Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Нега на косата

Нега на косата 06 Окт 2010 11:34 #58540

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Ај да не биде темава само со каков шампон се миете :) , едно конкретно прашање т.е. проблем.

Имам ретка и мека коса и фенираното ми држи само еден ден.
На најмала најава на влага ми се разбушавува, навиткува, разлетува, со милион антени на сите страни и изгледа очајно. Значи есен-зима, па и пролет, мака си мачам, затоа што тогаш времето е повлажно и често врне.
Сте користеле ли, знаете ли за некаков препарат кој ја измазнува косата?
Нешто што ќе направи да не личам на глуварче секогаш кога ќе се наоблачи и заврне?
Вака како што е сега, морам секој или секој втор ден да се мијам и фенирам за да личам на човек :emm:

Инаку, ја мијам со шампон и регенератор Gliss shea cashmere и повремено ставам ампули семи ди лино со ленено масло што не се измиваат.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 06 Окт 2010 11:37 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Окт 2010 03:19 #66199

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
Кинки јас ставам капки за коса од Авон, помагаат така по малку :laugh:
Инаку и јас сум иста кога е влажно времето само што јас имам густа коса па кога ќе дојде во допир со влага станувам Тина Тарнер:muahaha:
Не знам дали си гледала Пријатели, имаше една епизода во која Моника не се исфенира а и времето беше влажно, беа некаде на одмор. Косата и се крена и беше жив циркус. Нејзе најверојатно и ја тапираа за да и изгледа таква а мојава, без да преувеличувам личи баш таква ако не ја исфенирам, ако не поминам некои 40 минути до 1 саат со фенот во рака.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Окт 2010 13:36 #66254

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Алелуја некој се смилува да ми одговори конечно :laugh:

Фала Бејби:cmok: . Тина Тарнер :muahaha:
Знам како изгледаше Моника :laugh: , не сум баш таква, малце помалце од неа :laugh:
Вчера на дождот со капуљача на глава и плус чадор, да не уплашам некого на факс, ќе речат го паднале колоквиумот ради мене :laugh: .
И за чудо, не ми се збувна (многу :zelen: ). Ама не ми е капуљача решение, таа па ме сплескува.. ко ќе видиш, лек нема или ние не го знаеме сеуште.
Кои се тие капки на Авон?
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 29 Окт 2010 13:37 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Окт 2010 16:51 #66385

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
Сеум за суви врвови на коса, зелена боја. Ама немој да мислиш дека е решение на проблемот. Повеќе психички ќе те смири дека си направила нешто за косата, не си ја пуштила така само да летаааааа. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Окт 2010 23:30 #66543

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Ај и ја да се приклучам на Тина Тарнер клубот :D

Ја имам решение за вас. Маската Straight&Easy од Нивеа, онаа што не се измива , поточно крема за коса мислам се вика. Како ке ја наместиш косата при фенирањето, така стои. НЕ МРДА!

Пробајте, па известете како иде. Јас сум си природна плавуша со ептен тенко влакно, ако не се исфенирам со ова нивеата косава ми е „куд кој мили мој“.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 30 Окт 2010 00:27 #66555

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
dzabe ja maznite ako posle toa ne ja fiksirate.site tie sredstva za maznenje ili ispravuvanje pomagaat ama vlagata ili dozdot si go pravat svoeto.
zatoa treba fiksacija.ima sega kvalitetni lakovi na prirodna baza so zastitni sloevi koi od koga kje se stavat na kosata voopsto ne se primetuvaat,i ne ja krutat.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 30 Окт 2010 01:04 #66564

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Васидора, welcome to the club :laugh:

Ќе ја пробам кремата, само кажи ми дали дава ефект како лак кога се става?
Зашто не сакам да ми биде косата "здрвена" да не мрда ниедно влакно, туку природно да си паѓа, а да не ми се прават антени на влажно време.

Пред неколку години се миев со еден шампон од обичниве што ги има по маркети не некој професионален, ич не се сеќавам каков беше (дали Гарниер, дали Лореал, Нивеа...), ама памтам дека зимото снег ми паѓаше на коса а не го изгуби обликот и не ми се збувна. Се чудев. Не се сеќавам со што ја миев косата и што ми требаше да го сменам шампонот. Ми здосади мирисот изгледа.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 31 Окт 2010 02:42 #66942

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Денес бев да ја побарам кремата на Нивеа, не ја најдов. Гледав некои лакови, пени, други креми... читав и ништо не ми беше јасно, такви работи никогаш не сум користела и не купив ништо.

