Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Хормонска терапија, при забременување и бременост

Хормонска терапија, при забременување и бременост 04 Ное 2010 15:12 #68512

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Драги мои,
Знам дека повеќето од Вас имате искуство кое е убаво да се пренесе и слушне.

Морам јавно да и се заблагодарам на Кинки, бидејќи секогаш се потсетува на тој период кога ги поминала овие постапки и несебично го дели искуството.

Знам дека на форумов има и други кои поминале по тој пат, па сакам да споделиме информации.

Иако има тема - Стимулација на овулација, теемава ја отварам како општа тема за сите можни хормони кои се даваат не само за стимулација туку и за поддршка на бременоста и измеѓу.
Како влијаат овие хормонски терапии по општото здравје на жената? Дали растат повеќе влакна, дали Ви се отвара апетит, дали се чуствувате подуени, нервозни, поспани, дали чуствувате некоја разлика пред и потоа....?
Пр.за Кломифенот,
Супрефакт,
Фостимон
Пурегон,
Прегнил,
Утрогестан, Дабростан.... дополнете го списоков, знам дека има повеќе, на овие можам да се сетам во моментов затоа што се почести.

Знаете ли замена, подобра фирма произведувач, поскап, поефтин за некој хормон?

Знаете ли начин на исхрана за ублажување на последици од хормонски дисбаланс при терапии..??
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 04 Ное 2010 16:56 #68571

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
Не сум многу стучна во ова поле а и немам искуство да пренесам барем до сега. Мене само еден гинеколог ми рече да се внимава т.е да се биде претпазлив со внесување на хормонска терапија доколку телото на жената или некој дел на пример градите се склони да создаваат фиброаденоми, папиломи и слично.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 04 Ное 2010 17:18 #68591

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
Ќе говорам за стимулативна терапија.
За Кломифен немам многу што да кажам.Сега 2 пат ги пијам никви несакани ефекти.
За Бромергонот исто.Можеби тоа што повеќе ми се спие.
Поправена сум и онака,па неможам баш да проценам дали влијае.Подуеност до некаде да.
И двата одат на рецепт.Кломифенот е на Belupo,Хрватска,а Бромергонот на Lek ,Словенија.

Моја среќа.Други форумџики пишаа дека посебно од Бромергонот имале лоши искуства.
Тие најдобро ќе си пишат.:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 04 Ное 2010 17:43 #68616

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Девојки, драго ми е ако можам да ви помогнам со искуството :)
Имам и на друга тема пишувано, но убава е оваа, да види човек се сублимирано.

Поради крварења и слаби болки, за поддршка на бременоста, се до 7. месец некаде бев под хормонска терапија-со Даборостон таблети, Утрогестан капсули па вагиналети и Прогестерон инјекции.

Мислам дека од Дабростонот немав големо подобрување, нон-стоп ми ја намалуваа па зголемуваа дозата, а крварењата се повторуваа, пак и пак, до 4. месец... Страшни стресови. Најинтересно е што никогаш не се утврди зошто уствари крварам од време на време. Но денес си ја имам Јаничка жива и здрава фала му на Бога, па сиот стрес се заборава како лош сон.

Околу 4. месец мојот д-р (Господ да го поживее) Јане Стојковски ми ја смени терапијата со Утрогестан - најпрвин орално, а подоцна и вагинално, прво по 1, после и по 2, на секои 8 саати. И сега го слушам алармот кога ќе ми текне: во 8, 16, 24h...

Од 3. месец по потреба ми ставаа инјекција Прогестерон (ако крварев), а некаде до 7. месец мислам, еднаш неделно одев во Ремедика на боцкање.

Нус појави не забележав некои посебни, освен што ненормално многу ми се спиеше, среќа што бев на патолошка, и спиев секој ден по 12, 14, 16 саати...верувале или не! Значи нус појава поспаност.
Околу зголемувањето на килажата не сум сигурна дал е крв Утрогестанот или апетитот :), ама првите 4 месеци слабеев од повраќањето, а подоцна се фрлив на јадење и се здебелив 20 кила :sram2:
Околу отоците, ептен отеков во 8. и 9. месец, особено стапалата и дланките-но мислам немаше врска со хормонската терапија којашто тогаш веќе не ја примав.

