Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Слатки и колачи

Ре: Слатки и колачи 01 Јун 2012 18:04 #201722

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
Meyo, за набрзинка свари 3 пудинзи во литар млеко. Стави шекер според упатството на пудингот и кога ке се излади тоа измешај со 1 добро разматен маргарин. На маргринот обавезно стави му и 1 ванилин шекер, а можеш и 2. Тоа нека ти биде филот. Врз филот можеш да наредиш банана исечена на тркалца и одозгора шлаг. Во моментов тоа е се што ми текнува што можеш да направиш со состојките што ги имаш дома, а мислам дека како за набрзина ќе испадне супер тортиче.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 02 Окт 2012 03:21 #215871

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
desi4ka wrote:
девојки дајте некој рецепт за торта шпански ветар

Оваа рецепта јас не сум ја правела ама стрината на мм ја има правено и јас ја имам препишано :)
Шпански ветар
Тесто: 12 белки се матат со 12 лаж шеќер, се додаваат 5 лаж мармалад од кајсија и се се мати 10 мин. Претходно се подмачкува тавата со зејтин и брашно и врз целата тава се посипуваат 200 гр покрупно исецкани ореви. Врз нив се истура матената смеса и се пече во загреана рерна (на 300 степени)и се намалува на 150 и се пеќе 30-45 минути.
Фил: 300 гр путер добро се мати, 12 жолчки со 200 гр шеќер во прав се меша на пареа. Кога жолчките ќе се оладат се мешаат со путерот и им се додава 200 гр растопено млечно чоколадо.
Тестото се сече на три ленти и се филува. На крај тортата се краси со мелени ореви и рендано чоколадо. Сигурно била убава штом сум ја препишала :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 20 Ное 2012 04:03 #222056

  • iva.siskova
  • iva.siskova's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 562
  • Thank you received: 70
Мафини со цимет и јаболка


2 рендани јаболки
2 ч. брашно
1/2 чаша кафеав шекер
1 л . пециво
1/2 лажица цимет
35 гр. ореви
250 мл. млеко
1/3 чаша масло
2 јајца

Се рендаат двете јаболки. Во еден сад се ставаат брашното , шекерот , циметот и пецивото.Се прави една дупка во средината и се додаваат ситно сецканите ореви. Во друг сад се ставаат млекото , зејтинот , и јајцата и се мати со миксер. Потоа течните состојки се додаваат во другиот сад и се добро се меша со лажица. Се печат во загреана рерна на 180 степени.По желба се поросува со прав шекер
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 11 Дек 2012 17:38 #225473

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Чајни колачи

Состојки:
- 250 г путер (маргарин) на собна Т
- 250 г шеќер
- 500 г брашно
- 2 јајца (може и со едно :smee1: )
- 1 ванила
- малку сол

Приготвување:
Се става брашното во сад, му се додаваат шеќерот, ванилата, солта и малку изматените јајца. потоа се додава путерот и се замесува тесто. Ако го вадите од фрижидер маргаринот т.е путерот, можете да го изрендате во смесата. Месете додека се поврзе смесата. Ако е ладен маргаринот, можно е прво да добиете ронливо тесто, кое со тек на месењето се повеќе ќе се поврзува и ќе добиете финална хомогена смеса. Расукајте кора со дебелина по желба, на работна површина и вадете фигури со калапчиња.
Може да се додаде во смесата и рендана кора од лимон уште повкусни се.
Печете кратко во загреана рерна, во подмачкан плех со малку путер или обложен со хартија.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 14 Дек 2012 06:16 #225856

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
1/2 филџан путер ( Мек да биди) 125 мл
1 филџан шеќер (250мл филџан)
1 1/2 лајца пециво
1/2 мало лајче сол
1 ванила
1/2 мало лајче цимет
2 јајца
200 мл млеко
500 гр брашно
2-3 јабока . ситно и слабо сецено
Подготовка
1. Пуштете ја реланата да се стопли на 180.
2. Со миксерот измешајте го путерот, шеќер, пециво, сол, ванила и цимет околу 2 минути.
3. Се додаваат јајцата и млекото и мешаме со миксерот околку 2 минути.
4. Се додава брашното. Се меша убаво и се додава јабоката.
5. Мафините ги печеме во хартиени корпички за слатки.

