Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Чорби, супи, манџи...

Чорби, супи, манџи... 03 Ное 2010 02:56 #67910

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
lavce wrote:
чорба од зеленчук

Праз и малку кромид ги пропржувам, додавам рендан морков да се пропржи. Кога ќе омекне празот и морковот кога ќе пушти арома ставам вода и во неа се од ситно сецкан зеленчук: боранија, грашок, пиперка (по можност црвена), карфиол, тиквичка (ако имам), компир. При крај од варењето зачинувам со вегета и сол, додавам брокула, сецкан магдонос и целер листови и малку палента за да згусне ако има потреба. Децата ја обожаваат чорбава.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce

Ре: Ми треба рецепта 11 Јан 2011 19:22 #100862

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Јас домашна супа со зеленчук правам вака, по овој редослед:
На крупно рендам морков и компир, ставам биозачин, сушен целер, сецкам кромид, лук и праз, потоа сецкам карфиол и брокула и ставам магданос. По 20тина минути ствам фиде и сол и откога ќе ја исклучам ставам ленено семе и маслиново масло.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Molly

Ре: Ми треба рецепта 11 Јан 2011 19:27 #100863

  • Nataly
  • Nataly's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Be yourself – everyone else is taken !!
  • Теми: 846
  • Thank you received: 600
  • Карма: 52
Anna Molly wrote:
Девојки дај кажете ми како ја правите домашната супа со брокула, морков, магдонос и јајце??
Мислам дека беше вака нешто :poimnemam:
Jas ja pravam na sledniov nacin : Na malku puter ili maslinovo maslo ( zavis sto preferirias) zaprzuvam rendan morkov ( stavam i kromitce , podobar vkus mi ima ) , dve -tri minuti, potoa doturam voda i go podvaruvam nekoe vreme ...Potoa stavam brokula i magdonos i zacini ( kocka ili bio zacin) Malku se podvaruva , kolku da omekne brokulata i pred kraj jajceto go razmatkuvam vo pavlaka i poleka go turam vo supata , ama ja vadam od ringla za da ne se zgrutci
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Molly

Ре: Ми треба рецепта 20 Сеп 2011 09:03 #154575

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Прво ќе го пропржиш мевцето со масло и вода (го динсташ за да испари водата и да остани маслото), и дури се пржи месото 1/3 од зелката ќе ја исецкаш и ќе ја ставиш во тенџере. Над зелката ставаш и 1/2 домат, пиперка, црвен пипер, црн пипер и вегета и целото месо. Одозгора уште еднаш истата постапка + масло (првиот ред од месото доби) и трет пат исто. Се става вода околу 200мл, се затвара со капак и се вари на тивко (2ка) околу 2 саати.

Домаќинче мило ти :love:

п.с. Готова е кога водата ќе испари, а зелката омекната (не кашеста, ама не и да крцка).
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Molly

Ре: Ми треба рецепта 20 Сеп 2011 09:19 #154580

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Anna MOlly ne e klasicna ama edna od retkite so zelka shto site mi ja bendisale :zelen: , no pokraj zelka ima i drugi stvari, recepot mi od komshikata (babichka) i imashe nepopularno ime -grcka manga pa jas ja preimenuvav vo Vegetarijanski gulash bidejki najcesto bez mesoto ja pravam :)

2 sredni glavici kromid
2 sredni morkovi
2 piperki (zeleni)
2 patligani
3 lazici oriz
pola mala mlada zelka
1/2 kg svinsko meso

od zacini :1 lazica vegeta,
biber i sol po zelba
1 lazica crven piper,
1 lazica shekjer
i 2 lazici basamiko

