Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Вести и совети од светот на мода и убавина

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 02 Апр 2011 14:08 #127487

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Македонски дизајнери на Модната недела во Белград


Македонските дизајнери Ненад Секирарски, Илија Костадинов (кој живее и работи во Хрватска) и Небојша Толески ќе учествуваат на 18. Модна недела во Белград кој ќе се одржи од од 4 до 19 април во деловниот центар "Спејс Ушче", во организација на модната агенција "Херба фаст Фешн селекшн". Ревијалниот дел трае до 18 април, а на 19 се доделуваат наградите за најдобри колекции.
Костадинов и Толески ќе се претстават на 12 април со по десет креации, а Секирарски, кој лани освои награда за најдобра колекција, ќе се претстави утредента со 12 креации. Тројцата дизајнери, на 12 април ќе учествуваат во проектот "Најдоброто од Македонија" со по еден дизајн за славните личности од Скопје и од Белград. Во позадина во фон ќе се слуша музиката од најновиот албум на Гарабет Тавитјан "Македонското срце чука 7 осмини", кое е најпродавано цеде на Сити Рекордс за лани.
" Зад Модната недела во Белград стои цела организациска и комерцијална машинерија. Никогаш нема под 30 учесници, дизајнери или брендови. Еден македонски дизајнер на модниот настан чини 100 илјади евра. Тука е вклучена локацијата, озвучувањето, светлото, манекенките, медиумско покривање ... Пиарот на целиот настан пак чини три милиони евра, според квалитативната и квантитативната анализа направена во "Ројтерс". Манекените и дизајнерите се третираат како ѕвезди. Во Србија манекенството е професија за која се плаќа персонален данок, манекените се здравствено осигурани а по завршувањето на кариерата добиваат и пензија, што кај нас не е случај. Дека организацијата е на високо ниво покажува и примерот што неодамна прес конференцијата за новинарите и дизајнерите беше организиран во Спа центар во Опатија, Хрватска, ни изјави Дунавка Трифуновска, од "Д + Д фешн вуман", ексклузивен застапник за "Фешн селекшн" за Македонија. Дунавка како и лани, и годинава ќе учествува како манекенка на Модната недела во Белград и е единствена манекенка од Македонија што воопшто учествувала на овој моден настан.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 08 Апр 2011 15:34 #128989

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
D&G чевли пролет/лето 2011

olce & Gabbana е познатата модна двојка која ги диктира трендовите на светско ниво. Супер софистицираните чевли кои се дел од нивната колекција оваа сезона велат дека се мелем за очите на сите кои ја сакаат модата.

Ова се нивните модели кои се очекува да бидат лидери за сезоната пролет лето.



















извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 14 Апр 2011 02:13 #130171

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Чевли инспирирани од животните
Нов моден хит се чевлите инспирани од животните. Што пооткачено, тоа подобро. Во вид на копита, со разни додатоци и детаљи кои се досега невидени. И додека некои од нас ќе им се восхитуваат, други ќе ги избегнуваат, а трети храбро ќе ги облечат. :)
За повеќе
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 17 Апр 2011 15:42 #130800

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Градник против брчки на деколтето

АМСТЕРДАМ (Ројтерс) - Рахел де Боер им ја кажа на неколку пријателки тајната што ја чуваше со години: спиела со полнети чорапи зашиени меѓу корпите од стар градник за да спречи создавање на брчки на деколтето и да го измазни вратот. Три години подоцна професионално дизајнираната и изработена верзија на овој несекојдневен изум се продава во 150 продавници за долна облека ширум Холандија и Белгија, одобрено од еден институт за истражување, а заинтересирани се и продавници во Германија, Австрија, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Франција.
"Изумот на почеток беше моја тајна, не сакав да зборувам ни за брчките ни за првиот градник што го направив, кој беше прилично грд", вели Де Боер. "Но, продолжив да спијам така седум години и потоа наполнив 40, им кажав на пријателките и тие ми признаа дека го имале истиот проблем".
Скептични, но љубопитни, нејзините пријателки посакале градник со чорапи за да ги измазнат брчките на деколтето. Така Де Боер направила уште пет верзии на денешниот модел наречен "деколет". Нејзините пријателки биле толку воодушевени од резултатите што ја убедиле некогашната агентка за недвижности да престане со продавање куќи и да го дизајнира ноќниот градник против брчки кој жените ќе може да го носат в кревет.
Така се роди "деколет", градник кој содржи меко правоаголно пополнето перниче меѓу клучната и градната коска, поставено меѓу градите, и на големо чудење на Де Боер, стана решение за проблем со кој се соочуваат голем број жени ширум Европа. Градникот без корпи се носи ноќе и ги држи градите "на место" за да спречи стискање на градите една од друга што е причината, според Де Боер, за појава на вертикални брчки.
"Ако спиете на грб никогаш нема да ви се јави овој проблем", вели таа и додава: "'деколет' делува бидејќи градите се одвоени во текот на ноќта".
Градникот против брчки на Де Боер стана хит на ревиите на долна облека низ Европа, а таа има и одобрение од Парискиот истражувачки институт ЦЕРЦО, кој спроведе истражување на група жени на возраст од 35 до 60 години и дојде до заклучок дека оние што го носеле градникот забележале значително намалување на брчките на деколтето по 24 часа, вели таа.
Де Боер само минатата година продаде 12.000 парчиња од градникот против брчки кој има универзална величина и чини 50 евра, а очекува годинава да продаде 25.000, а догодина 50.000 градници.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 20 Окт 2011 03:36 #160268

