Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Вести и совети од светот на мода и убавина

Вести и совети од светот на мода и убавина 18 Дек 2009 12:17 #136

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Шминка без мана


Изгледот на порцеланска кукла беше карактеристичен за 18 век, но неговата популарност не е ништо помалку актуелна и денес. Карактеристично за ваквиот изглед е изедначен бел тен, розови јаболкца, нежни и деликатни сенки за очи, интензивни трепки и уста во боја.

Од причина што изгледот на порцеланска кукла е речиси совршен, жените станаа опседнати со него. Ваквaтa шминка дава еден театрален изглед, а денес асоцира и на девојките од модните писти. Но, не мора да купувате светкави сенки за да сјаете на тој начин, работата е многу поедноставна.

ЕКСФОЛИРАЈТЕ го лицето со маска или со лосион со гранули за да ги отстраните мртвите клетки. Само така ќе можете да добиете мазен тен, а ќе немате проблем при рамномерното нанесување на пудрата.

ХИДРАТИЗИРАЈТЕ го лицето за да изгледа свежо и подмладено. По чистењето, кожата најдобро ќе се нахрани со кремот. Неопходно е да нанесете бидејќи така ќе спречите првутење на кожата.

КОРИГИРАЈТЕ ги дамките, црвенилото, акните со коректор. Значи, не ставајте на цело лице, туку само на подочниците и директно на дамките по лицето. Само вака ќе можете да постигнете перфектен изглед, само со пудра не можете да покриете сè.

НАПУДРЕТЕ го лицето со пудра со боја речиси иста како вашиот природен тен. Пудрата е најважниот сегмент за овој тип шминка. Тоа значи дека или мора да го задржите природниот тен или да купите посветла пудра, потемна не доаѓа во комбинација.

БЕЛО МОЛИВЧЕ задолжително ставете во окото бидејќи така ќе изгледа посвежо и поотворено. Ќе добиете невин изглед на кој останатите нема да можат да одолеат. Ако сакате, можете да ставите и на капакот или на почетокот на окото.

ВЕШТАЧКИТЕ ТРЕПКИ се одлични за постигнување порцелански изглед. Со нив несомнено очите ќе се истакнат, а и нема да мора да се мачите да ги поминувате трепките неколкупати со маскарата.

МОЛИВЧЕТО ЗА УСНИ ќе ви помогне усните да изгледаат подебело и секси. Но, ќе мора да внимавате линијата да не се познава, што значи покријте ја со впечатлив сјај или мат-кармин со месо боја. Со оглед на тоа што целата шминка е дискретна, дозволено ви е да ставите кармин со поинтензивна боја.

РОЗОВО РУМЕНЛО е тоа што оваа шминка ја прави поинаква од другите. Ставете помал слој за нежно да се прелива и да се задржи природниот изглед. Ваквата лесна шминка ќе ве направи далеку поатрактивни за разлика од црниот креон.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 18 Дек 2009 12:20 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 18 Дек 2009 12:31 #139

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Во 2010 со кадрава коса



Кадравата коса отсекогаш била ценета поради нејзината деликатност и гламур. Ако девојките со рамна коса изгледаат симпатично и секојдневно, за идната 2010 година се очекува тие да внимаваат на својата женственост и да изгледаат како светските диви и при најобичниот состанок.

Што значи - девојки пристигна ерата кога бујната кадрава коса со многу волумен ќе биде најбараната фризура во салоните. Оваа вест особено ќе ги израдува девојките со природни кадрици што досега мака мачеа со нивното исправување.

Сè уште не е 2010 година, но веќе сме на самиот праг. За да бидете предвесник на модата, за новогодишната вечер извиткајте ја својата коса!

Жените отсекогаш претендирале да изгледаат софистицирано и невино. Кадравата коса по сè изгледа успеала да им ја исполни желбата. Од тие причини речиси и да не постоела жена што не поседувала кадрава перика. Подоцна била создадена и ладната фризура со цел да се одржат кадриците подолго време.

Фризерите со помош на новите технологии и последните трендови издвоија неколку видови фризури. Тоа значи дека не сте ограничени само на еден тип кадрици. Постои само една основа од која мора да тргнете, тоа се подигнатите и издвоени прамени што се во служба да ѝ дадат екстра-волумен на косата.