Излегуваат 12 муфини ако ги користиме големите хартиени корпички, а појке можите да извајте ако не ги полните до горе…
мене ми земват 40 мин да се испецат а кај вас треба да видите со цеткалица ако се поленти догоре појке ако ги прајте помали околу 30 мин.

ova e originalniot recept za mafini od jabolka, ama jas ne sum jas ako ne go izmenam :opaa:

nameshto sheker stavam med ili kafen sheker. cimet obavezno, vanila i ne mora. brashno stavam pola integralno, pola obichno. jabolka rendam duplo povekje. dodavam i leshnici ili orasi, uf kako dobro odat so jabolkata.
ova e malku pozdrava varijanta, mnogu se vkusni. a koga mi baraat chokoladni mafini, gi pravam istite samo na kraj vo smesata dodavam kakao za da ja oboi istata ;) vo toj sluchaj, probaj pred da gi stavish da se pechat, zoshto moze kje treba pojachuvanje so nekoj od zasladuvachite.

i mozesh da si igrash so ovosjeto, brusnica na primer, ili se shto e bobasto ili zrnesto.
Последна промена: 14 Дек 2012 06:18 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 24 Дек 2012 17:29 #227236

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Big Sister wrote:
Чајни колачи

Состојки:
- 250 г путер (маргарин) на собна Т
- 250 г шеќер
- 500 г брашно
- 2 јајца (може и со едно :smee1: )
- 1 ванила
- малку сол

Приготвување:
Се става брашното во сад, му се додаваат шеќерот, ванилата, солта и малку изматените јајца. потоа се додава путерот и се замесува тесто. Ако го вадите од фрижидер маргаринот т.е путерот, можете да го изрендате во смесата. Месете додека се поврзе смесата. Ако е ладен маргаринот, можно е прво да добиете ронливо тесто, кое со тек на месењето се повеќе ќе се поврзува и ќе добиете финална хомогена смеса. Расукајте кора со дебелина по желба, на работна површина и вадете фигури со калапчиња.
Може да се додаде во смесата и рендана кора од лимон уште повкусни се.
Печете кратко во загреана рерна, во подмачкан плех со малку путер или обложен со хартија.

Jas denes pravev cajni kolacinja po slicen vakov recept. Edinstvena razlika e sto jas stavivi 1 paketce pecivo vo testoto. Drugite sostojki se isti. I na del od figurite im napraviv dupchinja vo sredinata, pa posle gi mackav so marmalad od aronija i spojuvav po dve kolachinja. Prevkusni se.
Eve kako izgledaat


Последна промена: 24 Дек 2012 17:37 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 25 Дек 2012 10:00 #227337

  • strk
  • strk's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 6
Девојки ке ве молам помагајте....Итно ми треба златна прашина за боење на фигури од фондан.Каде можам да најдам,има ли некој информација?Ако некој знае....побрзајтееееееееее :ehej:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 25 Дек 2012 12:25 #227352

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
vo taa prodavnickata na bit pazar garant ima vakvi dekoracii,neznam tocno ama pretpostavuvam ,posto ima se i sesto
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 04 Јан 2013 09:22 #228598

  • Roze
  • Roze's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 860
  • Thank you received: 507
Eve ja tortata za krstevkata na Buce...

The administrator has disabled public write access.

Ре: ​Р​​е​​ц​​е​​п​​т​​и ​н​​а​​ш​​и - ​и​​с​​п​​р​​о​​б​​а​​н​​и, лесни, вкусни!!! 25 Фев 2013 02:50 #233512

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Vikendov go pravev ovoj kolac. Receptot e bez mleko ;) Skrativ od sekerot, staviv 200 gr i bese taman blago.
Prelivot odozgora ima kiselo-blag vkus i moze da se koristi philadelphia krem sir namesto ABC.

