Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Вести од Македонската музичка сцена

Вести од Македонската музичка сцена 24 Дек 2009 04:21 #4524

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Предновогодишно хуманитарно музичко шоу

Оваа сабота, 26 декември во Арена ќе се одржи големо
предновогодишно хуманитарно музичко шоу заедно со Врчак, ДНК, Влатко
Лозаноски, Роберт Билбилов, Димитар Андоновски, Магдалена Цветкоска,
Дарко Илиевски, Оливера Ѓоргоска, Симона Попоска и Оrхидеја Дукова.
Овие артисти ќе ги изведат нивните големи хитови: "Навлечен на тебе",
"Пази се од мене", "Сонце не ме грее","Нема да е крај на свет", "Заробени во сон","Јас те губам", "Ти можеш", Без круна кралица", "Молк", "Не летај на небо", но ќе ги промовираат и своите нови песни меѓу кои се најновата на Дарко Илиевски и на Орхидеја Дукова. Влезниците за настанот ќе бидат по цена од 150 денари до 1 часот по полноќ,a потоа 200 денари.
Дел од средствата ќе бидат наменети за децата од домот „25 Мај“ во Скопје.
Најавени се многу изненадувања и забава која не смеете да ја пропуштите.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 24 Дек 2009 04:22 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести од Македонската музичка сцена 27 Дек 2009 21:00 #6744

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Втор тираж од албумот „Со други зборови„
Нашиоt популарен пејач во вторник ќе го промовира реизданието на својот прв соло албум „Со други зборови„. Откако се распродаде целиот прв тираж, од неговата матична продукција беше решено да се испечати и втор тираж на албумот, како новогодишен подарок за сите негови обожаватели.
Албумот ќе се најде во продажба од вторник, во сите музички продавници низ Македонија.
Инаку освен албумот во вторник ќе биде промовиран и видео записот за песната „Гушни ме„ која ја пее во дует со Тамара Тодевска.
Инаку кон средината на месец февруари, идната година, ќе се одржи и првиот соло концерт на Влатко Илиевски.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 27 Дек 2009 21:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести од Македонската музичка сцена 27 Дек 2009 21:09 #6749

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Забава со Елена и Ламбе за Нова година

Ексклузивците на М2, Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски, за новогодишната ноќ, ќе настапат на градскиот плоштад во Гевгелија. Ова е после подолг период, прва голема и спектакуларна прослава на Новата година на отворено во Гевгелија.
За оваа забава, специјално ќе биде поставена огромна бина, силно озвучување и посебно новогодишно осветлување и ефекти.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести од Македонската музичка сцена 27 Дек 2009 21:15 #6755

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Новите балади на Тоше пред скопската публика

Најголемите бивши ЈУ-ѕвезди ќе допатуваат на концерт во Скопје за да отпеат песни напишани од перото на Проески

„Тоше и пријателите“ е работната верзија на новиот постхумен албум на најголемата македонска пејачка ѕвезда што ќе биде промовиран на денот на неговиот роденден, 25 јануари 2010 год., за кога е предвидено да се одржи голем хуманитарен концерт во чест на нашата икона.

Според најавите, во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за композиции, околу осум, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.

Извор и повеќе информации Утрински весник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 16 Сеп 2010 20:21 #52515

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Концерт на Рибља Чорба на 5-ти ноември во Скопје



Легендарниот балкански рок бенд Рибља Чорба, со нов надополнет состав, ќе одржи концерт на 5-ти Ноември во Универзална сала во Скопје.



Македонската публика ќе има можност, за прв пат, да ги слушне легендите на балканската рок музика, Рибља Чорба, во еден нов невообичаен состав. Настапот на бендот на бината ќе биде надополнет со гудачки оркестар.

Исто така, Рибља Чорба за прв пат ќе настапи во Универзалната сала во Скопје. Таа за овој настан ќе биде соодветно прилагодена, со изваден партер.


Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 17 Сеп 2010 01:12 #52563

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ДНК подаруваат ЦД-а од „Кажано е се„
Оваа сабота (18 септември) момците од Р&Б дуото ДНК- Панчо и Андреј, ќе бидат дел од забавата која ја организира Авто Куќа и Опел на влезотна Градскиот Трговски Центар во Скопје на која жителите на градот ќебимаат ексклузивна можност да се запознаат со последниот моноволуменец Opel Meriva. Настанот ќе започне во 11 часот и ќе трае до 20 часот, а со своето присуство истиот ќе го збогатат пријателите на Авто Куќа -Панчо и Андреј кои специјално за нивните најголеми фанови и за љубителите на моделите на Опел ќе подаруваат и потпишуваат примероци од нивниот албум „Кажано е се“. За сабота, Авто Куќа и ДНК ветуваат одлична забава за сите генерации.
Соработката на ДНК и Авто Куќа започна минатиот месец кога Панчо официјално стана заштитно лице на компанијата и сопственик на новата Opel Astra.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 17 Сеп 2010 01:12 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 28 Сеп 2010 00:27 #55807

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
De:sonanz - фестивал за електронска музика, визуелна уметност и нови медиуми

Претставува иновативни и реномирани музичари и визуелни уметници кои покриваат различни стилови. И оваа година фокусот е на германската електронска музичка сцена,а програмата ја прошируваат француски, регионални и локални артисти.
Cluster, аmbient / krautrock легендите, симбол за апстрактност и звучна алхемија, и настапот на Pantha du Prince, волшебно патување на „лизгавиот“ праг помеѓу уметноста
и природата, се само дел од музичката понуда на de:sonanz.
За прв пат во Скопје гостуваат Pfadfinderei - артисти кои визуелно ги збогатуваат настапите на многу значајни светски музичари.
Едукативниот дел од програмата опфаќа работилница за визуелизации и работилница за контролери за играње која нуди креативни можности за звучни експерименти и создавање на сопствен музички интерфејс.
Премиерно се претставува една од најпознатите етикети на светската електронска музичка сцена Raster-Noton.

De:sonanz е форум на артистите, публиката и креативните умови кои преку музиката и уметноста имаат можност да учат, да ги шират познанствата и хоризонтите, да се забавуваат и инспирираат.

Ве очекуваме!

Тимот на de:sonanz
Гете-институт Канцеларија за врски Скопје и НВО Домино, во соработка со Француски центар за соработка „Жан Моне“, Скопје и НВО Контрапункт
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 28 Сеп 2010 00:30 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 30 Сеп 2010 13:03 #56544

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Влатко Лозаноски- Лозано со нова песна

Најновата песна на Влатко Лозаноски- Лозано „ Како ден јасно е“ и видео записот за истата, деновиве доживува своја медиумска промоција. Песната која е во многу поосвежен звук е авторско дело на Лазар Цветкоски, продуцентот на Лозано, а текстот го напиша Магдалена Цветкоска.
„Како ден јасно е“ има и своја српска верзија- Реци ми да, која ќе биде промовирана во текот на октомври. И видео записот Лозано го работеше со веќе докажан тим кога станува збор за снимање видео запис, со режисерот Владмир Митревски- Ѓуле кој ги изработи и претходните три спота на Лозано. Приказната во видео записот е еден интересно поминат ден со несекојдневни случки, а во истиот се појавува моделот Марија Божиновска од Тетово која глуми девојка на Лозано.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Сеп 2010 13:04 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 04 Окт 2010 13:26 #57647

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Дани Дим best ambasador за 2009 година

Attachment dani mtv.jpg not found


Во Истанбул (30.09.2010) на годишната конференција на светската анти/АИДС кампаља „Stain a Live" за борба против сидата, Дани доби златен медал, награда и признание за официјално најдобар Амбасадор за 2009 годинаBest Y-Peer Ambassador for 2009) во конкуренција на сите Амбасадори од Југоситочна Европа и Централна Азија. Водејќи се според пристапот, ангажираноста и посветеноста на Амбасадорите, челницеите на UNFPA како и младинските интернационални координатори, биле едногласни велејќи дека се надеваат како ова ќе им биде мотивација на останатите славни личности!