Варијациите се големи, од благо кадрава коса, густи и дефинирани кадрици, крупни и ситни кадрици, лабави што почнуваат од половина коса, оние што почнуваат од коренот...а дозволени се и во комбинација со рамни кркми.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 20 Дек 2009 17:43 #1174

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Чизми зима 2009-2010


Времето веќе ни покажува дека се ближи првиот снег и многу од нас точно сега тргнуваат во потрага по нов пар чизми. Изборот на чизми варира во зависност од индивидуалните преференции. На некои жени важен им е само изгледот, други бараат квалитет, а трети пак удобност и топлина.

Модните трендови за чизми за оваа зима вклучуваат за секого по нешто. Ние ги издвоивме најинтересните и најатрактивните од нив.


Ултра високи чизми над коленото


Најголем хит оваа зима се ултра високите чизми над коленото. Скоро сите познати дизајнери го поддржаа овој тренд и во своите колекции вклучија екстра високи (over the knee) чизми.

Дали ќе изберете високи чизми со висока штикла и платформа или без штикла не е важно, затоа што и во двата случаи ќе бидете во чекор со модата. Особено атрактивни се тесните високи чизми, но ако не се чувствувате удобно да ги носите, изберете пошироки модели.

Оваа сезона се истакнуваат темно сината, сивата, темната црвена, виолетовата, темно зелената и класичната црна боја. Нема да погрешите и ако си купите пар чизми во боја на шампањско.

До пред некое време овој тип на чизми се асоцираше само со еротика и секс, па затоа треба да бидете многу внимателни со каква облека ги комбинирате. Високите чизми се идеални во комбинација со кратка сукна, фустан или со многу тесни фармерки и хеланки.

UGG чизми


Кога станува збор за Ugg чизмите, мислењето кај жените е разделено. Едни се луди по нив, а други ги сметаат за грозни, смотани и велат дека никогаш не би ги ставиле на себе.

Овој тип на чизми се изработени од овча кожа и одвнатре се обложени со волна. Ако барате удобност и топлина, овие чизми се идеални за вас.

Многу славни личности се страсни обожавателки на Ugg чизмите. Меѓу нив се: Сара Џесика Паркер, Џенифер Анистон, Ева Лонгорија и Памела Андерсон.

Освен класичните модели, денес можат да се најдат и плетени Ugg чизми во различни бои.

Гумени чизми

Ако ги сметате Ugg чизмите за грозни и смотани, нема како да ги сакате гумените чизми. Навистина овие чизми си имаат свои предности поради тоа што ги заштитуваат нозете од снег и дожд, но нивниот изглед не е баш примамлив за префинетото женско око.

Во почетокот гумените чизми се произведувале само од специјализирани фирми како Evercreatures, Aigle, Joules и Hunter. Денес, како што расте нивната популарност сè повеќе модни брендови како Versace, Burberry, Benetton имаат свои модели на гумени чизми.

Сепак, ако ги комбинирате со соодветна облека, гумените чизми може да ве направат модна кралица. Ако решите да носите гумени чизми, комбинирајте ги со хеланки или фармерки и внимавајте да ви одговараат на стилот на облекување.


извор фемина.мк
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 26 Дек 2009 13:16 #6108

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Забранета ретуширана реклама



Дека во рекламите за кремите против стареење веќе не проаѓа се и сешто, најдобро покажува новиот пример на...


...козметичката куќа "Olay", чија реклама со Британската манекенка Твиги беше забранета - поради многуте "дотерувања" на фотката за рекламата.

На постерот за кремата против брчки "Definity", познатата 59-годишна манекенка има беспрекорно затегната и мазна кожа без ниедна бора.

Но, оваа рекламна лага за кој најмногу е заслужен Фотошоп толку ја вознемири јавноста, што стигна и до Британскиот парламент.

Според новиот закон кој беше донесен во август годинава, се забранува дигитално ретуширање на рекламите бидејќи се смета дека таквите постери ја лажат јавноста - што е апсолутно точно.

извор zazabava.com
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 04 Јан 2010 23:48 #10101

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Во бебињата е убавината

Австалискиот Хералд Сан известува дека жените се апсолутно полудени за новиот козметички третман кој доаѓа од Дубаи, наводно го користат Викториа Бекам и Џеј Ло, а се базира на употребата на плацента.

