Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Наши рецепти низ фотографии

Ре: Наши рецепти низ фотографии 07 Јун 2012 16:30 #202551

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Домашен интегрален леб
Потребно(за 6 топчиња)
500гр брашно(мешано пченично интегрално и бело
1 квасец
200мл вода
3 лажици масло
50мл јогурт
1 јајце
шекер
сол

Се зафатува квасецот со водата,малку шекер и малку брашно.Се меси тесто и се остава да нарасне 20тина минути.Потоа се прават 6 топчиња се редат во намрсен плех,се оставаат да нараснат ,се премачкуваат со изматено јајце,се наросува сусам и му се става по 1 парче маргарин одозгора.Се печат во загреана рерна на 200 степени 20-25мин.




Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, mami29, biljann, Frenky and this user have 2 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 09 Јун 2012 11:47 #202722

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Пита со боровинки

Тесто: 125 gr путер, 260 gr брашно, 1 tsp пециво, 150 gr шеќер (може и помалку), 1 tsp ванила, 2 tbsp брашно од компир, 1 dl јогурт, 1 јајце

Фил: 2 dl јогурт, 2 јајца, 100 gr шеќер, 2 tbsp брашно од компир, 1 tbsp ванила

200 gr боровинки



Се мешаат сувите состојки за тестото, во нив се додава растопениот и оладен путер, јогуртот и јајцето. Се меси тесто. Се расукува малку и се става во тава за тарт.
За побрзо во блендер го ставам ладниот путер, брашното и шеќерот и се блендира додека да се изедначи. Во него се додаваат останатите состојки и се меси тесто. Готовото тесто се расукува и се става во подмачкана тава за тарт.

Се матат сите состојки за филот (без боровинките). Се истура филот врз тестото и одозгора се ставаат боровинките низ цела површина.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40-50 минути.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 06 Авг 2013 02:36 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Наши рецепти низ фотографии 11 Јун 2012 03:01 #202835

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1245
  • Thank you received: 868
  • Карма: 5
ЛЕТНА ТОРТА СО ЈАГОДИ

250 гр. ресана
250 гр. бисквити
150 мл. млеко
пола маргарин

Фил
500 мл. млеко
1 пудинг од чоколадо
1 лаж.брашно
5 лаж.шеќер
пола маргарин
500 гр. јагоди
шлаг


Млекото и маргаринот се варат и се остава да се подолади. Ресаната се сече на четвртинки а бисквитите се кршат на покрупни парчиња. Се меша со млекото и маргаринот со рака и се формира кора (круг)
Во пола литро млеко се вари пудингот промешан со брашното и шеќерот. Кога ќе се олади се става пола маргарин и по желба лажица кокос.
На кората се става филот, па сецкани јагоди па шлаг.






The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Frenky, lavce, eleonora

Ре: Наши рецепти низ фотографии 14 Јул 2012 17:18 #207334

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Сомборска торта

Потребно:
400гр бисквити
1литар млеко
10 лажици шекер
100 гр шекер во прав
4 пудинга од ванила
1 бело чоколадо
1 црно чоколадо
1 маргарин
4 големи кроасани

+++ Хопла или шлаг за украсување


Подготовка
се редат 200гр бисквити како подлога предходно се брцкаат во млако млеко со шекер.
300мл млеко се мати со пудинзите и 10 лажици шекер,а настрана на оган се става 700мл млеко да зоврие.Се варат пудинзите и се остава кремот да се излади.Маргаринот пенесто се мати со шекерот во прав и му се додава на изладениот пудинг.Оваа смеса се дели на два дела,во едниот се додава црно чоколадо,во вториот бело чоколадо.Прво над бисквитите се става белиот фил па се редат кроасаните сечени на половина по должина ,па црниот фил и на крај повторно се редат потопени бисквити во млако млеко.На крај се украсува со шлаг или хопла.



Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, lida

Ре: Наши рецепти низ фотографии 23 Јул 2012 10:58 #208087

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1245
  • Thank you received: 868
  • Карма: 5
Еве нешто ептен освежително и вкусно

Во 1 литро вода и 16 лажици шеќер се 1 кг.сецкано овошје (со кајсии свежи или замрзнати е најубаво...ставив праски не испадна баш со кајсии е ммммм) 10-15 мин. Се додааат 16 лаж.гриз постепено со мешање да дојде како пудинг.
Се редат 2 реда бисквити потопени во млеко и се прелеваат дур е врело.
Во 700 мл. млеко и 12 лаж. шеќер се варат 3 пудинга од ванила. Се мати 1/2 маргарин,ванилин шеќер и малку шеќер у прав и се меша со пудингот. Се става одозгора.

Глазура
100 гр. чоколадо
100 мл. млеко
1 лаж. зејтин
50 гр. маргарин

се топи и иде најгоре


Последна промена: 23 Јул 2012 15:12 by Molly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, kiki, Frogy

Ре: Наши рецепти низ фотографии 04 Авг 2012 18:08 #209498

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Сушени шери домати во маслиново масло

Потребно
Шери домати
маслиново масло
рузмарин
шекер
сол
лук

Подготовка
Се сечат доматите на половина,алуминиумска фолија се става на плех и се редат доматите,се попрскуваат со маслиново масло,се сецка врз нив лук,се става рузмарин,се посолуваат,малку шекер и се ставаат да се сушат 2 часа на 100 степени во рерна.Потоа се исклучува рерната,и се оставаат уште 30мин.
Во тегла се додава малку маслиново масло и сол,се редат сушените домати,му се додаваат неколку чешњина лук,се дополнува теглата со масло .Вака припремени можат да стојат во фрижидер 6 месеци.Се служи како прилог,со секакво месо,компири,скара.....



Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Bubbi, Зока, isabella, Mami-Anje

Ре: Наши рецепти низ фотографии 21 Авг 2012 07:57 #211056

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Канапеи со пушен лосос

ржени тенки бисквити
маскрапоне
копар
зелена салата
пушен лосос

Маскрапонето се меша со ситно исецкан копар. Ржаниот бисквит се мачка со сирењето и врз него се реди салата, парче лосос се наросува со копар и по желба се става мало парче црвена пиперка (многу ефектна е црвената боја ама за жал немам слики од тие)
Брзо и многу вкусно

:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 21 Авг 2012 07:58 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, anusska, Bubbi

Ре: Наши рецепти низ фотографии 09 Сеп 2012 11:26 #212762

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Пита со сливи



Бисквит: 3 cups брашно, 3/4 cups шеќер, 2 1/2 tsp пециво, 1/8 tsp сол, 170 гр путер, 2 јајца, ванила, 3 tbsp млеко и 1/2 tsp изрендана лимонова кора.

Овошен фил: сливи, 1 cup шеќер, 1/4 cup брашно, 1 tsp цимет

Прелив: 40 gr путер, 1/2 cup брашно, 1/4 цуп кафен шеќер, 1/2 tsp цимет, 1/3 cup ситно сецкани ореви

Во процесор се става путерот и брашното, се мешаат добро. Се додава шеќерот, пецивото, солта, ванилата и убаво се меша. Се додаваат јајцата изматени со млекото. Се меси тестото додека да се изедначи. Се остава во фрижидер додека се приготвува останатото.

Се сецкаат сливите и се посипуваат со брашното, шеќерот, циметот и се меша полека за сливите убаво да се налепат.

За преливот се става путерот и брашното во процесор. Во садот се мешаат брашното со путер, шеќерот , циметот, солта и ситно сецканите ореви (јас во процесорот ги исецкав). Се меша убаво. Треба да биде како покрупни трошки.

Се расукува тестото за бисквит, се става во тава за тарт. Треба добро да се обложат и страните а вишокот да се исече. Врз него се ставаат сливите. Сливите се прелеваат со преливот, рамномерно нанесен. Се пече во претходно загреана рерна на 190оC околу 45-55 мин. Мене ми требаа 50 :)

Следниот ден е поубава ;) ...а да и скратив од шеќерот во бисквитот, но не и од филот затоа што сливите беа доста кисели...затоа завршија во пита :kez:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 09 Сеп 2012 11:48 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Наши рецепти низ фотографии 30 Окт 2012 02:41 #219375

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Vafli



2 cups brasno
1 tsp sol
4 tsp pecivo
2 tbsp seker
2 jajca
1 1/2 cups toplo mleko
1/3 cup stopen puter (80 gr)
1 vanila

