијата за прв пат запеа во последните пет месеци, откако беше принудена да направи операција на гласните жици.

Според првичните планови исполнението на 23-годишната пејачка требаше да биде еден од ѕвездените мигови на вечерта, но вниманието беше свртено од британската пејачка кон Витни Хјустон. И покрај тоа, Адел покажа дека гласот и е во одлична форма, кога уверено го испеа својот хит „Rolling in the Deep“ - само неколку минути откако таа песна доби „Греми“ за песна на годината.

Еден од најтрогателните моменти на вечерта беше кога на сцената излегоа родителите на Ејми Вајнхаус за да од нејзино име да ја добијат наградата за најдобро поп издание.

-Ние не треба да сме тука. Нашата сакана ќерка треба да е тука, рече нејзиниот скршен татко Мич Вајнхаус.

Тој им оддаде почит и на Витни Хјустон, како и на Ета Џејмс, која почина минатиот месец.

-Што би можел да кажам? На небето се оформи убава женска група, рече таткото на Ејми Вајнхаус.

Извор:МИА
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Фев 2012 07:34 by Big Sister. Причина: го сместив во вистинска тема :D
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama, macika, forumce

Ре: Вести и новости од светот на музиката 04 Ное 2013 07:57 #245332

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Simple Minds доаѓаат во Скопје

Легендарните Simple Minds, својата двегодишна светска “Greatest Hits”-турнеја, после настапите во O2 Арена- Лондон, Манчестер Ман арена- Манчестер, Зенит- Париз, Хајнекен мјузик хол-Амстердам и други, ја завршуваат во Македонија, на 5-ти март со концерт во комплетно реновираниот СРЦ Кале.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 02 Авг 2014 16:59 #251663

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
АРИЈАНА ГРАНДЕ Е НОВАТА ПРИНЦЕЗА НА ПОП-МУЗИКАТА



САД (АП) - Аријана Гранде е новата принцеза на поп-музиката и се искачи на врвот на топ-листите со својот заразен хит "Проблем" и ги импресионира критичарите со своите вокални способности и со начинот на кој го одржува имиџот, со кој ќе се гордеат нејзините обожаватели од серијата "Никелодеон".

Дваесет и едногодишната е во екот на славата. Меѓутоа, ова наедно е и еден од најлошите периоди во нејзиниот живот. Дедо и`, со кого беше многу блиска, почина минатата недела. "Лично сметам дека не го доживеав целосно музичкиот успех што отсекогаш го посакував, бидејќи бев концентрирана на здравјето на дедо ми и ова беше мрачен период", рече таа во едно интервју.

Нејзиниот втор албум, "Ти си ми сe", ќе биде објавен на 25 август на полноќ, неколку минути по доделувањето на МТВ видео-музичките награди, каде што таа е номинирана во три категории. Минатата недела го објави новиот сингл "Бенг бенг" со Ники Минаж и Џеси Џеј, кој веднаш се искачи на врвот на листите на Ајтјунс.

"Проблем" што ја испеа со Иги Азалеја, се продаде во 2,6 милиони примероци и 13 недели по ред беше меѓу десетте најдобри, а нејзиниот друг хит, "Ослободи се", е радиохит.

Музичкиот успех следува една година откако Гранде го објави првиот албум, "Само твоја", на кој го имаше хитот "Како правиш да се чувствувам" и ја споредија со Мараја Кери. Гранде го смени имиџот, но не драстично: ги замени фустанчињата како за принцеза со мини-здолништа и високи чизми над колена.

Таа вели дека е подготвена за голема слава.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 12 Мај 2015 12:25 #254293

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
КОНЦЕРТОТ НА „ПАРНИ ВАЉАК“ ОДЛОЖЕН ЗА 6 ЈУНИ

Поради моменталната ситуација во земјава и настаните што се случија во изминатиов викенд, организаторoт на концертот на „Парни ваљак“ во Скопје, одлучи да го одложи за почетокот на јуни. Наместо на 16 мај, членовите на бендот ќе го одржат славеничкиот концерт по повод 40- годишниот јубилеј на 6 јуни во СЦ „Борис Трајковски“.

Купените билети ќе важат за концертот на 6 јуни.

Utrinski
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 25 Мај 2015 11:21 #254454

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
КАЈМАКОСКИ ПРЕТПОСЛЕДЕН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Даниел Кајмакоски, македонскиот претставник на Евросонг 2015 во Виена, со песната „Лисја есенски“, го освоил претпоследното, 15-то место во првата полуфинална вечер, покажаа резултатите кои и официјално ги објави организаторот.

Кајмакоски освоил вкупно 28 поени, 5 повеќе од последнопласираната Финска.

Во ова вечер Македонија гласови добила од Молдавија (1), од Естонија (2), од Австралија (3), од Албанија (10) и од Србија (12). Македонија, пак, во првата полуфинална вечер гласовите ги поделила на Холандија(1), на Естонија (2), на Грузија (3), Грција (4), Молдавија (5), Белгија (6), Ерменија (7), Русија (8), Албанија (10) И Србија (2).

vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 25 Мај 2015 11:22 #254455

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ПОНИШТЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ ГЛАСОВИ НА ЕВРОВИЗИЈА

Организаторот на овогодинешниот Евросонг во Виена ги поништил македонските и црногорските гласови од синоќешното гласање поради тоа што биле само од телевоутинг, без стручно жири.

Според објаснувањето на официјалната Интернет страница на Евросонг, гласањето на Македонија и на Црна Гора не било прифатено по консултација со независен набљудувач на гласањето и по одлуката за дисквалификација донесена од Извршниот супервизор и од т.н. Референтна група на Евросонг.

„Резултатите од жири комисијата на Македонија и на Црна Гора за финалето се отфрлени по консултација со ПвЦ, независниот набљудувач на гласањето, и по одлука на Извршниот супервизор и претседателот на Референтната група. Во двете земји, телевоутингот е применет 100%. Отфрлувањето на двете жирија ќе биде дополнително разгледано на следниот состанок на Референтната група во јуни“, стои во соопштението на организаторот ЕБУ.

Бројот на поништени гласови не влијаеја на победата на шведскиот претставник Монс со песната Херои.

vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и новости од светот на музиката 12 Фев 2016 10:25 #255236

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Одложен концертот на Жељко Бебек

Скопскиот концерт на Жељко Бебек со симфониски и тамбурашки оркестар ќе биде одложен за наесен поради технички причини.
Причината за одложување на концертот кој што требаше да се одржи на 5-ти март во арената „Борис Трајковски“ е австралиската турнеја на пејачот.
Тој добил понуда да остане подолго во Австралија уште две недели, а Авалон продукција поради набиената концертна агенда го прифати тој предлог и смета дека подобро време за одржување на овој концерт е крајот на октомври или почетокот на ноември.
Авалон продукција им се извинува на сите кои купиле влезници за концертот на Жељко Бебек. Сите што купиле билети ќе можат да си ги повратат парите на продажните места од каде што ги купиле влезниците.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.