Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Наши рецепти низ фотографии

Ре: Наши рецепти низ фотографии 27 Јан 2012 11:26 #176959

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
ljubica78 wrote:
frogi ovaa recepta za vo koja tava e pravoagolna sto e? Gledam tvoite se vo kalapi , edna doza za vo 2 kalapi?

Да во правоаголен калап и со две дози,значи посебно ги правев,еден со банана еден со јаболка :da:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 28 Јан 2012 17:27 #177158

  • julija
  • julija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 265
  • Thank you received: 65
  • Карма: 0
Еве ги моите пралине колачи.

Eve recept za ovie kolaci.Znaci ova e filot so koi se polnat kalapite:
Domasen Ferrero Rocher
150gr.ispeceni lesnici
100gr.napolitanki so vkus na lesnik
200gr.nutela(moze i drug crn eurokrem)
Vo iskrsenite napolitanki se dodavat seckanite lesnici i nutelata.Se mesa so lazica dodeka da se soedini smesata.Moze da se ostavi smesata vo frizider malku da se stegne.So race se oblikuvat bombici, amoze i vaka kako sto jas gi imam napraveno vo kalapcila.
Predhodno kalapite se mackat so rastopeno cokolado ,znaci 100gr.cokolado so 3 lazici maslo se topi na parea .Se macka kalapot se stava vo zamrznuvac 10min,pa povtorno se macka i taka 3 pati istata postapka i na krajot s epolni so prigotveniot fil.i povtorno s eostava vo zamrznuvac okolu 1 h i se vadat kolacite.Povelete probajte .Preubavi se za dekoracija.
Последна промена: 28 Јан 2012 21:26 by Frogy.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita, macika, Frogy, bart, Meyo

Ре: Наши рецепти низ фотографии 29 Јан 2012 10:20 #177207

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Prefini maffini so jabolka i orevi.

[img size=300x300]i33.photobucket.com/albums/d78/Maja1974/DSC_0389.jpg[/IMG][/img]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии! 20 Фев 2012 15:07 #182436

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Еве ги и моите прасиња :jupi: После 3,5 саати месење еве што успеавме јас и моето синче-џејми оливер да направиме :)
п.с нудам цела тава од прасињата на тој што ќе се пријави да ми ја расчисти кујната :zelen:

Последна промена: 22 Фев 2012 05:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, mamaAnita, Bubbi, biljann, Frenky and this user have 5 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 03 Мар 2012 14:30 #185771

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Оваа торта ја правев за на сестра ми роденденот,од памет ја измислив и изненадена сум од вкусот :skok:

Карамел Торта
Потребно:
За тесото
10 белки се матат со 200гр шекер,откако убаво ке се изматат се додава 6 лажици брашно,150гр сецкани печени лешници и се печи во загреана рерна на 180степени.
Фил:10 жолчки се матат со 2 пудинзи од карамел,и 100мл млеко,настрана се става 400мл млеко да зоврие,му се додаваат 100гр карамели да се стопат,и 100гр шекер.Откако ке зоврие млекото му се додаваат пудинзите со жолчките и се вари како пудинг.Откако ке излади кремот му се додава 300гр изматен маргарин со 150гр шекер во прав.Се сечи пандишпанот на 3 ленти и се филова тортата.




Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Dolphin, biljann, Tara, Ананда and this user have 1 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 03 Мар 2012 16:58 #185777

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
  • Карма: 28
и мајка ми ја правии оваа торта и преубава е-да знаеш рецептов ти е надалеку познат ако е точно ист, сега неможам да се сетам ама многу слично ми изгледа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 03 Мар 2012 17:50 #185781

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Е незнам јас не сум сретнала досега и баш е од памет и мерки и се,баш ме интересира рецептот од мајка ти :da: Зошто би лажела ако сум го прочитала некаде,незнам што би добила :ne:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Мар 2012 03:15 #186029

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115


Кај ќерка ми на училиште организираат денес базар со продажба на домашно приготвени јадења и јас ги направив колачињата што ги има постирано Cize во темата ми треба рецепта. Прекрасни излегоа :OK:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Наши рецепти низ фотографии 07 Мар 2012 20:40 #186874