Stavash zejtin na tivko vo podlaboko tengere. Se se Secka se na krupno. Prvo dodavash kromidot isechkan na polumesechinki, i na tivko go dinstash nekoi si 10 minuti go dodavash svinskoto iseckano na kocki (tie positni kocki da ne dominiraat) gi proprzuvash ne mnogu bidejki dolgo kje se vari mangata.Dodeka se dinsta go sechesh morkovot isto na pokrupni trkalca i go dodavash, i so nego dinstash okolu 5 minuti, pa dodavash piperkite isto se dinsta nekoi si 5 minuti, pa doagja zelkata isechkana pokrupno od salata kako na pravoagolnichinja), i so nea proprzuvash isto okolu 5 minuti i na kraj gi dodavash seckani patliganite.Ubavo meshash povremeno. Gi dodavash site zacini(vegeta, biber, crven piper, basamiko i shekjer) ubavo promeshuvash i na krajot gi dodavash 3 lazici oriz.
Se stava okolu 400 ml voda (2 chashi) i go ostavash na tivno da vrie na ringla okolu 40 minuti. Vo megjuvreme ja zagrevash rernata, i mangata ja preftlash vo neshto so kapak (jas koristam zemjena tava so kapak),i na okolu 200 stepeni se krcka vo rerna ushte skoro 1 sat.

Mene mi e edna od omilenite mangi se nadevam kje ja probash pa i tebe kje ti se dopadne. Inaku originalna e so svinsko, a jas ja pravam bez meso najcesto i isto tolku e vkusna
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: betavitevit, Molly

Ре: Ми треба рецепта 15 Фев 2012 05:57 #180692

  • ljubica78
  • ljubica78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 695
  • Thank you received: 168
  • Карма: 9
Ja drobis zelkata sitno i ja stavas poklopena da se dinsta na sporet so malku voda oti i samata zelka ke pusti. Obicno nisto ne mu stavas oti e solena samo malku biber crn.Se dinsta 1-2 saati zavisi kolku imas, koga ke bidi omeknata go trgas kapakot i ostavas da ispari vodata. Mesas odvreme na vreme i stavas maslo (zejtin). Koga ke ispari vodata mesas postojano da se proprzi ama da ne ti zagori. po zelba stavas na kraj crven piper za zaprska sto e jas stavam nekoj ne, po zelba. Potoa mozis da ja stavis vo rerna da se potpeci.Ova e za bez meso. Nekoj mesoto go stva vnetre da se dinsta zaedno so zelkata, ama taka mi idi kako vareno , pa jas go pecam posebno. I kako dodatok imam i vareni kompiri (ova mi go kaza sveki vaka pravele vo Germanija). Dobar apetit!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 15 Фев 2012 06:09 #180699

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Јас малку поинаку го спремам :)
1.Со пилешко во рерна
Една главица праз, ја сечкаш ама не преситно, каша ќе се направи. Ја пропржуваш кратко, па ја додаваш сечканата кисела зелка, и динсташ се заедно, само со зејтин. После некои 10 мин го ставаш пилешкото, бело, сечкано на поситни парчиња, и сето тоа уште малку го пропржуваш, додаваш црвен пипер и рака-две ориз за да ја апсорбира водата и сето тоа оди во рерна да се потпече. Некои 45 мин, може и помалку.
2.Со свинско свежо или пушено манџа
Се е исто до моментот со оризот, не додаваш ориз ами вода, зоврива, го намалуваш шпоретот и оставаш да се вари на средно едно саат време. На крајот се потпржува со брашно (црвен пипер се става пред да ставиш вода, нели). Ако не сакаш потпршка, направи го погусто и не мораш да потпржуваш.

Зимно време скоро секогаш ставам и црвена сува пиперка сечкана на парчиња уште во пржењето.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zabce

Ре: Ми треба рецепта 14 Мар 2012 18:44 #188520

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
Eve jas kako ja pravam ribjata corba