Mnogu e vkusen :drol:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 06 Сеп 2013 16:48 #243654

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Печени тулумби
600 мл вода,
200 мл вода,
300 г брашно,
6 јајца,
1 пециво,

За шербетот
1 кг шеќер,
750 мл вода,
5 ванилин шеќер,
сок од лимон по желба

Подготовка:
Сварете ги водата и маслото да проврие, додајте го брашното и мешајте да се соедини, да нема грутки. оставете да се излади. потоа додавајте ги едно по друго јајцата, секогаш мешајќи да се впие добро претходното. додјате го пецивото на крај. измешајте, па со алатка за тулумби обликувајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење. печете ги на 220 степени да поруменат. првите 15-20 мин. не ја отворајте рерната.
Сварете го шербетот оставете да се излади и во него ставајте ги врелите тулумби и вадете ги, па редете ги во сад. на крај сите тулумби прелејте ги со останатиот шербет.

не е моја рецептата, од нет е.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 21 Сеп 2013 14:33 #244166

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Na pamet ja znam receptava za mafini

3 jajca
3 l seker, treba poveke AMA Nam Ni e dovolno samo 3 lazici
1 vanila
50 ml zejtin
250 ml mleko
225 gr brasno
1 pecivo

ova mi e osnovna recepta.

1. GI polnam do pola kalapite I Vo ostatokot od smesta mesam 1 l kakao. Temnata smesa se stava Vo kalapceto tocno na sredina I se dobivaat sareni mafini.

2. Se stavaat Vo kalap I odozgora borovinki

3. Plus Vo smesata 1 mala l cimet I 1rendano jabolko, pomakecko

4. Rendana cokolada

... Se sto ke ti tekne ;)

200 stepeni, prethodno zagreana rerna, okolu 15-20 min. Ke proveris Dali se peceni so cepkalka.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 21 Сеп 2013 14:36 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 08 Ное 2013 05:13 #245460

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Вчера направив кандирана кора од портокал...мњам...Зошто да се фрла кората од портокал кога може да се искористи ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 08 Ное 2013 06:37 #245463

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
kako ja pravese?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 08 Ное 2013 09:04 #245472

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Се прави долго но нема многу работа.

прво корите треба да киснат 4 дена во вода, која се менува 2пати на ден. 5-тиот ден се цедат добро и се сецкаат на ленти. Се варат низ 5-6 води исти како гравче и потоа се оставаат да се исцедат добро. Се мерат. Се прави шербет од исто толку грама шеќер колку што има кори и исто толку мл вода. Откако шербетот ќе почне да се згуснува се ставаат корите и врие додека не се нафати шеќерот на корите, околу 10-15 мин. Се ставаат на хартија за печење и се оставаат да се сушат. Добро е да се посипат со шеќер во прав и да се одвојат залепените парчиња. Треба да се сушат околу 2 дена. Срце јуначко не издржа па почнав уште следниот ден со грицкање ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 08 Ное 2013 10:32 #245478

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Имам еднаш јадено на гости вакви кори и стварно беа вкусни....ама ова ре постапкава да ти збогтиса....5 дена она 2 дена она.....и гравче се вари во 5 води??? :laugh:
Ја домаќинка еднаш само мењам кога ќе зоврие :neznam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 11 Ное 2013 03:28 #245541

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
:hahaha: Jas gravce niz 3 vodi samo. Koga citas si vikas bas da ti zbogtisa ama ustvari ne e mnogu zahtevno. Si stoi 4 dena pa posle stoi uste 2 dena. Imas rabota samo 30-40 min ;) Vredi za sekoja minuta. Mnogu mi se vkusni

Vaka si stoeja 4 dena


I krajniot rezultat


Veke ne e polna volku teglata :sram:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 11 Ное 2013 03:31 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 14 Фев 2014 07:17 #248626

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
еден вкусен и здрав десерт

Пудинг од тиква
Состојки:

- 1 кг тиква,
- 400 мл соино или кокосово млеко,
- 3 лажици пченкарно брашно,
- -4 лажици шеќер,
- морско оревче,
- ѓумбир,
- цимет

Приготвување:
Тиквата сварете ја пареа и потоа од неа направете пире. Во посебен сад измешајте 100 мл млеко со 3 лажици пченкарно брашно. Загрејте го млекото со зачините, исто како кога правите и друг пудинг. Додајте го пирето од тиква, убаво мешајте и постепено додавајте го измешаното брашно со млеко. Варете уште 8-10 минути на потивок оган, мешајќи постојано. Истурете го во помали садови, ставете горе цимет и оставете го во фрижидер неколку часа пред да го послужите
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 17 Апр 2014 08:03 #249996