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Печени крофни
Потребно
1 јајце
600гр брашно
малку сол
2 лажици маргарин
кора од лимон
1-2 лажици шекер
350мл млеко
1 свеж квасец

Подготовка
Се стасува квасецот со млакото млеко,шекер и малку брашно.Се меси тесто,се остава да стаса 20мин ,потоа се развлекува кора се сечат кругови и тие се оставаат да стасат15-20мин.Крофните се печат во загреана рерна на 180 степени 15-20мин.Се сечат на половина,се премачкуваат со еурокрем,се декорираат со шекер во прав.
Многу ми се допагаат ,поубави ми се од пржените,и се екстра брзи :OK:



Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Bubbi, mama, kiki, lusi and this user have 5 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 08 Мар 2012 19:19 #187146

  • isabella
  • isabella's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 43
  • Thank you received: 24
  • Карма: 0
Браво Froggy, како добро ми дојде рецептава за печените крофни :aleluja:
Мм веќе еден месец ми пека за крофни, ама јас никако да се решам да направам само поради тоа пржење во зејтин.
Кажи ми само какви се на вкус, вкусни ли се како пржените крофни и да не испадне дека сум направила земички намачкани со крем :wtf:
И.Ш. 16.01.2010
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 08 Мар 2012 19:39 #187147

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Мене ми се многу убави,не се како пржените бидејки не се мрсни,ако го направиш меко тестото ке ти дојдат ептен меки,пробај пола доза да го осетиш вкусот.Јас вечерва пак ги направив,уште поубави испаднаа,не ги сечев како кругови туку правев топчиња со рака,мекушки се,сите ми ги бендисаа и незнам дали друг пат пак би пржела крофни :rofl:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: isabella, forumce

Ре: Наши рецепти низ фотографии 08 Мар 2012 22:31 #187148

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
  • Карма: 28
Frogy wrote:
Е незнам јас не сум сретнала досега и баш е од памет и мерки и се,баш ме интересира рецептот од мајка ти :da: Зошто би лажела ако сум го прочитала некаде,незнам што би добила :ne:
Таман работа-не реков дека лажеш туку ако ти е објавен некаде, може мајка ми да го има најдено на нет, оти си има таков обичај :kiss: А можеби и не е идентичен
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 29 Мар 2012 18:49 #191675

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
БРОНХИ ТОРТА

Кори x 3
Потребно(за 1 кора)
4 белки
малку сол
100гр шекер
45гр остро брашно
30гр скробно брашно
1 лажица пециво
малку оцет
1 лажица рум
80мл масло
(истото за 2 кори)
за 3 тата кора исто но наместо 30гр скробно брашно,да се стави 20гр и да се додаде 30гр какао.
Се печат една по една на 150 степени,важно е да останат бели,да не се препекуваат.
Фил
200мл млеко се меша со 100гр остро брашно и 100 гр скробно брашно,додека настрана 800мл млеко,се става на оган заедно со 1 бело чоколадо и 200гр бронхи карамели,и 2 ванили.Откако ке зоврие млекото му се додава брашното со млекото и се вари густ крем.Се остава да се излади.Белите кори се премачкуваат со 170гр стопено чоколадо,со 3 лаж.масло и 70гр маргарин,и се оставаат да се стегне чоколадото.
300мл хопла се бие настрана,исто и 150гр маргарин,додека 1 кесичка желатин се остава да кисне во 50мл вода.Откако кремот ке се излади му се додава маргаринот изматен,хоплата изматена и искиснатиот желатин.Третина од филот се дели и му се додава 70гр стопено чоколадо.
Се филова тортата по следниот редослед
бела кора,чоколадна глазура,бел фил,црно тесто,црн фил,бело тесто,чоколадна глазура,бел фил и се остава во фрижидер да се стегне малку па се полева со завршна чоко глазура(230гр чоколадо,9 лажици масло и 2 лажици мед)---може да се направи помала количина на глазура бидејки е многу.Бон апетит!




Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize, Ананда, meU87

Ре: Наши рецепти низ фотографии 06 Апр 2012 17:47 #193140

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Ролат со банани
Потребно
за тесто
6 јајца се матат со 6 лаж.шекер,му се додава 6 лажици брашно,2 лажици масло,2 лажици какао и 1 пециво.Се печи во загреана рерна на 180-200степени.Откако ке се испечи се витка во вид на ролат во влажна крпа да олади.
Фил:3 јајца се матат со 10 лажици шекер и 1 ванила па се варат на пареа заедно со 1 чоколадо убаво да згустне.Откако ке се олади му се додава 1 изматен маргарин.Се филова кората се редат по 2 банани од двете страни се витка ролатот од двете страни подеднакво и се врти со краевите одоздола.Се украсува со чоколаден шлаг крем.




Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 06 Апр 2012 17:49 by Frogy.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Ананда

Ре: Наши рецепти низ фотографии 07 Апр 2012 04:08 #193185

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
  • Карма: 0
Фроги алал да ти е, секоја чест. На секоја нова слика, рецепт што ќе ги поставиш незнаеш колку ти се воодушевувам, а посебно со ова тортите, обожавам благо , сега во бременоста единствено што би можела постојано да го јадам се домашни торти(не оние од слаткарниците :ne: ) :sram2:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Наши рецепти низ фотографии 07 Апр 2012 17:05 #193255

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Медени коцки-посно

Потребно:
400 мл ладна вода
400гр брашно
400гр шекер
3 лажици масло
половина лажичка цимет
малку каранфилче
1 лажиче сода бикарбона
1 лажица какао
1 лажица мед
половина пециво
плус:Мармалад од сливи и чоколадо за премачкување.

-Се мешаат сите состојки и се остава тестото да кисни 15 тина минути,па се пече во намрсена тава на 180-200степени 15 тина мин.Се сечат коцки,се сечат на половина се премачкуваат со мармалад и се украсуваат со стопено чоколадо.



Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, nate76, bibip, Ананда

Ре: Наши рецепти низ фотографии 10 Апр 2012 04:28 #193719

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Frogy wrote:



Егзотик Торта

Потребно:
за тесто:10 белки се бијат со 200 гр шекер во прав,300 гр сецкани ореви(потпечени)2-3 лаж.оцет,може 3-4 лажици брашно и малку пециво.

1 фил:4 жолчки,4 лаж шекер во прав се варат на пареа,потоа се додаваат 3 лажици густин измешан со 1 филџан млеко.се вари густ крем.Откако ке се олади се додава 150 гр изматен маргарин.
2 фил:6 жолчки ,4 лажици шекер во прев се варат на пареа,се додава 200 гр чоколадо,и откако ке се олади се додава 1 изматен маргарин.Тестото се сечи на 3 дена и наизменично се филова со двата фила.

vakane izgled e kkoona od kanela, a vkusot sliceni e?
Sakam neka obra da arvam sega za veligden pa j bndisav ova
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 12 Апр 2012 03:08 #194199

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Ah eve ja i mojata prva Sacher torta [img size=300x300]
Za vkusot nemam pojma ke ja seceme i jademe na Veligden.

Receptot e od ovde foodforthought-jelena.blogspot.com/2011/...ja-sacher-torta.html
Последна промена: 12 Апр 2012 04:15 by Majsi.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, Bubbi, mama, mamatobe and this user have 5 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 14 Апр 2012 16:53 #194613

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Бидејќи не издржавме до утре денес ја пресековме тортава и морам да ви кажам за оние кои се вистински љубители на чоколадо ова е права ствар за нив. ;)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart, Cuvce

Ре: Наши рецепти низ фотографии 15 Апр 2012 10:47 #194663

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Еве го и мојот велигденски зајко, еве линк до рецептот.



