Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Информодијагностика

Информодијагностика 12 Фев 2013 08:08 #232329

  • Сонценце
  • Сонценце's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 8
Нова сум на форумов и сакам да го споделам моето позитивно искуство со информодијагностиката, со надеж дека информациите ќе му помогнат и на некој друг. Нема да спомнувам имиња и контакт-инфо за да не излезе дека некому правам реклама, но во приватна порака стојам на располагање за дополнителни податоци.

Накратко, приказната е оваа - се обидував да забременам од 2009 година, направив една инсеминација и три инвитра, а исходот беа два спонтани абортуси, и покрај тоа што имав многу и (како што кажуваа докторите) квалитетни ембриони. Проблемот кај мене беше висок пролактин, а кај сопругот слаба подвижност на сперматозоидите.
Голготата ми заврши откако по препорака на пријатели со позитивно искуство отидов кај еден информодијагностичар, лани во втората половина на април.
И јас и сопругот го направивме прегледот, скенирање со посебен софтвер и кај двајцата се покажа идентичен проблем - нелекувани урогенитални инфекции и нагласен недостиг на цинк. Некои од тие инфекции никогаш и не се покажале на брис, а сепак почувствував подобрување по третманот. За цинкот докторот ни објасни дека му е неопходен прво на срцето, а потоа на сите други органи, вклучувајќи ги и репродуктивните, па ако нема доволно за срцето, ќе нема ни за јајниците, ни за тестисите...
Двајцата со сопругот испивме по една доза од терапијата што ни ја подготви, а по контролата имаше целосно подобрување кај сопругот и делумно кај мене. По пауза од пет дена, јас испив уште една доза. На следната контрола докторот рече дека сега се е во ред и оти нема причина да не останам бремена. Втората доза не ми ја наплати, бидејќи била продолжение на истата терапија, а не нова.
Значи, целиот третман ми траеше помалку од еден месец, заедно со паузите. Веќе не добив - во јуни веќе бев бремена, а тоа е помалку од два месеци од првата посета на оваа информодијагностичка ординација. Пред десетина дена се роди моето сонценце, добив ќерка :)
Знам за уште неколку пара што успешно добиле бебе по информодијагностички третман.
Освен тоа, кај мене терапијата имаше и дополнителен ефект - ми се изгуби алергијата на полен уште додека ја пиев. Чекам пролет да видам како ќе биде годинава.

Точно е дека третманот не е евтин, но е поевтин од инвитро и е природен. Од инвитрата и хормоните едвај си дојдов на себе по повеќе од година и пол од последното, а старата тежина не си ја вратив. Го препорачувам од срце.

Поздрав :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 18 Фев 2013 06:05 #232883

  • mia.i
  • mia.i's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 52
  • Thank you received: 3
soncence te molam ako mozes da mi kazes telefonski broj kade mozam da zakazam pregled za informodijagnosticki tretman.Jas prv pat slusam za vakov tretman.Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 18 Фев 2013 14:50 #232955

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Soncence bi te zamolila da mi kazes kolku tocno te cinese posetata i terapijata, znaci se komplet do rezultati.
Ako ne sakas da pises javno na forum moze i vo pp da mi pratis :cvet:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 19 Фев 2013 14:21 #233038

  • baby12
  • baby12's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Na Gospod se nadevam
  • Теми: 35
  • Thank you received: 4
:) soncence ti pisav i poraka neznam dali vide aj ako sakas pisi tuka ili prati mi poraka podetalno za pregledov kade go pravat i koj doktor kolku pari e za dvajcata toj pregled i kakva e terapijata,a i pregledov kako go pravat.
Bog go sozdade čovekot spored Svojot obraz.A vie plodete se i mnozete se napolnete ja zemjata i podlozete ja pod sebe.(bitie 9:6–7)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 20 Фев 2013 04:32 #233087

  • mia.i
  • mia.i's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 52
  • Thank you received: 3
Zdravo devojki
Vcera barav nesto na internet i najdov eden informodijagnosticki centar.Ne znam dali e istiot za koj pisuva soncence,no se javiv i prasav pregledot trael eden cas,sto znaci za dvajcata partneri dva casa,dokolku stanuva zbor za sterilitet i cini 4.000 denari za eden.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 22 Фев 2013 04:16 #233317

  • Сонценце
  • Сонценце's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 8
Здраво на сите, извинете што малку доцна ви одговарам. Сите што ми пратиле пораки, имаат одговор во инбокс. Еве и тука, само без контакт, за тоа пишете порака.


