Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Депилација на пазуви

Депилација на пазуви 13 Јун 2012 16:08 #203351

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Сум читала дека не е добра, а не знам зошто?

Имам еден купон за депилација на нозе и бикини со шеќерна паста и добив гратис депилација на пазуви, ама не знам дали да ја искористам? :roll:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 16:42 #203358

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
  • Карма: 0
Не сум баш најсигурна ама како што сум слушала, не се препорачува многу, многу, од причина што под пазувите се наоѓаат завршетоци на жлезди па со депилација може нешто да се повреди,местото не е како другите места што ги депилираме, како нозе или бикини зона и знам дека многу боли депилација таму, ама па спортистиве мислам дека сите се депилираат, така да најубаво да се јави некој со искуство :) Искрено јас не би, ама секој за себе :P
[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 16:57 #203364

  • iva.siskova
  • iva.siskova's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 562
  • Thank you received: 70
  • Карма: 0
После советување со лекар, само брич. Многу големи проблеми настанувале од епилација под пазуви, лекарот вели има разни жлезди таму и никако не треба да се иритираат со депилација, било каква. И така, си купувам најквалитетен брич што можам да најдам во моментот..
Инаку, два-три пати сум била и на депилација со восок, навистина е супер после тоа, раат си ептен долго време, ама откако разбрав некако ми е страв...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 17:22 #203369

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
  • Карма: 0
Јас се депилирав извесно време. Особено кога ќе дојдеше период лето, или пред одмор. И раат си цел одмор. Ама... Некако мислам дека бричењето е посигурна варијанта. Пред некое време кога ќе се притиснев осеќав некоја тапа болка. Може таа да сум ја имала од порано, ама некако ми се уврте у главата дека може да е од депилацијата. Затоа се свртив на бричење.
Инаку не болеше многу.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 17:44 #203371

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Јас неколку години се депилирав под пазуви. Одлично чувство на мазно, кожата е бела, нема црни точки како кај бричењето. Кога почнав да се депилирам веќе се имав бричено долго време и влакната ми беа јаки. Затоа со другарка ми со лентички по 5мм постепено се депилиравме. На козметичар не знам дали ќе бидат толку внимателни. Откога ми се изретчија и дома со електричен депилатор се депилирав секоја недела, а еднаш месечно на козметичар. Откога забременив и се запустев (признавам :sram2: ) не се депилирам веќе, сега го немам тоа трпение пак да ги ретчам па ова па она.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 17:47 #203373

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Јас се депилирам со депилаторче, ќерка ми на козметичар со восок.
Ни она ни јас не сме имале проблеми никогаш, неа и ураснуваат влакна во бикини зоната, ама под пазуви немала проблем.
Се депилира со ладен восок.

Инаку болки под мишките може да се осеќаат од лошо спиење, ми се случувало да ме боли кога ќе легнам уморна, па цела ноќ нема да мрднам, сабале ко тепана се будев.
Тоа беше пред Дормео да влезе во мојот живот ахахаха
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 13 Јун 2012 18:22 #203381

  • vesnicka
  • vesnicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 648
  • Thank you received: 363
  • Карма: 5
И јас се депшилирам под пазуви. Ако ви е шубе заради истегнувањето на кожата со восок, тогаш депилаторот и евентуално чупалицата се сигурна варијанта.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 02:45 #203511

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
3 пати се имам издепилирано и 3 пати ми се има појавено топче под пазуви. Беше големо колку поголемо зрно грав и мнооогу болно, поготово на допир. За мене депилација под пазуви повеќе НЕ :ne:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 03:30 #203522

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
vekje 20 godini kako se depiliram sekade osven pod pazuvi. ednash probav i mi oteche zlezda. od togash samo brich. efektot e najdobar so depilacija ama...

golemava ja depilirav so krema pred 2 dena, sefte. vikna vo 21h navecher i go prativ mm po krema. nema mnogu ama koga kje digne raka se poznava crno. se poti pa mirisa povekje. reshivme deka e vreme. nema posrekjno dete od nea denovive. mi vika, sega mozam da nosam alishta po preramki i da dignam raka.

kremata e na weet ama kje odi vo gjubre. vchera gledav na alverde vo dm, odlichna e po sostav. ne mi se stava sekakvo gjubre od krema na dete, pogotovo shto treba da stoi nekolku minuti. i jas planiram da se prefrlam na depil krema.

posledno shto chitav za rakot na dojkata, vo tumorite se najdeni tragi od sostavot na nekoi kremi i kozmetika za pod pazuvi. barem za decata vnimavajte shto kupuvate.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 03:55 #203526

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
i jas sum so bric , nekako najsigurno mi e
ne sum stavala nitu depil krem pod miski , samo na noze i preponi
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 03:59 #203528

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Јас еднаш се издепилирав со машинка и ќе паднев во несвест, така да најсигурно и најбрзо ми е со брич
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 06:55 #203568

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
:crknav: само од што помислувам. Веројатно не е поболно од препони и трпам болака јас, немам гајле, ама за пазуви ми е многу страв да пробам. Со восок и така и така, еднаш ќе тргне и крај, ама со депилатор ау не не не :crknav:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 09:33 #203597

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Уф за депилатор не зборете...мислам дека мм ми е уште лут што фркнав скоро 100 евра и пак давам пари за депилација :zid:
А тогаш се вадев демек абе ајде сега ќе си го исплатам и после чист ќар....ахааааа
Мнооогу ме боли сегде б
буквално еднаш стиснав заби до пола нога со 2230 паузи издепилира и таква отидов на козметичар :crknav:
За под пазуви и јас не се депилирам баш поради истите муабети....и така секој денс е туширам па и со бричот таму врц-врц секунда работа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Јун 2012 16:14 #203626

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
  • Карма: 0
:ne: никако,брич си е брич сигурна работа :jeee:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 14 Сеп 2012 17:15 #213449

  • ivi
  • ivi's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 715
  • Thank you received: 423
  • Карма: 1
Јас неколку пати се издепилирав под пазуви,ама прво многу ме болеше,а друга работа е што ми излегоа тврди топчиња и многу ме болеа па си се вратив на бричење зашто ми беше страв ради жлездите.
Последна промена: 14 Сеп 2012 17:16 by ivi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 15 Сеп 2012 03:21 #213462

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
јас од како купив депилатор, па се до пред 1 месц пред да рикне се депилирам, како што кажавте раат сум 2 недели не му ја мислам, ама сега мм некако не дава пари за депилатор па морам со брич, малку не ми е по кеиф ама морам, а на нозе кога се депилирам со депилатор имам многу поткожни влакна незнам зошто и незнам како да ги откачам, секоја депилација следно раснење поткожни
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 16 Сеп 2012 15:06 #213595

  • kiki
  • kiki's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 102
  • Карма: 12
jas redovno koga odam na celosna depilacija,togas depiliram i pazuvi.Do sega,fala bogu,ne sym imala nikakov problem.Odam na depilacija kaj proveren covek-moja mnogu dobra drugarka,koja sto e mnogu vnimatelna koga depilira,a voedno raboti so cist vosok
The administrator has disabled public write access.

Ре: Депилација на пазуви 16 Сеп 2012 17:08 #213605

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
ja so depilatorot dva pati se imam sredeno pod miski i epten bev zadovolna. Za boljenje me bolese epten oti po tolku godini bricenje, odednas so masinka- uzas!
Ama sto e ubavo potoa, nemam zborovi!
I nemav nikakvi losi efekti potoa.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.