Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Наши рецепти низ фотографии

Наши рецепти низ фотографии 28 Дек 2009 15:52 #7091

  • Rocka
  • Rocka's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • ♥ ★ ♡ ★ ♡ ★ ♥
  • Теми: 82
  • Thank you received: 4
  • Карма: 119
ммооeeттoo vcerasno remek delo :D






- 200 gr svinski vrat (ili nesto slicno suvomesnato)
- 200 gr pecurki
- 200 gr kechap
- 1 kromid
- 1 morkov
- kocka za supa (govedska, pileshka, od pecurki whatever)
- magdonos ( i origano po zelba)
- sale e pepe :)


Zaprzete gi kromidot i morkovot, sitno seckani, dodajte gi mesoto i pecurkite, po nekoja minuta dodajte go kechapot i malku topla voda (moze od makaronite sto se varat vo meguvreme). Dodajte gi supata i zacinite, kako i lazicka sheker. da krcka na tivko 15 min.

Bon Apetiit ;)
Just because you’re leaving doesn’t mean I’m letting you go.
Time has a wonderful way of showing us what really matters.

Death Of The Poet
Последна промена: 29 Дек 2009 03:54 by Rocka.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Одг: Наши рецепти низ фотографии 02 Јан 2010 06:04 #9226

  • Rocka
  • Rocka's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • ♥ ★ ♡ ★ ♡ ★ ♥
  • Теми: 82
  • Thank you received: 4
  • Карма: 119



Мојот новогодишен рецепт, Свинскo Каре ала Rocka

- 1.5 Свинско каре
- 200 гр сланина
- 2 моркови
- 2 лимони
- суво грозје
- 250 мл бело вино
- сол, бибер, вегета

Месото исечете го по долзина, на средина и отворете го како тетратка. Посолете, побиберете повегетете го. Наредете го со сланина, крукчиња моркови, рака - две суво грозје, полејте го со сок од еден линот и заклопете го. Затворете го со чачкалици да не испадне филот. Пржете го на врел зејтин во тавата за печење, од сите страни, околу 10-15 мин.
Исцедете сок од еден лимон и додајте го во виното, па сето тоа во тавата. Затворете ја тавата со алу-фолија или со капак ако има и оставете го во релна да се пече 2 часа на 150 степени.
На крај печете го отворено уште 15-20 мин.

Бон Апетит :)
Just because you’re leaving doesn’t mean I’m letting you go.
Time has a wonderful way of showing us what really matters.

Death Of The Poet
Последна промена: 13 Фев 2010 22:52 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Наши рецепти низ фотографии 12 Сеп 2010 03:02 #50860

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Грчки колачи - Nou Nou

Состојки
- 1 путер
- 40 бисквити petit beure
- 200 г ореви сечкани
- 100 г чоколадо сечкано
- 100 г кокос
- 1 конзерва млеко Nou Nou zaharuho

Подготовка:
Се топи путерот и во него се натопуваат бисквитите па се редат во плех обложен со хартија за печење. Јас користам тепсија долгнавеста бр.40. Се редат два реда, над нив се реди кокосот, сечканите ореви и чоколадо, па се прелева со млекото. Се пече 15- 20 мин. на средна температура. Се остава да се излади малку и се сече, на штанглички, па се служи.

Тајната на овие слатки, е во млекото, кое инаку е слатко кондензирано млеко (густо и многу благо) кое го набавувам од Грција. Овде засега го нема. Ама сепак за секој случај еве ја рецептата - па кој ќе си набави вакво млеко нека проба :zelen:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 15 Јул 2011 15:11 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Наши рецепти низ фотографии 21 Сеп 2010 02:55 #53739

  • Rocka
  • Rocka's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • ♥ ★ ♡ ★ ♡ ★ ♥
  • Теми: 82
  • Thank you received: 4
  • Карма: 119


HELL'S CHIKEN ala ROCKA

Фаќаш едно младо пиле и го расчеречуваш.
Мешаш паклена маринада: 300гр Томатело, вегета, сол, многу бибер, многу лјут буковец, вода малку, сипуваш тоа во тавата со кутрото пиле, све фино мешаш и ставаш во пеколна релна да се мучи на 170 Ц о...колу 1 час, непокриено, секако. На крај ставаш 200гр макарони да го упијат сосот. Бон апетит.
Just because you’re leaving doesn’t mean I’m letting you go.
Time has a wonderful way of showing us what really matters.

