Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Слатки и колачи

Слатки и колачи 17 Дек 2009 22:56 #37

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Бомбици, торти, баклави, ролати....печени или непечени, колачи...
за сите љубители на слатки...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 30 Мај 2014 06:28 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Слатки и колачи 19 Дек 2009 17:53 #463

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1647
  • Thank you received: 569
Колач со ореви и смокви

Потребни Состојки:
-2 јајца,
-180 гр. шеќер,
-100 гр. маргарин,
-100 гр. сецкани ореви,
-100 гр. сецкани суви смокви, -1 прашок за пециво, брашно по потреба, ванила и шеќер во прав.

Подготовка:
Изматете ги добро јајцата со шеќерот. Додајте го маргаринот и оревите како и сецканите суви смокви. Ставете го прашокот за пециво и додавајте брашно по потреба да добиете меко тесто. Ставете го тестото во подмачкано плехче да се пече. По печењето додека е уште топло исечете го на коцки и посипете го со шеќер во прав во кој претходно сте ставиле ванила.

Карамел купови со ореви и бадеми

Потребни Состојки:
- 75гр. брашно
- 220гр. шеќер
- 1дл. слатка павлака
- 90гр. путер
- 2дл. млеко
- 4 јајца
- 8 ореви
- 8 излупени бадеми
- сол

Подготовка:
1. Истопете 75гр. путер во сад, додадете брашно, 70гр. шеќер и млеко, варете неколку минути на слаб оган мешајки се додека не добиете густ сос. Оставете да се олади.

2. Припремете карамел така што во сад на слаб оган ќе истопите 100гр. шеќер со 2 лажици вода. Тргнете го од оган, додадете ја павлаката која претходно сте ја загреале и варете кратко, со непрестајно мешање. Кога карамелот ќе се олади сипете го во припремената смеса, промешајте, додадете 2 јајца, 2 жолчки и снег од белки кој сте го изматиле со малку сол.

3. Сипете го карамел кремот во 8 мали тефлонски калапи за пудинг, кои претходно сте ги намачкале со путер. Гответе на пареа во рерна од 40-45 минути на 180 степени. Исклучете ја рерната, подотворете ја вратничката, а пудингот оставете го внатре.

4. Од преостанатиот шеќер направете карамел со 1 лажица вода. Карамелизирајте ги оревите и бадемите па кога ќе се оладат, редете ги по млакиот пудинг.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Слатки и колачи 20 Дек 2009 05:13 #931

  • Elijana
  • Elijana's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1717
  • Thank you received: 350
Toblerone so rolini(roleri)
150 gr seker
100 gr .voda
75 gr margarin
da zovrie i vo nego se dodavaat
100 gr biskviti meleni
150 gr orevi meleni
e mesa ubavo i smesata se deli na dva dela vo edniot del stavate 75 gr cokolado da se rastopi
potoa zemate oblana ja secite i ja stavate vo triagolen kalap za kolaci
se stava 1/2 od crnata smesa njdolu
pa nad nea cela bela smesa
pa vo nea paralelno se stavaat po dve rolini i se pritiskaat da navlezat poveke od pola vo belata smesa i na kraj se stava uste ostanatata 1/2 od crnata smesa pa se zatvara so parce oblanda


Среќата е единствена работа која се множи кога се дели :-)
Последна промена: 20 Дек 2009 05:14 by Elijana.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Слатки и колачи 25 Дек 2009 20:53 #5846

  • babysara
  • babysara's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 86
  • Thank you received: 11
eve novogodisni kolacinja a voedno i lampioni se, vi treba 450 gr.brasno, 300 seker, malku pecivo, malku zacin za milibrod i gotvarski boi.