Околу цената-прогестеронот одеше на рецепт, ама често "го немаа на рецепт", па моравме да го купуваме приватно, мислам околу 1200 мкд дека беше..а Утрогестанот не одеше на рецепт и месечно не чинеше некаде околу 50-60 еур.

Со среќа на сите и само позитивна мисла :)
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 01:57 #68786

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Од кај да почнам, лавче, ќе ме измачиш :laugh:
Се шалам.

Секоја хормонска терапија остава последици, најчесто долгорочни (зборам за хормони кои се пијат за индукција на овулација).
Тргни од трошење на јајни резерви и предвремена менопауза па заврши со остеопороза и ред други многу полоши болести и состојби.

Жената се раѓа со одреден број на јајце клетки, кои во текот на нејзиниот фертилен период се трошат секој месец по 10-20-30, не знам точно колку. Значи почнуваат да созреваат повеќе фоликули секој месец, но само 1-2 ќе успеат да пораснат и созреат доволно за да прснат и да исфрлат квалитетна јајна ќелија.
Хормоните за стимулација додатно го зголемуваат овој број на фоликули кои ќе созреат и на тој начин побрзо се трошат јајните резерви. Кога јајниците престануваат да продуцураат фоликули, менструалниот циклус прекинува и следува менопауза.

Јас бев стимулирана со Кломифен и Пурегон (и Прегнил за дозревање и прскање на фоликулите), а за поддршка на бременост користев Дабростон, Прогестерон депо и Утрогестан.
Во ИВФ постапката примав и други лекарства.

Кломифенот ми делуваше добро, имав меѓу 3-8 фолиули кога го пиев, но неговата маана е што знае да го истенчи ендометриумот, т.е. да не му дозволи да се здебели доволно за имплантација на ембрионот и тоа што прави фоликуларни цисти. Значи фоликулот расте и зрее, но нема да прсне, туку ќе се претвори во циста и ќе истече заедно со менструалната крв.
Кај мене Кломифенот имаше продолжен ефект, месец-два после него во спонтан циклус се создаваа по 2-3 фоликули кои прскаа.
Инаку, забележав дека кожата ми мириса специфично во месеците кога го користев. Други тегоби немав.

Дабростонот само еднаш го користев и имав страшни главоболки од него, докторката ми ја прекина терапијата и не видов никаков ефект пошто тој месец не забременив.

Од Утрогестанот спиев како заклана кога го користев орално, но докторот кој ми го правеше ин витрото ми рече дека неспоредливо подобар ефект дава кога се прима вагинално отколку орално. Па до полни 16 недели со Алексеј ставав 3х2 таблетки на ден.
Друго како поддршка на бременоста бидејќи два пати прокрварев примав инекции прогестерон депо.

Е сега, сум читала дека е неосновано давањето на прогестеронски додатоци во бременоста бидејќи по 10-тата недела создавањето на прогестерон го презема постелката, па нема ефект ако се прима било што додатно. Кај нас, сепак, даваат...

Од твојот список уште Супрефакт и Прегнил користев кога правевме инсеминации и за ин витрото.
Од Супрефактот бев многу раздразлива и нервозна и некако еуфорична :)
Прегнилот се прима еднократно па немав никакви нус-појави од него, си ја вршеше добро својата работа.

Од ниеден лек не се поправив ниту ослабев, ниту осетив промена во апетитот или расположението. Исто така и не отекував освен кога имав хиперстимулација за време на ин витрото.
Не станав ни врколак фала Богу :laugh: се ми беше и сеуште ми е нормално на хормонален план.
Мене највеќе од се ме плаши предвременото завршување на плодниот период, се друго си викам - ајде нема баш мене да ме снајде, оптимист сум. :)
Генерално, добро поднесував секаква хормонска терапија и добро реагирав на неа, кај нас проблемот беше во спермограмот а кај мене се одеше глатко.

Толку ми текнува вечерва :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 13:12 #68868

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Kinky wrote:
Од кај да почнам, лавче, ќе ме измачиш :laugh:
Се шалам.

Ти се шалиш, мене ми се плаче, допрва тек ќе го јадам стапот :unsure:
Kinky wrote:
Е сега, сум читала дека е неосновано давањето на прогестеронски додатоци во бременоста бидејќи по 10-тата недела создавањето на прогестерон го презема постелката, па нема ефект ако се прима било што додатно. Кај нас, сепак, даваат...

