Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Алтернативна козметика

Алтернативна козметика 15 Окт 2010 04:19 #61476

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
Нега на кожа и тело

Маска за лице од мед
•1 лажица мед измешајте ја со 2 лажици ситно мелени бадеми и половина лажица сок од лимон. Со оваа смеса исчистете го лицето, тријте нежно, а потоа измијте го со топла вода.

Маска за лице и коса од бадемово масло

Потребни состојки :

•1 јајце
•1 лажичка бадемово масло
•неколку капки свежо исцеден лимонов сок
Сите состојки добро се мешаат неколку минути, додека не се добие еднолична маса. Вака приготвената маска се нанесува на лицето и вратот и се остава да стои 15 минути. На крајот маската се отстранува со плакнење со ладна вода. Истата маска може да се користи и за нега на косата. Приготвената маска се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.



Маска за природен лифтинг
•Изматете белка од јајце, нанесете ја на лицето и нека делува 15 минути, а потоа измијте со млака вода и лицете намачкајте го со хидратантна крема. Ефектите од овој третман се видливи по два часа по миењето, но ако ова го повторувате неколку пати неделно, резултатите ќе бидат трајни.
Пилинг за мазна кожа
•Измешајте две лажици изрендана лимунова кора, две лажици пченкарно брашно, шест лажици мелени бадеми и две до три лажици вода. Маската нанесете ја на лицето и нежно масирајте со кружни движења неколку минути. Измијте го со млака вода, избришете го со мек пешкир и нанесете хидратантна крема.

Освежувач за сите видови кожа


Потребни состојки:

•120мл минерална вода
•6 капки масло од лаванда
Ставете го маслото и минералната вода во стерилизирана тегла со капаче. Затворете и протресете добро, и пренесете во стерилизарна прскалка. Ставете на лицето.Чувајте во фрижидер и може да го употребувате до 2 недели.



Mаска за коса од рицинусово масло

Потребни состојки :

•1 жолчка од јајце
•2 супени лажици рицинусово масло
•1 супена лажица глицерин
•неколку капки свежо исцеден сок од лимон
Состојките добро се мешаат, се додека не се добие хомогена смеса. Добиената смеса се нанесува рамномерно на кожата на главата и на косата и се остава да стои околу 1 час, по што косата се мие со благ шампон.



Oреово масло
За нега на косата, маслото се нанесува на косата и кожата на главата, со благо масирање и се остава да стои 1 час, а потоа се мие со благ шампон.



Спреј за коса

Потребни состојки:

•1 или 2 лимони или портокали
•2 чаши вода
Исецкајте еден лимон, или портокал за сува коса. Ставете ги во чинија и посипете 2 чаши топла вода и варете ги. Потоа изладете и процедете. Ако е потребно , додајте уште вода. Ставете го во прскалка и чувајте во фрижидер.



Гел за коса

Потребни состојки:

•1 лажичка неароматизиран желатин
•1 чаша млака вода
Растворете 1/2 до 1 лажичка неароматизиран желатин во 1 чаша млака вода. Чувајте ги во фрижидер и употребајте го како и купениот гел.



Регенератор

Потребни состојки:

•1 жолчка од јајце
•1/2 лажиче маслиново масло
•3/4 шолја млака вода
Изматете ја жолчката, додадете маслиново масло и промешајте добро. Потоа додадете ја водата во мешавината со јајце и промешајте добро. Масирајте на чиста, влажна коса. Исплакнете со многу топла вода по околу 10 минути.



Шампон за коса

Потребни состојки:

•2 лажици маслиново масло
•1 јајце
•1 лажица сок од лимон
•1 лажичка јаболков оцет
Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека добро да се искомбинираат. Користете како редовен шампон.



Третман за раце од бадем

Потребни состојки:

•Бадемово масло
•Стаклена тегла
•Морска сол
•Eтерично масло
Варете ја теглата во вода за да се стерилизира, потоа исушете ја. Ставете две чаши морска сол во теглата и додате две чаши бадемово масло. Додадете и две капки етерично масло, и убаво измешајте ја смесата. Нанесете на рацете и нежно масирајте неколку минути, потоа измијте со топла вода.