Докторот се вика Бобан Пешиќ, не ми текнува името на ординацџијата, ама се наоѓа на Водњанска, спроти Галија. Не се чека многу за закажување, барем така беше додека одев јас.

Консултациите не се наплаќаат, а прегледот за еден чини 4.000 денари. Првата доза од терапијата е 300 евра за еден, а ако има потреба од други терапии, секоја следна чини по 100 евра.

Прегледот се прави со металопресура (докторот ги притиска клучните точки на стапалата и на дланките со метален инструмент) и со помош на софтвер добива параметри за секој орган на мониторот. Врз основа на тоа поставува дијагноза и прави терапија, посебна за секого, што значи ти не можеш да пиеш од таа за маж ти и обратно.

За цените пишав. Ако те интересира уште нешто конкретно, пиши.
Со среќа :cvet:
Последна промена: 20 Јул 2013 07:15 by Tessi. Причина: postovi eden po drug
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 23 Фев 2013 09:28 #233429

  • baby12
  • baby12's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Na Gospod se nadevam
  • Теми: 35
  • Thank you received: 4
Soncence a dali na toj pregled ke vidi ako ima zapusheni kanali ili ke mora za toa da se odi na HSG.
Bog go sozdade čovekot spored Svojot obraz.A vie plodete se i mnozete se napolnete ja zemjata i podlozete ja pod sebe.(bitie 9:6–7)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 23 Фев 2013 09:35 #233430

  • Сонценце
  • Сонценце's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 8
baby12 Не би знаела да ти кажам. Најдобро разговарај со докторот. Јас веќе имав претходно правено HSG за каналите.
The administrator has disabled public write access.

Информотерапија 02 Јул 2013 06:57 #241836

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Информотерапија? Дали за тоа слушнавте и каде бевте? Какви се ваши искуства?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информотерапија 02 Јул 2013 17:07 #241848

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Sto e toa informoterapija?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информотерапија 03 Јул 2013 02:30 #241850

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
На форумов имаме тема Информодијагностика, да не се мисли на тоа?


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информотерапија 04 Јул 2013 07:48 #241900

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Поради оскудни информации, големиот интерес и погрешно толкување на материјата, нејаснотии и недоразбирање, слични и поврзани прашања како што се: "Зошто украински научник (Скрипњук З.Д.) малку се познати на запад? Поради што за методот, тек последниве години се збори и зошто методот многу малечок број на научниците го знаат? Дали оваа областа не потпаѓа под генетски истражувања, областа во која се западни научници најдобри? Кој во нашата земја се занимава со научни истражувања од таа областа на генетиката? Што практично поголемо значеење има овој метод врз мене, моите проблеми со забременување, моето заболено дете, и сл., земајќи го во предвид најсовремена достигнувањата на модерните т.н. имиџинг методи, како што се PETscen, CT, IMR, EHO сонографија? " и слични прашања,
неколку дополнителни факти, информации, и одговори:

Информодијагностика и информотерапија дел се од најновата гранка на така наречена „Информацона медицина“. Нејзината теоретска основа лежи во млада научна насока што се нарекува Биоинформатиката. Биоинформатика не треба да се поистоветува со генетика. Генетика истражува во и околу ДНК синџир и затоа таа го претставува само помал дел од повеќе сегменти со кои се занимава биоинформатиката.

За да се разбере разликата помеѓу тие, можно е да се направи грубо споредување со човекова клетка и компјутерот:
Сите го знаеме дека огромно количество на информации (не сите) запаметени се / складирани во рамките на компјутерски хард диск (HD). Тоа исто така го прави секоја клетка во рамките на сопствениот "HD", кој се нарекува клеточно јадро. ДНК синџир представува "цврсто дефиниран" меморијски дел на клеточно јадро.