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Моден викенд во Скопје


Со презентација на модели за сезоната есен/зима 2011/2012, вечер во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“, во Скопје ќе биде отворен „Модниот Викенд Скопје“.

Манифестацијата отвора со колекцијата Recycled Shadows: Harajuku Flea Market 24/7 која што реномираниот дизајнер Никола Ефтимов ја создаде заедно со Александра Јовановска.

Ќе следи настапот на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, а потоа ќе ја проследите колекцијата „Fashion Force“ на Елена Лука.

Првата вечер на скопскиот Моден Викенд ќе биде заокружена со модната изложба на Јована Филиповиќ.

Модниот викенд затвора в недела со колекција и перформанс на Ненад Секирарски.

Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 14 Дек 2011 09:07 #170739

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Chanel Pre-Fall Collection 2012 :girlpink:









The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 29 Дек 2011 06:42 #173286

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Новиот дизајн на штикли од Dsquared2 “Skate Moss” Shoes
Оф мори мајко шо нема да им текне :hahaha:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 29 Дек 2011 07:07 #173298

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
Овие да ги земам сега кога ке одам на клизалиште,да бидам у тренд!:hahaha: :hahaha:
Последна промена: 29 Дек 2011 07:24 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 12 Јан 2012 06:58 #174809

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Новата колекција на Jason Wu за TARGET :srce:







The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 12 Јан 2012 08:20 #174834

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Site gi sakam :)


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 12 Јан 2012 09:37 #174853

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
нели се многу убави :) штета мислам дека таргет продавници има само во америка :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 13 Јан 2012 07:50 #174928

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 952
  • Thank you received: 337
I jas gi sakam site :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 17 Јан 2012 04:40 #175401

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
За добро утро да плакнеме малку очи. :girlpink: Golden Globe Awards 2011 јас си ги избрав тие што најмногу ми се допаѓаа, уживајте :srce:















The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 21 Јан 2012 06:34 #176007

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Забранет солариум за младите во Германија

Уставниот суд на Германија донесе одлука на малолетните лица да им биде забрането користење на солариум поради зачувување на здравјето.

Судот со ова решение го поддржа законот кој предизвика контроверзии во Германија, која е еден од водечките европски пазари на солариумот.

Германските власти во 2009 година усвоија закон за забрана за користење солариум за помлади од 18 години, откако истражувањата покажаа дека лицата под 30 години кои редовно посетуваат солариуми имаат 75 отсто повеќе шанси да заболат од рак на кожата отколку повозрасните.

Уставниот суд ги отфрли жалбите на сопствениците на солариумите со образложение дека пресудата е оправдана врз основа на грижата за јавното здравје, како и на една 17-годишна девојка која смета дека со оваа забрана и се загрозени нејзините човекови права.

Вест

Германија е еден од водечките пазари за вештачко потемнување со 3.500 салони и 50.000 кабини за сончање.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 22 Јан 2012 02:23 #176104

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Vesta e od pred desetina dena ama mislam deka vredi da se stavi tuka

Катарина Ивановска потпиша за Викторија Сикрет!

Катарина Ивановска е првата горда Македонка која потпиша договор со модната куќа Викторија Сикрет.

Убавата бринета, чии пропорции се скоро идеални (85-60-89) родена е во Скопје 1988 година, а кариерата како модел ја започна бидејќи победи на натпреварувањето во 2004 година на "Look Model International".