На лаковите за коса пишува пример екстра зацврстува, ама косата е лепршава? Како може тоа? :ces:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 31 Окт 2010 18:28 #67069

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Kinky wrote:
Васидора, welcome to the club :laugh:

Ќе ја пробам кремата, само кажи ми дали дава ефект како лак кога се става?
Зашто не сакам да ми биде косата "здрвена" да не мрда ниедно влакно, туку природно да си паѓа, а да не ми се прават антени на влажно време.

Еве ја таа крема. Јас од Зегин ја купувам, 270 ден е отприлика и трае околу година дена



Не е косата здрвена, напротив многу е мека и убаво паѓа. На влажно време не ми се виткаше косата, туку како ја оставав исфенирана така си стоеше. Не ја ставав од темето, туку само на долните две третини од косата, пошто ја си имам и друг проблем, често ми се мрси косата.

А за лак некој спомна, нема потреба после оваа крема, барем кај мене.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Ное 2010 16:35 #79514

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
mojata kosa e eptennnn gusta i prava i suva i sto li ne



koristev onoj gliss sprejot za rascesluvanje i sjaj na kosata i silikonski kapki ama pak ne e toa toa pak e zbuvnata cela (moze malce pomalce )
e vcera vo toa giss-ot mu bapnav bademovo maslo okolu edna lazica i skoro sum do ona sovrsenstvo sto sakam da go postignam (ama pak ne sum zadovolna )

se mislam da zemam onoj rasprskuvac za kosa na TAFT so vosok sto e ima li nekoj iskustvo so nego ??
ili daj preporacajte mi nesto da legne kosava

inaku da napomenam deka ja peglam
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Ное 2010 16:40 #79517

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Пробај го на Doctor's - Silicone балсамот, околу 80 и нешто денари е, и мене ми е супер :OK:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 29 Ное 2010 16:54 #79524

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Ma mene mi padna cela kosa neznam sto se slucuva koga me vide frizerkata se dodeka dois ke ti paga , ali pa dobroto e mi raste nova kosa ama sega ni napred ni nazad nekoj vlakna sto ne se sobiraat so nisto strcat i toa na veliko mnogu sum smesna nemozam ni so snoli da ja priberam haos sum so kosava i se mi e fatena mnogu me kube bucko moj ,nemozam nikako kraj da i fatam.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 01 Дек 2010 19:54 #81001

  • draganaskopje
  • draganaskopje's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 20
Vasidora, ме стави на мисла со Нивеата. :) Навистина има добар ефект? И јас сум плавуша со потенко влакно и одкако ќе ја средам знае да се прекршува и да биде безврска. Да не ја прави крута косата како со лак? Таков ефект не ми се допаѓа... :pardon:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 02 Дек 2010 14:36 #81353

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
Јас имам густа коса, сува и права како праз!Многу внимание обрнувам на мојата коса.
Еве што јас користам за да изгледа како свила мојата коса и да биде мека на допир и лелеава:
Косата ја мијам со млака вода, користам шампон наизменично. Една недела користам Advance Tehniques Age Retreat,тоа е шампо од Авон за подмладување на сува и оштетена коса. Наредната недела користам Elseve Re-NUtrition na Loreal, тој шампон е наменет за омекнување на сува и оштетна коса, косата ја прави свиленкаста и ја враќа еластичноста. Во себе содржи матичен млеч.
Ја плакна косата и ставам маска од Planet Spa na Avon од маслиново масло. Одма косата ќе видите како ви се менува. Пред третото плакнење ставам балзам за коса од Натурал на Авон со макадамија и алое. Последното плакнење ми е со млако - ладна вода, врвовите секогаш на крај ги плакна со ладна вода.
Обавезно пред да ја ставам косата во пешкир - турбан, од средина на надоли ја премачкувам со неколку капки капнати Advance Technique - капките за Колор протект. Пред сушење на врвовите ставам од зелените капки за коса на Адванс од Авон за суви и оштетени врвови.
наредните денови наместо да ставам капки на врвовите јас прскам од спрејот - балзам на Naturals od Avon со макадамија и алое.