Зашто кај нас се е од превентива, од идеата дека од повеќе, нема зијан, значи што последици ќе остават тие хормони по мајката никој во тој момент не го загрижува- не е фер. На самиот прогестерон пишува да не се зема доколку има историја со тумор на града...Општо земено, јас уствари ни на интернет ни никаде ама баш никаде неможам да најдам негативни последици по здравјето на жената од овие хормони. Докторите и фармацефтите кога ги прашувам викаат ти не си прва, знаеш ли колку жени примаат хормонска терапија ??? Никој демек не докажал дека недај Боже утре нешто ќе е од тоа.
И до некаде во право се, а поготово кога ќе се земе во предвид дека целта ги оправдува средствата, но баш и тоа ги охрабрува и сите мислат сега треба удриииииии.
Kinky wrote:
Од ниеден лек не се поправив ниту ослабев, ниту осетив промена во апетитот или расположението. Исто така и не отекував освен кога имав хиперстимулација за време на ин витрото.
Не станав ни врколак фала Богу :laugh: се ми беше и сеуште ми е нормално на хормонален план.
Мене највеќе од се ме плаши предвременото завршување на плодниот период, се друго си викам - ајде нема баш мене да ме снајде, оптимист сум. :)

Ете ова нека ни дава надеж и сила, уф тешко е многу :tazna:
Kinky wrote:
Генерално, добро поднесував секаква хормонска терапија и добро реагирав на неа, кај нас проблемот беше во спермограмот а кај мене се одеше глатко.

Ова највеќе ме боли, немаме потреба од цела таа бомба, а сепак кај нас ќе експлодира, они се поштедени, и не само од овој аспект од многу други аспекти, мислам тема треба цела за ова да отвориме :puf:
Kinky wrote:
Толку ми текнува вечерва :)
Доволно е, се надевам сите ќе поминат помалку или повеќе глатко по овој пат :love:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
Последна промена: 05 Ное 2010 13:16 by lavce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 13:33 #68887

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Лавче, се знае дека жената го јаде стапот затоа што таа треба да забремени, да го износи бебето до крај и да го роди. И тоа е тоа, помири се дека тм најтешкото што ќе го направи е да се испразни во чашка пред инсеминацијата или ин витрото.

Ние кога завршивме со постапката реков - никогаш повеќе, не можам два пати низ истово да поминувам. Но како проаѓа времето а ние не затруднуваме со второ, почнувам да размислувам и во таа насока, со тоа што сега ќе бидам многу порелаксирана затоа што знам се, и се ми е познато што ме чека. Ако решиме да правиме, можда, некад... пошто сега финансиите се голем проблем. За првото дете не гледаш така, ќе се заглавиш до гуша само да станеш родител, а после поинаку се размислува.

Не знам дали сеуште никој ништо не докажал или медицината не е толку напредна за да докаже дека хормонската терапија не остава последици. Кога ми ги открија фиброзните ткива во градите ја прашав лекарката дали е поврзано со долгогодишното боцкање хормони, ми рече - можеби, но не мора да значи. Така да...
Пак ќе кажам, за првото дете никој не гледа последици, само да се роди. Понатаму есапот е сосема поинаков, зашто и тоа едно дете треба да има здрави родители долги години, нели :)

За мене доволно застрашувачки звучи и прераната менопауза. Замисли, место на 50-60 години да ја дожвеам како мајка ми на пример, јас можеби на 40-45. Менопаузата повлекува огромни хормонски дефицити и здравствени последици како резултат на тоа, знаеш веќе и сама што значи менопауза.

Не си прави притисок во старт, не се замарај со ова сега, не ти треба дополнителна главоболка.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 05 Ное 2010 13:36 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 13:49 #68893

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Kinky wrote:
.......
Не си прави притисок во старт, не се замарај со ова сега, не ти треба дополнителна главоболка.