Истата година започна да ниже успеси на меѓународната модна сцена и се најде на насловните на списанијата 'Elle', како и на руското и италијанското издание на списанието 'Vogue'.

Во 2006 година беше заштитно лице на модната куќа "D&G" и така стана најуспешната македонска манекенка, додека договорот со Викторија Сикрет го потпиша минатата година.

Освен со манекенство, се занимава и со актерство, таа зема главна улога во македонскиот филм "Трето Полувреме" кој е под режисерска палка на Дарко Митревски, а премиерата се очекува нешто подоцна оваа година.

Честитки за Катерина, и посакуваме уште многу успеси и за крај...Нема, нема не ќе се роди, поубаво девојче од македонче!

The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 20 Фев 2012 18:22 #182461

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Македонец ја освои титулата „Mister Sea World 2012“

Скопјанецот Стефан Лошковски ја освои титулата „Mister Sea World 2012“. Згодниот Македонец победи на изборот одржан во Перу и освен главното признание, ја доби и титулата за најубаво лице.

Шармантниот ватерполист на својот Facebook профил објави дека никогаш не би стигнал до Перу ако не беше негов пријател кој го поттикна да учествува на изборот на Мистер на Македонија, каде што и победи.

„Се почна кога мојот другар од Битола, Пеце ми рече пријави се за избор на Мистер на Македонија, и го послушав“ – пишува Стефан на својот Facebook профил.



izvor
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 07 Окт 2012 18:12 #216726

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
[url=httphttp://roditeliideca.com.mk/index.php/moda/286-nova-moda-prsteni-za-nokti] Нова мода – прстени за нокти[/url]



Трендсетерките Бијонсе, Ријана и Кејти Пери, први почнаа да експериментираат со различен маникир, а сега отидоа чекор понапред и на ноктите ставија прстени.

Тоа веднаш го искористија дизајнерите на накит.


Овој екстраваганден моден детаљ може да се комбинира со било кој стајлинг, само е важно да се избере модел кој е во склад со облеката која сакате да ја носите.

Накитот е доволно впечатлив во секоја комбинација од гардероба, а може да се носи на било кој прст и дизајниран е во разни облици и димензии. Најпопуларни се прстените во облик на триаголник, плочка, змија, остри канџи… и оние изработени од злато или сребро, украсено со камечниња, штрас, кристални светки, бисери, монистри…
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 24 Окт 2012 01:28 #218653

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Романтична есен

Оваа еден сите модни трендсетери кои го преферираат класичниот стил, ќе се израдуваат на она што има да го понуди модната куќа „Burberry“.Колекцијата е современа копија на романтичниот стил кој беше во тренд во половината на минатиот век.
Доколку сакате капути со класичен крој, плисирани здолништа и машни како неизбежен детал, новата колекција за есен/зима ќе ве воодушеви!
Моделите дишат со женственост, машните го красат скоро секој капут, а актуелни се и мотивите со бувчиња.. Блузите кои се украсени со најразлични камчиња, здолништата долги до колената и високите потпетици со нитни, ќе ве освојат на прв поглед.









Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 02 Ное 2012 18:01 #219876

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Златни тетоважи од "Диор"


Kозметичката компанија "Диор" претстави една интересна, непрактична и прескапа иновација - златни тетоважи за раце. Тетоважите се изработени од 24-каратно злато, а се дело на дизајнерката Kамил Мичели, која работи за "Диор"

Сетот од овие луксузни тетоважи чини 120 долари. Во него има тетоважи во облик на прстени и нараквици, кои одлично се комбинираат со свечена облека.

Единствена мана на овие тетоважи е што се за еднократна употреба. Може да "преживеат" само една вечер.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 15 Јул 2013 04:27 #242218

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Нова колекција на дизајнерот Златко Јовановски



Мла­ди­от ди­зај­нер Злат­ко Јо­ва­нов­ски ја про­мо­ви­ра­ше сво­ја­та но­ва ко­лек­ци­ја "Кук­ли", на Мод­на­та не­де­ла во Ниш, Ср­би­ја. Ко­лек­ци­ја­та со­др­жи де­вет мо­де­ли, пра­ве­ни со сли­ка­на тан­те­ла и рач­но ве­зе­ни де­ло­ви. За фо­то­се­си­ја­та, по­зи­ра­ше мо­де­лот Ме­ли­са Кур­ти­ши.