Жените уживаат во новиот третман на лице со плацента (наводно доаѓа од добротворни донори од Русија) кој не е ефтин - еден, во траење од 60 минути, чини околу 307 американски долари.

„Главната причина зошто плацентата има значително дејство е затоа што одговара на нашата физиологија. Вашиот колаген започнува да го емитира колагенот на новороденчето“, вели британската козметичарка Мона Мирза, сопственичката на козметичката клиника во Дубаи чиј бизнис доживува процут со ширењето на гласините за новите третмани.

И додека Г-ѓа Мирза во добар бизнис дух ги советува дамите на возраст над 35 години под итно да започнат со редовни третмани со плацента, скептиците потсетуваат дека нема научен доказ за споменатите ефекти при оваа козметичка терапија.

Едно неодамнешно истражување откри хемикалии од козметиката и парфемите во папочната врска на некои бебиња.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 05 Јан 2010 01:03 #10131

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1647
  • Thank you received: 569
Шишките се вратија на голема врата.




Наместо на пролет во 2009-та, како што предвидуваа големите модни стручњаци, шишките малку порано се вратија во мода.
Секако, за ваков изглед е неопходно да имате негувана коса, која морате да ја миете и дотерувате секој ден.
Гелот, брилијантинот и пената за коса слободно можете да ги отстраните од вашата полица за дотерување, барем на извесно време.
Сега, за да бидете во најнов тренд, неопходна е посетата на вашиот фризер секои три недели за да ги дотера димензиите, добар шампон за нега и пегла за измазнување на косата.
На шишките морате да им посветите внимание секој ден, за да ги доведете во ред.
Без разлика дали ќе се одлучите да ги носите екстремно кратки или подолги, секако ќе морате да им посветите внимание.
Најголем тренд меѓу тинејџерите оваа сезона се таканаречените Емо-шишки кои се прилично долги, се носат на страна, уредно негувани и испеглани.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 06 Јан 2010 19:47 #11067

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
2010 - година на буцкастите

Ќе биде ли 2010 година во која женските облини ќе станат вистински тренд? Очигледно е дека магазинот "V" смета...


... дека тоа неминовно ќе се случи, па комплетното ново издание им го посвети на жените со поголемки конфекциски броеви.

Изданието насловено "The Size Issue" кое во продажба ќе се најде на 14 јануари, прикажува фотографии на пет буцкасти модели кои не се срамеа да го покажат своето тело.

Девојките пред камерата на фотографот Солве Сундбоа позираа во костими за капење, долна облека на Долче и Габана, а една од нив пред објективите застана "вооружена" само со црвен кармин.

Фотографот изјави дека му е драго што имал прилика да покаже дека убавото и секси може да биде нешто вон стандардите дефиниции за убавина, пренесува "Daily Mail".

Моделите кои гордо ги покажаа своите облини се Кандис Хуфин, Маркита Принг, Мишел Олсон, Тајра Лин и Касиа П.

Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 07 Јан 2010 18:21 #11329

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Црната боја додава години

Црната боја се смета за најелегантна и најпожелна боја во секоја комбинација, но таа освен што визуелно симнува...


... килограми, истовремено и додава години.

Жените често одбираат црна боја бидејќи е лесно да се комбинира со други бои, прилега за секоја прилика, дава доза на елеганција и визуелно ја истенчува фигурата, но притоа често го занемаруваат негативниот ефект кој го носи оваа боја.

Црната боја додава години на лицето бидејќи ги нагласува темните подочници и сенки околу очите, длабоките брчки и темните линии под брадата, предупредуваат експертите за бои.

Затоа, најчесто треба да се избегнува носење на црни марами и шалови, долчевита и блузи со висока јакна.

Негативниот ефект на стареење кој доаѓа со црната боја лесно може да се избегне со шарена марама, ефектен накит околу вратот или со некои слични детали, предупредува Џули Стандиш, експерт за стајлинг и бои.

Комплетно црните комбинации им прилегаат само на малкумина, а најмалку на оние со топла нијанса на тенот.

"Топлиот тен лошо изгледа со црната боја бидејќи ја губи златната боја која е типична за тој тип на кожа.