Исто така, некој информации кај секоја клетка меморирани се надвор од јадрото на определени протеини и понеки органели во цитоплазмата. Писмена форма на запишувањето во нив се спроведува по принципот "запишување-бришење". Тие би можеле да се споредуваат со преносни мемории како CD, DVD, USB флеш мемории итн.

За овие две научни докажувања, што во основ и двата се дел од биоинформатиката кај сите клетки, во различит период беа доделени две Нобелови награди.

Украински научник Скрипњук З. Д., врз основа на сопствените научни истражувања помина еден чекор понатаму. Тој потврди дека на клеточна мембраната се наоѓа БИОС и RAM меморијата кај секој „клеточен компјутер“. До одкритие дошол на ''80-те години од минатиот век.

Сега научниците се повеќе признаваат исправноста на неговите научни откритија, така што во последниве години голем број од нив се ангажирани во биоинформатиката и електрофизиолошки иследувања на клеточните мембрани, особено по методот на " Patch-Clamp". Се работи за револуционерните научни откритија за кои, за жал, општеството се уште многу малку го познава. Зошто е малку познато, останува да се појасни:

Во светските, добро познати бази на податоци, бази на научни истражувања и објавените трудови, егзистираат многу малку врвни научници од поранешниот Совјетски Сојуз, особено оние научници од постари генерации. Фрустрации на руски научници и хендикеп на целото општество е логичен од аспект и гледна точка на т.н. "Железната завеса" и тогашната геополитичка поделба на светот. Руските научници се имале свои бази на научни трудови кои не се искачале надвор од територијата на СССР. Дека фрустрациите беав огромни, фактот беше дека постојат научни експерименти на зајаци 15 години пред на овца "Доли".

Колкаво се украински научници отиделе понапред од остатокот од светот во областа на иследување на ќелија и клеточно информационо поле, илустрирани се со една анегдота во минатата година:

Во 2012 година, врвен научник од истражувачки центар на Швајцарија и Германиа, се фалеше на украински академик: "Да знаете професор Скрипњук, сега имаме исклучителни резултати во областа на електрофизиолошки мерења на клеточна мембрана со методот на Печ-Кламп и ние сега сме докажали дека јонските канали .. итн, итн ... ". Скрипњук З. Д. веднаш, од сопственото купиште на документи го издвои еден, со зборови: "Да, имам го истиот заклучок врска со феноменот на клеточната мембрана. Ние ја објавивме оваа информација во рамките на руската база на податоци, наназад во 1979 годинава, еве ја мојата научна работа со таа дата, бидејќи текстот е на рускиот јазик, погледнете го ". Водечкиот германско-швајцарски научник го прочитал текстот, по што тој станал во шок бидејќи не можеше во исто време тажно да се смее и весело да плаче.

Значајни откритија на украинските научници од областа на информационата медицина има логичка примена на луѓе, особено за време и након Чернобил. Пред практицирање, беше потребно дозвола од партијски врх на државата и "симнување" на ознака "тајна" (секрет) за да може сите проекти да се применуваат во јавноста. Тајни научни откритија од областа на информодијагностика и информотерапија, прв пат се применував во клиничка пракса на пациенти кои биле од група на функционерите на партијата, а по распадот на СССР, и на поширока популацијата на општеството.

Што значење за обични луѓе, медицината и целото општеството, имаат овие откритиа, можам да појаснам:

За разлика од " imaging" дијагностички методи, како што се IMR, CT, EHO итн. кај што се регистрираат само последиците, информодијагностиката, како неинвазивен дијагностички метод, се занимава со причинители на болеста при што се максимално скратува временски период на дијагнозата. Просечно време траење на прегледот од 15 до 50 минути.

Информотерапија се занимава со одстранување на причинителите и последиците од болеста се до клеточно ниво, за не подолг период од 7-24 дена.