Death Of The Poet
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Наши рецепти низ фотографии 26 Сеп 2010 18:48 #55396

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Тробоен Куглоф

Потребно:
За 1 и 2 дел:
6 жолчки и 1 цело јајце се матат со 6 лажици шекер и 1 ванила,потоа му се додава 6 лажици масло,6 лажици вода или млеко,6 лажици брашно и 1 пециво.Од оваа смеса пола се истура во намрсен куглоф и се става да се печи на 200 степени.Откако ке се испечи првиот дел му се додава вториот во кој предходно ке додадеме 1 лајче какао.Вториот дел се печи на 180 степени.
За 3 дел:
6 белки се бијат со 6 лажици шекер,откако ке се добие цврст снег од белки му се додава 6 лажици масло,6 лажици брашно,пола пециво,1 шола сецкани ореви или лешници(на сликата е со лешници,повкусно е,ама со ореви поубаво игледа)Откако ке се испечат двата дела му се додава третиот кој се печи на 150 степени повеке време се додека не порумени.

пробајте многу е брзо и вкусно! :OK: :OK:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 20 Ное 2010 23:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 26 Сеп 2010 20:13 #55420

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Фроги, јас ова би го јадела, ух, знаеш како :skok: :skok:

Ама дај жити се објасни како оди печењето, тапа сум ништо не разбирам :blink: .
Тава за куглоф немам, :blush: па ништо не ми е јасно. Откако еден дел ќе се испече, врз печеното се сипува вториот? Па не гори ли првиот дел? Или како? И после врз двата печени и третиот?:poimnemam:
И кое по колку време се пече?
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 26 Сеп 2010 20:14 by redsonja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 26 Сеп 2010 20:46 #55424

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
redsonja wrote:
Фроги, јас ова би го јадела, ух, знаеш како :skok: :skok:

Ама дај жити се објасни како оди печењето, тапа сум ништо не разбирам :blink: .
Тава за куглоф немам, :blush: па ништо не ми е јасно. Откако еден дел ќе се испече, врз печеното се сипува вториот? Па не гори ли првиот дел? Или како? И после врз двата печени и третиот?:poimnemam:
И кое по колку време се пече?
Редсоња ако немаш тава за куглоф,пробај во некое друго тавче.Значи секој дел се пече поединечно,прво првиот дел на 200 степени,ке видиш со прст ако има фатено коричка се става вториот дел,и тој се пече на 180 степени,и тој се проверува со чечкалица и на крај третиот дел се пече повеке време на 150,(незнам точно колку ама сигурно над 20 минути)јас проверувам со прст,кога ке се стврдни одозгора значи е готово.Инаку ако третиот дел е со ореви,тогаш ке дојде бело со црни точки,ептен декоративно.Мислам дека добро објаснив ;) ;) Ако не,можеш повторно да прашаш тоа што не ти е јасно :kiss:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 29 Сеп 2010 18:29 #56431

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Вчера правев една торта која испадна ептен убава и вкусна тортата нема име бидејки ја правев од памет па затоа ке ја крстиме А ла Диана :hahaha: :hahaha:

Торта со лешници

Потребно
За тесто:
10 белки се матат со 10 лажици шекер,1 ванила.Откако ке се избијат убаво му се додава 10 лажици брашно,10 лажици масло,1 пециво,1 лајче какао,и 1 филџан за кафе сецкани лешници.Се печи на 150-180 степени.

Фил
10 жолчки се бијат со 10 лажици шекер во прав,12 лажици брашно и 350 мл млеко.Настрана во тенџере не оган ставаме 400 мл млеко и откако ке зоврие млекото 2 чоколада за готвење.Потоа на зовриеното млеко му се додава смесата од жолчките и се вари како пудинг(се меша повеке време бидејки има многу смеса,и нека не ве плаши ако во почетокот се згрутчува,со постојано мешање,и да се намали температурата ке си дојде мазна смеса) Откако ке се олади оваа смеса,му се додава на претходно изматен маргарин со 200 р шекер во прав и сето тоа убаво се мати и му се додава 1 лажица капучино по желбаи 1 рендано чоколадо.Тестото се сечи на 3 ленти и се филова со филот.