- Не е потребно благодарам, во форма на златни медали и официјални признанија за нешто што те исполнува и искрено се трудиш да бидеш дел од промената која сакаш да ја видиш во светот!. Мојата омилена реченица која ме водела и ќе ме води низ животот е :
„Don't do great things on this Earth, but small things with great love! - Mother Theresa." - изјави Дани.
Инаку Дани во вторник ќе го снима видеото за новиот сингл „После тебе„. Битола е локацијата за снимање на спотот, а песната е маестрално дело на добро познатата соработничка на Дани, Весна Малинова.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 04 Окт 2010 13:27 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 07 Ное 2010 02:51 #69528

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
D.D.Q & Дирекција за култура и уметност, по повод јубилејот 10 години од своето постоење, ви го најавува концертот на

Драган Даутовски - Квартет - Пат на сонцето 2

кој ќе се одржи на 28 ноември 2010 година, недела со почеток во 20ч. во МОБ.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 14 Јан 2011 16:44 #101920

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
За љубетелите на Архангел:

„Архангел“ на 12 февруари во „Метрополис арена“

Македонскиот рокенрол-состав „Архангел“ на 12 февруари ќе одржи самостоен концерт во „Метрополис арена“ на скопското Сајмиште. Групата предводена од Ристо Вртев најавува тричасовен спектакл, а публиката ќе има можност да чуе дел од новиот материјал.

Организаторите на концертот, „План Б“ и „Јованов продукција“, велат дека наскоро ќе го соопштат и името на предгрупата што ќе има 90-минутна изведба пред публиката. Влезниците во претпродажба ќе бидат пуштени на 15 јануари, а нивната цена ќе биде 500 денари. На денот на концертот ќе може да се купат за 600 денари.
Извор: Дневник
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 15 Јан 2011 15:11 #102176

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Тавитјан ќе промовираат спот со Хари Мата Хари



Спотот за "Да сум бистра вода мајко", преработката на Гарабет Тавитјан со синовите Дирјан и Гаро и Хари Варешановиќ ќе биде промовиран во недела во ресторанот "Кај Маршалот" во Скопје, на пладне.
Хари Варешановиќ, ден по скопскиот концерт во сабота со неговиот бенд "Хари Мата Хари", ќе биде гостин и на промоцијата. Преработката на "Да сум бистра вода мајко" е дел од албумот "Македонското срце чука во седум осмини", и е трет спот по "Елено ќерко" со Масимо Савиќ и "Јовано Јованке" со Жељко Бебек.
Спотот се снимаше на повеќе локации низ Македонија. Покрај браќата Тавитјан и татко им, се појавува и водителката Симона Николовска која за потребите на овој спот носи автентична Македонска носија. Режисер е Дарко Антоновски со продукцијата "Комјунити пикчарс".

Извор - Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 25 Јан 2011 16:00 #105627

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Direkno od Svetskiot saem za muzika MIDEM


Zavcera (23 Januari 2011 g.) vo Kan Francija bese otvoren tradicionalniot 45-ti po red nagolem svetski saem na muzika MIDEM. I godinava Makedonija zema ucestvo kako izlagac so svoj sopstven stand na ovaa najprestizna muzicka manifestacija. Za taa cel nositelot na standot producentskata kuka Treto Uvo od Skopje izraboti luksuzen katalog i kompilacijski kompakt disk vo koj se pretstaveni site zanrovi na muzika od Makedonija. Kuriozitet e toa sto za prv pat makedonskata muzicka industrija specijalno i samo za saemot na MIDEM ponudi promotiven materijal i vo elektronska forma kade se prezentirani site poznacajni muzicki kuki i institucii vo Makedonija zaedno so site nivni izdanija.
Postoi ogromen interes za makedonskata muzika i nasiot stand postojano go posetuvaat mnogubroijnite ucesnici od celiot svet na saemot vo Kan.
Na eden den pred otvoranjeto na MIDEM mu pretstoese dodeluvanjeto na muzickite nagradi NRJ na koi se pojavija nekoi od najgolemite svetski muzicki zvezdi kako: Shakira, Black Eyed Peas, Usher, Enrique Iglesias, najpoznatiot DJ - David Guetta, James Blunt i mnogu drugi.
Saemot trae do 26 Januari, a vo megjuvreme ovde se slucuvaat paralelno i nekolku svetski konferencii na koi Makedonija zema aktivno ucestvo, a se posveteni na zastita na intelektualnata sopstvenost, avtorskite prava i novite strategii vo plasman i produkcija na muzikata na svetsko nivo.
Pretstavuvanjeto na makedonskata muzicka industrija na MIDEM e so podrska na Ministerstvoto za kultura na Republika Makedonija.


