Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Солариум

Солариум 11 Дек 2010 04:38 #86511

  • DijanaP
  • DijanaP's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 2006
  • Thank you received: 212
  • Карма: 81
Дали одите на солариум, колку време му посветувате? И дали сметате дека е штетен за женската плодност?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:06 #86558

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Интересна тема Дијана, вредна за дебатирање.

Јас искрено не сум била на солариум. За тоа дека влијае врз женската неплодност не сум слушнала. Ама тоа дека постојано се алармира да се избегнува затоа што предизвикува меланом, ми е врежано во потсвеста и токму заради тоа го избегнувам. Не е нешто што ми е неопходно во животот, па зошто да се изложувам на ризик, без разлика дали се работи за шпекулации или не.

А морам да признам дека сакам да добијам рамномерен исунчан тен како од солариум, ама на плажа ниакако да постигнам.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: DijanaP

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:15 #86568

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
  • Карма: 0
Не сум била на солариум и не планирам да одам од причина што може да предизвика рак на кожата. А имам и слушнато дека е штетен за женската плодност. Сакам природно да потемнам, ама тоа никако да се случи затоа што имам светол тен. Колку и да се сончам на плажа, ни малку не потемнувам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:18 #86576

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Да Барби, посебно за луѓето со светол тен е опасен солариумот, но исто така и сoнчањето на плажа. Особено ако имаш повеќе бемки по телото.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 11 Дек 2010 05:22 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:21 #86578

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
SZO go proglasi solariumot za kancerogen,ova e 100% sigurna informacija.znaci ne e zabranet,tuku samo se preporacuva nekoristenje.
inaku vo edna zemja vekje drzavta go zabrani ama vo momentov ic ne mi teknuva koja.mi ide pamet na italija.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:26 #86585

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
  • Карма: 0
Затоа и не се сончам многу на плажа. Имам една мала, ама дебела бемка од десната страна на грбот и заради неа избегавам многу да се сончам. Што се однесува до солариумот, не чини често да се оди на солариум. Моја другарка летово одеше 5 дена по ред на солариум и цел грб и беше црвен. Едвај спиеше.
Последна промена: 11 Дек 2010 05:27 by Barbie.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:28 #86587

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Во Бразил е забранет солариумот, во Германија и Британија е забранет за малолетни лица поради тоа што шансите за заболување од рак на кожа се зголемуваат за 75% кај луѓето помлади од 35 години.

Пред неколку години бев на солариум и тоа од радозналост.Тетка моја отвори козметички салон, па имав можност да ги испробам повеќето третмани, исто така и солариумот.Бев 3 пати по 5 мин само.Не бев толку воодушевена колку што мислев дека ќе бидам.
Последна промена: 11 Дек 2010 05:29 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:31 #86592

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52
Jas samo ednas imam pojdeno vo solarium - i nikogas povekje !!! Drugiot den kozata mi bese nafrlena so alergija ( nekoj vid sitni mozolcinja) i dolgo trebase da mi se izgubat...sto pati se pokajav sto voopsto pojdov, jas i onaka sum protiv ovie raboti, se cudam kako uspea edna moja prijatelka da me ubedi :tupco: Demak ajde, pred odmor bese, i da sme dobiele dobar ten, ne mnogu ama tamam za da ne sme epten beli na plaza, a baska demek nemalo da izgorime ako sme vekje malku potemneti ...i taka..ama ottogas, a i posle se sto procitav za solariumite, bogami , nema sansi :ne:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 05:40 #86599

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Никогаш не сум била на солариум, ниту па имам намера да одам. Ја имаме среќата да бидеме од белата раса, и наместо да сме горди на белата кожа, ние со сила се правиме црни! Ова никогаш не сум го сфаќала?! :wtf:

btw порано се сунчав на одмор, а во последниве 10-тина години, си се враќам бела. :roll:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: nate76

Ре: Солариум 11 Дек 2010 19:46 #86886

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Sanja wrote:
Никогаш не сум била на солариум, ниту па имам намера да одам.

Isto i jas, pred se zatoa sto nikogas ne sum sakala da izgledam vestacki, steten e i plus ima doza na klautofobija vo mene :).
Duri i nesakam ni da se suncam, ednostavno mi smeta, generalno sum mnogu bela i ubavo mi e takva da si se gledam :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 22:59 #86956

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Odev na solarium i toa sekoja godina obavezno uste vo maj, ova bese koga bev shemadzika, kako da izleguvam po skopskite kafiki, a da ne sum iskvarcana? Ma nema sansi. Inaku prirodno imam mnogu svetol ten, no ete retko goram i ubavo pocrnauvam i bojata mi drzi. Se sekavam edna godina vo Egipet jas i drugarka mi vo dva casot na pladne lezalkite sme gi stavile vo voda vo plitkoto i se peceme so saati namackani samo so 2 faktor, a toa 50 stepeni nadvor. Sega veke nitu imam zelba nitu zivci za takvo nesto, znam deka ne e dozvoleno, ne e zdravo, opasno e i sega gi sledam preporakite, se pazam, a i nemam vreme za soncanje nitu vo solarium nitu na plaza. Ne mi se slucilo nisto posebno so kozava, nitu alergija, nitu isusuvanje, takva mi e blagodarna, mozebi poradi toa sto pijam mnoooogu voda.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 11 Дек 2010 23:33 #86965