Проклето си во право за ова, ни пред ни по тоа, не треба да се замараме со темава. Се знае зашто е се тоа, и тоа е тоа. Кој сака нека повели, кој не, нека се замара со вакви глупости....
Но знаеш неможеш да мижиш пред некои факти и согледувања, језда пре јаката желбата ти ги замижува очите многу пати....коага нешто ме засега мене, морам да гледам и пошироко, само што не секогаш тие погледи завршуваат логично....
Да менопауза си е менопауза...., но еве нека не теши дека не е докажано ни тоа :hug:

Затоа сакам да дознаам со каков начина на исхрана, стил на живот, чаеви, акупунктура или што и да е можеме да си го ублажиме дисбалансот и да одложиме некоја појава доколку е можно....
Ако најдете некоја информација за исхрана или чаеви, начин на живот при хормонски терапии пишете, ќе Ви бидам доста благодарна.
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 14:47 #68906

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
jas primiv edna terapija Klomifen, otkako sozrea folikulot primiv i Pregnil i do 12 nedela od bremenosta piev Dabroston i ne pocuvstvuvav nekoi nesakani efekti od nitu eden od ovie lekovi, ne znam zosto, mozebi organizmot mi e takov. pred da zapocnam da odam na doktor znaev deka problemot e vo mene i bev podgotvena na se samo da stignam do bebce, iskreno ne razmisluvav za moznite poslednici po moeto zdravje. Za sreka ne primav mnogu stimulacii, mi uspea od prva i se nadevam lavce deka i ti ke imas takva sreka. a dali ti veke ispita sto e problemot i dali imate postaveno dijagnoza?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 16:43 #68969

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
NONE-BT wrote:
... Za sreka ne primav mnogu stimulacii, mi uspea od prva i se nadevam lavce deka i ti ke imas takva sreka. a dali ti veke ispita sto e problemot i dali imate postaveno dijagnoza?


Фала ти Ноне.
Кај нас за жал или за среќа нема проблем, а дијагнозата е идиопатски или како што јас го викам идиотски стерилитет, без некоја медицинаска причина, едноставно не му се сака и тоа е тоа. Има можеби многу вакви или онакви, надворешни или внатрешни фактори, но медицински се не познати и нејасни.
И тука ја гледам целата нелогичност, во вакви случаеви (а се почести се) жената нема проблем со хормоните, а сепак мора да ги прима :emm: :pijani:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 17:50 #68996

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
navistina zosto da primas hormonski terapii koga se e vo red so tebe, mi nema logika. skoro site moi drugarki zabremenile so pomos na stimulacii i primale terapii ama imalo potreba od toa. ne znam sto da ti recam za tvojata situacija samo spored mene mislam deka denes tolku e se napredno sto na krajot skoro site parovi stignuvaat do najposakuvanoto nesto, ke bide i kaj vas, jas stalno velam ne e dojden denot uste. bitno e da ne se sedi pasiven i da se ceka, imam par koj go poznavam nemaat deca 5-6 godini i ne pravat nisto vo vrska so toa zatoa sto imale kuka za gradenje. pa ako ne drugo barem na sledenje na ovulacija mozat da odat, da bidat sto e kako e. psihata e najbitna spored mene, znam deka ne e lesno i sekj ke ti rece da se opustis, eve i jas velam ama znam mene kako mi bilo tie 15 meseci dodeka se obiduvavme a nemase nisto i kolku i da si pozitiven sepak...
inaku jas koga pocnav prvo odev 3 meseci na sledenje ovulacija, vtoriot mesec ispitav hormoni i mm napravi spermogram i veke tretiot mi dade terapija zatoa sto utvrdi deka nemam ovulacija
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 18:07 #68999

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Види, моето мислење е дека нема пар кој после одредено време не почнува да бара начини и пробува, ретко кој седи со скрстени раце, ептен треба да не сакаат деца или да се караат и немаат добар однос, па секој да крева раце.
Иначе , можеби куќата им е изговор за луѓето, тие најубаво си знаат колку трчаат по болници, колку ноќи им се непроспани, и колку имаат воопшто чаре за проблемот, можеби едино решение е донор, а не се спремни, да речеме , лупам сега. Секој си ја знае маката и тежината, факт е дека е шкартлива темата и ретко кој се ослободува да ја дискутира отворено со пријателите.
Не викам дека треба да се седи со скрстени раце, затоа што времето многу бргу поминува, а проклето е голем фактор во успешноста, ни јас не седам со скрстени раце, но понекогаш мислам дека џабе е трчањето ако јас не сум спремна, ако не се хармониираат односите, ако не се наредат коцките, а како поминува време се потешко е де, ама.......
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 18:11 #69001