Ivo Jankoski
Cannes, 24 January
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 25 Јан 2011 16:09 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 06 Фев 2011 14:55 #109615

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
"Рок Агресори" место Наде Талеска

Ова го одлучи организаторот МТВ, по објавата на композиторот Григор Копров дека ја повлекува неговата песна, со која требаше да настапи поп- пејачката Наде Талеска.
Место Наде Талеска на националниот избор за песна на евровизија на 26 овој месец во Универзалната сала во Скопје ќе настапат "Рок агресори". Ова го одлучи организаторот МТВ, по објавата на композиторот Григор Копров дека ја повлекува неговата песна, со која требаше да настапи поп - пејачката.
" Авторскиот тим под шифрата "Наде" го откажа учеството на фестивалот Скопје 2011 и според пропозициите, кога еден авторски тим се откажува, неговото место го завзема првиот следен кој не е влезен во конкуренција. Така ова место влегува следната рангирана песна под шифрата "Сонце". Авторскиот тим од шифрата "Сонце" се композиторот и текстописецот Зоран Трпков, а аранжманот е на Александар Ристоски -Принц. Песната се вика "Кукуруку" а ќе ја изведат "Рок Агресори", ни изјави уметничкиот директор на фестивалот, Оливер Димитров.
Измени, односно дополнувања ќе има и во песната "Параноја", чиј автор е композиторот Џани. Оваа песна Емилија Гиевска ќе ја пее во дует со раперот Андреј Миске. (В.М.)

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 21 Фев 2011 00:38 #115069

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Новото CD на Калиопи промовирано во Загреб


На вчерашната промоција која се одржа во загребскиот Hypo Centаr, u lounge bar Spoon, македонската поп-дива Калиопи на сите им порача дека таа живее за музика, која е нејзиниот живот... Порука (Порака) - објавен како издание на Хит рекордс, е наслов на нејзиниот најнов албум, кој вчера и официјално и беше претставен на хрватската јавност.

Калиопи беше воодушевена и среќна бидејќи на промоција во Загреб дојдоа да ја подржат нејзините колеги: Нина Бадриќ, Ибрица Јусиќ, Жанамари Лалиќ, Борис Бановиќ, Зденка Ковачичек...



Со Калиопи во Загреб беше и нејзиниот придружен состав, а промоцијата беше отворена со серија побрзи песни од албумот Порука - Ja nisam kao ti, Ti, Pjevaj sa mnom, Svrati...

Калиопи се дружеше со своите фанови, а честа и ја укажа и македонскиот амбасадор во Хрватска – Данчо Марковски, како и протојерејот Кирко Велински.

Посебен беше моментот кога Калиопи ја најави песната Узми ме, која требаше да ја отпее во дует со легендарниот Тоше Проески.

Вториот дел од промоцијата го одбележаа побавните песни, како баладата Заувијек, за која музиката ја напиша Тоше Проески, а Калиопи ја отпеа со сета своја душа.

Не изостана ниту благодарност за авторите кои работеа на албумот – Дарко Јурановиќ D'Knock, Тихомир Прерадовиќ и Мирослав Рус.

За темата Ако још икад падне снијег, одеше специјална благодарност до авторите Рус и Прерадовиќ...

На крајот од промоцијата, пораката на Калиопи беше дека дефинитивно треба да се живее во љубовта.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 21 Фев 2011 00:39 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 20 Мар 2011 14:03 #123920

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Адел украла песна од Билбилов?


Песната "Тој не си оди" (He can`t go), на англиската поп-ѕвезда Адел е многу слична со "Јас те губам", хитот на нашиот кантавтор Роберт Билбилов. Во првите две строфи, мелодијата на песната на Адел е речиси идентична со песната на Билбилов.
"Тој не си оди" е дел од новиот албум на Адел, а "Јас те губам", Роберт ја испеа на фестивалот "Макфест" во Штип во 2007 година. Завчера, на фејсбук профилот на Билбилов, негови пријатели му ја постирале песната на Адел, со коментари дека не им се верува колку е слична со неговата која е стара речиси 4 години. Младиот кантавтор воздржано реагира на овие коментари не сакајќи никого да обвинува пред време.
" Факт е дека постои голема сличност, но не можам да плукам по вакво име, зад неа стои голема екипа. Не смеам да и го валкам името на ваква ѕвезда. Јс мислам дека е чиста случајност и игра на хармонии, или пак да ни е жив и здрав "јутјуб", на некого можеби му бил инспирација" , ни изјави Билбилов.
"Јас те губам" беше еден од најголемите хитови на Роберт, а снимката од "Макфест" на "јутјуб" ја гледале повеќе од 61.000 посетители. "Тој не си оди" е дел од дваесетте песни од актулениот албум на Адел, "21" кој излезе во јануари годинава. Адел во моментов е актуелна по големиот хит "Некој како тебе" (Сомеоне Лике ѕоу), која неколку недели е на врвот на британската сингл листа. Младата пејачка има 23 години, и е од британскиот град Тотенхем. Стана популарна во 2008 година, кога на Британските музички награди ја доби наградата "Избор на музичката критика". Во 2009 година доби Греми за најдобар нов изведувач. "21" и е втор албум, по "19" кој излезе во 2008 година. (М.Џ.)

