Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Маски за лице

Ре: Маски за лице 13 Јан 2013 03:54 #229466

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Маската од квасец е класика и во никој случај не може да му наштети на лицето. Па нели има и таблетик на база на квасец кои се пијат за подонар квалитет на кожата. Мислам дека на времето и мајка ми ја правеше, ја имам и јас ставано во помлади години. И колку што се сеќавам ја правеше со свеж квасец :) .
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 14 Јан 2013 10:47 #229592

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
За мрсна кожа многу е убав квасецот, ја чисти, ја суши.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 18 Јан 2013 09:08 #229940

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
Dolphin wrote:
Molly wrote:
Мајка ми пред некој ден ми спомна за некоја home- made маска за лице- пола коцка квасец и малку млеко, се меша убаво за да се добие хомогена смеса и се нанесува на чисто лице. Наводно била за мрсна кожа. Јас се спремам да ја пробам наскоро, па ќе споделам искуство ;)

ja probal nekoj maskava na Molly
jas bi ja stavila deka so mrsna koza sum ,ama kolku stoi ,kako deluva ...
Gi su[i aknite, i ja osvezuva kozata, i dava mekost...inaku jas ja imam probano i ja ostavam da stoi dodeka ubavo ne se isusi kvasecot na kozata, a zemam obicen kvasec kocka ili onoj vo prasok...
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 18 Јан 2013 13:16 #229954

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Јас последно време користам од Хемел маска во прав. Се меша со жешка вода и се нанесува. Ми се погоди и таа за масна кожа и таа за тонизирање.

А пред некој ден ми поклонија од Цептер маска со глина ама отпосле видов дека е со поминат рок (за 2 месеци цели) и ке ја фрлам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 21 Јан 2013 07:04 #230111

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
Vasidora wrote:
Јас последно време користам од Хемел маска во прав. Се меша со жешка вода и се нанесува. Ми се погоди и таа за масна кожа и таа за тонизирање.

А пред некој ден ми поклонија од Цептер маска со глина ама отпосле видов дека е со поминат рок (за 2 месеци цели) и ке ја фрлам.

Добар поклон си добила :hahaha:
Кажи ми од каде ја зимаш маската на Хемел и колку е?
Ја барав пред некое време ама ја немаше.....
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
Последна промена: 21 Јан 2013 07:56 by Big Sister. Причина: цитат
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 21 Јан 2013 13:06 #230158

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Хемел имаш во Космо, ЗАМ аптеките или директно можеш од кај нивната продавница позади автобуската што е спроти Градежен.

Абе маскава од Цептер ако е со поминат рок супер конзистенција има, уште не ми е фрлена :D ... шала на страна во Германија нема рок на траење на козметиката (на одредени колекции) туку има рок по отворање на производот.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 21 Фев 2015 03:58 #253724

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Маска за лице со аспирин и мед денес читав дека била многу убава за чистење и обновување на кожата
Ако пробал некој нека пише ако не јас ќе пробам и ќе споделам искуство
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Маски за лице 20 Мар 2015 14:21 #253902

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
За затегнување на лице

потребно :

-густин 1 лажица

-свежо исцеден сок од морков 5 лажици

– 1 лажица кисела павлака

Начин на подготовка : Во половина чаша вода се раствора густинот. Истурете го во сад и додадете 400 мл зовриена вода. Ставете го на шпорет и варете го на тивок оган додека не се згусне. Потоа кога смесата ќе се олади, додадете го сокот од морков и павлаката. Добро измешајте и нанесете ја на претходно исчистено лице нека одстои 25-30 минути. Маската измијте ја со топла вода и нанесете на лицето некој хранлив крем за лице. Доколку ви останало од количината за маската ставете ја во фрижидер. За подобар ефект маската се нанесува 3 дена по ред. Таа така фино ги одстранува трагите од замор и брчките, кожата станува затегната, фина и мазна. Ја хидрира кожата и делува скоро како познатиот ботокс. Овој третман е одличен за кожата на лицето, ако се подготвувате за излегување, состанок, или прослава, бидејќи ефектите на маската се видливи веќе после првиот третман.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.