Potrebni sostojki

Glava i koski od riba
1 kromid
1 morkov
2 -3 chesninja lukce
Celer
Magdonos

Stavam litar ipol voda da zovrie, otkako ke zovrie ja stavam glavata i koskite na ribata prethodno dobro izmieni i kromidot, celerot, morkovot i lukceto sitno iseckani, se vari edno 20tina minuti na tivok ogan so poluotvoren kapak bidejki mnogu e verojatno da se pojavi pena pa da ne vi pretece, se posoluva po vkus
Otkako ke se svari ja proceduvam tecnosta za da ne ostane nekoja koska i zelencukot go stavam vo blender ( osven zelencukot moze da stavite i od parcinjata riba koi se naogaat zalepeni na koskite) i taka izblendirano go dodavam vo vodata za da mi bide pogusto i gotova e corbata, na kraj pri serviranje vo ciniite stavam seckan magdonos


Ribja supa

Ovaa supa e tecna i ima mnogu posilen miris i vkus na riba

Potrebni sostojki

Glava i koski od riba
1 kompir
Fide
2 lazici griz
Magdonos i limon

Procedurata e ista, litar ipol voda otkako ke zovrie gi stavam glavata i koskite, seckam 1 kompir na kockicki go dodavam i nego, vrie 20tna minuti i poslednite 5 minuti dodavam fide i 2 lazici griz, posoluvam po vkus, na kraj vo ciniite serviram so sitno seckan magdonos i sok od limon nekolku kapki kolku da go ublazi mirisot na ribata iako mene i taka mi e vkusna supata :P
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: sole

Ре: Ми треба рецепта 05 Апр 2012 03:12 #192678

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Подварок

Јас вака го правам .....и се прејадуваме ко...(ај да не кажам :) )

1 помала зелка, свежа или кисела
500 гр. свински ребра
2 домати
2 главици кромид
Масло за јадење
магдонос
Нане
Сол
Црн и црвен пипер

Свинските ребра ги сечеш на помали парчиња, ги посолуваш, им ставаш мелен црн пипер и ги оставаш 10-15 минути. Потоа ги ставаш свинските ребра да се пржат. Откако ќе се испржат ги вадиш од тенџерето и во него го ставаш кромидот да се пржи. Зелката ситно ја сечкаш и ја додавашво тенџерето. Откако ќе омекне ја зачинуваш и ги ставаш ситно сечканите домати (може и салце од домати). Налеваш со вода. Го поклопуваш тенџерето и оставаш да се вари околу 90 минути на тивко :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Eli23

Ре: Ми треба рецепта 05 Апр 2012 03:17 #192679

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1244
  • Thank you received: 867
  • Карма: 5
Еве ти и растурена сарма....ба бирај :)

Зелката ја сецкаш и ја ставаш во огноотпорен сад намачкан со зејтин. Околу 300-400 гр. мелено месо го пропржуваш со еден кромид и одкако ќе се запржи ставаш 200 гр. ориз. Додаваш и зачини...вегета и црн бибер. После се ова ставаш врз зелката и додаваш млака вода колку да покрие зелката. Печеш на 180 околу пола саат.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Eli23

Ре: Ми треба рецепта 09 Окт 2012 05:08 #216917

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Еве рецепта за зелка манџа која јас ја правам често, инаку може со месо и без месо. доброто е тоа што не пржам ништо претходно, туку само редам во тенџере, зелката е превкусна и се готви лесно. а и нема запршка.

1 главица зелка се сече крупно.
1 кромид се сечка по желба - ситно - крупно не е битно
1 домат сечкан на коцки и извадено семе
1 пиперка сечкана

Редите во тенџере - масло, ред зелка, па од зарзаватот, па зачинувате со сол, црн пипер, црвен пипер, вегета (по избор) и прскате малку масло.
Така додека ги потрошите состојките. Завршете со зелка, зачини и полевате со вода 1 чаша, оти ќе пушти самата зелка вода.
Ставете да се вари на средна температура и само повремено промешувајте. По потреба долејте малку вода. Најбитно е да не претерате со водата оти треба на крај да добиете густа манџа од зеленчук.
Готова е кога ќе омекне.

Ако користите месо, обарете го на страна во тенџерче, па додајте во зелката при крај, некои си 15 - 20 мин да се вари со манџата.