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 08 Апр 2011 02:42 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 08 Апр 2011 02:44 #128891

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Промовиран новиот албум на Фолтин и Коџабашија


Денеска се одржа промоција на долго најавуваниот албум на Никола Коџабашија и Фолтин во соработка со Гоце Стефковски, Penelope X (7 songs and postludium from the musical „Odysseys and his Women“.



- Албумот е одличен и се надеваме дека ќе ви се допадне. Никола ќе беше денеска на промоцијата, но тој се наоѓа во Лондон. Би сакал да ви најавам дека од втори до десетти мај ќе одржиме концерт на кој ќе биде презентиран новиот албум, изјави Бранислав од Фолтин.

Покрај албумот, денеска беше промовиран и спот за песната Cinderella man / Пепелашко, која што е дел од новиот албум.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 24 Мај 2011 13:06 #137701

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Даутовски свири во ОН



Македонскиот музичар Драган Даутовски утре настапува во конгресната сала на Обединетите нации во Њујорк како солист со московскиот оркестар "Осипов". Оркестарот е еден од најстарите и најпознати ансамбли со традиционални инструменти во Русија, а концертот е во рамките на Деновите на словенската култура кои се одржуваат во седиштето на ОН, а во организација на концертната агенција "Содружество" од Москва и една од најголемите концертни агенции во светот "Опус3артистс" од Њујорк.
Како што ни рече Даутовски пред поаѓање, неговото учество на овој настан е партиципација на нашата земја на Деновите на словенската култура во ОН, што за него претставува уште една можност силно да прозвучи македонскиот идентитет преку музиката. Настапот на Даутовски е поддржан од Министерството за култура.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 28 Мај 2011 13:04 #138657

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Слаткаристика, Тони Зен и Токсикологија во хуманитарна мисија

Слаткаристика, Тони Зен и Токсикологија вечер во клубот „69“ ќе одржат хуманитарен концерт со цел да се помогне на едно младо момче кое мора да прави операција за која е потребно да се обезбедат финансиски средства.

Со што поголем број посетители на забавата, ќе се овозможи да се подобри уште еден млад живот. Ќе настапат Слаткаристика, Тони Зен, Скит Скитара, Пука Козметика, Желе, Сиги, Кацар, АцеНЛ, Џоле) заедно со диџеите Дј Номадузз и Дј Димитри Ѕе Ѕа Ѕо.. На овој хуман настан тие ќе ги изведат најголемите хип-хоп хитови.

Влезниците може да се набават на билетарницата во клубот 69, а за првите 100 продадени следува гратис музичко ЦД од артистите на Токсикологија. Забавата почнува во 20 часот и ќе трае до 23:30 часот.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 28 Мај 2011 13:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 06 Јун 2011 14:47 #140263

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Елена Ристеска на Балканските музички награди 2011

Овaa Сабота (04.06.2011) се одржаа вторите по ред Balkan Music Awards во Софија, Бугарија. Овогодинешниот претставник од Македонија, ексклузивката на М2 продукција, Елена Ристеска настапи со песната „Сакам по добро да те памтам“, а за истата и беше доделена наградата “Најдобро видео од Македонија за 2010 година“ за која се гласаше на веб страната на Балканика ТВ и беше избрана токму песната на Елена од Македонија. Нејзиниот настап беше проследен со огромен интерес, особено од претставниците на медиумите од целиот Балкан, присутни на настанот.
Инаку музиката и аранжманот на песната „Сакам по добро да те памтам“ се дело на Дарко Димитров, а автор на текстот е самата Елена Ристеска. Спотот беше режиран од дуото Ани и Дими, а монтажата на Џулијани.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 12 Јун 2011 17:01 #141210

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ со заеднички концерт на Охридско лето


Фестивалот „Охридско лето“ и во овогодишното 51-во издание продолжува со атрактивна музичката програма нудејќи единствена можност, покрај настапот на уметници од светски калибар со изведба на дела од класичната музика, да вклучи и атрактивни музички содржини од најсовремените музички стилови кои имаат за цел да привлечат поширока и разновидна публика.


