Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Детски фестивали

Ре: Детски фестивали 11 Апр 2011 20:55 #129573

  • vetmedvesna
  • vetmedvesna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Life is short.Smile while you still have teeth.
  • Теми: 1887
  • Thank you received: 482
Јас кон 14ч земав 10тина карти и во блок 2 сме. Убави места :)
Инаку, Јана настапува на фестивалот :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 11 Апр 2011 21:39 #129609

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Bravo za tebe vetmedvesna i nie minatiot pat bevme vo blok 2 red 1 sediste 1 i prekrasno bese zosto moj Martin ne sedna a imase mesto da igra i da se drzi sega mi nudea vo istiot blok vo red 3 ama mene ne mi odgovara nema kade da zastane da igra i nema da saka da sedi.I posakuvam ubav nastap na Jana :kiss:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 17 Апр 2011 00:01 #130728

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Бевме на Супер Ѕвездааа :jupi:

Првата половина Јана не трепна, седеше мирна кај тетка и, а после кога почна да игра не застана :laugh: Убаво си поминавме. Само воведот со спонзорствата траеше цела вечност :tupco: а иначе Калиопи не се појави, ќе дојдела утредента :wtf: Нема везе.

Песничките беа со кој од кој посмешен текст, а некои и сосема несоодветни за детски фестивал, на пр песна за Фејсбук?!?! Ми се допадна песната на двете сестрички Македонка или Русинка делумно испеана на руски. Мислам дека се внуките на Блага Петреска и ќерките на виолинистите Кондарко. Инаку како и на секој фестивал секое второ дете беше со "звучно" презиме на луѓе од таа фела, но нејсе...

Се на се Јана беше среќна и тоа беше најважно, се изнаигра со братучедите, а на крај не сакаше да влезе во такси накај дома, викаше децааа ѕездаааа ѕездаааа :muahaha:

Цел ден збори за тоа и џуска по дома :laugh:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 17 Апр 2011 01:46 #130741

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
И ние бевме на Супер Ѕвезда на таа представа од 11, Синоличка ми го зеде зборот од уста за песната Фејсбук. Леле каков "едукативен" текст, мајко мила..на Супер Ѕвезда стално имало некои текстови малку поинакви од другите детски фестивалчиња, ама ова ми се чини беше претерано, подзината останав. Исто ми запна за уво и една песна Џумбус, како ли се викаше, девојчето сто пати во рефренот испеа дека за забавата за роденден ќе јаделе пица со кечап, мајонез :what: Уствари тоа беше главната нишка на песната, баш "убав" пример за децата како да се хранат здраво.
Ај да не бидам све критички настроена, све на све супер си поминавме, битно Јана беше екстра задоволна, концентрирана :laugh: па на крај се качивме и на бина и супер поминавме.
Ние со годинка и два-три месеца вевме сефте на Златно славејче и од тогаш навака немаме пропуштено ниту едно фестивалче со исклучок на ланската Супер ѕвезда од оправдани причини..
Последна промена: 17 Апр 2011 01:47 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 17 Апр 2011 02:12 #130744

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Бубамарке штета што не сме се нашле, и ние бевме од 11 :)

Ме насмеа и текстот на песната со "рокерката", тој пустиот и пеел романтични песни и сакал да и подари рози, а таа па пуфла слушала само Ганс-енд-Роузис до даска :muahaha:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 17 Апр 2011 10:16 #130768

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
I nie si bevme na SZ vcera od 19h i super si pominavme. Trtlata ne zastana, na sekoja pesnicka imase razlicna koreografija :laugh: Denserce na mamika :love:
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 08:18 #163756

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Ke odite li godinava na zlatno slavejce , info za site na 12 i 13 noemvri vo univerzalna sala, vo 11h i 13h, cena 150 denari. jas planiram da go nosam vo nedela od 11h, mislev ke ima veceren termin ama nema bas se razocarav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 08:37 #163760

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
ИИИИИИИИ благодарам Мирка за иинформацијата, обавезно ќе го носам моето и јас во недела.
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 08:47 #163762

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Ние веке зедовме карти за во недела. Знчи се гледаме таму :P :love:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 09:52 #163778

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
И ние одиме во недела па ако некој некого препознае, нека викне :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 10:57 #163783

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Jas sega se vrakam od univerzalna i si zemav karta za vo sabota od 18 neznaev deka i toj termin go ima:), ako odi nekoj vo sabota se gledame
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 11:00 #163784

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Мирка фала на информацијава дека има и од 18 ч., баш пред малку коментирав како тоа само у сред ден, баш кога спие малиов :P Најверојатно и ние ќе одиме во сабота, поручек :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 11:04 #163786

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Pa sreka sto otidov inace i jas vikam nikako ne mi odgovaraa terminite ili rano dur doruckuvas drugiot termin za spienje , vaka od 18 e taman, samo mestoto ni e visoko ama ajde ke bide ubavo:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2011 11:15 #163789

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
I nie odime sabota, ama od 11h :)
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 13 Дек 2011 15:31 #170561

  • belisima
  • belisima's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
Едно прашање до сите мајки .Керка м многу сака да пее на златно славејче .Знае ли некој да ми каже како да стигнеме до тами има ли аудиции или нешто слично.Однапред ви благодарам
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 14 Дек 2011 07:54 #170732

