Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Наши рецепти низ фотографии

Ре: Наши рецепти низ фотографии 30 Јун 2013 11:47 #241790

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Сладолед од една состојка


Рецептава не е лично моја ја најдов на интернет и денес решив да ја пробам, бидејќи син ми сакаше сладолед, а поради алергиите не смеам да давам, па денес беше можност да се обидам да го подготвам овој десерт.
- 2 зрели банани се сечкаат на кругови и се редат во фрижидер. се оставаат 1- 2 часа (јас излегов и го заборавив па стоеше можеби 4- 5 саати и повеќе, па пак беше добро :kez: ), потоа се ставаат во блендер и се меша додека се добие кремаста смеаса. во почетокот може да биде како грутки и да ви лепи, па само одвојте го со лажица и продолжете со блендирање. полека ќе почне да се претвора во кремаста смеса. одма се јаде.

ако сакате можете по желба да додадете и други состојки- ореви, лешници и тн...но јас не додадов поради алергијата на Никола и пак беше супер.


„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Јун 2013 11:51 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Зока, Независна

Ре: ​Р​​е​​ц​​е​​п​​т​​и ​н​​а​​ш​​и - ​и​​с​​п​​р​​о​​б​​а​​н​​и, лесни, вкусни!!! 01 Окт 2013 13:16 #244404

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38

Еве еден рецепт за сезонава со јаболки. Многу брзо се прави, а и ептен е вкусен.

Колач со гриз и јаболки

Суви состојки

1 чаша(200гр) брашно
1 чаша гриз
1 чаша шеќер
1 пециво
1 ванилин шеќер
кора од 1 лимон

Смеса со јаболки


4 јаболки (околу 1 кг)
1 ванилин шеќер
сок од 1 лимон

Подготовка:

Сувите состојки се мешаат во еден сад. Во друг сад се рендаат јаболките се додава лимоновиот сок и ванилата.
Тавче (не многу големо) се подмачкува со зејтин. Во него најнапред се става слој од сувите состојки. Потоа се реди ред со јаболките, па повторно сувите состојки. Оваа постапка може да се повтори неколку пати, но на крај се завршува со суви состојки. Врз нив се редат коцки од путер по површината на цел колач.
Се става во загреана рерна и се пече 40-45 минути на 180 степени.

После се вади од рерна, со вилушка се боцка низ целата површина и се наросува со 100 грама млеко.

Добар апетит!
Последна промена: 02 Окт 2013 15:38 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е​​ц​​е​​п​​т​​и ​н​​а​​ш​​и - ​и​​с​​п​​р​​о​​б​​а​​н​​и, лесни, вкусни!!! 02 Окт 2013 02:47 #244408

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Свекрва ми го прави овој колач но во посна верзија. Не додава млеко на крај туку кога ги реди слоевите добро го притиска за јаболките убаво да пуштат сок. Вака набиен после се сече на коцки без да се растури.

Навистина е многу едноставен и вкусен.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Јул 2014 12:19 #251330

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
imgur.com/tGkDo9A.jpg


Bronhi torta

receptot e od minjina kuhinjica, se pravi lesno, se jade brzo a vkusot e mmm... vredi da se proba. zavcera ja pravev prv pat, vcera pak :)
.
Последна промена: 05 Јул 2014 12:24 by bubale23.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 30 Авг 2014 15:21 #252137

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2


Choko-pina-kolada torta

Testo

9belki
9lajci shekjer
300gr kokos

se matatbelkite i sekjerot, se dodava kokosot i se peci 15tina min na 170. uste duri e toplo se poparuva so mleko(jas koristev cokoladno mleko, pola litar)

Fil1 cokoladen

250 ml mleko
1 cokoladen puding
125gr puter
100 gr sekjer
9 zolcki
1 milka cokolado

mlekoto da zovrie, se vari klasicno puding. zolckite i sekjerot na parea, puterot se mati, se koga kje se izladi se mati zaedno

fil 2 ovosen

1 konzerva ananas
1 vanila puding
1 hopla slatka

od sokot od ananasot varime puding, treba pola litar tecnost, hoplata ja matime, se ladno mesame i dodavame seckan ananas

pandispan mackame so fil 1, vitkame rolat, secime parcenca za osnova, odozgora fil 2, povtoruvsme taka 2 pati.

Vo slucajov ukrasiv so fondan i kafe za da dobijam solja kafe, rodendenska torta za mm;)
Последна промена: 30 Авг 2014 15:23 by bubale23.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 17 Ное 2019 21:16 #255536

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Домашен хумус
- 540г обарени леблебии (купени се)
- сок од 1 и 1/2 лимон
- 6 лажици таан
- 1-2 чешниња лук
- 8 лажици ладно цедено маслиново масло
- сол по вкус

Приготвување
Исцедете ги леблебиите од водата и сочувајте ја. Ставете ги во блендер и додајте ги сите состојки. Блендирајте да добиетр хомогена смеса. Ако е многу густо додајте малку од водата што ја сочувавте. Или можете да ја зголемите количината на маслиново масло. Блендирајте пак, да ја добиете саканата густина. Послужете посипано со ладно цедено маслиново масло и лут црвен пипер.
Атачменти:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.