Било колкава хронична, идиопатска состојба, слабо дијагностицирана или со делумно познато потеклото на болеста, може да биде дијагностички докажана со примена на електропунктурни и информодијагностички мерења и тиа всушност не се многу различни од слични мерења со помош на ЕЕГ и ЕКГ апаратите.

Споредба ради, разликата можам да ја појасним на примерот со срцето:

ЕКГ е т.н. "златен стандард" во дијагностиката на срцето. ЕКГ параметри не биле енергетска состојба на срцето, но представуваат параметри на информациони состојби на срцеви мускулни клетки. Различно од ЕКГ-то, електропунктурни информодијагностички параметри, исто така неинвазивен метод, по прецизно се мери акцискиот потенцијал на повеќе од 30 области на срцето. Секоја валвула оделно, Hisov сноп L/R, SA/AV јазол, спроводен систем на срцето L/R, ендокард, миокард, перикард десно-лево, коронарни артерии, лимфните садови на срцето и слично. Сите измерени вредности се изразени во mV.

И не само на срцето, со електропунктурни информодијагностички мерења се добиваат параметри и се мери фактичка состојба на клеткте кај околу 40 витални органи во телото.

Со информодијагностика можно е да биде дијагностицирано над 2000 различни инфективни агенси од групата на вируси, бактерии, паразити и микози со 99% точност по принципот: Поз./Нег. тест кој не трае подолго од околу 20 минути.

Процес или постапка на електропунктурни информодијагностички мерења не трае подолго од 30 минути што всушност представува револуционерен пристап кон дијагностицирање на болеста. Неопходно е да се имаат во предвид долгите постапки и протоколи за пациенти, со кои се обесмислуваат целта на земање брисеви со резултатите после 10-15 дена, закажување снимање на органите и до 3-4 месеци, често пиење т.н. "дијагностички" дози на лекови без позитивни резултати и слично.

Информотерапија ги разрешува со месеци нагомилани информациони проблеми на клеточно ниво во целото тело. Со информотерапија се решаваат проблеми на сите реверзибилно оштетени или токсично оптоварени клетки кои "не се сеќаваат" што да прават и как тоа треба да го сработат. Со информотерапија се врши исправка на „оперативен систем" и „БИОС" на било кои клетки во човечкото тело (upd_ate).

Прашањето е дали секој може да го купи апаратура и скрипњуков т.н. микрогенератор, и ги користи во домашните услови? Мојот одговор е: До колку некој не е со медицинско образование, поубаво ќе беше (и можеби поефтино) тој да си инвестира во портабл ЕХО уред и во сопствената куќа да си ги прави играчки. По тој начин помала штета ќе ја направи на луѓето кои имаат потреба од помош и можеше да ги се помогне со информотерапијата.

Да бидем појасен: кај нестручно ракување со ЕХО апаратот, сите ќе си го имаат вистинскиот заклучок: „Апаратот е добар-тој нечини.“ Со шарлатанско практикување на информотерапевтски метод, луѓе ќе кажат дека: „Човекот може би е во ред но методот не чини, дијагнозите не се точни, тој методот нее добар и нее можно на заболен да му се помогне.“

Клучни зборови: биоинформатиката, информациона медицина, електропунктура, информодијагностика, информотерапија
Последна промена: 04 Јул 2013 08:00 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 15 Јул 2013 08:27 #242227

  • lalee
  • lalee's Avatar
soncence te molam za nekoj tel.broj od ovoj diagnostocar molim te pishi mi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 19 Јул 2013 05:44 #242359

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
lalee, Во Македонија, со медицинско факултетско образование се занимаваат неколку лиценцирани информодијагностичари и информотерапевти. Тиа имаат регистрирани ординации и фискални каси и си легално функционираат бидејќи ги имаат редовни контроли од страна на сите надлежни инспекции. Покрај тиа, информодијагностичка и информотерапевтска апаратурата ја поседуваат и 10-тмина кои немаат медицинско образование. Тиа поседуваат основна лиценца за апаратура и функционираат од куќа до куќа и по дневни соби „на повик“ како за „пријателски врски“. Најдобро е со лични препораки мада „гуглајте“ малку со клучни зборови; лесно е да се информирате.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 19 Јул 2013 07:19 #242362

  • Сонценце
  • Сонценце's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
  • Thank you received: 8
ти го пратив во порака
поздрав
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 19 Јул 2013 10:26 #242366

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
Имам неколку прашања кон DiaCor, тој е информодијагностичарот кој го фали и спомнува Сонценце погоре во темата.

