Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Христијан Тодороски - Кико

Христијан Тодороски - Кико 28 Мар 2012 12:58 #191393

  • Hristijan Todoroski
  • Hristijan Todoroski's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
Христијан Тодороски - Кико (Прилеп, 7 април 1992) e македонски пејач на забавна музика,
Тодороски е роден на 7 април 1992 година во Прилеп. Средното музичко образование го завршил во Битола, отсек ударни инструменти. Желбата за музика како и неговиот талент се појавиле уште од самото детство, бидејки потекнува од музичко семејство. Во 2002година настапил на детскиот фестивал „Сребрен Ѕвон“ во Прилеп со песната „Дедо Коле“. Својот прв успех на музичко поле го забележал на 18 години во првиот „Македонски Идол“. Веднаш по завршувањето на ова музичко шоу потпишал договор со продукциската куќа „Mak Music“ под раководство на Јован Јованов и Кристијан Стефановски (JJ Records и Plan B Production). Својот прв сингл „Пекол и Рај“ за кој имал и видео запис го издал кој крајот на Јули 2011 година. Во овој период следуваа настапи низ ноќните клубови во Македонија. Вториот сингл со кој настапил на „Охрид Фест - 2011“ со сингел „Ти Си Опасна“. Потоа настапил на “Мак Фест 2001“ со синглот “Не Ме Боли“.Неговото прво ЦД издание ќе биде промовирано на пролет 2012 година.
Последна промена: 28 Мар 2012 14:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.