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
Имаат аудиции обично во март и примаат деца од 7 години.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 04 Мар 2012 14:35 #185983

  • gunnergirl
  • gunnergirl's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 168
  • Thank you received: 44
Денес видов дека на 24 и 25 март ке има Поточиња.Претставите се од 11 и 13 часот,одвај цекаме:jupi: :jupi: :jupi:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 05 Мар 2012 07:33 #186108

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
I nie ke odime , ama terminive ic ne mi se svigaat 11 mi e rano vo 1 spieme , zosto go skrtile 19 super si bese.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 07 Апр 2012 13:02 #193239

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Виендов на 7 и 8 април за прв пат се одржува детски фестивал на куклен театар "Фенер", во кој ќе се организират неколку работилиници за дечиња од 2-6 годишна возраст и ќе се одиграат неколку куклени претстави. Фестивалот се одликува со неговата тенденција да се претстави пред детската публика на еден алтернативен начин, без преголема сензација, кич, агресивна музика,... Мене ми се виде доста интересно тоа што го прочитав, но не успеав да набавам карти за денешната претстава "Песни од горе" на данскиот театар Рефлексион, но затоа земавме карти за утрешната претстава "Мокра приказна". Ако некој бил на некоја од денешните претстави, би било баш убаво да сподели мислење.
Инаку и работилниците ми се гледаат доста интересни, децата колку што разбрав ќе учествуваат во правење на кукли, па ќе има музицирање на импровизирани инструменти, и така... мене ми звучи ептен примамливо.
Повеќе инфо за фестивалот има овде.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 24 Апр 2012 09:45 #195966

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Во истата сала и со истиот оркестар на престижниот фестивал за забавна музика Сан Ремо македонскиот мало-голем талент на виолина Ева Богевска, на 5 мај ќе ја претставува Македонија. Ни кажа дека нема трема, сака да вежба на виолина, а композицијата на Глишиќ, напишана специјално за неа иако тешка за изведба, и претставува предизвик. За нејзиниот талент допрва ќе се слуша иако самото учество на ова престижна манифестација, како и досегашните нејзини настапи во Чешка, Малезија и Италија зборуваат многу.

"Ева е наш културен амбасадор. Јас и посакувам многу успех на овој престижен фестивал, да ја претстави добро нашата држава и убедена сум дека тоа и ќе го направи. Нејзините успеси секојдневно се надополнуваат, и драго ми е што имаме еден млад, надарен талент, рече министерката за култура на РМ Елизабета Канческа-Милевска, која вчера се сретна со малата Ева.

Таа пак, ни призна дека секојдневно вежба од својата седма година, а свирењето на виолина и претставува задоволство. Омилени виолинисти, покрај професорката Ана Кондратенко, и е Сара Ченг.

"Ева е многу посветена на свирењето, дури и премногу, па мајка и има проблем кога треба да ја наговори да се одмора. Изведбата на ова дело е тешко и одговара повеќе за студентите, но таа успеа да се подготви за два месеца, што е краток период. Кај Ева има убав спој на талент и огромна желба за свирење, што е реткост кај децата", вели нејзината професорка Кондратенко.
На фестивалот, кој ќе се одржи во Аристон театар" во Сан Ремо учествуваат деца од 6 до 15 години од цел свет. Фестивалот годинава ќе се одржи третпат и има категории за солисти-пејачи и солисти-музичари.

Идејата за учество на Ева е на директорот на МБУЦ Илија Николовски-Луј" Јован Бицевски, кој на жирито му испратил снимка од настап на Ева.


Извор: Вечер

Значи, многу се радувам кога ќе чујам какви млади и талентирани деца има во нашава држава. Браво за малата Ева, а и за професорката Ана - според мене, најдобар виолинист во Македонија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2012 03:37 #220599

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
Денес почнува фестивалот Златно славејче. Ќе трае до среда, претставите се од 11 и од 13, петок, понеделник и вторник и од 9.30, а недела и од 19 часот. Има убави нови песнички, а мене ми е најубава Зајче без опавче.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2012 03:44 #220603

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Ние земавме карти за во недела. Ќерка ми едвај чека,секој ден ме прашува кога ќе одиме на Златното славејче :trep:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2012 08:50 #220701

  • Svetulka
  • Svetulka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 456
  • Thank you received: 127
Dali znaete do kolku godini dete vleguva bez karta na zlatno slavejce? Lani znam deka ne zemav za nego karta, ama neznam ovaa godina dali ke mi treba?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2012 09:00 #220708

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Светулка, гледам дека син ти е со возраста отприлика колку ќерка ми. Јас не земав посебна карта за неа. Земав една за син ми и уште една за мене и неа во скут. Пошто реално ако ја ставам сама на столица, ќе пропадне ;)
Последна промена: 09 Ное 2012 09:01 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски фестивали 09 Ное 2012 09:20 #220713

  • Svetulka
  • Svetulka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 456
  • Thank you received: 127
Fala Sanja! Eve sega se javiv i vo univerzalna. Rekoa ako sedi vo skut ne treba karta...i vo princip do 4-5 godini moze bez karta ;)
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.