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Никогаш не сум била, но сум слушнала поделени мислења околу штетноста..Nevermind тоа, не сум некој експерт за темава, бидејќи искрено, од кога се памтам, бојата од летото ја чувам речиси иста до наредното лето. До меланинот ли е, до што ли е...јас стварно не знам..ама еве и во есен или зима, јас сеуште имам боја.Што да кажам...тен фаќам за 5 мин..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 01:53 #87000

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Имам многу бел тен и многу бемки, така што бегам и од сонце и од солариум. Никогаш нормално не сум се исончала, само горам на определени делови. Неверувам дека ќе биде различно и со солариумот. Штетноста од истиот мислам веќе дека на сите им е позната.
Инаку не ми се ни допаѓа кога ќе видам премногу искварцана девојка, некако ми е премногу вештачко. Уште пак ако е плава....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 02:24 #87008

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
Imam bel ten i sakam sto sum takva-solarium NO THANKS -nikogas ne sum bila nitu pak planiram da odam i sekoja cest na tie sto odat jas ne bi :ne: i edno ne mi e jasno zasto vo razvienive zemji e zabranet a nas ni prodavaat takva demagogija a pak nasive kozmeticki saloni gi promoviraat vo sekoja nivna reklama. Videte i jas rabotam so luge no ne im nudam nesto sto e stetno ,ednostavno smetam deka i eden kozmetcki salon(gi molam da ne mi zamerat)ima tolku mnogu moznosti za profit preku ponuda na drugi tretmani koi ne se stetni a koi ke ja razubavat zenata se razbira -zosto da si prodavame edni na drugi nesto stetno?????I kade e nasata vlada zosto ne gi zabranat ,zosto sekogas sme posledni vo se?????? :nc:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 03:31 #87050

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
vodolija wrote:
Инаку не ми се ни допаѓа кога ќе видам премногу искварцана девојка, некако ми е премногу вештачко. Уште пак ако е плава....

:muahaha: Леле, како негатив:hahaha:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, nate76

Ре: Солариум 12 Дек 2010 04:11 #87065

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Annabel wrote:
vodolija wrote:
Инаку не ми се ни допаѓа кога ќе видам премногу искварцана девојка, некако ми е премногу вештачко. Уште пак ако е плава....

:muahaha: Леле, како негатив:hahaha:

Jas sum plava i koga bev isuncana mnogu si se dopagjav, osobeno ako oblecev belo, si deluvav cisto i zdravo. Negativ vo negativ :kiss: Mene taa kombinacija super mi stoese, a i ne mi terbase mislenje od zenski ama voopsto, dovolno mi bese mislenjeto od sprotivniot pol koj bese WOW!
Mene na primer voopsto ne mi se dopagja Mortisha stil, belo lice kako brasno i crna kosa, kako da trganale na snimanje na parodija na Adams Family.
Последна промена: 12 Дек 2010 04:13 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 04:36 #87086

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Комшинице, водолија пишуваше за премногу искварцани девојки, со оглед на твојот светол тен, не верувам дека спаѓаш во таа категорија:)

Инаку јас лично не сум многу по сончањето. Порано знаев да лежам на плажа, па и да заспијам, ама сега преферирам да си пијам кафенце под сенка. Ама бидејќи имам темен тен, и под сенка потемнувам:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 04:46 #87098

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Srna wrote:
Annabel wrote:
vodolija wrote:
Инаку не ми се ни допаѓа кога ќе видам премногу искварцана девојка, некако ми е премногу вештачко. Уште пак ако е плава....

:muahaha: Леле, како негатив:hahaha:

Jas sum plava i koga bev isuncana mnogu si se dopagjav, osobeno ako oblecev belo, si deluvav cisto i zdravo. Negativ vo negativ :kiss: Mene taa kombinacija super mi stoese, a i ne mi terbase mislenje od zenski ama voopsto, dovolno mi bese mislenjeto od sprotivniot pol koj bese WOW!
Mene na primer voopsto ne mi se dopagja Mortisha stil, belo lice kako brasno i crna kosa, kako da trganale na snimanje na parodija na Adams Family.

