Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: ТiAnde - информации и совети

ТiAnde - информации и совети 10 Ное 2019 09:52 #255519

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Од денес почнуваме една интересна соработка со претставникот за козметиката TiAnde
Во оваа тема нашата членка Марфи ќе ве информира за производите од оваа козметика, ќе ви одговара на прашања поврзани со нивните производи и ќе се дружиме. :hello:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

ТiAnde - информации и совети 10 Ное 2019 10:00 #255520

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Здраво и од мене друштво :kiss:
Многу ми е мило што повторно ќе се дружиме овој пат на една убава тема козметика и убавина :)
Се што ве интересита во врска со козметика, нега на кожа, коса, тело, маски, серуми....слободно пишете овде и ќе си разменуваме искуства :kiss:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dolphin

ТiAnde - информации и совети 10 Ное 2019 10:04 #255521

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Дневни чекори неопходни за совршена, здрава кожа:
Чистење – важна подготовка за секојдневна нега на кожата – млеко или гел за чистење и миење, длабоко ги чисти порите од нечистотија. Ако не ги исчистиме порите, ние не дозволуваме кожата да “дише”. Ова создава дисфункција на работа на кожата, како наш најголем орган: дехидратација, иритација, воспаление и други болести кои предизвикуваат предвремено стареење на кожата

Тонирање – тоник или лосион, го завршува третманот на чистење. Ги отстранува остатоците од претходното чистење, ја враќа природната pH, освежува, хидрира и ја смирува кожата.

Крема – Дневни креми – максимална заштита на кожата од надворешни фактори (смог, студ, УВ зрачење) и притоа е добра основа за шминката. Никогаш не нанесувајте крем ако кожата не е добро исчистена.
Дополнителна нега на кожата е СПА третман еднаш до два пати неделно
Уникатните СПА производи совршено ја обновуваат и подмладуваат кожата и и даваат сјај, мекост и еластичност. Тие спаѓаат во дополнителна грижа заедно со маските за лице, но се повеќе од неопходни.

Пилинг гел – Ексклузивен производот врз основа на овошни киселини, пред се ги отстранува мртвите клетки од кожата без да и наштети. Ја подобрува циркулацијата на крвта, ја нормализира влажноста, длабоко ги чисти порите, го зголемува имунитетот на кожата, има антибактериски ефект. Наменет е за кожата на лицето и телото. Пилинг-третман за лице се врши по чистење на кожата. По пилингот се препорачува маска, емулзија или крема. За мрсна и комбинирана кожа се препорачува да се користи еднаш до два пати неделно, за сува кожа еднаш во 10 дена.
Забелешка: Не се изложувајте на сонце веднаш по чистење на кожата со пилинг третманот .

SPA сол – Интензивно ја хидрира кожата, ја подобрува циркулацијата, го отстранува целулитот во почетната фаза. Ги чисти порите, ги отстранува мртвите клетки од површината, ја детоксицира и ја храни кожата. Богатите морска соли, витамини и минерали, маслото од јојоба, хијалуронска киселина, етерични масла и вода потребни за развој на нови клетки – SPA третманот длабоко ја чисти и хидрира кожата.

Маски за лице – заземаат централно место во програмата за заштита ,затегнување, белење и подмладување на кожата. Се користи 1-2 пати неделно. По третманот не излегувајте еден час.
Последна промена: 10 Ное 2019 10:05 by Марфи.
The administrator has disabled public write access.

ТiAnde - информации и совети 10 Ное 2019 10:11 #255522

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
За овој период од годината битно е да знаете дека не треба да се користат средства на база на хијалуронска киселина. Таа има голема молеула која изнонредно ја навлажнува кожата, но ако се изложиме на големи температурни разлики ќе дојде до едно измрзнување на тие молекули внатре во кожата под дејтво на студот и кожата ќе се зацрвени и ќе дојде до лупење и перутање на лицето.
Можам да ви прпорачам две серии со кои сигурно нема да згрешите во овој период



Крема со 75% слуз од полжав. Не е само за нега и брчки туку и за флеки и пигментации на кожата, лузни, лузни од акни, изедначување на тенот...со еден збор совршена е!



Мојот втор предлог е колекцијата Snake Factor. Содржи се што му треба на вашето лице! Од тоник за чистење до дневна и ноќна крема се до околуочна крема.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

ТiAnde - информации и совети 11 Ное 2019 10:19 #255526

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Еве едно прашање од мене. Вчера една внука (која сака да има бебе) ме прашуваше за некој комплет од чај и влошки, за жени и мажи. За 90 дена се останувало бремена.
Па подетално ако може за ова, оти јас не знаев што да ѝ кажам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.