Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Ombre фризура

Ре: Ombre фризура 22 Мар 2013 04:43 #235455

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Се омбросав хихихи Немам уште некоја убава слика да ставам, ама мене многу ми се допаѓа резултатот :trep: . Не ми е толку убава како на хава, ама пак е сосема различна, направивме обратен процес на омбре, наместо осветлување на врвовите, јас го затемнив коренот. Бидејќи бев плава фарбана и шатирана, требаше фризерката прво цела да ме офарба темна и потоа врвовите пак да ги правиме со бланш и на крај можеше без ниедно влакно да останам на глава. Затоа фризерката ми предложи да се офарба темен горниот дел и да се прелева кон мојот светол фарбам дел. И излезе неочекувано убаво, не премногу нападно, баш убаво се прелева од темно према посветло. И многу е едноставен процесот. Ми ја подели косата на неколку делови, и почна по прамени широки да нанесува темна фарба на коренот и надолу до пола прамен и потоа со чешал да го расчешлува праменот за да дојде како да се прелева. На крај последните 5 минути цела коса ја расчешлавме. И воала омбре ефект. Ептен сум задоволна. Супер ми излезе. Инаку омбрето е дефинитивно за долги коси, а најубаво изгледа на долга виткана коса. На сликиве мацика и васе што ги ставиле не ми се допаѓа моментот што светлите прамени се или црвенкасти или жолтеникави. Моиве незнам како да ги дефинирам, дојдоа некако како средишниот дел од косата на Хава. Ќе мора слика да ставам. Се на се сум многу задоволна, сега сум си раат, нема веќе шатирање и фарбање секоја месец, здравје кога ќе ми порасне косата и малку ќе ми се оправи, затоа што ја утеапав од фарбање и шатирање и кога ќе си израсне мојата природна, тогаш пак ќе си правам омбре.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ombre фризура 22 Мар 2013 04:49 #235457

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Фризер кој си ја знае работата може да направи убава омбре фризура со било која боја на коса. Има најразлични варијации и тоа е убавинита . Слично е и со шатирањето. Омбрето може да биде со поостар пресек за посмелите и помладите, и нијансирано, како кај Хава на пример :), може да има во игра и повеќе бои... Мене ми е кафеавко-црвенкаста косата, па горниот дел планирам малку да го затемнам во таа нијанса, а да имам премин накај плавко :).
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ombre фризура 02 Апр 2013 07:21 #236186

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
Омбре фризура ми е омилена преубаво стои , но јас немам срце да си ја горам со фарби .... може некогаш ке ја направам





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.