Vo golem sad se mesaat brasnoto, solta, pecivoto i sekerot.
Vo drug sad se matat, racno ili so mikser, jajcata. Se dodava mlekoto, puterot i vanilata. Ova se dodava vo mesavinata so brasno i ubavo se mati dodeka da se izednaci smesata. Treba da se dobie malku pogusta smesa od onaa za palacinki.
Kalapot za vafli se zagreva ubavo i se pecat vaflite vo nego. Najubavi se koga se sluzat vednas.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 30 Окт 2012 02:48 #219376

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Easy Platz (Coffee Cake)



2 cups brasno
1 1/2 cups seker (1 cup, duri i malku pomalku e dovolno)
2 tsp pecivo
1 tsp sol
2/3 cup puter
2 mateni jajca
2/3 cup mleko
1 cup borovinki

Se zagreva rernata na 175oC. Se podmackuva i nabrasnuva tava za tart.
Se mesaat brasnoto, sekerot, pecivoto i solta. So procesor se procesira puterot so malku brasno, da se napravat troski. Se mesa ubavo se i se zema od mesavinata 3/4 cup i se trga na strana (za odozgora).
Se Matat jajcata i mlekoto i se dodavaat vo mesavinata so brasno
Smesata se stava vo tavata, odozgora se rasporeduvaat ramnomerno borovinkite i se poprskuva so troskite sto prethodno gi pripremivte.
Se pece 25-30 min ili na test so cackalica, cackalicata da e suva.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Ное 2012 04:44 #220089

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Македонски колач


Потребно:

16 лажици брашно
3 јајца
1 шоља сецкана посебна пилешка салама
1 шоља сецкано сирење
1 шоља сецкани или рендани варени моркови
1 шоља масло
1 шоља јогурт
малку магдонос
1 пециво


Сето ова се меша заедно во еден сад и се става во високо тесно плехче или во модели за мафини. Се посипува со сусам и се пече.


П.С. 1 шоља е од тие за млеко на пример, 200 мл.


The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zlatna, Roma

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Ное 2012 15:10 #220121

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
  • Карма: 13
Риба во фолија

потребни состојки
риба ослич 1кг
1 голема главица кромид
2-3 големи морковчиња
вегета, црн бибер, кари , магданос

На фолија се реди ред кромид , ред морковчиња и згора зчинетата риба ,па пак морковчиња и пак кромид и се става малку маслиново масло се мота во фолијата и на печење околку 1 саат и 15 минути на 250 степени еее прсти да изедеш е вака спремен ослич е преубав









Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
Последна промена: 05 Ное 2012 15:12 by Chocolate.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Ное 2012 15:49 #220122

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Пишии

700 грама брашно тип 400
15 грама свеж квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
200 мл топла вода

Се меси тесто од брашното, солта, шеќерот и квасецот со водата да биде меко замесено. Се остава да стаса околу 30 минути, се премесува, се дели на 8 топчиња и се оставаат пак да киснат 15 мин. Топчињата со рака се расукуваат да добијат форма на круг, да не бидат многу тенки, отприлика да бидат 1 прст дебели. Така се ставаат во кеса да одстојат уште 15 мин. Се пржат на врел зејтин притоа ги боцкаме со вилушка на неколку места за да нараснат.



The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky

Ре: Наши рецепти низ фотографии 08 Ное 2012 04:16 #220466

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Пекарски кифли

• 1 кг брашно
• ½ кг млеко топло
• 1 квасец
• 2 филџани мали зејтин
• 1 лажичка сол
• 2 лажички шеќер
Во млако млеко се става квасецот, шеќерот, солта и зејтинот и се промешува па се додава на брашното. Се замесува тестото. Не се остава да стаса веднаш се прават кифлите. Тестото се дели на 6-8 топчиња, јас го правев со 8 топчиња. Секое топче се расукува во форма на круг и се дели на 4 дела и се завиткуваат кифлите. Пред печење се премачкуваат со жолчка и јас ги наросувам со крупна сол да ми бидат посоленки. Инаку ова не се типични меки кифлички, тука баш се пекарски, потврди и крцкави, јас такви повеќе ги сакам. :trep:

Последна промена: 08 Ное 2012 04:18 by Cuvce.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky

Ре: Наши рецепти низ фотографии 19 Ное 2012 02:40 #221953

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Peceni jabolki so oves




5-6 jabolki
100 gr puter
1 dl seker
3 dl ovesni pahuljici
cimet

Se lupat i seckaat jabolkite na kriski, potenki. Se narosuvaat so seker (polovina) i cimet i se promesuvaat za ubavo da se nalepat. Se redat jabolkata vo podmackana tava.