Ако пребарате на гугл за оваа материја и вид на терапија ќе видите дека има вакви теми на повеќе различни форуми и скоро секаде е присутен DiaCor и форумите си ги употребува како реклама за неговите скапи и недокажани третмани.

Затоа ништо чудно и зад никот Сонценце да е истиот човек, за тоа може да проверат модераторите.

Еве ги прашањата:

1. Дали има и какви докази за успешноста и ефективноста на овој третман за некоја болест или состојба?

2. На кој принцип работи овој третман, не сакам филозофски размислувања, туку докажан или предложен механизам преку кој овие руски апаратчиња би можеле да поправаат клетки?
Ова го прашувам затоа што во медицината не е познат таков механизам за кој се расправа тука.

3. Дали има податоци и докази дека дијагностицирањето со овие апартчиња е вистинско, а не само компјутерски бесмислици?
Ова го прашувам затоа што во медицината не е познат таков начин на дијагностицирање, оти во спротивно немаше да ги има сите тие машини и апарати во болниците.

4. И последно, прашање за кометентноста на господинот DiaCor за лечење на болести.
Вие претходно тврдите дека потребно е медицински факултет за оваа работа. Дали вие имате завршено медицински факултет?
Последна промена: 19 Јул 2013 10:26 by Katrina.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 20 Јул 2013 21:37 #242398

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Госпон т.н. „ехперт “ Katrina, Зошто туку така и на секој форум ме навредувате како измамник да сум? Дали јас вас ве навредував?

Ви одговорувам:
Сум од невладино и непрофитно Здружение за информодијагностичари и информотерапевти во Македонија. Секаде се представувам на ист начин и сум заинтересиран за правилни и точни информации по Информациона медицина.
Дакле, несум Сонценце, немам ни директни ни посредни врски со неа. Ја почитувам бидејки е прекрасен човек. Таа е чиста душичка и со анѓеоски намери е тука.
1. Има, повеќе од милион во руско - украински бази на податоци и научни трудови.
2. и 3. Не сте компетентни, не ја познавате Информациона медицина, не сте информирани, немате квалификации за тиа прашања што ги поставивате бидејки се во основа погрешни и во голема заблуда сте. Несакам да ве обучувам. Не ми се литите, ве молам.
4. Да, во Крајова (3 години просек 8.42) + Киев (6 години просек 8.72). Уште немам докторат бидејки ми недостасува време и малку сум мрзлив, признавам. Менторот: Проф. Д-р. Зеновиј Скрипњук.
Сум компетентен бидејки сум Спец. по Информациона медицина.

На идни прашања нема да ви одговорам без вие да ми одговорите:
1. Со што се занимавате?
2. Какви се вашите квалификации и знаења врска со темава Информациона медицина?
3. Зошто во секој вашиот пост по форумиве провлекувате иста порака до јавноста со неумесни прашања. Секаде индиректно го кажувате: вие сте будали, тоа или тој е измама, нема докази, апаратура е штетна и сл.
4. Дали вие барате рекет да ви се плати и колкава ви е сума?