Се искочи супер и кога го расеков зајко што да видам, од внатре живо тестото :zid: Цел зајко отиде во ѓубре :mdf: Не ми е јасно зошто така излезе, следев ептен упатства како што пишуваше, дури и повеќе го печев од тоа што пишуваше :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, Frenky, macika, Meyo

Ре: Наши рецепти низ фотографии 15 Апр 2012 13:39 #194671

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Mikimaus sekogash kog pechesh pogachi nemozesh da se vodish po upatstva, najdobaro se gleda dali se ipekla pogachata e koga kje stavish cackalica i koga kje ja izvadish treba da bide soz suva, ako testoto ne e pecheno kje ostane po neshto na cepkalkata.

Isto druga finta koja mi ja ima kazano baba mi e posle minutite predvideni za pechenje , ako e podebela pogachata da ja namalam na 50/70 stepeni i da ja ostavam da se tishti edno 10 minuti posle da ja isklucham rernata a pogachata da postoi ushte malku vnatre...

Pechenjeto jas se vodam po testoto, znam kolku vreme treba da se peche , kolku e testoto po natvrdo zameseno kako leb na pr. se poche pokratko od kolku ako e mokro testoto.

Sega pogahive shto gi pechev pishuvashe pomalku vreme no za da se ispechat kako tho treba ima trebashe ushte 20 minuti spored proverkite.


vaka mnogu ubavo izgleda pogachava shteta shto ne bila ubavo ispechena sigurna sum deka bila mnogu vkusna.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 15 Апр 2012 14:24 #194676

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Ништо Мејо памет за следниот пат :poimnemam: А истото тесто е како и за прасињата, кога ги правев нив многу вкусни ми испаднаа, тука пишуваше да се пече 10 мин на 200 па да се покрие со фолија да се пече усте 20 мин на 180 и после откриено уште 2-3 мин. Кога ја тргнав фолијата воопшто не беше испечено, па го оставив да се пече уште некои 20-30 мин. Дури и така живо беше ептен вкусно, уф да испаднеше ко што треба, што јадење ќе паднеше :hahaha: Него добро е што на ручек кај свеки бевме само ние, замисли и други гости да имаше, па јас онака театрално го носам зајко, па му удирам сликање, сите воодушевени леле шо убаво си го направила и го сечеме зајко а он жив, мрда :muahaha:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Simona`s mom, mamaAnita, macika, Frogy and this user have 1 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 16 Апр 2012 07:01 #194739

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
Super e zajkoto navistina :OK: , a za vo vrska so pecenjeto ednas jas leb pecev i taka mi izleze ziv vnatre i majka mi mi kaza deka pred da se pece mora da se izbocka so cackalica na poveke mesta za da "DISE" testoto, mnogu ne sum iskusna so pecenje na lebovi i pogaci , no mozebi ima vrska ova ???:poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 04 Мај 2012 11:57 #197554

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60
Да споделам со вас неколку фински рецепти. Лесно и брзо се припремаат а многу се вкусни

RAHKA PIIRAKKA или во превод ПИТА СО КАЈМАК



Бисквит: 350 гр брашно, 2 tsp пециво, 2 tsp ванилин шеќер, 0.5 tsp сол, 200 ml млечна крема (млечна хопла или густ јогурт може), 1 јајце и 50 ml зејтин
Фил: 250 ml кајмак, 1 јајце, 100 gr шеќер и 100 ml млеко

Се замесува тесто од сите наведени состојки.Серасукува во круг, но не многу тенко. Се става во подмачкана тава со дијаметар 30 cm (тава за тарт, плитка). Се притиска со прсти за да се постави рамномерно на дното и страниците. Во случај да има вишок на краевите се сече вишокот

Се мати филот од сите состојки и се истура врз тестото.
Одозгора се наросува ванилин шеќер и цимет.

Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин или додека средината на мал притисок со прст се враќа назад ... ух ама објанив :poimnemam:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 05 Мај 2012 03:49 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, biljann, macika, Cveta

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Мај 2012 03:51 #197627

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2981
  • Thank you received: 1371
  • Карма: 60


Еве ја истата пита ама во филот ставив 2 рендани јаболка со цимет. :skok:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Majsi, Cveta

Најново на форумот