Извор
Последна промена: 11 Ное 2010 23:23 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 15 Окт 2010 12:28 #61513

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
:gp:
Еве за проширени пори лосион

3-4 големи листа од зелка се варат 10 минути. Се остава да се излади и се ќисти лицето со вата потопена во течноста. Овој лосион се чува максимум 3 дена.

За чистење на лицето
2 лажички млеко и неколку капки масло од лаванда (3-4)
Се меша и се масира лицето. Успешно вади и шминка. Немојте само околу очи да го користите ако имате преосетлива кожа.


Лосион за тонирање
Јаболков оцет неколку капки (5-6)
Систилирана вода две полни лажици
И по желба, масло од лаванда, камилица (околу десетина капки)
Се чува во фрижидер и се нанесува на убаво исчистена кожа. Ептен мека ја прави.

Маска за лице
1 жолчка
2 лажици мед
и да се добие компактна маса додадете бадемово масло

Се нанесува на лице и се остава да се исуши. После се измива со вода.


Маска со зелена глина (за мрсна кожа) ако имате куперозна кожа никако не ставајте од глината

Лажича сок од лимон (исцеден, не тетрапак)
1 лажица мед
1 лажица јогурт
и пак по желба некое од маслата (за мрсна лаванда или tee tree (не знам како му е мак. назив)
Ако не ви е доволно компактна додадете вода.

Ја знае некој рецептата за депилација со шеќер?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 15 Окт 2010 12:46 #61522

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
sonjicka wrote:

Ја знае некој рецептата за депилација со шеќер?

За една доза потребно е 2 лимонтуса,12 големи лажици чекер и 6 големи лаж.вода..ако ова ти е малку,ориентир ке ти биде дека на 1 лимонтус треба 6 г.лаж чекер и 3 големи лаж. вода.да врие додека не добие боја на мед и кога ке поткренеш со лажица дел од сместа да ти тече како непрекината линија(ова ако ме свати :OK: )
а еве нешто супер..
ОТЕЧЕНИ ОЧНИ КАПАЦИ И ПОДОЧНИЦИ:
1.во две делчиња чиста газа изрендајте сиров компир. Облогата ја држите 15 мин на очите. Се миете со ладна вода.
2.парче свежа смоква ставете на капаците
3.сварете чај од магдоносов корен, натопете памукче и ставете на капаците.
4.2 кесички чај од камилица, потопени во врела вода, кога малку ќе се подизладат, се ставаат на капаците неколку минути. Камилицата е успешна и позната билка за смирување на очите.

ПРОТИВ ПЕРУТ
чај од 20 гр мајчина душичка, розмарин и жалфија. Освен бактерицидното делување врз микробите кои ја напаѓаат кожата на главата и предизвикуваат перут, ја активира и циркулацијата на крвта. Лосионот се користи еднаш дневно, се втријува во коренот на косата, а свеж лосион се прави секоја недела.
Исто, и чај од целеров корен за против перут.
Последна промена: 15 Окт 2010 12:47 by Bogdana.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 15 Окт 2010 22:28 #61795

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
Ексфолирачка маска од портокал
Потребни производи.
Сушени кори од портокал и кисело млеко.
Начин на приготвување.
Ставете една рака кори од портокал во блендер и исецкајте ги на сосема ситни парчиња, скоро како прав.
Смешајте ги со малку млеко и нежно втријте ги во кожата, на колената, лактите, грбот и на сите проблематични зони.
Измијте се со млака вода и потоа нанесете крем.
Маската не одговара за луѓе кои се алергични кон составот на корите на цитрусовите овошја.

Темни дамки и пеги:
- редовно миење со мешавина од сок од домати и 2 лажички млеко.
-лимонов сок се втријува на лице и се покрива со ладен облог. После 25 мин се мие со ладна вода и се нанесува масна крема.
-во чаша вода се става шака магдонос и се остава преку ноќ. Наутро со таа вода се мие лицето.

Брчки:
-жолчка и лажичка маслиново масло се мати и нанесува на лице и врат. Се остава 10 мин и потоа преку тоа се нанесува цврст снег од изматена белка. После 15 мин, се мие со млака вода.