Пробајте многу е вкусна






Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 17 Ное 2010 17:30 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 29 Сеп 2010 21:55 #56451

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21



Егзотик Торта

Потребно:
за тесто:10 белки се бијат со 200 гр шекер во прав,300 гр сецкани ореви(потпечени)2-3 лаж.оцет,може 3-4 лажици брашно и малку пециво.

1 фил:4 жолчки,4 лаж шекер во прав се варат на пареа,потоа се додаваат 3 лажици густин измешан со 1 филџан млеко.се вари густ крем.Откако ке се олади се додава 150 гр изматен маргарин.
2 фил:6 жолчки ,4 лажици шекер во прев се варат на пареа,се додава 200 гр чоколадо,и откако ке се олади се додава 1 изматен маргарин.Тестото се сечи на 3 дена и наизменично се филова со двата фила.


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 17 Ное 2010 17:30 by Molly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, lavce, Ананда, julija and this user have 1 others thankyou

Ре: Наши рецепти низ фотографии 18 Окт 2010 18:47 #62693

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Пастрмајлија

Потребно
Свинско месо(исецкано на коцки)
1кг брашно
1 шола масло
1 лаж.сол
1 квасец
млака вода за замесување
јајца

Подготовка

Месото го сецкаме на парчиња и го оставаме да преноки во фрижидер со малку масло,вегета,црвена пипер и малку буковка.
Квасецот го стасуваме со малку вода,малку шекер и малку брашно.Месиме тесто со 1 кг брашно,1 шола масло стасаниот квасец и сол и вода колку што е потребно.Тестото треба да биде меко.Го делиме на 8 дела(јас го поделив на 10 и добри испаднаа во големина)и ги оставаме секое топче да стаса убаво.Потоа од секое топче правиме пастрмајлија одозгора ставаме месо,ги полеваме со матени јајца(да не биди многу) и ставаме на секоја пастрмајлија по 1 лажица свинска маст.Ги печиме во загреана рерна на максимум.И се печат.Многу се вкусни и меки ,јас денес ги направив се изнајадовме,јас направив две дози ама премногу излегуваат со 2 дози.Тој што е мерак за месено нека си направи :zelen: :zelen:




Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 17 Ное 2010 17:31 by Molly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Mama Ane, lavce, Bumba, Molly

Ре: Наши рецепти низ фотографии 20 Окт 2010 14:22 #63216

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
dijana bas vikendov pravev pastrmajlija i super izleze , pa kako na slikava , samo sto jas ja pravev vo golema tava od sporetot i cisto kako reper na ostanatite , so ovaa istava doza sto ja ima pisano frogy izleguva takva golema tava i plus edna od onie kako za mini sporet sto se
vo nedela pak ;)
edit: zaboraviv da dopisam , jas bidejki nemav svinska mast , stavav po malku kristal margarin na nekolku mesta i so cetka pri kraj na pecenjeto gi mackav kraevite mmmm ubavina
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 20 Окт 2010 14:24 by Dolphin.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 28 Окт 2010 17:59 #66017

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
  • Карма: 9
Крофни

Потребно:

малку Сол
250 милилитри Млеко
200 милилитри Масло
1 Кора од лимон
2 суви Квасеца
200 милилитри Вода
1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
1 килограм/и Брашно
5 Јајца/це
5 Шекер лажичка/ки

Во средината на брашното направете вдлабнатина и додадете ја целата смеса заедно - солта , млекото , маслото , кората од лимон , 2 квасеца , водата , ванилин шекер , брашното , 2 цели јајца и 3 жолчки и шекерот. Се меси тестото и се остава да стаса. Со помош на чаша се прават кригови , се ставаат два еден врз друг и во средината се прави помало кругче со помош на капаче од шише. Маслото се загрева и крофните се пржат. Крофните се украсуваат по желба