п.с. пробајте со пушено мевце :drol:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 09 Окт 2012 05:09 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vistina

Ре: Чорби, супи, манџи... 09 Окт 2012 05:15 #216919

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
Јас ја правам зелката со праз место кромид, и многу ми е вкусна. Ако сте по експериментирањето можете да пробате.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Чорби, супи, манџи... 09 Окт 2012 09:47 #216950

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Јас пак праз ставам во секоја манџа...се разбира кога имам :kez:

Sis јас во зелката додавам плус морков а ако немам домат доматно пире, со пирево некако ми е повкусно затоа што патлиџаниве тука се бљак. Месото го ставам заедно со зелката да се вари (чиста свинска кртина) ама нели зависи од месото. Вака ми е млогу меко и скоро се распаѓа во манџата.

Да не заборавам...ловоров лист обавезно ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Чорби, супи, манџи... 10 Окт 2012 04:27 #217030

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
I jas vaka ja pravam i plus vo ekspres lonec i imam mnogu ubav ekspres rucek
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи, манџи... 10 Окт 2012 13:50 #217095

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Jas za zal tuka ne mozam da najdam zelka sto se gotvi ubavo site imaat nekako debeli lsitovi ili se samo za salata :ljutko:

A za supa od zelencuk, jas pravam krem supa, proprzuvam kromitce malku, lukce, morkov seckan, koren, celer, tikvica, dodavam voda da se pokrie se i koga ke se svarat miksiram so racen blencer. Zacinuvam i i stavam magdonos. :drol:

Kombinaciite na zelencuk moze da bidat razlicni, ponekogas stavam brokula i karfiol, kompir, sto ke mi se najde doma ;)
Последна промена: 10 Окт 2012 13:52 by Fairy. Причина: propusteni bukvi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи и манџи 12 Окт 2012 07:33 #217278

  • Ppanika
  • Ppanika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 365
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
Јас имам еден ваков рецепт од online сајтовите

Состојки:

1 Пилешки батак
2 моркова
1 поголем компир или 2 мали
150 ml млеко
2 лаж кисела павлака
200 гр спанаќ
коцка за супа - со зеленчук по желба
зачини по желба (вегета, бибер, магдонос...)

Се вари прво батакот околу 30-40 мин. се чисти од коските и му се додават мотковот, компирот и спанаќот и се вари уште 20 - 30 мин додека да омекнат сите состојки потоа се блендира.
Се враќа изблендираната смеса на оган, се додава млекото по неколку минути се додава павлаката и е готово за сервирање.
Последна промена: 28 Окт 2012 13:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamicka

Ре: Чорби, супи и манџи 19 Окт 2012 05:21 #218125

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Јас вака ја правам:

На маслиново масло и неколку лажици вода ставам да омекне сецкан кромид и малку лукче. Кога ќе омекнат, ги додавам парчињата тиква (тиквата излупена, и на поситно исецкана за да ми се свари побрзо)и вода и се вари додека омекне тиквата. Со рачен блендер ја блендирам супата и и додавам зачини. Густината си ја регулирам дополнително, подобро е да ставиш на почеток помалку вода, да изблендираш, па ако е густо додаваш уште вода и чекаш да проврие. Освен сол, многу е вкусно со бибер и морско оревче. Сервирам со лажичка кисела павлака и свеж магдонос.

Кога имам варена тиква (јас не ја варам со шеќер), ако ми остане ја правам супа. Наместо свежа ја додавам варената, и штом ќе проврие водата, блендирам и готово е.

Супава многу ми ја сакаат, а рецептот ми е од наш пријател италијанец.
Последна промена: 28 Окт 2012 13:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка, vistina

Ре: Чорби, супи, манџи... 14 Ное 2012 10:49 #221338

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Eve nekolku vkusni supi:


Supa od domati so koftenca:

Przime 3 cesninja luk, dodavame 750 gr domati, sol, biber, lovorov list. Seto ova go varime 20 min. Otkako ke se svari go blendirame.
Na krajot gi dodavame koftencata.