За раст на трепките: 10 капки чисто масло од лаванда со 40 капки рицинусово масло се мешаат и пред спиење се нанесуваат на трепките. Ќе станат поеластични и ќе се поттикне нивниот раст.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 03 Ное 2010 02:02 #67869

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Најважните природни маски за лице


На кожата, без оглед на годишното време, потребно и е да и се врати сјајот и здравиот изглед. Меѓутоа за да може таа да изгледа беспрекорно не мора да трошите многу пари на скапоцени производи. Доволно е да знаете неколку рецепти од домашната кујна.

За свежо лице
Иситнете свежа краставица, а ако имате сува кожа додадете малку маслиново масло и семки од грозје. Против темни дамки краставицата помешајте ја со кисела павлака. Нанесете ја смесата на лице, држете ја 15 минути, па исплакнете со млака вода. За сјајна кожа направете пилинг. Иситнете половина јаболко и помешајте со лажица масло и мед. Оставете да стои 10 до15 минути, па исплакнете со топла вода. Потоа веднаш нанесете хидратантна крема што одговара на вашиот тип кожа.

Без дамки
Оваа маска е вистински борец против дамките, нерамномерната пигментација и брчките. Изрендајте кора од лимон, па додадете лажица зобени снегулки, жолчка, лажица мед и млеко. Смесата држете ја на лице од 10 до 15 минути.

Против сува кожа
Оваа маска потребно е да содржи многу витамини. Помешајте лажица пченични никулци со две лажици маслиново масло. Оставете ја смесата да стои 15 до 20 минути, па исплакнете со млака вода.

Против брчки
Оваа маска помага да се "испеглаат" брчките околу очите и го подобрува тенот. Корисна е за секој тип кожа. Здробете половина банана, додадете лажица слатка павлака и една лажица мед. Нанесете ја смесата на лице и деколтето, па оставете да стои 15 до 20 минути. Исплакнете со топла вода.

Извор
Последна промена: 03 Ное 2010 02:02 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 03 Ное 2010 19:55 #68219

  • arriel
  • arriel's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 80
  • Thank you received: 5
Za bleskavo lice:edna zolcka se nanesuva na liceto i na vratot,od koga se isuzi maskata ja otstranuvate so belkata vooedno deluva i kako piling i se mie potoa so malaka voda.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 11 Ное 2010 23:25 #71377

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
-За да ја вратите еластичноста на кожата на стапалата најпрво е потребно да се ослободите од сите задебелувања на кожата и мртвите клетки. Натопете ги нозете во вода, а потоа добро истријте ги со камен за петици. Потоа премачкајте ги со подеднаква мешавина од сок од лимон или портокал и растително масло.

- Масирајте ги нозете со четка од природни влакна - со кружни движења од стапалата кон бутовите со цврсти и силни движења кои постепено стануваат се послаби. Кожата масирајте ја се додека не се зацрвени. На овој едноставен начин ќе се ослободите од насобраните токсини во организмот и ќе ја намалите видливоста на целулиот.

- Нозете наместо со четка можете да ги измасирате така што на нив ќе нанесете крупна морска сол и мед, масирајте ги со кружни движења, а особено внимание посветете на задникот и бутовите. Ако имате целулит, овие подрачја масирајте ги со зрна кафе. Кожата исплакнете ја наизменично со топла и ладна вода.

- Ако сакате да ги отстраните влакната, пред депилацијата легнете во када наполнета со топла вода. Топлата вода и пареата ќе ги отвори порите па депилацијата ќе биде помалку болна, но и поефектна. По депилирањето задолжително ставете хидратен крем или гел од алое за да се намали иритацијата и црвенилото.

- За убавината на стапалата важна улога игра и прехраната. За да ја подобрите циркулацијата, да ја спречите тромбозата и да ги развиете мускулите потребно е да конзумирате доволно витамини А, Ц и Д, калиум, белковини кои ги има во морковите, лукот, зелката, лимонот, целерот, кромидот, портокалите, јагодите, рибата, сојата и јогуртот. Исто така потребно е да го намалите конзумирањето на продукти од животниско потекло, особено маснотии, и сувомесна храна.