Стисни : www.roditeliideca.com.mk/forum?func=view...=15&start=420#242397
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 21 Јул 2013 01:19 #242399

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
:timeout: Katrina i DiaCor ova e opomena pred BAN. Ova ne e mesto kade sto mozete da ja vodite vasata vojna. Dokolku prodolzite so komunikacija na ist nacin, ne nudejki kvalitetna informacija ke bidete banirani od forumov.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 18 Дек 2013 15:25 #247483

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Сакам да ве известам дека наскоро (можно е од јануари на 2014.) информодијагностиката и информотерапијата ќе стане званично признен метод и ќе може пацијенти да се лечат во здравствените установи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 25 Апр 2014 04:15 #250232

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Личнo ги имам приметено неколку работи со кои сакам да ве информирам бидејќи се работи за неколку основни нешта. Мислев дека секој знае како бебето се прави, сега гледам дека, за жал, работиве не се нормални. Брачни парови кои се долго време обидуваат, темелни грешки ги прават. Не сакам нашироко да пишувам за секоја грешка али првата најчесто се прави:

1. Интимно миење повеќе пати во тек на денот!?
Доколку тоа го правите немате знаење дека и најмала капка на водата (по пат на осмозата) ке ви го утепа сперматозоидот така да, за жал, статистички ќе ви треба повеќе години за да забремените.
Да појаснам:
Колку долго може да живи сперматозоидот, зависи од условите на околината. Сперматозоидот во воздухот нее можно да живи подолго од 10тину минути, но кога ќе влезе во телото на жената, тамо на него му е арно и може да живи и до 7 дена (во просек од 3-4 дена). Кога ќе влезе, сперматозоидот веднаш оди во тн. „Фалопиеви туби“-канали, тамо запре и неколку дена чека да наиѓе јајце клетка. Бидејки животот на јајце клетка е само 24 часа, и не се знае точно кога ќе помине низ каналите, тој е спремен да чека дури и 5 дена ако треба (а почесто ќе треба бидејќи бебето не се прави само во „плодни денови“ но макар секој втор ден од циклус до циклусот).
Бидејќи сперматозоидите се „природен антибиотик“, тиа создаваат природни поволни условие за долг живот во женскиот полов орган. Голем број на сперматозоиди почине за да ја „исчисти“ и прилагоди вагиналната средина за живот на ново придошли сперматозоиди. Од тиа, некој ќе направи оплодување на јајцеклетка (Зигот). Даклем, сперматозоиди, со сопствени ензими, киселоста на вагинална секреција ја менуваат, ја прилагодуваат и ја подобруваат за новопридошли сперматозоиди.
Спермата може да биде уништена од чиста вода поради процесот на деградација по термички или осмотски шок. Особено сперматозоидите страдаат при допир со вода или од (не дај боже) употреба на хемијски средства за личната хигиена!!

2. Перење на интимната облека во “заедничка” машина за перење со лице кое е носител на инфекција. Тоа лице може да биде родител, брат, сестра или пријател. Инфекции, како што се Chlamydia или Gardnerella, лесно се пренесуваат дури и на малите деца.
3. Инфекциите предизвикани од “условно патогени” бактерии како што се Morganella , Clebsiele или вирусни како на пример: херпес, Coxsaki или папилома вирус - ХПВ се пренесуваат преку интимен однос од еден партнер на друг во некоја форма на сексуален однос (вагинален, орален , анален).
4. Кондомот не е 100% сигурен, кондомот ич нема да ве заштити од вируси, бидејќи голем број на инфекции се пренесуваат преку телесни течности.
5. Интимните односи или мокрење со претходно неизмиени раце е честа појава.
6. Суштинска улога во оддржувањето на нормалната флора,
како и природната одбрана од штетните инфективни агенси имаат срамните влакна и жлезди (лојните, потни) во пределот на гениталиите, чии функции се неутрализираат преку попиларната целосна депилација.
7. Употребата на чипкана долна облека подржува растот и развојот на бактерии, кои ја нарушуваат нормална киселоста на вагината (затоа што овие материјали можат да се перат исклучително на ниски температури). Да се подсетиме дека на инфективните агенси “не им се допаѓа” бела памучна долна облека.
8. Несоодветната исхрана може да доведе до голем дефицит на олигоелементи без кои хормоналниот статус и квалитетот на спермата е загарантирано лош. Недостатокот на цинк предизвикува “слепи” и неподвижни сперматозоиди и лош хормонско-ензимски статус.
9. Со цел да се зголемат шансите за бременост, често се употребуваат различни лекови и хемикалии, чии ефекти се воглавно спротивни.
10. Блискиот соживот со домашни животни претставува многу голем проблем кај забременувањето затоа што животните многу често содржат инф. агенси (зооантропонози) кои драстично ја зголемуваат киселоста на организмот. Преку догогодишни информодијагностички мерења, дојдено е до заклучок дека јајце клетките на жената и некои паразитски инфекции, кои се често присутни кај животните, имаат идентични фрекфенции?! Зооантропонози претставуваат огромна опасност за човековиот имун систам кој може да ги заштити или уништи јајце клетки и сперматозоидите.