Црната боја многу повеќе одговара со темна боја на кожата", смета Стандиш.

Дали црната боја одговара за вас, лесно може да дознаете со парче црна облека која ќе ја доближите до вашето лице.

"Ако темните подочници и бори не се додатно нагласени, црната боја е вистински избор за вас, но во спротивно би било подобро да изберете поведри бои", порачува Џули.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Вести и совети од светот на мода и убавина 11 Јан 2010 20:24 #13313

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Полни усни за помлад изглед

Жените кои имаат полни усни изгледаат многу помладо, тврдат научниците на основа на неодамна направената студија.

"Без оглед на борите на лицето или седата коса, доколку жената има полни усни сигурно изгледа помладо отколку што има години.

Бевме зачудени кога дојдовме до ова сознание", вели Давид Ган, британски научник кој ја спроведе студијата.

Меѓутоа, жените не можат многу да превземат за да го зачуваат младешкиот и полн изглед на усните, затоа што тоа е генетска предиспозиција.

Во направеното истражување докажано е дека усните кај мажите и жените стануваат потенки на возраст од 30, односно 40 години.

Со истражувањето е утврдено дека и борите и пегите зависат и од генетиката, и од надоврешните фактори, додека седата коса, нејзиното опаѓање и исполнетоста на усните се исклучиво генетска предиспозиција, пренесува "Daily Telegraph".
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 14 Сеп 2010 01:59 #51500

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Мејкап трендови од модниот викенд во Скопје



Ревиите се одржаа во салонот на „Ауди, Порше Македонија“, а ревиите ги отвори дизајнерот Ненад Секирарски.

Модниот викенд во Скопје беше одлична локација за македонските модни дизајнери да и се претстават на јавноста со своите последни колекции.

Ревиите се одржаа во салонот на „Ауди, Порше Македонија", а честа прв да го отвори модното случување, му припадна на реномираниот дизајнер Ненад Секирарски и неговата колекција за пролет/лето. Со свои ревии се претставија и Кокев ателје, Дизајн фактори од Косово, Република де ла мода, студенти од Европскиот универзитет под менторство на Никола Ефтимов и на Јана Манева-Чупоска, Олгица Ѓоргиева, Елена Лука, Роберт Ивановски Ведрана Панова и Јован Петровски.

Но ајде да ѕирнеме малку зад сцената...

Овој пат, одговорен за шминката на моделите беше тимот на ARTDECO. Освен ваквиот ангажман, познатиот бренд се претстави и со сопствено Catwalk Show. Присутните беа сведоци на уникатен и трендовски начин на употреба на сенките, моливчињата за очи, кармините...

Најзвучното име што стоеше зад таквото необично преставување на шминката, беше специјалниот гостин, Derek Grillo (International Make up Artist, Head of International Training).
СОВЕТИ ОД DEREK GRILLO:



Мејкап артистот, Derek Grillo вели дека шминката треба да ви даде доза самодоверба!

Иако презафатен и максимално посветен на своите модели, шминкерот одвои време да сподели неколку мејкап совети со нас.

ЗА ПРОЛЕТНИТЕ ТРЕНДОВИ...

По се изгледа оваа пролет се е дозволено. Дали ќе решите да се нашминкате со црна боја или ќе удрите на нешто посмело на пример, тиркиз или интензивно жолта сенка, нема да погрешите се додека не се плашите да експериментирате. Но, ако навистина сакате изглед како од модна писта, тогаш во игра влегуваат дречливите нијанси на боите, што асоцираат на карневалска шминка.

Шминкерот посебно нагласи дека квалитетот на шминката никогаш не може да дојде до израз ако вие се плашите да мешате сенки и да ги сенчете очните капаци. Слободно почнете со виолетова, за на крај да завршите со маслинесто зелена или угасена сина нијанса.