- За да го спречите потењето на стапалата масирајте ги со етерично масло од кедар или портокал кое ќе ја спречи оваа појава.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 13 Јан 2011 07:04 #101479

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Масло против целулит

Измешајте по 7 капки етерично масло од лаванда и од боровница со 50 милилитри масло од јојоба. Откако ќе се истуширате, со мешавината масирајте ги деловите зафатени со целулит.

За оштетена коса

Измешајте сок од 1 лимон, 1 лажица мед, 2 жолчки и 1 белка. Масирајќи, смесата нанесете ја на кожата на главата и на косата. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа добро измите ја. Ако косата е многу сува во маската можете да додадете и 1 лажица масло од пченични никулци.

За осветлување на русата коса

Исцедете сок од 2 лимона и распределете го на косата по миење. Оставете да дејствува 15 минути, а потоа добро измијте ја косата.


Витаминска маска за коса

Измиксирај половина банана со по една лажица сок од портокал, лимон, цитрон и полномасно млеко. По миењето нанесете ја смесата на косата, оставете да дејствува 20 минута, а потоа остранете ја со миење.
Извор
The administrator has disabled public write access.

Природна козметика 26 Јан 2011 00:14 #105843

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Девојки ајде да споделиме некој рецепт за природно-домашно подготвена козметкика.

За време на бременоста се појавуваат разно разни промени на кожата и почесто се препорачува да не се користат јаки средства за чистење, масажа, козметика, креми за акни за црвенила за стрии итн.

А и не само во текот на бременоста, убаво е и воопшто кога веќе секој производ содржи помалку или повеќе токсичен состав, да знаеме некоја домашна рецепта за лосион, пилинг, маска...

Еве одприлика јас што имам користено.
За целулит: Додека се туширате, масажа со една лажичка кафе (турско-мелено). Кафето може да се помеша со купката или со маслиново масло.
За пилинг: Масажа со пченкарно брашно.
Јас имам правено масажа на тело со морска сол, пченкарно брашно, кафе и маслиново масло.
Како маска за лице: После убаво исчистено лице да се премачка со слој мед. И ова го имам пробано.
Како лосион за лице има еден рецепт со китка магданос, литро вода и цеден лимон. Незнам тачно како идеа состојките, ама лосионов е добар, ако знае некој нека ја пипе рецептата.
Знам дека за вадење шминка како природно средство се користи бадемово уље, може памучето да се натопи со малку вода па неколку капки бадемово масло или невеново.
Некои жени прават и креми со маст и цвет од невен, камилица, зелен чај.....

Во моментов поради хормоните во бременоста лицето ми се исфрла со акни, а каде и да прочитам вика да се пази со средствата против акни, па доколку имате некој природен рецепт, многу би ви била благодарна :cmok:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 15 Фев 2011 18:49 #113053

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Сега ми текна за рицинусовото масло (купено од аптека)..Скоро без трепки бев (од многу користење маскара и очигледно некоја маскара која не ми се погодила)..Неколку недели мачкав рицунусово на трепките, т.е. коренот на трепките..и да чукнам во дрво, никнаа нови и сега ми се супер трепките. Многу малце се става и само на трепките, јас ставав со оние чепкали зи уши..и ќе внимавате да не ставате многу, за да не ви отиде во очи..

Извор- нет
Последна промена: 16 Фев 2011 03:43 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 16 Фев 2011 03:47 #113191

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Понекогаш шампоните и регенераторите едноставно неможат да помогнат, бидејќи потребен е посебен третман. Во тој случај природата ви го овозможува најдоброто решение за вашата коса.

Доколку косата изгубила сјај, потребно ви е маслиново, бадемово и рицинусово масло. Измешајте по 10 капки од овие масла и оставете ги да делуваат во текот на ноќта на вашата коса.

Во шампонот кој го користите додадете неколку капки масло од јасмин, со тоа ќе го зацврстите коренот на влакното и ќе го спречите опаќањето на косата. Исто така, косата можете да ја зацврстите со оваа маска : пола лажичка рум и две лажички маслиново масло.