Современ живот и лошите навики се причинители, а проблеми со природно зачнување или стерилитетот представуваат нивните последици. За жал, сите, (или воглавном сите) се загрижени само за последициве додека причинителот е сеуште присутен и за жал секогаш запоставен. Информационата медицина и нејзиниот најважен дел - Инфромотерапијата, тиа се занимаваат со причинители на проблемите кај природно забременување бидејќи ги разоткриваат и ефикасно се справуваат со нив. Статистички гледано успешноста на ИВФ е околу 15% а забременување со информотерапевтски третмани околу 90%. Разликата се должи на приоритети во третман на последициве / причинител(и). Со други зборови информотерапијава ќе биде успешна доколку се справи со причинители а потоа со последициве. Б.П.
Последна промена: 25 Апр 2014 04:22 by DiaCor.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 25 Апр 2014 14:11 #250250

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
DiaCor wrote:
3.Инфекциите предизвикани од “условно патогени” бактерии како што се Morganella , Clebsiele или вирусни како на пример: херпес, Coxsaki или папилома вирус - ХПВ се пренесуваат преку интимен однос од еден партнер на друг во некоја форма на сексуален однос (вагинален, орален , анален).
4. Кондомот не е 100% сигурен, кондомот ич нема да ве заштити од вируси, бидејќи голем број на инфекции се пренесуваат преку телесни течности.

Ke me izvinis ne go procitav tekstov so nekoja specijalna koncentracija, sto znaci moze nesto sum propustila, ama ovoj del nikako ne mi e jasen.
Ke te zamolam da gi go objasnis momentov so kondomot, bidejki mene nekako kontradiktorno mu zvicu, od pricina sto bas tokmu toa e poentata na kondomot da telesnite tecnosti pri sekualen odnos ne dojdat do kontakt, so cel da ne se prenese infekcija preku istiot. Ili zboruvame za nekoi drugi telesni tecnosti!!! :wtf:
Edinstveno sto mi paga na pamet e ako kondomot pukne :neznam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 25 Апр 2014 16:29 #250254

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Бидејќи ме прашате ке ви одговорам мада истото прашање поставете го и на некој инфектолог:
За жал, кондомот нее заштита од Хумани Папилома, а понајмалку од Херпес вируси!! Кондомот е маркетиншка заблуда за неедуцирани луѓе. Кондом е заштита од бременоста али не и од инфекции.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 25 Апр 2014 17:37 #250255

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Ne znam kakva vrska ima infektologot vo slucajov koga vie ja promovirate ovaa praksa, a so toa smetam deka imate dovolno poznavanje da objasnite zosto, ili moze gresam :dry:
Ne znam kako moze tolku mnogu luge vo svetov se needucirani, koga tokmu ovde vo Britanija (kade sto ziveam) kondomot se preporacuva kako edna od osnovnite zastiti za seksualno prenoslivi bolesti, vklucuvajki ja i SIDATA. I ne smetam deka sum naivna, osven ako ovde medicinarite ne se dovolno educirani, sto da bidam iskrena ne veruvam deka e slucaj. Tokmu bremenosta e vtorostepena, vo slucajot na kondomot, od ona sto jas sum informirana.
Nekoj gresi, me interesira koj?
Za koi tocno luge zboruvame deka se vo zabluda?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 26 Апр 2014 10:33 #250281

  • DiaCor
  • DiaCor's Avatar
Fairy, знаем дека моите зборови не се маркетиншки убави но некогаш треба и логички да се размислува како вие што го правите сега. По принцип Вие не грешите но логички размислувате. Прашањата умни ви се бидеји огромна веќина токму така размислува. Се надевам дека моето пишување никој нема да го разбере како ширење на паника. Сакам само да укажем на големи заблуди бидејќи знаењето има цена но незнаењето најмногу може да кошта.