Koftinj za supata:

Vo sad seckame magdonos, dodavame meleno meso, sol, biber, origano, ja mesime smesata. Od smesata pravime mali topcinja.
Gi varime 10-tina minuti vo solena voda ( ke isplivaat na povrsinata na vodata koga ke bidat svareni ).


Krem supa od morkov:

500 ml pileska supa
300 gr morkovi
50 ml maslo
magdonos
2 cesninja luk
1 glava kromid
50 gr pavlaka
sol I biber

Kromidot go seckame I przime, gi dodavame morkovite iseckani na kocki I ostavame da se przat 5 minuti. Potoa go dodavame iseckaniot luk, pileskata supa I promesuvame.
Ostavame da se vari dodeka morkovot ne omekne.
Smesata ja trgnuvame od ogan I ja blendirame. Sadot pivtorno go stavame na ogan dodeka supata ne zovrie. Posoluvame I narosuvame melen crn biber.
Posluzuvame so lazica pavlaka na sredinata I malku magdonos.


Krem supa od spanak:

500 ml supa od zelencuk
250 gr spanak
50 gr puter
250 ml mleko
2 cesninja luk
1 glava kromid
1 zolcka
malku gustin

Spanakot go gmecime I seceme na lenti. Kromidot I lukot gi przime na rastopen puter, potoa go dodavame spanakot I dinstamr.
Gi mesame gustinot, zolckata, mlekoto, a potoa ja dodavame I supata.
Smesata ja dodavame vo spanakot. Ostavame 10 minuti da se vari. Potoa ja blendirame.
Sadot povtorno go stavame na ogan dodek supata ne zovrie.


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 03 Фев 2013 17:43 #231361

  • betavitevit
  • betavitevit's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 193
  • Thank you received: 96
  • Карма: 7
mama-Maja wrote:
Anna MOlly ne e klasicna ama edna od retkite so zelka shto site mi ja bendisale :zelen: , no pokraj zelka ima i drugi stvari, recepot mi od komshikata (babichka) i imashe nepopularno ime -grcka manga pa jas ja preimenuvav vo Vegetarijanski gulash bidejki najcesto bez mesoto ja pravam :)

2 sredni glavici kromid
2 sredni morkovi
2 piperki (zeleni)
2 patligani
3 lazici oriz
pola mala mlada zelka
1/2 kg svinsko meso

od zacini :1 lazica vegeta,
biber i sol po zelba
1 lazica crven piper,
1 lazica shekjer
i 2 lazici basamiko

Stavash zejtin na tivko vo podlaboko tengere. Se se Secka se na krupno. Prvo dodavash kromidot isechkan na polumesechinki, i na tivko go dinstash nekoi si 10 minuti go dodavash svinskoto iseckano na kocki (tie positni kocki da ne dominiraat) gi proprzuvash ne mnogu bidejki dolgo kje se vari mangata.Dodeka se dinsta go sechesh morkovot isto na pokrupni trkalca i go dodavash, i so nego dinstash okolu 5 minuti, pa dodavash piperkite isto se dinsta nekoi si 5 minuti, pa doagja zelkata isechkana pokrupno od salata kako na pravoagolnichinja), i so nea proprzuvash isto okolu 5 minuti i na kraj gi dodavash seckani patliganite.Ubavo meshash povremeno. Gi dodavash site zacini(vegeta, biber, crven piper, basamiko i shekjer) ubavo promeshuvash i na krajot gi dodavash 3 lazici oriz.
Se stava okolu 400 ml voda (2 chashi) i go ostavash na tivno da vrie na ringla okolu 40 minuti. Vo megjuvreme ja zagrevash rernata, i mangata ja preftlash vo neshto so kapak (jas koristam zemjena tava so kapak),i na okolu 200 stepeni se krcka vo rerna ushte skoro 1 sat.