Ако сакате да ја осветлите по природен пат, нанесете чај од камилица или свежо исцеден сок од лимон, а за подобар резултат излезете на сонце и оставете ја да се исуши и потоа исплакнете ја.

За да го одржите здравјето и убавината на косата, внесувајте многу витамини и минерали.


Извор- Курир
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 16 Фев 2011 04:38 #113215

  • mama ance
  • mama ance's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 32
  • Thank you received: 15
omilena tema. inaku hobi mi e aromaterapija i veke so godini izrabotuvam prirodni sapuni i aromaterapiski masla za telo,lice i kosa i skoro redovno ucevstvuvav na bazarite za racno izraboteni proizvodi ama sega veke nemam tolku vreme(se obiduvam da se doeduciram i imam dete sto na saat) ama toa mi e golema pasija i ne se otkazuvam od toa. sama si pravam sapuni za telo i lice i i te kako razlikata e ogromna od komercijalni sapuni.za lioe sama si pravam maslo za lice i go koristam kako nokna krema. a puterot za telo fantazija, se spasiv od strii posle bremenost(mozebi i malku genetika spasi rabota) ama jas sum za alternativna kozmetika. ako imate vreme eve edno receptce za maslo za telo, nanesuvajte go posle tusiranje na malku mokra koza, FANTASTICNO e.
maslo od badem 50ml.
maslo od avokado 20ml.
maslo od susam 20 ml.
maslo od neven 30ml.
20-30 kapki etericno maslo
pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 16 Фев 2011 05:00 #113228

  • D-r Lidija Pazdrijan
  • D-r Lidija Pazdrijan's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 769
  • Thank you received: 402
Anna Molly спомна масло од јасмин...Каде може да се купи?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 16 Фев 2011 05:07 #113232

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
mama ance,moze li da ni napises sostav na eden tvoj sapun ili maslo ama kompletniot sostav so osnovni i pomosni sostojki?se nadevam deka ne e tajna a i ne bi trebalo so ogled na toa deka vekje bile vo prodazba.mene me interesira dali e se 100% prirodno i bezbedno za deca i vozrasni,konkretno za sapunite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 16 Фев 2011 05:15 #113234

  • mama ance
  • mama ance's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 32
  • Thank you received: 15
ana molly da ne mislis na etericno maslo od jasmin? ima nesto vo replek, pobarj i vo galafarm


mama vase, ne e tajna
maslo od kokos, palmova mast,puter od kakao, maslo od badem, avokado maslo, etericni masla, voda i NAOH i definitivno se najbezbedni. ova e samo edna kombinacija na masla, ima i poveke. iako jas za mojot sin koristam so maslo od lavanda ili voopsto bez etericni masla samo so melena kamilica i badem, se nadevam ti odgovoriv na prasanjeto, ako imas i drugi prasanja poveli. pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 21 Фев 2011 04:37 #115176

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
D-r Lidija Pazdrijan wrote:
Anna Molly спомна масло од јасмин...Каде може да се купи?

Лиде се мисли на етерично масло од јасмин ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 17 Мај 2013 03:36 #239340

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Homemade Deodorant Recipe

Na nekolku mesta na web-ov go najdov istiot recept. Vcera kupiv kokosovo maslo, no za belja ic ne mi tekna na etericno maslo. Se nadevam deka vikendov ke najdam prostor da go napravam pa ke vi kazam impresii

•1/3 cup kokosovo maslo
•1/4 cup soda bikarbona
•1/4 cup gustin
•esencijalno maslo (ne mora, kolku za miris)

Se zaedno se mesa dodeka da se dobie homogena smesa.

Mana e sto treba da se cuva pod 24 stepeni zatoa sto na 24 stepeni masloto preminuva vo tecna sostojba.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 19 Мај 2013 11:06 #239475

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Еми не ти ги мрси алиштата? Јас знам дека и само сода после туширање да си ставиш врши работа...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 02:20 #239495

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Ne uspeav da go napravam vikendov...300 drugi raboti izlegoa.
Cize i jas si go pomisliv istoto...no od druga strana masloto bi trebalo da se vpie vo kozata isto kako koga se koristi kako krema za race...ne znam... Sakam da go isprobam ova, pa za da vidam dali ke mrsi ke go probam vikend, koga ke bidam vo stari maici ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 05:30 #239508

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
mama ance od kade gi kupuvas sostojkive, jas puter od kakao (butrium kakao) ako e istoto poslednive godini nemozam da najdam, porano go kupuvav vo apteka, i sto e toa NAOH, i sekako vo koj soodnos gi mesas.