извор notformen.mk
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 14 Сеп 2010 03:12 #51530

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
еве дел од трендовите за сезоната есен/зима 2010-2011.
1.Палта во карамела боја
2.Jакни со крзно /Авијатичарските модели
3.Долг фустан од лесен материјал украсен со цветови во угаснати бои.
4.Панталони со широки ногавици-Пантолоните со висок струк и со широки ногавици се еден од новите трендови.
5.Чипка и кадифе
6.Наметките и пелерините се одличен тренд којшто се појави минатата зима, но сега ќе земе поголем замав.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 17 Сеп 2010 00:12 #52551

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 20 Дек 2010 15:26 #91529

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Македонскиот филигран блеска во Берлин


Мима Пејоска, една од нашите најиновативните изработувачи на современи и уникатни форми во филигран-техника, деновиве ќе ги претстави своите украси и накит во дизајнерски маркет во Германија

Маѓепсана од флексибилноста и од неограничените можности на филигран-техниката, скопјанката Мима Пејоска пет години создава уникатен накит и украси. Препознатлива е по своите иновативни, несекојдневни дизајни во вид на минијатурни шапки, комплети за готвење и за јадење, фризерски елементи, тропалка за бебе, луѓе во различни ситуации... и многу асиметрични модели. Умешно го комбинира среброто со други материјали. Почнала со едноставни приврзоци и обетки, а денеска веќе може да се пофали со палета од сложени парчиња, што не само што изгледаат необично, туку и се носат на поинаков начин. На пример, има направено околушица, прстени за три прста, ѓердани што се аплицираат на самата облека, накит за глава и друго.

Изминативе два месеца таа престојува во еден од најголемите културни центри во Европа, Берлин, каде што замина со намера да ја запознае тамошната дизајнерска сцена.

- Дел сум од т.н. Отворен дизајнерски град. Дојдов за да дадам дел од себе, но и да земам со себе дел од овој град. Подготвена сум да пронајдам, научам, работам и да искусам с` што овозможува ова место. Задоволна сум од досегашниот престој и не планирам брзо да се вратам во Скопје. Тука има премногу да се види - вели таа.

Мима интензивно твори и за време на престојот во Германија направи колекција наречена „Берлински стил“. Вели дека таму креирањето тече во малку поинаква насока и ~ се допаѓа таа промена.

- Работам со многу необични, креативни луѓе, во уметничка заедница Отворен дизајнерски град (Open Design City). Ова место е совршен спој на сите дизајнерски бранши, каде што покрај индивидуалното творештво учествуваме и на разни заеднички работилници - вели таа.

За неколку дена првпат во Берлин ќе ги претстави јавно своите креации, на еден многу познат дизајнерски маркет -“Тренд мафија“. Пејоска очекува да има голем интерес и посетеност, пред с` поради големата шопинг-еуфорија во Германија околу божикните празници.

Извор : Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 20 Дек 2010 15:36 #91536

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Топла круна на стилот








Комплетирање на женскиот стил во студените денови, во согласност со капутот, палтото или бундата, подразбира избор на соодветни чизми, шал и ракавици и круната на стилот зиме - шапката.

Крзнените и волнените капи, шубарите, качкетите од твид и авијатичарските модели не се нужни само во екстремно студените денови. Тие се задолжителна „опрема“ во трендовскиот изглед, што не ја нарушува елеганцијата или шик изгледот. Светските дизајнери и модни куќи оваа сезона прават интересен спој на унисекс-моделите и машките форми со женствените и бизнис-палтата. Мајкл Корс вметнал плетени волнени момчешки капи, за секојдневниот изглед, и качулки од синтетичко крзно. Ана Суи ја продолжи својата фасцинација од руската традиционална облека, па не изостави да понуди шубари, овој пат со помали димензии. Во нејзината колекција се и моторџиски капи со крзно.

Извор : Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 17 Јан 2011 05:44 #102563

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Фантазија од тантела и патенти

Христина Николова, која има дипломирано мода и дизајн на Националната ликовна академија во Софија и во моментов се занимава со дизајн на ентериер, изработува уникатен накит и украси

Без ограничувања во изборот на материјалите и формите и со храбар пристап во реализација на идеите, младата дизајнерка Христина Николова го создава својот мини-бренд за модни додатоци - Moon Boon. Во нејзиниот творечки опус има палета од обетки од штоф и тантела, брошови од патент, украси за на рака од волна и разни украси направени од метал, дрво, пластика, мониста и кристали.