Последна промена: 28 Окт 2010 18:02 by Slavica.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Наши рецепти низ фотографии 05 Ное 2010 21:59 #69093

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0

Катузо- мој рецепт

400грама телешки пафлак, предходно обарен
печурки - кој колку сака да си стави
компирчиња ситно сецкани со морковче
зејтин - маслинов
малку лукче со сос направен по моја рецепта( запржено лукче со маслиново зејтиче, едно младо кромидче ситно исецкано, зачини - вегета, коријандер, магдонос,рузмарин, бибер во зрно и во прав)
Сето се става во тава, се реди месото и се подпекува. Добар апетит!!!




Мини пици со кифлички, кисело млекце и јогурт
Пола доза:
1кг брашно
2јајца
4 супени лаж шеќер
3 мали лаж сол
10лаж зејтин
пола ванилин шеќер и пола пециво
1 квасец сув
1/2кг млеко млако и вода
Стасуваат пола час, тестотот се рассукува во кора и се сечат со чаша поголема и помала.Делот од поголемата чаша се става во тава на него се мачка од кечапот, се става вториот дел сечен од чаша во чаша. Внатре се става по желба кој што сака, но јас ставав сецкана пилешка салама, пршутче, сланина( во секоја пица посебно - не ги мешав), кашкавал, оригано и врз нив кечап повторно. Стасуваат пола час и се печат на температура од 180 степени околу 20тина минути, кога ке ги избадите кората премачкајте ја со путерче и ке видите колку ке биде мека.
Кифли
Кифлите ги правев од истата смеса, внатре ги полнев со рендано биено сирење и сецкана пршута(мое омилено нешто е ова),ги виткам и стасуваат, ги премачкувам и кифлите и пиците со жолчка пред печење им посипувам сусам. Пред печење им ставам малку маргаринче, исто се печат 20мин на температура од 180 степени.
ДОБАР АПЕТИТ !!!!!
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, nenuska

Ре: Наши рецепти низ фотографии 20 Ное 2010 22:57 #75114

  • marina_m
  • marina_m's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 6
  • Карма: 1
dijana edno prasanje do tebe za tortata egzotil kakov ocet stavas neli i dava kisel vkus na tortata????????? i moze li i bez nego
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Aneta

Ре: Наши рецепти низ фотографии 20 Ное 2010 23:47 #75123

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Марина ставам апкохолен оцет не му дава кисел вкус,незнам дали може без него,ете наводно поубаво се мателе белките со оцет,поубаво излегувале.Незнам што да ти речам,инаку без гајле нема да биде кисело тестото.


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 20 Ное 2010 23:50 #75124

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
оцетот не само што дозволува да се изматат белките поубаво, туку и не дозволува да спласнат. исто се става во матени белки кои се печат како колачи, кај нас познати како Целувки.
и воопшто не дава кисел вкус.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce, Goddess^

Ре: Наши рецепти низ фотографии 24 Ное 2010 01:34 #76568

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Брза пита




15 лажици брашно
3 јајца
1 пециво
250 г сирење
1 чаша јогурт
1 чаша масло
и јас си додадов околу 100 г пилешка шунка рендана (во основниот рецепт ја нема)

Се матат јајцата, се додаваат измешани брашното и пецивото. Се додаваат јогуртот и маслото, па ренданото сирење и саламата. Се пече и се јаде топло.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 07 Апр 2012 16:00 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, Mama Ane

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 01:28 #77127

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
За вечера ги почастив домашните со кроасани, целосно моја измишљотина, ама битно убави испаднаа. Нормално им дадов мое име :muahaha:
Aнини кроасани

Потребно е:

1 пакување замрзнато листесто тесто
мармалад од шипинки (може и друг, ама мене овој ми е најубав)
малку маргарин
1 јајце
прав шеќер

1. Развлечете го листетото тесто (претходно одмрзнато) со сукало, да биде тенко. Со помош на калапче исечете кругови. Јас користев калпче за правење панцероти.