I da ako moze recepta za sapun.


Pozzdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 06:10 #239510

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
@dusa

NaOH е натриум хидроскид или така наречена жива сода, таа е клучна состојка ако сакаш да правиш домашен сапун.
Само внимавајте при ракувањето со оваа материја, една од најнагризувачките материи, може да ви ја изгори кожата, или не дај боже ако се испрскате в очи, да ве ослепи.

Немам при рака рецепти, ама сум правела креми, масти, пасти. Сапуни правев дома со свинско сало и жива сода во едно тенџере. Не ставив никакви дополнителни масла, какаова маст или путери, ниту пак етерични масла. Значи беше најобичен сапун. Ама воопшто не ми се допадна, мислев дека ќе ја прави кожата поубава, ама напротив беше полошо, а и фактот што имаше сало ми беше језиво.

Кога барате рецепти за правење, гледајте да ја најдете целосната постапка. Не се доволни само составот и количината. Неопходно е да знаете што прво се додава, што со што се меша, што се загрева, на колку степени, дали директно на рингла или во водена бања, по кој ред се додаваат состојките. Некогаш нема да излезе како што треба ако не се точно постапките и не е добро направена базата на кремот или маста.

Значи вака звучи супер, креативно, поттикнува активност, ама ако сакате да правите некоја козметика за да биде поприродна или побезбедна од комерцијалните, верувајте нема да биде многу побезбдедна, особено не подобра, а ниту поевтина. Купувањето на сите тие масла и путери може да ве фати поскапо, а да не зборуваме за потрошено време и енергија, а квалитетот на крајот не се споредува. Значи пред се за луѓе кои имаат одвишок слободно време.

Можеби мислите дека затоа што нема да додадете некои од хемиските материи кои ги имаат комерцијалните козметики ќе бидат побезбедни, ама од друга страна пак излегуваат други ризици како што е расипувањето и бактериите кои заради немањето на конзерваси предизвикуваат да се расипе кремата за многу кратко време, затоа ако правите, направете во мали количини кои ќе ги потрошите за максимум две недели за да немате такви ризици.
Последна промена: 20 Мај 2013 06:11 by Katrina.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 07:10 #239513

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
Katrina imas pravo, ne bi mesala hemikalii na svoja raka, mislev deka e nesto naturale.
Kako i da e, ako nekoj znae neka kaze kade mozam da kupam butrium kakao.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 07:25 #239514

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
Па и е натурале, природно, нема никакви парабени и конзерванси. Тоа што има разни масти, путери и масла е непходно. А за што ви треба какаото?
Правењето сапун е малку поспецифично, ама исто е и како кремите, само што за нив не треба жива сода. Инаку мешањето е исто како да правиш јадење, си одиш по рецептот.

Само што за да направите добар крем или маст нема секогаш да може со вакви растителни путери и масти како база. Повеќето пати неопходно ќе ви бидат ланолин, восок, цетацеум и други ексипиенси. Но сепак се додека си правите за себе и во мали количини, немате потреба од такво навлегување во практиката. А и нема да биде алтернативна козметика ако почнете толку.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 17:38 #239538

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
i jas znam za sodata isto, samo shto kaj nas vo mk site ne ubeduvaat deka ne postoi soda bez amuminium. a jas koga otvaram stranski linkovi so recepti, sekade pishuva napomena za nea da bide bez al.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Алтернативна козметика 20 Мај 2013 18:06 #239539

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
Постои жива сода која се користи за сапун и сода бикарбона која е спомната за рецептот погоре.

Без разлика дали се продава како (без алуминиум) или обично, содата не содржи алуминиум. Гледате тоа е само рекламен слоган.

Сепак нема никаква индикација (освен можеби киселини) да се внесува секојдневно како што препорачуваат оние митови дека содата лечи се.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.