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
eleonora wrote:
Касато торта
Фил:1 маргарин(коцка)се мати со 250гр.шеќер у прав и 1 ванила.После му се додава 4 жолчки и се мати.
Посебно се кршат ситно кутија бисквити(600)гр,врз нив 1 лажица какао и се попаруваат со 300-500 мл.ТОПЛО(не врело)млеко и се промешува.Од млекото зависи колку ќе биде течно тестото-значи да не биде претечно,да може да се обликува тортата.Се додава 150гр.суво грозје,1 млечна чоколада на ситни парчиња,250гр.ситно сецкани ораси,200гр.сецкани желе бомбони,и рум по желба.Се меша рачно,се обликува по желба-јас ја правам стандард-округла и ја премачкувам со шлаг.:OK:

Јас решив за Велигден оваа торта да ја направам, само во облик на јајце и наместо суво грозје крем бананчиња ќе ставам и ќе ја шараме со шарени бонбончиња :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 17 Апр 2014 08:36 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 18 Апр 2014 15:34 #250033

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
денес пробав една нова торта. рецептот ми е од нет.

Бајадера торта

Состојки:
Прв слој:
300 гр плазма бисквити
1 дл сок од портокал
125 гр путер
125 гр шеќер во прав
Втор слој:
300 гр мелени ореви
Филџан млеко
125 гр путер
125 гр шеќер во прав
Трет слој
2 пакетчиња пудинг
½ литар млеко
200 гр шеќер
125 г путер
Четврти слој
500 мл павлака за шлаг

Подготовка:
Прв слој: соединете ги сите состојки (300 гр плазма бисквити, 1 дл сок од портокал, 125 гр путер, 125 гр шеќер во прав) и ставете го слојот во калап за торта.
Втор слој: 300 гр мелени ореви се попаруваат со филџан врело млеко, се додаваат 125 гр матен путер измешан со 125 гр шеќер во прав. Сето тоа добро измешајте го, па ставете го вториот слој врз првиот.
Трет слој: сварете ги двете пакетчиња пудинг од ванила во ½ литар млеко и 200 гр шеќер. Откако ќе се олади, додадете 125 гр матен путер, па потоа овој слој додадете го врз вториот.
На крај премачкајте со матен шлаг.

За вкусот - задутре. :D
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Апр 2014 15:35 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 22 Апр 2014 03:13 #250068

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
Јас често ги правам пишингер обландите. Многу ги сакаме сите по дома, лесни се а и брзи.

Мојот рецепт оди вака: 7 јајца се варат на пареа со 250гр. шеќер и две ванили. Во јајцата се додаваат 300гр. чоколадо за готвење и еден путер (маргарин). На крај додавам 300гр. мелени бисквити. Филот го редам на сите обланди и на крај посипувам со мелени бисквити или мелени ореви.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 22 Апр 2014 07:06 #250081

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646

Eve ja tortata.
Za podgotvuvanje - lesno, polesno zdravje
Za jadenje - uste polesno :D
Za vkus - odlicna

Samo da napomenam deka ja pravev vo kalap so podvizni strani. vo nego staviv najlonska folija i toa plus mi olesni pri vadenjeto na tortata.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 05 Мај 2014 07:05 #250507

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Pravel nekoj torta Spanski veter , kakva e , sakam da ja pravam
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 05 Мај 2014 07:09 #250508

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
Delfin, za mene samo toa e torta, se drugo e imitacija na torta ili nesto blisku do torta. Spanski veter mi e vrv, kralica na tortite, torta nad tortite. Nie doma si ja vikame puslica ima mnogu slicni recepti, ako sakas jas mojot recept ke ti go pisam utre. Ne mi e tuka, go imam doma , a od doma ne veruvam deka nesto ke stignam da pisam zaradi indijancive.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 05 Мај 2014 07:26 #250510

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
pisi sole
jas najdov na net eden recept po koj planiram da ja pravam
kako sto svativ kako sto e pandispanot cel stoi , vrz nego se stava filot i slag penata , taka ja pravis i ti?
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.