- Модните детали дозволуваат експериментирање со материјали и токму во тоа е предизвикот и убавината во нивната изработка. Користам делови од стар накит, комбинирани со текстил, патенти, копчиња, ластик, жица, мониста, ленти, конци за плетење и друго. Самата форма произлегува од моменталната инспирација и од материјалите што ги користам за изработката на самото парче. Во моментов сум сконцентрирана на изработката на ѓердани, обетки и нараквици, но овде нема да застане моето творење, сакам да продолжам да изучувам повеќе техники за изработка на аксесоари - вели Николова.

Накитот отсекогаш бил дел од нејзиниот имиџ, но со неговата историја и изработка подетаљно се запознала за време на студирањето на Националната ликовна академија во Софија на отсек мода и дизајн, по часовите за аксесоари. Оттогаш датираат нејзините први парчиња накит, кои најчесто биле користени како додаток на нејзините креации.

Основата за дизајн на накит ја добила на Академијата, а достапноста на интернет собрала многу информации што ~ помогнале во усовршување на нови техники за изработка.
Сите парчиња накит имаат своја приказна. Идеите за нивната изработка ги наоѓа во природата, на улиците од секојдневниот живот. На секое дело му посветува големо внимание, особено во изборот на материјали и изработката. Со самото тоа што се користени нестандардни материјали добива печат на оригиналност.

- Секое реализирано дело го посветувам на сите храбри индивидуи, девојки и жени со изграден стил. Најчести клиенти ми се припадничките на понежниот пол и на мое големо задоволство се од сите возрасти - вели таа.

Извор : Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 17 Јан 2011 05:46 #102565

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Дами со момчешки додатоци



Бришењето на половите разлики и црпење мотиви од традиционалните форми застапени во машката мода со децении е еден од најголемите предизвици во женскиот дизајн. По „присвојувањето“ на класичната машка кошула и елек, како и палтата, чевлите, вратоврските и шапките, не застанува потрагата по инспирација во спротивниот пол. Креаторите се обидуваат да стилизираат машки форми во линија на женското тело, а некои и без многу обработка на одредени парчиња им наоѓаат соодветно место и комбинациите за дамите.

Италијанскиот моден бренд „мисони“, познат по својата долга традиција на плетени креации, во својата колекција есен-зима 2010-2011 претстави повеќе модели што прилегаат на момчешка мода. Застапени се качкети, елеци, палта, џемпери и шалчиња инспирирани од машката мода во 20-тите и 30-тите години на минатиот век. Задржани се боите, автентични за тој период, светлокафена, валкано бела, крем и сива.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 15 Фев 2011 22:46 #113103

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Широки панталони со висок струк

Иако на неколку пати во последните 40-тина години се враќаа во мода, широките панталони, баш оние од 70тите овој пат се враќаат на голема врата.

Еден од трендовите за оваа пролет се токму овие широки панталони со висок струк. Пониските девојки треба да ги комбинираат со високи потпетици затоа што само така ќе бидат изводливи за носење.







Извор-Црно-Бело
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 15 Фев 2011 23:18 #113109

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Patch make-up

Налепниците за шминкање на очите и дотерување на ноктите - patch make-up, се креативен начин за нанесување шминки и лакови за нокти, а притоа да не погрешите. Залепете ја на капакот од окото, нежно притиснете, корегирајте малку со прстите – и готови сте за неколку секунди.

Супер се за неискусни шминерки, штедат прибор и декоративна козметика, а и време.

Секој ден ќе бидете професионално нашминкани без да посетувате визажист. Во продажба се на италијанскиот пазар, а се очекува скоро да стигнат и кај нас.




Црно-бело
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 07 Мар 2011 22:04 #120251

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Нов хит - книги чанти?
Olimpia Le Tan е млада дизајнерка која осмислила навистина интересна, нова линија на чанти наречена "You Can't Judge A Book By It's Cover's". Таа дизајнира чанти кои изгледаат како книги. Тие изгледаат мошне оригинално, а богами и имаат солена цена – 1.087 евра.

Сепак, ретко кој нормален би дал толку пари за чанта која ќе издржи три носења, но затоа може да ви послужи како инспирација сами да си ја направите.





извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 11 Мар 2011 04:46 #121313

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Хит наочари - пролет 2011

Мачкините очила за сонце биле голем хит во 50 тите години. Изгледа дека им дојде времето кога ќе се вратат во мода, а во план се токму оваа пролет. Овој популарен модел беше виден на последните ревии на Диор, Пол Смит, Twenty8twelve и Thakoon.Ако сакате да бидете во тренд токму овие наочари се задолжителен моден додаток за пролет 2011.





извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 11 Мар 2011 13:42 #121359

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Пролетен тренд - џинс


Џинсот никогаш не излегува од мода и ретко може да се најде жена која не го сака. Но, ако ви е здодеано постојано да носите исти крој и облик оваа пролет може да пробате нешто ново.

Наместо тексас јакна - носете сако, фустан место сукња, пробајте фармерки со висок струк, капри...








Црно-бело
Последна промена: 11 Мар 2011 13:44 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 24 Мар 2011 15:07 #125172

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Тренд шминка за оваа пролет







Напролет шминката е поинаква од онаа што досега ја употребувавте. Заменете ги тешките пудри со лесни, тонирачки кремови со УВ-заштита, а темното руменило - со посветли и повесели бои

* Јаки бои на усните

Оваа пролет ќе бидат во мода појаките бои на усните. Значи, сјаеви на усните со малку погуста текстура. Шокантно розова, малку портокалова и јако црвена.

* Шарени капаци

И очите, како и усните, напролет нека засветкаат како боите на виножитото. Од пастелните нијанси до цитрусните портокалова и жолта или до јаките тиркизни и зелени нијанси. Но, кога ги шминкате очите со јаки нијанси, ставете само безбоен сјај на усните.

* Минималистички изглед

Ако не ви се допаѓаат јаките нијанси при шминкањето, не оптоварувајте се, затоа што минималистичкиот изглед секогаш е во мода. Неутралните нијанси со боја на кожа и сјајот за усни се сосема доволни за прекрасен изглед.

* Во стилот на седумдесеттите

Стилот на седумдесеттите години од минатиот век е, исто така, во мода оваа пролет. Образите треба да ви бидат нашминкани со бронзена боја, а, исто така, и усните и очните капаци.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 27 Мар 2011 14:14 #125817

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Модна недела во Скопје

Фризури за сезоната пролет-лето 2011

Креации стилизирани од новинари и уредници кои ја следат модата во македонските медиуми, видовме на петочната ревија во ТЦ Рамстор во Скопје. Тие беа презентирани во рамките на третото издание на Модната недела, што ја организира Модна недела корпорација на Света Богова-Јовановска. Лејла Сабит од Вест, чија креација носеше манекенката Наталија Грубовиќ, потоа Небојша Толески од Теа Модерна, Катерина Трајановска од 1Е, Ана Несторовска од Дневник и Снежана Богдановска-Јаначковска од Телма ги презентираа модните трендови за пролет-лето 2011.
Ревија на новите трендови за фризури за сезоната пролет-лето 2011 презентираше и групацијата на врвните фризирески студија: Весна 501, Арт на Сретен Костиќ, Вог и Бубе Ин.(Л.С.)
Фото: О. Теофиловски

Слики - Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 27 Мар 2011 14:15 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 27 Мар 2011 17:57 #125849

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
И конечно - тастатура на палто
Ако сакате да бидете дел од оние вистински компјутерски гикови, ова е моделче кое совршено добро ќе прилега на вашиот стил. Палтото – тастатура со сигурност ќе ви овозможи уникатен изглед, и ќе останете забележани. Ете конечно тастатурата насекаде со вас. Може да бидете раат.



извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести и совети од светот на мода и убавина 29 Мар 2011 17:59 #126481

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Во тренд со долг фустан

Долгите фустани ќе бидат во тренд и оваа година. Постојат неколку начини на кои можете да ги комбинирате овие модели, а во секој случај да изгледате модерно и атрактивно.
1. Урбан стил. Долг фустан со пилотски очила за сонце, тексас јакна, голема чанта и рамни сандали.



2. Романтичен стил. Долг шарен фустан со тенко плетено блузиче или со светол шал и рамни папучи.



3. Гламурозен стил. Долг фустан со чевли на платформа или високи потпетици, кожна јакна и многу накит околу врат.



4. Морски стил. Долг фустан за на плажа во комбинација со костим за капење, накит и апостолки.



извор
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.