Можеби ова ќе ви изгледа многу, но косата ќе видите како ќе ви омекне за краток период и од сува ќе ви се претвори восјајна, свиленкаста и мека на допир.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 02 Дек 2010 14:39 #81357

  • DijanaP
  • DijanaP's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 2006
  • Thank you received: 212
Користам Гарниер маска во зелено кутивче ( Garnier Fructis - Longer Shine ), и косата ми ја прави мека како свила, дури и никогаш не ја пеглам од што ми е природно исправена а и маската уште толку го смалува електрицитетот на косата.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 03:43 #81849

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Ја купив кремата на Нивеа од сликата на Васидора и задоволна сум :)
Месец и кусур ја користам и не сум веќе глуварче, плус после фенирање малкуцка прснувам лак за коса Taft и после може и дожд да ме фати а да не ми се расипе фризурата :da:
Разликата е огрооомна!
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 04:01 #81863

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Среќа имам квалитетна коса и никогаш не сум имала проблем. Па и затоа и не сакам многу да експериментирам. Ми годи шампонот од гарние за бојадисана коса и регенераторот, кој го користам некое време, па го менувам со шампон и регенератор од лореал исто за бојадисана коса.
повремено - т.е на две недели еднаш ставам маска или од гарние или од лореал.
Ја сушам задолжително со фен, оти ми е многу густа и плус дебело влакно, па тешко се суши природно ако ја оставам.
Единствено летно време ја сушам природно и не ја тегнам со четки и сл. Така ја оставам да се одмори малку, а башка што природно ми е благо кадрава и убаво ми изгледа. Е кога сум на море, поради исушување од солта и секојднeвно миење, ставам малку беби масло на краевите. Има убав сјај и плус омекнува.
Ја бојадисувам 2- 3 пати годишно.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 04:15 #81879

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
И заборавив да напишам, со кремава на Нивеа многу побрзо се суши косата, за 10 минути сум исфенирана :OK:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 04:50 #81935

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
Имам долга коса и густа , никогас не ми е мрсна а ја мијам само 1 во неделата со шампон од кам маркет и тоа машки :) косата ми изгледа секогаш свежо и здраво но не користам фен, не ја фенирам , не ја фарбам, ниту пак ја пеглам, секој месец ја кратам по 2 см . Ништо посебно а косата секогас ми блеска :) лелееееееее:pardon: си се изнафалив сама :) зборот ми бесе да не ги малтретирате вашите коси што помалце препарати врз неа тоа поубаво





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 13:06 #81995

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Бидејќи периодов премногу ми паѓа си купив шампон Фолтен за жени и ампули. Ја мијам двапати неделно без регенератор. Не ја сушам со фен никогаш освен кога сум на фризер. Откако природно ќе се исуши ја пеглам со преса. Порано имав многу густа коса, како лавче бев и едвај ја спастрував, сега ми е преполовена и многу се нервирам да не останам без неа :tazna: :tazna:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 14:20 #82023

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
Goddess^ wrote:
Пробај го на Doctor's - Silicone балсамот, околу 80 и нешто денари е, и мене ми е супер :OK:

goddess kaj da go najdam ova cudo barav tinex vero i vo apteka i nikade go nema
daj stavi slika barem da vidam kako izgleda
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 15:46 #82123

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
pipolino wrote:
goddess kaj da go najdam ova cudo barav tinex vero i vo apteka i nikade go nema
daj stavi slika barem da vidam kako izgleda

Барав и јас мила, ама не можев да најдам :laugh:

Да побарам по маркетиве, па ќе ти кажам каде има точно да одиш :poimnemam:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 03 Дек 2010 16:07 #82155

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Вака ли изгледа?
[img size=320x240]doctors.com.mk/en/silicone4.gif[/img]
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 30 Јан 2011 05:38 #107463

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Имам долга коса и ја фарбам на секои 40тина дена, па стварно водам сметка за неа..истотака ја фенирам, користам пегла, но да чукнам во дрво :laugh: не е изгорена. Значи како и некои други девојки овде што напишаа, и јас ги користам АВОН капките за суви врвови, користам SYOSS шампон (не знам дали тука го има, јас го купив 3 евра во Грција а шишето е 750 мл) :P Инаку моментално го користам repair SYOSS, а од истава фирма има и за фарбана коса, против првут и за сјај. Има и маски и регенератори...но регенератор не користам..а маска користам од Schwarczkopf..Asian straight...која го има тој ефект на намалување на разлетаните влакна после сушење. Од оваа линија го користев и шампонот и кремата за измазнување, кои пак не знам дали ги има кај нас. Јас знам дека се утепав барајќи ја оваа Асиан линија во Ск и начекав еднаш во Сосмо некој комплет со шампонот и регенераторот и направив залиха :P (иако регенераторите ги дадов како поклони :laugh: )


Последна промена: 30 Јан 2011 05:40 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Нега на косата 01 Фев 2011 17:07 #107991

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Ананда, ако не користиш регенератор, како ја расчешлуваш косата после миење, со маска?

Мене друг проблем ми се јави сега, мнооогу ми се електризира косава и ужасно ми иде на нерви. Дали дека секое миење ја фенирам (на околу 3 дена) или од нешто друго е, не знам.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

Најново на форумот

  • No posts to display.