"Ја нас­ло­вив 'Кук­ли', за­тоа што сме­там де­ка кук­ли­те од из­ло­зи­те се со­вр­ше­ни, а ние се­ко­гаш коп­не­е­ме по она нај­у­ба­во­то, со­вр­ше­но­то. Сме­там де­ка се­ко­ја же­на крие ед­на ди­ва во се­бе, а се­ко­ја ди­ва со кру­на на гла­ва­та е ед­на кук­ла", ни из­ја­ви Злат­ко.
Ко­лек­ци­ја­та е мо­мен­тно во Бел­град, ка­де што Злат­ко до­бил по­ну­да да се прет­ста­ви на из­бо­рот на мис на Ср­би­ја.
Злат­ко Јо­ва­нов­ски (17) од Те­то­во за­вр­ши тре­та го­ди­на во сред­но­то умет­нич­ко учи­лиш­те "Ла­зар Ли­че­но­ски" во Скоп­је.
Го­ди­на­ва, со сти­лот, бе­ше нај­за­бе­леж­ли­ви­от по­се­ти­тел на Мод­ни­от ви­кенд во Скоп­је. Пла­ни­ра да го про­дол­жи об­ра­зо­ва­ни­е­то во Бел­град, на ака­де­ми­ја­та "Дел Лу­со" со се­диш­те во Ми­ла­но, Ита­ли­ја, и да се усо­вр­шу­ва ка­ко мо­ден ди­зај­нер.
Фо­то: М. Трај­ков­ска
Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 02 Авг 2014 16:55 #251660

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
ЗОШТО НАУТРО ТЕЖИМЕ ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ НАВЕЧЕР

Дали се мерите редовно? Ако да, сигурно ви се случило да се воодушевите со бројките на вагата кои биле помали од оние со кои сте заминале на спиење.

Наутро тежиме помалку отколку навечер, а позади таа појава стои научно објаснување, пишува Бизнис Инсајдер.
Цел ден јадеме, пиеме, - секогаш нешто се случува. А во текот на ноќта телото добива можност да го обработи се она што сме конзумирале во текот на денот. Ја согорува енергијата и губи атоми на јаглерод додека дишеме. Исто така, поголем дел од она што губиме отпаѓа на вода. Таа излегува од телото кога издишуваме, а ја губиме со потење во текот на ноќта. Комбинацијата на сето тоа, наутро во просек не прави полесни за половина килограм до килограм ипол. Затоа утрото е одлично време за поттикнување на самодовербата.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 27 Јан 2015 14:33 #253524

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
каде отиде светов :blink:

Рик Овенс на последната модна недела во Париз го шокираше светот

Модна недела Париз 2015
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 27 Јан 2015 23:34 #253527

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
Godini nanazad se pojavuvaat goli zenski manekenki.E sega sto ova ni e malku cudno,zatoa sto go nemalo dosega i poinaku reagirame na zenska golotija i maska,zatoa sto prvata e mnogu pocesta i ne e nisto novo,e druga rabota.A svetot otiden e i onaka.
Последна промена: 27 Јан 2015 23:43 by forumce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 12 Мај 2015 01:30 #254289

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
СПИРУЛИНА-ЈАДЕТЕ КОЛКУ СAКАТЕ

Станува збор за спирулината, слатководна алга која освен бројните вимини и минерали содржи повеќе хранливи материи.

Таа се состои од многу тенок слој сложени природни шеќери, кои се топливи во вода, и белковини со пропроционелн размер од 18 аминокиселни.
Се препорачува како дополнување на вегетаријанската и макробиотичката харана, спотристите и луѓето со хипогликемија. Корисна е и кај редукционите диети.

Спирулината содржи 25 пати повеќе антидиоксанди од морковот, четири повеќе пати витамини Б12 од говедскиот црн дроб, три пати повеќе витамини од Е од пченкарните зрна и три пати повеќе белковини од рибата. За разлика од другите витаминско-минерелни додатоци потполно е природна и непреработена така што можете да ја јадете колку што сакате.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 25 Мај 2015 11:24 #254456

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
МЕКА КОЖА СО МАСКА ОД КРАСТАВИЦА

Освен што треба да ги имате во вашето мени, таа е добра и за кожата. Искористете ја краставицата за природна нега на кожата.

Запаметете дека: краставицата не е добра за чистење на лицето, тука за навлажнување на кожата, затоа што е богата со полисахариди, материи направени од шеќер, кои ја врзуваат воадата, и наполно ја испуштаат во кожата. Во малку млеко измиксирајте едена излупена краставица и едно јаболко, и маската рамномерно нанесете ја по лицето. Оставете ја да делува 15 минути, па измијте. Кожата ќе ви биде неверојатно мека.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.