Последна промена: 23 Јан 2010 03:21 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Слатки и колачи 26 Дек 2009 00:26 #5959

  • Goca
  • Goca's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 43
  • Thank you received: 23
бејбисара многу се интересни а како ги правеше фигурцињата,произволно со рака или има калапчиња?....прашувам зошто јас не сум баш некој уметник за вака да ги изработам па да не има некој полесен начин :)
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 20 Сеп 2010 02:01 #53424

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Американски крофни

1 лажичка шеќер
1 пециво
200 мл млеко
2 кесички ванилин шеќер
200 грама брашно
2 јајца

Се матат јајцата.Се додава шеќерот и ванилата.Кога јајцата се убаво изматени,се намалува брзината на миксерот,и постепено седодава млекото неизменично со брашното и 1 прашок за пециво.Од брашното се става по потреба- не мора точно какошто е нанзачено,може и малце повеќе, се додека не се добие густо тесто-како за мекици:OK:
Може да се додаде и една чашка ракија, за да не упиваат многу зејтин
Последна промена: 20 Сеп 2010 02:02 by Molly. Причина: Дополнување
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 26 Сеп 2010 21:57 #55431

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
Slavica wrote:
pisete mi nekoj recept za krofni :)

Крофни

3 јајца
6 лажици шеќер
500 мл. млеко
1 шолја зејтин
1 мал квасец
брашно

Од состојкиве се замесува тесто и се расукува кора. Крофните се сечат со чаша.
The administrator has disabled public write access.

Слатки и колачи 30 Сеп 2010 16:37 #56699

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
Обланди

1 пакување обланди
750 г. шеќер
200 г. мелени лешници
400 г. мелени бисквити
1 маргарин Кристал
400 мл. вода

Во тенџере се ставаат водата и шеќерот да вријат 2 минути. Откако ќе зовријат, тенџерето се трга од оган. Маргаринот се топи и се додава во шербетот. Се додаваат мелените лешници и ова се меша. Се додаваат и мелените бисквити и пак се меша. Додека филот е топол се става врз обландите.

Бомбици со локум

локум
шеќер во прав
кокос
пола лимон исцеден

Од состојкиве се замесува тесто и се формираат топчиња. Се валкаат во кокос.
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 11 Окт 2010 23:49 #60238

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
ТОСТЕРКИ-благи
5 Јајца
400 гр. шеќер
300 мл млеко
300 мл масло за готвење
800 гр брашно
1 прашак за печиво
2 ван.шеќер
по желба рендана кора од лимон
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 12 Окт 2010 01:31 #60254

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Еве ги моите рецепти

Тостерки благи

- 1 кг брашно
- 400 г шеќер
- 5 јајца
- 2 пецива
- 2 ванили
- 1 чаша млеко
- 1 маргарин


Тостерки солени

- 250 г брашно
- 1/2 пециво
- 1 јајце,
- филџан масло
-сол
- филџан вода (или млеко)
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 01 Ное 2010 17:03 #67334

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Топло - ладен колач

3 јајца се матат со 170 гр. шеќер кристал
170 гр. путер се мати посебно
170 гр. чоколадо за готвење се топи на пареа,
се заедно се меша со лажица и се додава 100 грама брашно.

Специјални модли (тефлонски), премачкани со путер, се полнат отприлика до пола и се ставаат во добро загреана рерна да се печат одприлика 8-10 мин.
Се преклопуваат на тањир и се служат со топка сладолед. Кога ќе го боцнеш со лажиче од внатре тече врело чоколадо, ммммммм
Многу се добри и ако се здебелам не сум јас крива :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 03 Ное 2010 16:14 #68111

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
бадемите се обелуваат во топла вода потопени. па по некое време ги лупиш.

а за колачов немам рецепта

Е имам за Ледени коцки - моја т.е испробана

тесто
6 јајца
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
2 лажици какао
малку пециво

се мати, се пече тестото во плех. се остава да се излади.

