Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Вести од Македонската музичка сцена

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 25 Јан 2013 11:20 #230514

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Турнејата на Влатко Стефановски продолжува во Лондон




Стефановски настапува со престижни симфониски оркестри заедно со Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов

Скопскиот гитарист Влатко Стефановски ќе настапи на Фламенко-фестивалот во Амстердам, а потоа и во Лондон, во „Барбикан центарот“ со реномираниот Лондонски симфониски оркестар. Концертот е закажан за 31 јануари, а Стефановски ќе настапи заедно со своите стари соработници, добро познатите Мирослав Тадиќ на гитара и Теодосиј Спасов на кавал.

Инаку, оваа турнеја на Влатко Стефановски носи симболичен наслов „Балканска треска“, а како што информираат од „Пасворд продукција“, планиран е и концерт во Скопје пред крајот на годинава.

Стефановски, во рамките на турнејата, досега одржа успешни концерти во Љубљана и Марибор каде што настапи заедно со гудачкиот оркестар на Словенечката филхармонија, потоа во Монако, со Филхармонијата на Монте Карло, под диригентство на Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов, како и во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот оркестар на МДР Лајпциг.

Izvor: Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 22 Апр 2013 03:12 #237524

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Некогаш чудо од дете, а денес успешна тинејџерка, Ања Ветерова триумфираше на престижниот музички фестивал Сан Ремо, освојувајќи го првото место и Гран при, известува Македонска музичка мрежа.

Настанот се случуваше од 15-ти до 21 април во познатиот театар Аристон.

Браво за Ања!

Извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 29 Јул 2013 07:06 #242519

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Каролина со акустичен концерт пред преполната Хераклеја





После седум години Каролина Гочева за првпат пред своите сограѓани, битолчани, на античкиот локалитет, синоќа се претстави во акустична варијанта каде ја претстави албумската компилација насловена „Најубави песни”

Меѓу 16-те песни се најдоа нејзините хитови од претходните изданија, како и новите песни „Лејди Годајва” и „Остани”.

Битолчани уживаа во акустичниот концерт на популарната музичка звезда Каролина и импресивната изведба на мега хитовите: “Од нас зависи”, “Мојот свет”, “Хипокрит”, “Штом сакаш”, “Капка под небото”, “Крај”, “Умирам без тебе”, “И ќе биде се во ред”, “Остани”, “Не се враќаш”, “Тој” и многу други кои ја разнежнија публиката.

-Голема е одговорноста да настапуваш во градот во којшто си се родил, пред своите. Во градот каде што си растел, си се развивал како личност. Битолската публика, односно моите битолчани секогаш ми возвраќале со љубов- изјави пред концертот на Хераклеја, македонската поп- дива Каролина Гочева.

Извор
Последна промена: 29 Јул 2013 07:07 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 22 Сеп 2015 12:38 #255002

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
АНА ДУРЛОВСКИ ЈА ДОБИ ТИТУЛАТА НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК



Сопранот со интернационална кариера Ана Дурловски, добитничка на европскиот оперски оскар Фауст и прв македонски оперски солист кој настапил на сцената на операта Метрополитен во Њујорк, од денеска ја има и титулата Национален уметник на Република Македонија.

Признанието и` го додели претседателот Ѓорге Иванов, согласно Законот за национален уметник на Република Македонија.

- Кој овие години ме водеше кон патот на успехот, кој ми беше столб, со кој имам три прекрасни дечиња - Максим, Лука и Софија, на кои им ја посветувам оваа награда. Мојот пат не беше лесен, но јас ќе продолжам да го градам и понатаму, со сета искреност, од срце, за себе и за мојата земја Македонија - изјави Дурловска.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Вести од Македонската музичка сцена 13 Јун 2016 09:15 #255345

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
ЏИЈАН ЕМИН И ХУАН АТКИНС НА КОНЦЕРТ СО БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Музичарот и диригент Џијан Емин утре ќе настапи во Белград, како диригент со Белградскиот симфониски оркестар и со американскиот диџеј и продуцент Хуан Аткинс.

Настапот ќе се одржи во клубот "Стара циглана", како централен настан во рамките на второто издание на фестивалот "ДЕВ9Т". Емин е задолжен и за оркестрацијата на 11-те композиции за симфониски оркестар кои премиерно ќе бидат изведени токму во Белград, а покрај Хуан Аткинс, кој ќе настапи како солист на клавијатури и електроника, на концертот ќе гостува и вокалниот солист Милан Ариел.
Новиот проект на Емин и продукциската куќа "Излет мјузик" е продолжение на претходниот успешен проект со познатиот диџеј Дерик Меј од САД, кој се одржа во Охрид заедно со Македонската филхармонија преклани. Емин и Дерик Меј одржаа заеднички концерт и во Гент (Белгија), Париз и Ница (Франција), Детроит (САД) и во Мелбурн (Австралија).
"Ќе имаме можност да изведеме електро-акустичен концерт поткрепен со високо квалитетно озвучување и светлосни и визуелни ефекти. Ќе имаме динамичен концерт, со големи контрасти и различни бои", изјави Емин. (М.Џ.)
Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Јун 2016 09:24 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2