2. Земете едно кругче од тестото, па ставете го во средина на калапчето. Ставете малку мармалад. Јајцето скршете го и одделете ги белката и жолчката. На пола од кругот, по крајот премачкајте со малку белка. Не го мачкајте цело кругче, оти нема да се залепи.


3. Стиснете го калапчето, да се залепат краевите и готовите кроасани наредете ги во плех подмачкан со малку маргарин.


4. Кога ќе завршите, премачкајте ги со матена жолчка. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна. Ако е ладна рерната нема да се крене тестото.


5. Готовите кроасани оставете да се изладат малку, па потоа посипете ги со прав шеќер и кркајте...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 20 Мај 2012 06:16 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, Mama Ane, Molly, bubale23, Ane M

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 03:59 #77201

  • Sandra
  • Sandra's Avatar
  • Offline
  • new born
  • :)
  • Теми: 145
  • Thank you received: 14
  • Карма: 7
Ане, на колку степени се печат?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 19:13 #77529

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
  • Карма: 31
Колач со афион

Потребно
4 чаши брашно , 2 чаши млеко , 2 чаши шеќер , речиси 2 чаши масло , 100гр.афион во зрно , 1 ќесичка в.шеќер , 1 ќесичка прашок за пециво
(Чаша за вода)Доколку изгледа по суво додатете малку млеко

Подготовка
Се тоа добро се меша.Се истура во подмачкан и побрашнет сад (тепсија) и се пече во загреана релна на 200С 30 до 40 минути.Кога ќе се олди се прелива со растопено чоколадо (малку зејтин и млеко,300гр.чоколадо за готвење) или со шеќер во прав.
Лесно,брзо и вкусно
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: kukulicka

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 19:49 #77561

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Sandra wrote:
Ане, на колку степени се печат?
Jaс ја загреав рерната на 250 степени, па намалив на околу 180 степени и се печат додека добија убава златно - жолта боја.
Битно е да е убаво загреана рерната, оти во спротивно листестото тесто ќе се сплеска и нема да се подигне.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 21:21 #77602

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
@ Ane sakav da te prasam kaj zimas pakuvanje zamrznato lisnato testo i dali direkno se raboti na nego ili treba da stasuva da se mesi , da se suka ,zosto jas sum anti talent za so testo po moznost ako ima gotovo samo da se naredi i ispaece zatoa prasuvam.
Последна промена: 25 Ное 2010 21:39 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 25 Ное 2010 22:19 #77616

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Да Мирка - пишав едно пакување замрзнато листесто тесто
го купувам во Веро и чини околу 60 денари.
се одмрзнува па се сука
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Наши рецепти низ фотографии 29 Ное 2010 04:08 #79322

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Од денес па натаму - рецептите објавени овде - со квалитетна фотографија и убаво напишан рецепт, ќе ги преземаме и објавуваме на насловната од порталот.Се надевам ова нема да ви претставува проблем, туку ќе ве поттикне да ни пишувате уште повкусни и поинтересни рецепти
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 29 Ное 2010 04:21 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy, Molly

Ре: Наши рецепти низ фотографии 01 Дек 2010 02:30 #80448

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52


Макарони со босилек

потребни состојки за две лица : половина пакување макарони,
три-четири домати ( или сос од домати),
маслиново масло,
лук,
магдонос,
босилек,
сирење или пармазан за декорација ,
сол, био зачин, магдонос,

Макароните се варат во солена вода со малку зејтин.Откако ќе се сварат се мијат со ладна вода.
Во друго тавче се става маслиново масло и лук да се подзапржи сосема малку,1-2 минути, на тивко. Потоа се ставаат доматите ( излупени и изрендани ако не е се готово пире,преферирам свежи) и се крчка на тивко 5 минути. Потоа се става босилек и магдонос, био зачин и сол по вкус. Уште неколку минути се крчка и потоа се меша со макароните. Се сервира со сирење рендано ( на сликата е козјо) и ситно сечкам магдонос. Добар апетит !

п.с фотографијата е дело на мм :)
Последна промена: 01 Дек 2010 02:31 by Nataly.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, ZZ, Mama Ane, mami29, vodolija and this user have 2 others thankyou