во меѓувреме се прави шербет од
1 чаша млеко
1 чаша шеќер (од 220 мл чаша)

се попарува тестото

се прави филот

1 литар млеко
12 лажици шеќер
се става да се зоврие
му се додава
12 лажици нишесте изматено со вода

се вари да згусне со постојано мешање
се лади скроз да биде ладно

се мати
1 маргарин со 250 г прав шеќер
се додава во кремот, се мати убаво и долго да стане пенесто

Се мачка одозгора, над него се полева топено чоколадо со малку млеко.

Наздравје!

п.с. дури на памет ја знам од што ја имам често правено :laugh:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 03 Ное 2010 16:15 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 05 Ное 2010 19:34 #69048

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
prasence wrote:
imam kalapcinja za kolacinja mesecinki, srcinja i sl ama nemam recepta :)

So niv mozes da si pravis vanilici. Jas bas vcera gi pravev, a denes veke se izedeni. Nie mnogu gi jademe, a i brzo i lesno se pravat.

6-7 lazici svinska mast, 200 gr. seker i 200 gr. mleko se matat dodeka da se rastopi sekerot. Ako e mnogu stvrdnata masta, stavas zatopleno mleko. Potoa se stava okolu 500 gr. brasno so pecivo, vanila, kora od limon i okolu 100 gr. meleni orevi. Se prodolzuva da se mesi so raka. Ako e mnogu mrsno i meko testoto, se dodava brasno. Potoa se formiraat vo kalapcinja ili so race (kako mene)i se pecat na 180 stepeni okolu 15 minuti.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 06 Ное 2010 04:09 #69334

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
медени колачиња
Потребно:
1 чаша мед
1 чаша зејтин
1 чаша шеќер
1 чаша кисела вода
2 лажичка сода бикарбона
брашно по потреба

Подготовка: Од сите состојки замеси тесто како за ванилици. Развлечи го тестото во кора и со калапчињата ги вадиш колачите и ги ставаш во подмачкана тава. Пред печењето на колачињата во средината на секое колаче ставаш по едно парче орев, бадем, лешник ;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 06 Ное 2010 04:20 #69338

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Домашни колачиња со калап


Потребно

180гр.путер
3 жолчки
1 цело јајце
300гр. шеќер во прав
750гр.Брашно
1лажичка сода бикарбона
9лажици кисела павлака
150гр мармалад од сливи

Подготовка
Во сад се меша путерот се додаваат жолчките една по една, па се додава целото јајце и шеќерот во прав.Кога се добро ќе измешаш, го додаваш брашното, содата и павлаката.
Тестото добро се меси и го оставаш во фрижидер да се олади.
Откако ќе се излади се расукува кора и со калапчињата вадиш форми.
На половина од колачињата правиш мал отвор со мала чашка.Ги редиш во плехче намачкано со зејтин и ги печеш во добро загреана рерна.
Испечните колачи ги премачкуваш со мармалад и ги лепиш едно со друго(по две)

Е сега пошто Милена не ти јаде мармалад пробај со крем, ама јас до сега ги немам правено со крем :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 17 Ное 2010 18:39 #73589

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
gunnergirl wrote:
Aj kazete nekoj recept za torta so mak,samo da imatis i peces i se razbira ja izedes:laugh:

Еве еден таков :)

2 шољи шеќер, 3 шољи брашно, 1 шоља зејтин, 2 шољи млеко, 1 ванила, 1 пециво и 100 гр. мак се мешаат заедно, се истура во плех и се пече. Одозгора се прелива со чоколадна глазура:
7 лажици шеќер, 3 лажици какао, 7 лажици млеко, 3-4 лажици путер, малку зејтин.
Последна промена: 17 Ное 2010 18:40 by SandraА..
The administrator has disabled public write access.