Токму во таа насока ќе биде и концертот на 1 август на Античкиот театар во Охрид, на кој ќе настапи најпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски заедно со „чудото од дете“, виолинистот Стефан Миленковиќ.

Со оглед на успехот што го доживеа овој проект на премиерата во Белград, истиот ќе биде промовиран за првпат во Република Македонија, на фестивалот „Охридско лето“. Се работи за идеја да се спојат двајца инструменталисти – виртуози, еден на гитара, друг на виолина, да се спојат световите на класичната и рок музиката и да се сподели искуството на импровизацијата и музичкиот дијалог. Ова ќе биде концерт на кој двајцата виртуози ќе направат вистинско уметничко доживување со многу динамика и ритмички изненадувања, изјави селекторот на музичката програма, г-ѓа Гордана Јосифова – Неделковска.

Влатко Стефановски уметничката афирмација ја стекнал како гитарист и водач на групата „Леб и сол“, еден од најзначајните и најпопуларните состави во новата историја на балканската музика. „Леб и сол“ воведуваат, на голема врата, звук кој е мешавина од џез, рок и фолк, а Стефановски се докажува како виртуоз на кого, на овие простори, никој не му е рамен. Неговото име постана синоним за комбинација на рафинираност, страст и комерцијалност, а некои од албумите кои ги снимил со „Леб и сол“, критичарите ги прогласуваа и за ремек-дела. За време на соло кариерата, Стефановски се афирмирал не само на Балканот, туку стекнал и меѓународен рејтинг. Во стручните кругови, тој денес ужива светска слава, од Македонија до Америка.

Стефан Миленковиќ, прогласуван за „чудо од дете“, уште од петгодишна возраст свирел со оркестри. Првата награда ја добил кога имал седум години, а на шеснаесет години го одржал илјадитиот концерт. Тој важи за виолинист од светски калибар, свирел со најдобри оркестри, под палката на најпознатите светски диригенти. Меѓу неговата публика биле поранешниот претседател на САД, Роналд Реган, поранешниот лидер на СССР, Михаил Горбачов и Папата Јован Павле Втори. Миленковиќ е исто познат и по своите хуманитарни ангажмани. Меѓу другото, учествувал, заедно со Пласидо Доминго, Јехудија Менјухина и други, на гала концерти под покровителство на УНЕСКО. Професор е по виолина во Илиноис, САД.

Cooltura.mk
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 27 Сеп 2011 04:11 #155896

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Трето издание на de:sonanz - фестивал за електронска музика и медиумска уметност

....ќе се одржи на неколку локации во Скопје од 30.09 до 8.10.2011 г.

Фестивалот кој се реализира во организација на Гете-институт Канцеларија за врски Скопје и Здружението на граѓани Домино и оваа година на македонската публика ќе ѝ ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео - уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, Македонија и регионот.

Оваа година на de:sonanz ќе настапат култното и ексцентрично дуо Mouse on Mars, микрохаус-артистот и продуцент Isolée (Изолее), Roman Flügel (Роман Флигел), еден од најголемите и највлијателните техно продуценти на германската електронска музичка сцена, а Schneider TM (Шнајдер ТМ) ќе ја долови урбаната берлинска атмосфера преку неговите Construction Sounds (Звуци од градилиштата), визуелно “мапирани” од познатиот медиумски уметник и предавач Lillevan (Лилеван).

Не помалку значаен дел од фестивалот претставува едукативната програма, која овој пат ги надминува географските и возрасните граници. Работилницата Sample&Hold во својот фокус ги има таканаречените field recordings (теренски снимки). Артисти од Југоисточна Европа и од земјава под водство на германскиот артист Дирк Дреселхаус неколку дена ќе ги истражуваат звучните обележја на урбаните предели на Скопје, а пак деца од 9 до 12 години заедно со членовите на уметничкиот колектив Staalplaat Soundsystem ќе имаат можност да креираат и презентираат музички инструменти направени од стари апарати за домаќинство.

Значаен сегмент од програмата се настапите на македонските артисти Андреас Херц и Мирко Попов, а за визуелната поддршка ќе се погрижи и светски реномираната македонска видео-артистка Слаѓана Богеска која настапува под псевдонимот xx+xy visuals.