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
NONE-BT wrote:
navistina zosto da primas hormonski terapii koga se e vo red so tebe, mi nema logika.
Zatoa sto taka se zgolemuvaat sansite za uspeh so bilo koja potpomognata metoda. Pa toa da e duri i samo sledenje na ciklus i tempirani odnosi - pogolemi se sansite ako ima vo toj moment poveke j.kletki.
Ili ironicen odgovor - zatoa sto e zensko :)
Последна промена: 05 Ное 2010 18:15 by Thatcher.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 18:22 #69008

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
Малку сме офтопик но морав да се надоврзам.Може ни треба тема за ваков неврзан муабет.
Факт е дека пред најголемата желба реагираме така,без да сме помалку или повеќе свесни за последиците од хормонската терапија.Кои да не се лажеме ги има иако може не сме или нема да бидеме свесни.Нели Лавче не е докажано.
Еве на пример јас,бијам Бромергон без испитани хормони,на мое прашање минатата недела докторот ми рече и да направиш сега што ќе се покаже секако немаш овулација сатоа и си стимулирана.И сега што?Не велам дека апчињата нема да ми помогнат но.....
Ако и овој месец не биде успешно ќе барам барем пауза,или нешто друго.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 18:29 #69017

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Мој совет Ецке, е да испиташ хормони и ХСГ под итно.
Неможе ти да се труеш, а недај Боже тубите не се во ред, џабе е стимулацијата кога ј.клетката неможе да стигне до матката....Нека не звучам загоноветачки и сега да ти делам памет тука, но од што те чуствувам и знам како ти е, сакам да ти помогнам. Испитај прво ова основново, затоа што колку што те читав ти немаш направено ХСГ и хормонален статус??? И направи пауза едно време, а дај Боже во меѓувреме да се фати :*
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 05 Ное 2010 18:58 #69037

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
За ХСГ сум била млада (30 години) :hahaha:
Ова ни е 2 месец со стимулација.Рече засега нема потреба да се зрачам ,ако не бива по некое време да.Тоа е одговорот.:da:
lavce само тие две работи засега остануваат ненаправени.
Фала Лавче:cmok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 06 Ное 2010 01:33 #69145

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
EckaGj wrote:
Малку сме офтопик но морав да се надоврзам.Може ни треба тема за ваков неврзан муабет.
Имате таква тема Ецка, Исчекувањето е за неврзани и офф топик муабети :)

Лавче, нас исто не класифицираа како идио(па)тски стерилитет :laugh:
Без разлика на спермограмот на мм, уролозите велеа дека и со таков може природно да забремениме а гинеколозите беа поделени, едни вака други така.
Не верувам дека ќе помогне нешто во поглед на хормоните, но индиректно ќе делува на нив и ќе те смири чај од кантарион.
Треба да го пиеш континуирано 3-4 недели за да покаже прв ефект (бар кај мене беше така).
Други чајчиња што смируваат се липа (ако го припремиш според упатството), мајчина душичка и матичњак (или маточина).
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 06 Ное 2010 04:55 #69353

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
Читајќи ве вака си дојдов до заклучок дека јас сум ти била жена со искуство бре!

Се што навела Лавче како можна хормоска терапија имам примано. Тргнувајќи од бромергон, па кломифен, супрефакт, фостимон, прегнил, прогестерон и на крај утрогестан.
Од бромегонот ужасно ми се спиеше, а можеби само така си наоѓав изговор бидејќи сум си спанка. Секој ден каснев на работа, посебо првите денови кога ќе почнев да го пијам, додека го навикнам организмот. Го пиев неколку месеци со три - четири паузи.

Кломифен пиев само еднаш, пред втората инсеменација и не го ни осетив. Единствено што имав многу фоликули па чувствував напнатост околу јајниците и ја осетив поизразено овулацијата.

Со супрефакт и Фостимон ме боцкаа за ИВФ. Освен тоа што ужасно ме болеше боцкањето бидејќи не поднесувам игли, не осетив друга промена. Кога одев на боцкање личев ко да ме прегазил воз, како да одам на колење, немаше душа во мене, а кога излегував од болница,пак,бев како темпирана бомба од што ме болеше, посебно боцкањето со Фостимон. Не сакав со никого ни да зборувам, ни да седам додека не ми помине болката. Затоа на боцкање одев сама и после си се возев. Новион булевар Словенечка ептен ми се погоди. Мислам дека кога ќе стиснев на гас ми проаѓаше болката, а таму може да се вози брзо, па дома си доаѓав ко нова.

Прегнили имам примено пет. Четири пред инсеменациите и еден пред ИВФ-то. Не почувствував промена од нив.

Е утрогестани примив многууууууууууу. По секоја инсеменација го примав по две недели, а по ИВФ до 21 недела секој ден три пати по една. Го примав вагинално бидејќи така најдобро се апсорбирал. По инсеменациите не го осеќав, брзо поминуваа две недели, ама по ИВФ се чувствував подуена, постојано имав исцедок од него па морав да носам секојдневни влошки и искрено ми дојде преку глава секој ден по три пати да го ставам.

Нјавеќе ме болеше боцкањето со прогестерон. Цела нога ми ја здрви, среќа што само еднаш ме боцнаа, на трансферот. И кога го направив тестот за бременост докторот сакаше да ме боцнат бидејќи тие што биле слабички како мене по дифолт ги боцкале ама за да не ми направи стрес и на мене и на бебето го прескокнавме. Од оваа инекција повеќе бола само ерготилите што ги примав по пораѓај за да се собере матката. Ужас невиден.

Инаку кај нас во графата дијагноза стои само стерилитет, без никакво објаснување. Нема медцински проблем ни кај мене ни кај мм.

Ецка јас би ти препорачала да си го смениш гинекологот или да побараш второ мислење. Зрачењето од ХСГ, ниту пак твоите години воопшто не се оправдување за да не се направи. Секаде во светот тоа е рутински преглед. Дури и кај нас и оние што немале пробем со забременување а планирале бременост прават ХСГ за да се осигураат дека имаат правилна матка и дека плодот нема да се зафати во некоја вдлабнатина на матаката па да имаат абортуси и сл. Јас направив ХСГ пред да ми пишат дијагноза стрилитет. Си отидов на лекар, кажав дека планирам бременост и докторот ми зема микробиолошки брисеви, брис за кламидија и ме прати на ХСГ.

Освен тоа мислам дека е недозволиво да ти даде да пиеш бромергон без да ти испита хормони. Јас пиев бромергон бидејќи имав благо покачен пролактин. Терапијата со бромергон е многу мачна, за да се видат резултатите треба да поминат четири до шест месеци.

Ецка и Лавче ви посакувам уште месецов да се израдувате па да не морате да поминувате низ се ова што го поминав јас, да прескокнете многу нешта од мојов список! :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 06 Ное 2010 16:02 #69398

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Da li hormonska terapija šteti zdravlju žene? Evo šta kažu stručnjaci


Еве некој извадок за хормонската терапија како влијае по здравјето-истражувања, меѓутоа што ја земаат жени во менопауза за да ги ублажат симптомите на стареењето, а никаде неможам да најдам истражувања за хормонската терапија што ја зимаат жени при забременувањето.

Бејби фала ти што го сподели со нас искуството :cmok: . Како си сега, се надевам не чуствуваш некои последици?
Кинки, фала за кантарионот, ќе пробам да го практикувам почесто, иако го пиев доста еден перзиод :cmok:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 06 Ное 2010 17:27 #69409

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
Јас моментално пијам дабростон и бромергон.Немам некои несакани последици(кај мене последиците се од пред тоа)е сега работава со бромергонот е што пијам веќе 2 год и ми ја намалуваат дозата но сепак мислам дека е многу време.и напорно ми е, да не некогаш заборавам да се напијам.Слушнав дека достинекс биле замена за нив, има ли некој искуство со нив?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 07 Ное 2010 00:05 #69495

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
uh ajde i jas da kazam nesto:
imav haos hormoni i policisticni jajnici pa nemav folikuli dovolno golemi i zreli za oploduvanje.
kaj prviot ginekolog po negov sovet piev cycloproginova i nemav nekoi nus efekti. 2 meseci gi piev. potoa piev 1 mesec klomifen primiv 1 pregnyl 5000 i nisto. go menav ginekologot ne mi bese seriozen i ne vodese nikakva evidencija za mojot slucaj a toa bese neizbezno :mdf:
e potoa po sovet na mojot nov extra ginekolog prvo ispitav hormoni pa odevme so nabljuduvanje na ciklusot 1 mesec i bidejki se utvdi deka nemam ovulacija i zreli folikuli nareden mesec pak klomifen no vo kombinacija so dexamethazon. klomifenot go cuvstvuvav preku nabrekntite jajnici mislev ke eksplodiram duri cuvsvuvav i nekola kako glupava tapa bolka.
potoa primiv pregnyl 5000 1 doza i bese konstatirano po 2 nedeli deka jas si go imam pajco vo stomakot :love: se izboril srce na mama :love: :love: :love:
potoa za sekoj slucaj primiv 1 doza utrogestan vaginaleti.
bidete hrabri se ke bide znam deka e tesko i naporno jas sum imala sreka se traese nekolu meseci no ke bide. so sreka :love: :love: :love:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 07 Ное 2010 00:24 #69500