Se topi puterot i vo nego se dodava ostatokot od sekerot, cimet i ovesnite pahuljici. Se pokrivaatjabolkite so ovaa mesavina kolku sto moze poramnomerno.

Se pece na 200 stepeni vo prethodno zagrena rerna okolu 10-15 min, no ako sakate poispeceni jabolki moze i podolgo no vnimavajte ovesot da ne izgori. Jas gi pecev poveke od 15 min na dolnata resetka od sporetot.

Druga varijanta e da se pecat zamo jabolkite 10 min, da se izvadi od rerna i da se posipe ovesot i da se vrati na pece´nje uste 10 min.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 19 Ное 2012 09:18 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, Frenky

Ре: Наши рецепти низ фотографии 21 Ное 2012 12:39 #222355

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Мусли колачиња

200 г мусли
130 г брашно
1 ½ лажичка прашок за пециво
прстфат сол
50 г кафеав шеќер
1 јајце
120 г путер
1 лажица мед

Во поголем сад, измешајте ги муслите заедно со брашното, прашокот за пециво и малку сол и додадете го кафениот шеќер.Со метална маталка изматете го јајцето со растопен путер на оган и потоа додадете го и медот и мешајте се додеа целосно не се растопи.
Вака подготвената смеса добро помешајте ја со смесата од мусли, шеќер и брашно. Се прават мали топчиња и се редат на плех обложен со хартија за печење, јас ги правев со лажичка - мерилка од 5мл, треба да бидат мали топчињата и не е важна формата бидејќи во текот на печењето се разлеваат. Се печат во загреана рерна на 180 степени не повеќе од 10 мин. Треба сосема малку да поцрвенат и иако изгледаат многу меки, кога ќе се извадат и оладат одма се стврднуваат.
Од рецептава јас не би ставала шеќер бидејќи и муслито е доволно благо, за мој вкус искочија премногу благи и путер не би ставила 120 г туку 100 или помалку бидејќи не ја ставив целата смеса од путерот со јајцето, немаше потреба.
Инаку се многу вкусни и брзи за правење, излегуваат некои 30 колачиња. Синко ми ги обожава, си го земал цел тањир пред него и крка колачиња. :laugh:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, mama, Frenky, Fairy

Ре: Наши рецепти низ фотографии 21 Ное 2012 13:12 #222361

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Mikimaus kakvi musli koristese?


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 21 Ное 2012 14:19 #222370

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Od vitalia crunchy so malina i borovinka imaat dodatok kafeav seker, malku mi bea krupni pa gi istolciv
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamatobe

Ре: Наши рецепти низ фотографии 24 Ное 2012 12:10 #222811

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95


se proprzuva luk i praz (moze i kromid), se dodavaat svezi pechurki i na tivok ogan se dinstaat zaedno so chasha mleko, malku belo vino i 5 lazichki brashno. po 10 min. sevo ova se preliva vrz svez seckan karfiol, odozgora rendan parmezan i vo rerna 15 min na 200C. zachini eden ton po zelba. nirvana!!!

moze da se pravat razni modifikacii. namesto mleko moze hopla ili pavlaka. brashno i ne mora, vinoto moze da se zameni so soja sos. moze da se dodade i brokula...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, mama, nate76, Nebo and this user have 5 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 28 Ное 2012 11:06 #223540

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
mama Vase aj pisi sto zacini stavas na ova gore receptot. Utre ke go pravam. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 22 Дек 2012 20:57 #227111

  • Mami-Anje
  • Mami-Anje's Avatar
  • Offline
  • senior
  • majka na dve prekrasni decinja
  • Теми: 1411
  • Thank you received: 1701
  • Карма: 3
COKOLADNA TORTA SO KOKOS