Кондомот нее заштита од вирусиве и точка. Заблуди се дека презервативот е врвна заштита; теоретски - да, практично - ич. Заштита од бременоста е примарна но не и од сите инфекции а нарочито нее никаква заштита од тн. ДНК или РНК вируси (кај спаѓа и тој што го споменавте - ХИВ). Со други зборови: Што ќе ви е кондом доколку плунката или вагиналната секреција од партнерот (партнерката) ќе ви влезе во устата или вагината? Ве молам, само немојте слепо да верувате на реклами! Нема „сехуално преносливи“ вируси (болести-инфекции). Можно е да се каже дека најчесто се пренесуваат со чин-акт или работава која се нарекува сехот но полов орган нее единствено место кај влегуваат или излегуваат инфекци а најмалку тоа важи за вирусиве. Ве молам, доколку има некој нештата токму така да ги разбира, тој во голема опасноста е. Се разбира дека секое медицинско лице тоа го знае (или би требало да знае).

Знаете Fairy, бидејки се погрешно тумачи „кондом заштита“ во последно време, голем број на машките имаат ХПВ на Ларинхот. Што ќе му е презервативот доколку пика јазикот во вулвата!?!
Примарно, кондомот е заштитата од бременоста, секундарно од понеки микотично-бактеријски инфекции (не сите и во главном безопасни) а скоро никаква заштита од вируси бидејки најголем број не ги пренесува полов орган но се пренесуваат со телесни секреции (плунка, секрет, солзи, пот, фецес, урина..) а од тиа презервативот нее заштита!

Во заблуда се луѓе кои имаат стална врска со еден партнер и повремени „кондом екскурзии“ со некој друг партнер. Бидејќи се убедени дека кондомот ги е „сигурна“ заштита а токму тоа представува опасноста по здравје на двата или повеќе семејства бидејки мора повеќе луѓе да се лечи во ист момент. Тешко изводливо; скоро невозможно. Тоа нарочит проблем представува кај тиа кои се обидуваат и имаат проблеми со забременување! Поздрав до сите.
Последна промена: 26 Апр 2014 10:42 by DiaCor.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информодијагностика 26 Апр 2014 11:06 #250283

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Ova pocnuva da ima smisla, moj propust e sto konzervativno mu pristapiv na seksualniot akt, znaci isklucuvanjki go oralniot seks.
Jas trgnav od konzervativnata pretpostavka deka se znae na sto kaj mu e mestoto, malku silly od moja strana. Na reklami ne podpagam, ama na mojot doctor mu veruvam, kako i na onie koi sproveduvaat seksualna edukacija naokolu, vklucuvajki gi i skolite.
Kako i da e tukasnite statistiki, prezentirani na TV i radio i svedostva od zasegnati stranki, ukazuvaat na zgolemen broj na HIV pozitivni vo poslednava godina/dve, I toa so zagrizuvacki procent, posebno kaj gej populacijata kako direkna posledica na nekoristenje zastita-kondom.
Nemam detali, dali deckoto/zaboleniot pokraj nenosenje na kondom, imal razmena na telesni tecnosti i na drug poinventiven nacin, koga zakacil SIDA, no znam deka apelirase za kondom zastita.
Drug primer se luge HIV pozitivni koi imaat uspesen seksualen zivot so patrnerite so upotreba na kondom. Znaci ne se osudeni na smrt, tokmu zaradi toa sto se znae kako se prenesuva virusot, tuku funkcioniraat vo golema mera normalno.
Nemam detail dali i kolku eksperimentiraat vo seksot, znaci koja e moznosta da kondomot e zabluda vo nivniot slucaj.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.