Програма:

30.09.
клуб Хавана, почеток 23:30


Isolée [DE] - LIVE
Roman Flügel [DE] - DJ SET
Andreas Hz [MK] - LIVE

VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]
Влез: 200 ден.


01.10.
клуб Хавана, почеток 23:30


Mouse on Mars [DE] - LIVE
Мирко Попов [MK] - DJ SET
Gabor Lazar [HU] - LIVE

VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]
Влез: 200 ден.

02.10.
МНТ театар Центар, почеток 20:00


Schneider TM + Lillevan [DE] - LIVE
Kim Myhr [NO] - LIVE
Sample & Hold - презентација
Влез: 100 ден.

29.09. - 02.10.2011

Регионална аудио-работилница "Sample&Hold" со Дирк Дреселхаус aka Schneider TM*

02.10.2011 • МНТ - Театар Центар, 18:00


Visual Music Perspectives - предавање/разговор со Lillevan • влез: слободен

Задолжително пријавување за предавањето најдоцна до 29 септември на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

08.10.2011 • ОУ Ј. Х. Песталоци, 18:00


Skopje Philharmechanic Youth Orchestra - презентација на аудио работилницата за деца со Staalplaat Soundsystem • влез: слободен
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 12 Окт 2011 07:48 #158658

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Стартува Макфест 2011


Се е подготвено за стартот на 26-тото издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ кој ќе стартува утре (13-ти октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Сцената за ова фестивалско издание е веќе поставена и истата ќе изобилува со најмногу светло досега, лед екран од 100 квадратни метри, а песните ќе доживеат мултимедијална изведба (синхронизирано аудио и видео). Новиот бекстејџ за изведувачите е поставен на паркингот позади Домот на култура, а подготвен е и реновираниот прес-центар за претставниците на медиумите.

Честа да го отворат овогодишното издание на „Макфест“ им припадна на студентите од оркестарот на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ и учениците од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.

Нови 38 композиции ќе бидат изведени на двете полуфинални вечери кои ќе се одржат во четврток и петок, меѓу кои се и неколку дуети на наши артисти со странски изведувачи кои ќе пеат на македонски јазик. Финалната вечер во која ќе влезат 20 композиции ќе се одржи во сабота.

Фестивалот и оваа година ќе го емитува националната Канал 5 ТВ. Полуфиналната вечер ќе започне во 22, а финалната во 21 часот.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 27 Окт 2011 12:37 #161541

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Издаден првиот албум на „Старовски“ - „Прашинка љубов“


Шестчлената инструментална формација „Старовски“ ја издаде првата македонска музичка поетска читанка насловена „Прашинка љубов“.

Верица Андреевска Спасовиќ, член на „Старовски“ денеска на прес-конференција порача дека нивната цел е да ги пренесат копнежот, љубовта, радоста и тагата кои ги чувствуваат читајќи ја оваа поезија и дека доколку барем едно дете слушајќи ја нивната музика посака да прочита уште нешто од овие големи луѓе, за нив ќе претставува успех во промовирањето на вистинските вредности и богатството на македонската култура.

Сергеј Андреевски, уметник и син на Петре М. Андреевски, чија поезија е дел од албумот, ја претстави музиката на Старовски како „творба која го содржи надреалното на поетите од ковот на Петре, Гане Тодоровски, Блаже Конески“.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од Македонската музичка сцена 20 Ное 2011 14:55 #165678

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Калиопи претставник на Македонија на Евросонг 2012


Поп дивата Калиопи Букле е овогодинешната претставничка на Република Македонија на Евросонг 2012 што ќе се одржи во Азербеџан, пишува на сајтот на МТВ. И Македонската телевизија оваа година одлучи да го примени
српско-хрватскиот модел на избор за претставник.

Песната со која Калиопи ќе не претставува, ќе биде избрана на сличен начин како што беше избрана песна за Тоше Проески, кој беше наш претставник во 2004 година.

Калиопи е една од нашите најпознати изведувачки, зад себе има 9 албуми и безброј хитови. Последен е албумот “Порака“, кој покрај во Македонија е објавен и во регионот. Таа е почесен амбасадор на УНИЦЕФ од Македонија, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост "Мајка Тереза".
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Nataly, Fairy
  • Страна:
  • 1
  • 2