5jajca
PO 13 lazici brasno,seker,mleko,zejtin
3 lazici kakao
1 paketce kokos
pecivo
SERBET:50 lazici voda,40 lazici seker
GLAZURA
4 laz margarin
5 laz kakao
7 laz seker
2 laz zejtin
8 laz mleko
Se matat ubavo jajcata i potoa se dodavaat ostanatite sostojki pak se mati uste malku i se stava da se pece na 180 okolu pola cas moze i pomalku
Serbetot otkako ke zovrie da vrie 5 min i se trga i posle mlaka i tortata mlak i serbetot se poliva i odozgora se stava glazurata
Tortava mnogu brzo i lesno se potgotvuva a e mnogu mnogu vkusna :gotvi: :da:



"Da porasnu mala deca potrebna je hrana a najvise LJUBAV svakog bozji dana,ZATO deca mazite i ljubite sto vise da vam rastu kao trava...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, sonja 35

Рецепти низ фотографии 08 Јан 2013 08:40 #229001

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Онака ми текна, да направам ваква тема потикната од прашанјето околу бадниковото лебче, па кој има време нека го слика процесот на готвење за тие што не го знаеме полесно да го разбереме..

постирав еден рецепт во темата исхрана за деца со алергија, и си го направив за мојот прв ден на СТРОГА диета :D

Топло ладна салата

Живи намирници

4 листа зелена салата
пола јаболко
пола краставица
1 пиперка
1 патлидзан
роквици
магдонос



Намирници за во ВОК -тава

1 Морков
1/3 Тиквица
неколкуку цветчиња брокула
Неколку цветчиња карфиол
неколку цвежи Печурки



Во многу загреан ВОК се истура по ѕидовите малку масло, јас ставив сусамово, на и многу загреано масло се ставаат зеленчуците со постојано мешање. Внатре ставив и неколку корки стар црн леб. Се додава 1 коцка (10 гр) путер и се продолжува со мешање 2 мин.

промешувате и зачинувате со зачини по избор

Јас искористив
Шафран
Бибер
И мешан зеленчук од Алнанура





Потоа во додаваат семки
Сусам
Лен
Сончоглед
Тиква



И НАЗДРАВЈЕ!


When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
Последна промена: 08 Јан 2013 08:41 by Meyo.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, anusska, Marge, mamatobe and this user have 9 others thankyou

Ре: Рецепти низ фотографии 13 Фев 2013 15:44 #232493

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Многу едноставни, а ефектни

Чоколадни (глазирани) топчиња

За 40 колачиња:

За бомбиците:
200гр мелени бисквити
100гр какао
200гр шеќер
160гр вода, може и млеко
2 кесички ванила

Глазура:
400гр црно чоколадо
100гр млечно чоколадо

Во зовриена вода/млеко се става шеќерот да се растопи, а потоа се додаваат бисквитите и какаото. Од згуснатата смеса се прават топчиња. По желба може да се стави и лешник во средината.
Чоколадите се топат на пареаа (само чоколадите без додавање на вода или масло). Со помош на вилушка секое топче се валка во стопеното чоколадо.

Резултатот е крцкава чоколадна обвивка однадвор, а меко полнење :)




Every passing minute is another chance to turn it all around.
Последна промена: 13 Фев 2013 15:45 by mamatobe.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, Macence, macika, Независна

Ре: Рецепти низ фотографии 17 Јун 2013 16:11 #241519

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
brzo testo za pica koe ne se mesi






varijanta 1: testo, kashkaval, tikvici, piperki, pechurki, origano, maslinki, svez bosilek
varijanta 2: seto ova + domaten sos, kromid

vo prvata varijanta testoto beshe potenko i pokrckavo.
vo vtorata dodadov uhshte malku brashno ama sepak beshe krckavo. se pravi za pomalku od 30 min. e mnogu e vkusna
Последна промена: 17 Јун 2013 16:15 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, mamaAnita, macika, Octavia, Независна and this user have 1 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 19 Јун 2013 09:31 #241559

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Само да потврдам дека тестово е неверојатно. Се прави за 5 мин, се пече за 10, за 20 мин. цела пица спремна :pizza: . Мене веќе ми нарачаа дека сакаат пак иста пица :glad:
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот