Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Слатки и колачи

Ре: Ми треба рецепта 29 Мар 2011 16:31 #126425

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Јас го правам:

1л вода со 1/2л млеко, 4 филџанчиња ориз со 3 филџанчиња шеќер се варат заедно (нема потреба водата или млекото да зовријат) до делумно згуснување, кога се става 3 лажици нишесте растопено во малку вода и 2 ванилин шеќер, па се враќа кратко на оган да згусни.

Лесно е, пошто не бара воопшто да седиш над тенџерето и да мешаш, мешавината од вода и млеко не загорува :) Плус, е полесен, не е многу млечен....
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Ми треба рецепта 16 Мај 2011 20:36 #136064

  • mama ana
  • mama ana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 455
  • Thank you received: 166
  • Карма: 1
Eve go i mojot recept za ovosen kolac(kako gi iskoristiv jagodite) a mozeda se pravi i so ananas i kajsii

Polovina do kilogram ovosje se posipuva so 3 lazici seker i se ostavada otstoi za da pusti sok ovosjeto

Karamel - 400 gr. seker

Se matat 5 jajca,
10 lazici seker,
7 lazici brasno,
1 prasok za pecivo,
200 ml zejtin

Vo 30 tava se stava sekerot i se pravi karamel i vrz karamelot se redi ovosjeto (bez sokot) i vrz ovosjeto se sipa izmatenata smesa.
Se pece na umeren ogan(koga mi zarumeni odozgora a vnatre se uste smesata bese nedopecena ja pokriv so mrsna hartija za ubavo da se dopece a da ne izgori)
Od koga ke se ispece vednas se posipuva so sokot od ovosjeto i vednas ve prevrtuva na cinija, i moze da se premacka so slag pena
Последна промена: 16 Мај 2011 20:37 by mama ana.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, bubale23

Ре: Ми треба рецепта 03 Јун 2011 22:09 #139871

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7912
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Предлог 1
торта
бисквити, пудинг од јагоди сварен и измешан со матен 1 маргарин (путер) со 250 г прав шеќер, млеко за топење на бисквитите, сечкани јагоди, матен шлаг.
се реди во плех - ред бисквити топени во млако млеко, ред пудинг, ред јагоди сечкани. така до крај и завршуваш со фил и јагоди, па премачкуваш со шлаг

предлог 2
фрапе
матиш со блендер јагоди (количина по желба) со неколку лажици шеќер. кога ќе биде добро изматено додаваш ладно млеко. количината млеко ја одредуваш според јагодите. да добиеш не многу течна или густа смеса.
прекрасно е за пиење.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 01 Јул 2011 15:16 #143963

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Frogy јас по овој рецепт правам Сникерс. Баш вчера правев и добро излезе. Нема карамел во овој рецепт. Ако не си се снашла вчера, пробај вака.

СНИКЕРС

Потребно:

450 гр мелени бисквити
350 гр шеќер во прав
450 гр печени, несолени кикиритки - мелени
1 маргарин
3 јајца

Маргаринот и шеќерот во прав се матат. Се додаваат јајцата, па бисквитите и кикиритките и сето тоа убаво се размесува со рака, се формира тесто. Смесата, односно тестото се става во четвртесто тавче и се прави кора со дебелина од еден прст.

Глазура:

200 гр чоколада
10 лажици шеќер
1/2 маргарин

Во тенџере на тивок оган се растопува чоколадата со шеќерот и со маргаринот. Потоа смесата се дели на 2 дела. Во едниот дел се додаваат 50 гр сечкани кикиритки и се нанесува врз кората. Откако рамномерно ќе се разнесе врз кората се додава и вториот дел кој е само чоколада. Вака подготвено се остава во замрзнувач околу 1 час, а потоа се сече на коцки.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Ми треба рецепта 06 Јул 2011 08:06 #144137

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7912
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Frogy wrote:
Девојки ми треба хитно испробана рецепта за карамел,ке правам Сникерс торта ама никако да погодам карамел.Сега само што го пробав овај рецепт го зафркнав.Ај ве молам за помош оти започната сум со тортата :P

Јес да е задоцнет рецептов, ама не е на одмет да се има

2 литра млеко * 500 г шеќер * 1 лажичка морска сол * 2 лажички екстракт од ванила (по желба)

Ставете ги во еден сад млекото, шеќерот, солта и загревајте на средна температура и мешајте постеојано додека не почне да врие. Намалете ја температурата и оставете да се вари непокриено 3 часа, на тивко. Проверете ја конзистенцијата на карамелот после 2 и пол часа варење. Ако е онаква како сакате, прекинете го варењето, во спротивно продолжете до одреденото време. Додајте ја пред крај ванилата, промешајте и оставете да се излади. готовиот карамел соберете го во теглички и употребувајте го по потреба.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Ми треба рецепта 06 Јул 2011 10:15 #144140

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Фала ви за рецептите јас веке ја направив Сникерс тортата и се изеде :P

карамелот го направив вака

-200гр карамели
-50мл слатка павлака
-30-40 гр маргарин

Сето ова се става во тенџере на оган и се топи на тивок оган.Карамелот излегува преубав :jupi:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 06 Авг 2011 14:17 #147308

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Овие бомбици кај нас се често на мени:

Црнци

2 јајца и 4 лажици шеќер во прав добро се матат. Се додава 500 гр. мелени бисквити, 4 лажици кокос, 1 кесиче цимет, 2-3 лажици какао, 1 ванила, претходно изматен пола маргарин и млеко по потреба (околу 1 шоља). Од тестото се прават бомбици кои се потопуваат во чоколадна глазура, а може и само да се извалкаат во кокос.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 11 Авг 2011 12:55 #147802

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Циганче

Се матат 4 јајца со 12 лажици шеќер, се додава 12 лажици млеко, 12 лажици зејтин, 12 лажици брашно, 1 лажица какао, 2 лажици гриз, 1 пециво. Се пече.
Кога е печена се прелива со 1 литар млеко (-12 лажици кои се ставаат во тестото) и 12 лажици шеќер кои зовреле за да се стопи шеќерот. Одозгора се ренда 1 чоколадо.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 11 Авг 2011 13:01 #147803

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Колач без име

Фил: Убаво се матат 3 белки со 8 лажици шеќер, па се додаваат трите жолчки. Посебно се мати 500 гр. слатка павлака. Потоа двете смеси се соединуваат.
5оо гр. бисквити се потопуваат во млако млеко. Се редат во подмачкано тавче (или долгнавест послужавник) во три реда, а меѓу нив се става од филот. Се завршува со фил. Одозгора може да се стави шлаг, рендано чоколадо или нешто друго по желба.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 11 Авг 2011 13:02 by bart.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Ми треба рецепта 25 Авг 2011 15:55 #150253

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Ledeni kocki

Testo: 6 jajca se matat so 6 lazici seker. Se dodava 6 lazici brasno, 1 pecivo i 1 lazica kakao
Se pece vo tavce prvo na 250 stepeni, pa se namaluva na 150. Koga ke se izladi testoto se poparuva so serbet od 300 gr. seker, 300 gr. voda i 1 vanilin seker.
Fil: 2 pudinga od vanila, 1 litar mleko, 2-3 lazici gustin i 6 lazici seker. Posebno se mati 1 margarin i 250 gr. seker vo prav. Otkako ke se izladi pudingot se mesa so margarinot i se nanesuva vrz testoto. Odozgora na kraj se stava glazura od stopeno cokolado.

Ednas pomegju testoto i filot narediv krugcinja sveza banana i bese :skok:

Meden kolac ne sum pravela :poimnemam:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elijana, Mama Sani

Ре: Ми треба рецепта 25 Авг 2011 16:36 #150263

  • Elijana
  • Elijana's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1717
  • Thank you received: 350
  • Карма: 12
Меден колач

1 јајце
2 лажици маргарин( во оргиналниот рецепт е со 2 лажици сало)
3 лажици мед
150 грама шеќер
3 лажици млеко
Цела оваа смеса се меша убаво на оган и откако ке се стопи се додава
450 гр.брашно
1 лајче мало сода бикарбона
Се ова се меси и тестото се дели на 4 дела , се прави кора , се сучи и се печи на опачината на подмачкан плех.
Се печат 4 корички

ФИЛ
1 литар млеко
10 лажици гриз
10 лажици шеќер
Се вари да се згусни и се остава да се излади.
Откако се излади се меша со претходно избиен еден марагрин со 250 грама шеќер во прав.
Филот се дели на 3 дела.Во едниот дел се става 2 лажички какао , во другиот дел цимет и во третиот дел сок од 1 лимон
Се филова првата кора со филот со цимет, втората кора со филот со какао и третата кора со филот со лимон.Најгоре се прелива со глазура од растопено чоколадо.

Колачов го имам вкусено и беше многу убав , а го немам направено.


Среќата е единствена работа која се множи кога се дели :-)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Sani

Ре: Ми треба рецепта 25 Авг 2011 18:02 #150282

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
sunset wrote:
Mi treba nekoja recepta za kolaci za povojnica,ne mi se kupuvaat,bi napravila nesto,ama mi treba nesto sto brzo se pravi,a ubavo i kremasto(ama objasniv :laugh: )ne mnogu komplicirano i skapo :zelen:

eve od mene predlog
OVOSNI KOCKI
Se matat 6 jajca so 12 lazici seker, otkako ke se izmatat se dodava 6 lazici vrela voda pa se prodolzuva so matenje . Posle se dodava 12 lazici brasno i pola pecivo. Se pece vo podmackan pleh na 200 stepeni ( jas sekogas na pomalku pecam )
FIL 1 : 700ml gaziran sok (Fanta), 5 lazici seker i 3 pudinga od vanila
Se vari kako puding koga varis i toplo se stava vrz testoto

FIL 2 : 1/2 l mleko, 5 lazici brasno, 5 lazici seker i ovoj fil se vari kako puding
Otkako ke se oladi mu se dodava 1/2 izmaten margarin. Moze da se stavi aroma od
lesnik

Pomegu dvata fila se redi ovosje od kompot ili od konzerva(jas sum go pravela so ananas :skok: ), a vrz vtoriot fil si ukrasuvas so mrvici , rendano cokolado ...po zelba

Its delicious :da:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sunset

Ре: Слатки и колачи 30 Авг 2011 05:15 #151048

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Луѓе дајте некој рецепт за некој летни колач, со малини или нешто такво.... нешто како сладолед варијанта, тие освежилните торти...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 19 Сеп 2011 17:09 #154470

  • Elijana
  • Elijana's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1717
  • Thank you received: 350
  • Карма: 12
Topcinja so rum

100gr seker vo prav
100gr meleni orevi 100gr rendano cokolado
1 belka
malku rum
Se zaedno se zamesuva i se ostava da odstoi vo frizider
Se vari edno jajce , da e ubavo tvrdo vareno .Se pasira zolckata so 30 gr puter izbien so malku seker vo prav i 1 vanila .Od smesata se pravat malecki topcenca i se ostavaat vo frizider.Potoa sekoe topce se obvitkuva so prvata smesa i se valkaat vo melen orev ili rendano cokolado ili mrvici ili najobicen kristal seker.
___________________________________________________
Svejki

200 gr meleni lesnici
200gr rendano cokolado
2 vanili
2 belki
3lajci rum
Se bijat belkite so vanilata kako pena pa se dodavaat rumot, cokoladoto,lesnicite i se zaedno se mesa ubavo i se ostava vo frizider malku da se stegni smeata .Posle se formiraat mali kako kebapcinja isparveni .Na gorniot kraj se turba rastopeno belo cokolado i se stava po eden cel lesnik.
_____________________________________________________
Cokoladni bombici

250 gr.slag se bie mnooogu gusto so mnogu malku mleko pa se dodava 100 gr rastopeno mlecno cokolado
150 gr orevi seckani
1 malo lajce nes kafe
se mesa s zaedno i se ostava malku vo zamrznuvac
posle se pravat bombicii se prplkaat vo cokoladni mrvici i se ostavaat vo zamrznuvac
____________________________________________________________________
Zrna kafe
250 grama seker
75ml voda
ova zaedno da zovrie pa se dodava
125 gr margarin
100gr meleni orevi
100gr meleni biskviti
80 grama cokolado
1-2 lazicki meleno kafe
Se pravat topcinja i na sredina se pravi zarez so ceckalica za da licat na zrna kafe i poroa se prelevaat so cokolado(na 100gr cokolado 3 lazici maslo)
_____________________________________________________
Bubamari
125gr margarin
100grama meleni orevi
100grama biskviti
70 grama seker vo prav
50 grama sitno seckani orevi 2-3 lazici rum

za fondan
250 grama seker vo prav
6-7 lazici vrela voda
1lazica limonov sok
1 lazica maslo
boja prehrambena (crvena)>>> fondan:sekerot se mati postepeno i se dodava vrelata voda pa na kraj limonoviot sok i maslo i boja po zelba.

Se zamesuva testo od sostojkite i se pravat bombici ovalni .Se prelevaat so fondan i se dekoriraat so tocki od cokolado
__________________________
Urmici
250 gr suvi smokvi
250 grama meleni orevi
250 grama seker
sok i kora od polovina portokal
50 grama cokolado
Se vari sekerot so edna kafena solja voda, koga ke zovrie se dodavaat melenite smokvi
i rendana kora od portokal.Se vari 5 minutki se trag nastrana pa se dodava cokoladoto i se mesa da se rastopi.Na kraj se dodava melen orev i sok od pola portokal i ubavo se mesa da se izednaci smesata .So vlazni race se pravat formi kako na urma i se redat na vlazna podloga .Se prelevaat so karamel ili so cokolado
_________________________
Kokos kolaci

250gr seker
voda samo da go pokrie i se vari
pa se dodava 1 mrgarin
250 gr kokos 250 gr meleni biskviti
Se mesa vo ednolicna smesa i se pravat formi po zelba
____________________________________

za sega mislam deka e dosta , imam uste recepti.
E sega za glazuriranjeto .Na 100 grama cokolado odat 2-3 lazici maslo.Jas go stavam vo rosfajtna vangla i na parea go topam.Imam probano se prelivanje ama pouvao e najprvo malku da gi podzamrznis kolacite i sekoja da ja bocnis na ceckalica i da ja brcnis vo cokoladoto.Vaka idat epten ubavo glazirani.

eve i slikicka od moite kolacinja


edit: ke gi zaboravev ovie epten vkusnite :-) nekoj gi imashe na forumov objaveni ama kolacinjata se mmmmmmmmmmmm
Domasni Ferrero Rosher
150 gr napolitanka so lesnik
150 gr lesnici malku podpeceni i seckani
200 gr eurokrem (samo cokoladen ne i belo)
se mesa se zaedno se pravat bombici i se prelivaat so cokolado


Среќата е единствена работа која се множи кога се дели :-)
Последна промена: 19 Сеп 2011 17:17 by Elijana.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Bubbi, macika, Goddess^, Frogy and this user have 4 others thankyou

Ре: Ми треба рецепта 07 Окт 2011 03:05 #157884

  • ljubica78
  • ljubica78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 695
  • Thank you received: 168
  • Карма: 9
Nenuska jas go imam ovoj recept i mnogu e vkusno i lesno.

5-6 kiseli pavlaki
10 lajci seker + 5 vanili
biskviti
ovsje po zelba: jagodi malini, visni, a mozi i mesano.


Pavlaka mozi i da zemes i od golemite vazno da dojse nekade okolu 1l- 1,2l. jas zemam od bitolskata sto e crvenata so 20% maslenost.
Pavlakata ,sekerot i vanilata se mesaat so lazica i se dodava ovosjeto i se se mesa. Biskvitite se makaat vo mlako mleko i se redat vo tavce, pa stavas od filot i pak biskviti.... taka edno 3 reda biskviti ke dojde. Odgore samo mackas so filot i ako sakas dekoriras po zelba. Se pravi za 5 min. Mnogu e vkusnaa. Biskvitite treba da se kako plazma podebeli. Mozi i takvi , a jas zemam BEVITA se vikaat pakovani vo kesa nekade okolu 800 gr. mislam se . Gi zemam od Vero.
Ovaa ti e cela so filce. Maanata i e sto treba da odstoi vi frizider barem 3-4 saati ili preku nok za da upie pa potoa se jadi :hahaha:
Последна промена: 07 Окт 2011 03:09 by ljubica78.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora, nenuska

Ре: Ми треба рецепта 23 Окт 2011 13:28 #160823

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Еве едно од стариот форум од МамаАнита:

1 кг костени
100 г путер
1-2 лажички шеќер
малку млеко
малку рум (неколку капки екстракт или една лажичка рум)
шлаг за украсување

Костените малку засечете ги и ставете ги во зовриена вода во која претходно сте ставиле шеќер. По варењето излупете ги и испасирајте ги (може и во блендер, но внимавајте да не се претворат во каша). Потоа во смесата додадете го топлото млеко, румот и путерот. Сите состојки добро соединете ги и испасирајте ги. Севирајте го пирето во чаши за сладолед и украсете со шлаг и други додатоци.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 23 Окт 2011 13:39 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, Mama Sani, Зока

Ре: Ми треба рецепта 25 Окт 2011 06:53 #161104

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
  • Карма: 0
Јас ја правам со готови тенки кори.Тиквата(изрендана) се пропржува ако има потреба се додава шекер,цимет и на 3 кори ставаш фил виткаш во ролат-печеш.Кога е печена одозгора прав шекер.Јас иначе се давам во тиква ама печена во рерна.Ја сечеш тиквата на помали парчиња ја лупиш,ја редиш во тавче,ватростално или кој што сака,ја полеваш со млеко,шекер,цимет ама да ја покриеш тиквата со млекото и правец во рерна.Готова е кога ке испари течноста и ке фати тенка коричка одозгора.:OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vetmedvesna

Ре: Ми треба рецепта 25 Окт 2011 07:20 #161112

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
  • Карма: 7
Еве го мојот рецепт:(сличен на она што го правам со јаболка)

ПОТРЕБНО:

500 грама кори-готови купечки
тиква по желба јас лично ставам многу
гриз
шекер
масло и маргарин(задено стопено)

Ја рендам на ситно тиквата и додавам малку шекер да постои, да пушти малку вода да се исцеди(пушта малку вода).
Земам по 2 кори или по 3 во зависнос од тоа колку се танки, и секоја ја попрскувам со малку масло и маргарин. На последната кора од подолгата страна ја редам тиквата и додавам гриз низ целата тиква за да ја упие водата што ке ја пушти при печењето и шекер по вкус. Јас и од гризот и од шекерот сатавм по 2-3 кафени лажичина. Ги виткам корите во вид на ролат и редам во тавче претходно намачкано со маргарин. Бидејки многу брзо се сушат корите и за да не испука убаво ја го мачкам ролатчето со смесата од масло и маргарин.

И така се додека не завршат корите и тиквата. Пред печење исто ги посолувам сите ролатчиња со шекер, и ги сечам претходно пред печење, на парчиња како за штрудла :) .

Многу е вкусна :love:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, vetmedvesna

Ре: Ми треба рецепта 31 Окт 2011 08:38 #162165

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
MonaLisa wrote:
Ajde decki kazete interesn recept so banani, imam dosta ke se rasipat. :dry:

Колач со банани

3 банани
1 јајце
1,5 чаша брашно
пола чаша шеќер
4 лажици путер
1 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона

Во сад се миксираат бананите. Се додаваат шеќерот, јајцето, путерот и се миксира. Во друг сад се мешаат брашното,сол и сода и се додаваат кај бананите.
Во тава се става хартија за печење и се истура смесата. Се пече во претходно загреанан рерна на 160с околу 45 мин.

Многу брзо и лесно. Кај мене никој не јаде зрели банани, па кога ќе останат го правам колачов.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Fairy, bubale23

Ре: Ми треба рецепта 19 Ное 2011 09:06 #165549

  • nenuska
  • nenuska's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 54
  • Карма: 0
strudla so jabolki

500 гр готови кори за баклава
1 пециво
700 гр јаболки (излупени и изрендани)
100 гр кокос
200 мл зејтин
200 мл кисела вода
200 гр шеќер
Зејтинот и водата се мешаат, им се става 1 пециво и секоја кора се прска со смесата и малку шеќер. На секоја 3-та кора се става од изренданите јаболку измешани со кокосот и малку цимет или каранфилче. Се повторува постапката додека има кори, а потоа се попрскува со преостанатата течност и шеќер. Се пеќе на 200 степени околу 30 мин.
Понекогаш кога ќе речам добро сум посакувам некој да ме погледне во очи, да ме прегрнe цврсто и да ми рече знам дека не си добро.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nine, Mirka

Ре: Ми треба рецепта 28 Ное 2011 14:23 #166937

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Синоличка, овие се преслатки, стојат и по 2 недели, и колку повеќе стојат поубави се. И јас лани со калапите ептен убави направив.
Значи вака:
300гр брашно, 100гр мелени бадеми, или ореви или лешници, јас секогаш ставам што имам.
80гр шеќер (5 полни супени лажици)
Ванила, најдобро стапче ванила, ако ставаш ќесички стави 3 ама намали од шеќерот.
На врвот од лажиќето сол.
Сите овие состојки измешај ги во длабок сад.
175гр ладен путер исечен на коцки и 2 жолчки измати ги кратко со миксер да се соединат. Со миксер се препорачува за да не го стоплиш путерот со рацете.
После ги мешаш двете смеси и месиш додека не се соединат убаво, но не повеќе од тоа.
Сета тајна е да тестото остане ладно, зашто иначе ќе се ронело демек. Ќе ти се чини суво ама немај гајле. Ако имаш време стави го во фрижидер пола саат ако не фрли се на сукање и вадење форми. Не се обидувај да сукаш многу голема кора, помала, извади 2 или 3 колачиња па пак.
Се печат 15 мин на 180 степени (ако ти е со струње со жежок воздух 160 степени е доволно). Ако се бели, сосема е доволно. Откога ќе истинат најдобро е да ги затвориш во кутија, метална или стаклена.
Последна промена: 28 Ное 2011 14:25 by Cize.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce, Синоличка

Ре: Ми треба рецепта 29 Ное 2011 13:55 #167234

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2983
  • Thank you received: 1372
  • Карма: 60
Rzeni keksi

1 cup puter ili margarin (225 gr)
3/4 cup kafen seker
2 cup rzano brasno
1 1/2 cup pcenicno brasno
1 tsp pecivo
3/4 tsp sol
5 tbs pmleko

se matat penasto sekerot i margarinot. Se dodavaat site ostanati sostojki edna po edna, a posledno se dodava mlekoto. Se zamesuva testo. Po potreba se dodava brasno ako se lepi. Jas ne dodadov nisto poveke od napisanoto, samo mi trebase posle za nabrasnuvanje na povrsinata pri sukanjeto. Testoto zamotano vo najlonska folija treba da odstoi 30 min najmalku vo frizider.
Se zema parce testo, se rasukuva kora okolu pola santimetar i se vadat keksi so kalapcinja (i jas gi imam onie od ikea). Se redat na pleh oblozen so hartija i se pecat vo prethodno zagreana rerna na 190 stepeni okolu 10-15 min.

Ova e osnovnata recepta. Jas dodadov uste pola paketce (4 gr) kardemum. Decata gi obozavaat kolacinjata. Od ovaa smesa izlegoa 2 1/2 pleha kolacinja so gorespomenatite kalapcinja. Sega imam i drugi kalapcinja, onie sto gi vikaat 3D, pa ke pravam nesto so niv do krajot na nedelava.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 29 Ное 2011 13:58 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 26 Дек 2011 06:07 #172714

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
  • Карма: 7
Vasidora wrote:
.

Туку мене ми поклонија 2кг исчистени ореви и се мислам што да правам со нив.

Еве ти копи пасте рецепт за орасници од една моја колешка, испробан е и јас планирам за божиќ да го правам.

www.coolinarika.com/recept/707199/ ORASNICE


Orasnice
Recept vec postoji na coolinarki, malo je drugaciji, al evo napisacu i ja moj
Autor: sargarepica
Sastojci
4 belanca
300 gr. secera
300 gr. mlevenih oraha
60 gr. mlevenog keksa
300 gr. seckanih oraha
Priprema
Umutiti sneg od belanaca zatim dodati secer kada je sneg cvrst dodati orahe i keks.
Praviti male kiflice i valjati u seckane orahe, redjati u pleh i peci na 100-120 stepeni
30-40 minuta.

Едит: бидејки смесата многу се лепи, со мокри-влажни раце(вода)се обликуваат и тоа дирекно на хартијата за печење во тавичката.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Ми треба рецепта 29 Дек 2011 07:38 #173312

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
  • Карма: 0
Касато торта
Фил:1 маргарин(коцка)се мати со 250гр.шеќер у прав и 1 ванила.После му се додава 4 жолчки и се мати.
Посебно се кршат ситно кутија бисквити(600)гр,врз нив 1 лажица какао и се попаруваат со 300-500 мл.ТОПЛО(не врело)млеко и се промешува.Од млекото зависи колку ќе биде течно тестото-значи да не биде претечно,да може да се обликува тортата.Се додава 150гр.суво грозје,1 млечна чоколада на ситни парчиња,250гр.ситно сецкани ораси,200гр.сецкани желе бомбони,и рум по желба.Се меша рачно,се обликува по желба-јас ја правам стандард-округла и ја премачкувам со шлаг.:OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mami-Anje

Ре: Ми треба рецепта 29 Дек 2011 10:33 #173344

  • Acki4ka
  • Acki4ka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 3
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
1 fil:300gr melena plazma natopena vo 400gr gaziran sok(zolt)i se dodava 1 izmaten margarin so 250gr seker vo prav.
2 fil:4 pudinga od vanila 140gr seker se vari vo 1lmleko i se dodava 1 izmaten margarin so 250gr seker vo prav.Ovoj fil se deli na dva dela i vo edniot se stava rastopeno cokolado.
Filovite se lesni a mnogu ubavi.Prijaten apetit :-)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Lokica

Најново на форумот

  • No posts to display.