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
I jas sum veteran vo ovaa tema, imam primano suprefakt, puregon, pregnil i utrogestan.
Za site tri IVF gi primav suprefaktot i puregonot no vo pogolemi i pogolemi dozi kako sto bea neuspesni prethodnite pokusai taka doktorot vo sledniot kje mi ja zgolemese terapijata.

Od niv imav neverojatni napadi na nervoza, mnogu mi se jadese i se zdebeliv dosta ( fala Bogu posle toa si se vrakjav brzo vo normala)
Utrogestanot go primav vaginalno 3 pati dnevno po dve i toa kratko vreme pa nemav nikakvi simptomi.

Otposle mene mi se pojavi hirmonski disbalans, mi se isporemetija ciklusite, imav golemi bolki vo jajnicite vo vreme na ovulacija i si razviv problem so tiroidnata zlezda. Mi porasna eden jazol na desnata strana od tiroidnata koj sto ima golemina na mandarina i doktorite mi rekoa deka brzoto rastenje bilo pottiknato od hormonite koi sum gi isprimila vo tekot na IVF.
A za toa deka hormonite predizvikuvaat rak na dojkata ne sakam ni da razmisluvam.
Nisto od ova ne e vazno na krajot na kraistata najvazen e posledniot ishod, a site nie ocekuvame naporite da ni se isplatat zar ne?
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 08 Ное 2010 03:12 #69794

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
lavce wrote:
Бејби фала ти што го сподели со нас искуството :cmok: . Како си сега, се надевам не чуствуваш некои последици?

Малку сум дебела :sram:, ама тоа верувам дека не е од хормоните туку поради тоа што пред да останам бремена бев со рамен стомак и слаба, а за време на бременоста имав не стомак туку планина пред мене, па сега поспоро се враќам во нормала. Кога велам дебела мислам на стомакот, уште не ми се израмнил.

Инаку за хормоните и ракот на дојка. Па јас во 2003 имав тумор на левата града ама кога требаше да почнам со терапија воопшто не се двоумев да ја примам. Нема ваљда некој од страв да не заболи од рак да се откаже од терапија и да остане без дете ?! Мислам дека не постојат такви луѓе.
Последна промена: 08 Ное 2010 04:32 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 08 Ное 2010 04:36 #69807

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
За десет години, колку што се лечев се изнапримав хормони. Што апчиња, што инекции.... мислам дека бев полна со вештачки хормони.
Да скратам - најголем проблем беше што се слабо реагираше. Инаку имам дијагноза полицистични јајници (иако имам впечаток дека денес многу лесно секому му ја поставуваат оваа дијагноза).
Кога требаше да правам инсеминации, примав метродин (ако го грешам името, нека ме исправи некој) и уште едни инекции.
Првиот пат не реагираа воопшто. Не растеа фоликулите, како водичка да си примам.
А вториот пат само малку растеа. Докторот се чудеше.

Е кога дојдовме до ИВФ, успеавме да добиеме три фоликули, ама по примени 60 инекции! А супрефактот кој го примав поткожно во стомак, не го бројам!
Сите жени со по 10- 15 инекции, ја само рекордер. Кога ќе го наполнеше сестрата шприцот, мислев по пола саат ми дава една инекција.

Ама сега сето тоа е зад мене, битно успеав да стигнам до целта.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Хормонска терапија, при забременување и бременост 08 Ное 2010 14:10 #69848

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
Ви благодарам на сите што ги споделувате Вашите искуства, верувајте многу значи и за нас и за сите кои случајно ќе залутаат тука по некои одговори.
И јас се надевам дека сите ќе поминеме помалку или повеќе глатко и нема да го осетиме овој пат, а одкако ќе помине нема да ни изгледа страшно :***
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.