Mene mi e edna od omilenite mangi se nadevam kje ja probash pa i tebe kje ti se dopadne. Inaku originalna e so svinsko, a jas ja pravam bez meso najcesto i isto tolku e vkusna

Eve ja receptata za zelka.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Ре: Ми треба рецепта 10 Дек 2013 05:28 #247248

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Receptava e super osobeno ako imate ostanato losos od prethodniot rucek ;)

Corba so losos

4-5 kompiri
2-3 morkova
2 mali glavici kromid ili kromid i praz
lovorov list
okolu 300-400 gr losos (svez ili prethodno ispecen ili pusen losos)
pavlaka

Se stava a se vari kompirot, morkovot i kromidot i lovorov list vo voda kolku da se pokrijat. Koga ke bide do polovina varen se dodava lososot iseckan na kocki bez koza (dokolku se koristi svez losos) se zacinuva so sol i biber, se dodava voda po potreba. Koga ribata ke bide varena se trga na strana, se dodava pavlakata i ubavo se mesa. Se zacinuva so vlasec i magdonos po zelba i se vraka na ogan za da se dobie sakanata gustina.

Dokolku se koristi prethodno ispecen losos (bez koza) ili pusen losos se dodava zaedno so pavlakata, otkako zelencukot ke bide svaren i se zagreva se zaedno do sakanata gustina. Jas ja sakam pogusta corbata i stavam malku poveke kompir.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy

Ре: Ми треба рецепта 11 Фев 2014 08:46 #248536

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Чорба од морков

Кромид или мешавина од кромид и праз
1 голема лажица путер и малку маслиново масло
800 грама моркови
1 пилешка коцка за супа (по желба)
1 чешне лук
зачини: сол, бибер, целер, магдонос
Crème fraîche

Се пржи кромидот и се додаваат излупените и крупно исецкани моркови и ситно исецканиот лук. Се пропржува се заедно. Се додава вода колку да се покријат морковите. Кога ќе почне да врие водата се додава коцката супа и се вари додека морковите не омекнат, околу 15-20 мин. Се додава вода по потреба. Се трга од оган, се блендираат морковите, како каша, најубаво е со рачен блендер, се додава 2 големи полни лажици Crème fraîche, се зачинува по вкус, се меша добро да се изедначи и се враќа на оган за да се добие саканата густина.

Една од омилените чорби кај нас дома.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи, манџи... 12 Фев 2014 06:23 #248555

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
Crème fraîche, sto e ova?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи, манџи... 12 Фев 2014 06:59 #248557

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Слично е како 30% павлака, но не е исто кога се готви со неа. По вкус се скоро исти.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи, манџи... 12 Фев 2014 11:45 #248560

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
Jas mnogu ja sakam corbata od tikva.
Zaprzuvam praz i koga ke e gotov prazot ja stavam tikvata seckana na positni parcinja. Malku ja proprzuvam i tikvata i stavam voda da di prelie. Ostavam ubavo da se svari tikvata i na kraj ja blendiram so racen blender. Stavam malku gjumbir i morsko orevce. Prekrasna e
The administrator has disabled public write access.

Ре: Чорби, супи, манџи... 01 Јун 2015 21:35 #254560

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Nas vo posledno vreme mnogu ni e popularna corba so kompir i praz. Jas ne bev lubitel na praz ama go ovaa kombinacija mnogu mi se dopaga, i cesto ja pravam po angliski recept :)

Znaci se proprzuvaat dodeka ne omeknat 2 x praz, 2-3 kompiri se seckaat na siteni kocki ise dodavaat na prazot, jas stavam i paskanat i eden morkov plus. Voda po zelba, jas ja pravam pogusta. Se vari dodeka ne se svarat kompirite, jas nekogas i gi pasiram so viluska, i se zacinuva po zelba. nekogas stavam zelencukova kocka za supa, ova moze a i ne mora.
Na kraj magdonos, i ja serviram so pavlaka ili kiselo mleko.
The administrator has disabled public write access.