Јас зборував за стил а ла Донатела Версаче.
Инаку Мортиша е опозит на мојот пример, што мора да признаам исто така ми е вештачко.
Ама тоа е само мое мислење
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 04:48 #87099

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Annabel wrote:
Комшинице, водолија пишуваше за премногу искварцани девојки, со оглед на твојот светол тен, не верувам дека спаѓаш во таа категорија:)

Инаку јас лично не сум многу по сончањето. Порано знаев да лежам на плажа, па и да заспијам, ама сега преферирам да си пијам кафенце под сенка. Ама бидејќи имам темен тен, и под сенка потемнувам:)

Ne be komsinice, jas sum prirodno so temno kafeava kosa i bel ten, ama togas si bev vo takov film, a inaku premnogu iskvarcani devojki od tipot na nekoi nasi estradni licnosti stvarno ne sakam ni jas.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 04:50 #87101

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ах, морам да ја спомнам г-ѓа Лила:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vodolija

Ре: Солариум 12 Дек 2010 17:23 #87320

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Annabel wrote:
Ах, морам да ја спомнам г-ѓа Лила:)

Mi go ukrade zborot, sakav i jas, ama ajde na ne imenuvam javni licnosti. Iskreno mislam deka taa spie vo solarium.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 12 Дек 2010 17:41 #87329

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Имам одено на солариум и тоа беше некаде пред 5 години, пред да одам на одмор, бидејќи имам алергија од сонце и демек препорачуваат да се отиде неколку пати на солариум пред да се изложиш директно на сонце - кај мене тоа не помогна!
Отидов во еден козметички салон каде што само што го купија солариумот и баш заради тоа се одлучив да одам и таму , уплатив неколку третмани, поцрнев, но со овој памет сега не би отишла пак, барем не во оној солариум да лежиш пола саат, прво ко ќе ми текне кој све лежел таму, јес да го бришеа со средство и крпче пред секоја употреба, но мене тоа не ми е доволно, плус да се изложувам на тие штетни зраци :ne:
Веќе се навикнав со помислата дека имам алергија од сонце, користам бејби креми со заштита од ува и увб зраци, и си седам под сенка, и супер ми е;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 13 Дек 2010 04:40 #87724

  • DijanaP
  • DijanaP's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 2006
  • Thank you received: 212
  • Карма: 81
Не сум, одела, и никогаш нема да одам,од проста причина што познавам другарка на која докторите и рекоа дека има оштетување на јајниците од солариум- прголемо зрачење. Втора причина - појава на ракот на кожата. А и искрено освен летно време што сакам природно колку-толку да фатам боја, не сакам да сум потемна, жените што се со посветол тен - ми се поаристократски.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 13 Дек 2010 05:22 #87756

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Srna wrote:
Odev na solarium i toa sekoja godina obavezno uste vo maj, ova bese koga bev shemadzika, kako da izleguvam po skopskite kafiki, a da ne sum iskvarcana? Ma nema sansi.
Срна ме изнасмеа:laugh: А бе и јас на времето бев шемаџика, ама не знаев дека мора да се има и кварцан тен:laugh:
Јас никојпат не сум била, прво од причина што мислам дека ќе ме фати паничен напад да седам така затворена. Сигурна сум дека тоа ќе ми се случи.
Инаку убаво поцрнет тен сакам, убаво ми е да сум поцрнета иако со мојот многу светол тен, вложувам многу напор да зацрнам малку:laugh: Кога ќе видам исунчана девојка, ми изгледа убаво, без разлика дали е од сонце или солариум, се додека е тоа во граници на нормалата.
Не знам дали се сеќавате на една манекенка која до пред да роди беше прилично актуелна на нашиве простори и беше прва другарка со гореспоменатата госпоѓа..кога ќе ја видев, ми се креваше косата, значи ужас, бела боја на косата со изразито темен тен, многу вештачки, многу..
А од друга страна, не знам дали се сеќавате на муабет од пред неколку години кога млада девојка во Скопје, дента отишла на неколку солариума, јас пошто не сум упатена многу во таа порблематика, не знам колку, ама знам дека мора да има пауза од некој ден. Девојчево дента било во два три салона на неколку кварцања и починало. Ова беше чаршиски муабет, но веројатно вистинит, затоа што сите го знаеа ова..и мене уште толку ми внесе страв во коски.
И врв на све, јас имам и доста бемки, така да..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солариум 13 Дек 2010 05:44 #87762

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
  • Карма: 32
Не сум била ама па и не планирам да одам.Едно време сестра ми ме тераше да одиме и ај и тоа да го пробаме, ама некако ми беше шубе.Јас имам многу бел тен и многу бемки по телото, плус и пигментот ми е многу слаб така да воопшто и не поцрнувам.Мислам и 3 месеци да седам на сонце со рефлексија од фолија на мене не би ме фатило боја, а покрај тоа и лесно и брзо горам и целата се вцрвувам.Летово месец и пол бев на одмор јас боја воопшто не фатив, ...добро и така си седам по сенка ама за тој период требаше да бидам...црнкиња :roll: :laugh:
А и штетноста ми е позната од солариумите па така да тоа ми е причина плус да не го посетам во иднина.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.