Палачинки 02 Дек 2010 00:47 #81108

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
Jas ke vi napisam recepta za palacinki od eden srpski kuvar na svekrva mi -luge napravete gi nema da zgresite jas imam praveno palacinki vo zivotot mislam za ginis od koga znam za sebe i razno razni recepti-ama ovaa...NAJDOBRA SO GARANCIJA
Matete 3 jajca so mikser kratko da ne se napravi gusta pena otprilika 1 min
dodajte 200gr mleko
3 lazici maslo
malce sol
2 mali lazicki seker
250 gr brasno
izmesajte i dodajte uste
200 gr mleko
100 gr kisela voda
koga ke go stavate brasnoto prosejuvajte go malce po malce ne go dodavajte odednas poubavi ke bidat. So ovaa doza izleguvaat 12 palacinki otprilika. Se przat na lazicka maslo. Dobar apetit:OK:
I samo na kraj da dodadam posto za vkusovite vo sustina ne se zboruva se e individualno, no se zacudiv sto nekoj gore napisal deka mleko ne se stava vo palacinki sto mnogu me zacudi spored mene mlekoto i jajcata im davaat vkus:OK:
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 02 Дек 2010 18:10 #81544

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Кога имам многу јаболка често за да ги искористам ја правам следнава торта

Во тавче бр.28 ги ставам излупените и исецкани на кришки јаболка,збиено,зошто во печењето ќе се соберат ;) ги посипувам со шеќер и ги печам,ама колку да омекнат.
Посебно измати 5 јајца со 5 лаж.шеќер,додади 5 лаж.брашно или по вкус ако сакаш намали од брашното додади мелени ореви(јас не го практикувам ова),пециво пола.Ова се става врз полупечените јаболка и се пече.
Готово преврти го да ти дојдат јаболката горе.Се мати шлаг,се става врз јаболката и тоа е тоа


Сестрами пред да го стави шлагот ставаше врз јаболката толчени оревчиња или суво грозје,се е до вкусот и што имаш дома во моментот
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 02 Дек 2010 18:24 #81547

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Јас овој колач го обожавам, лапни голтни е:

пола кило бисквити,
1,5 до 2 кг излупени исчистени јаболки,
1л вода да зоврие со 300 гр шеќер, се додаваат лупените јаболки и се остава да се вари додека омекнат. Кога ќе омекнат се прецедува во голема цедалка и со вилушка јаболките се пасираат.
Во водата што ќе остане од јаболките се варат 2 пудинга од ванила.
Во тава се редат бисквитите како подлога, врз нив се ставаат пасираните јаболка и врел пудингот на крај се истура во тавата. Не мора да се мазни малку само да се протресе за да се распореди низ целата тава. Кога ќе се олади, одозгора се мачка со два шлага. Ептен е освежително о лесно :OK:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 05 Дек 2010 17:36 #83232

  • Roma
  • Roma's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Ex jema
  • Теми: 314
  • Thank you received: 148
Домашни Ferrero Rocher
- 150 гр. лешници претходно испечени на 180 с. 8-10 мин.
- 100 гр. лешник наполитнки
- 200 гр. Нутела
Во искршените наполитанки се додаваат сечканите лешници и Нутелата и се меша со раце де се поврзат ( ако е многу мека смесата се остава во фрижидер малку да се стегне ). Се зема по една лажичка и се обликуваат бомбици. Се оставаат да се стегнат, па се потопуваат во растопено чоколадо ( со тоа за готвење се повкусни ) и се ставаат во хартиени корпички.
И многу брзо се јадат затоа направете си дупла мера :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 06 Дек 2010 03:36 #83510

  • Elijana
  • Elijana's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1717
  • Thank you received: 350
Sandra wrote:
колач со киви
Egotik biskvit torta

Potrebni sostojki:
1 margarin
2 puding vanila
1 litar mleko
250 gr.seker
1kg biskviti
3 banani
3 kivi
150gr kokos

Se vari pudingot so mlekoto i sekerot.Otkako se izladi se promesuva so margariot, se ododavaat bskvitite krseni , se mesa ubavo pa se dodavaat 3 banani, 3 kivi i 150 grama kokos.se zaedno se mesa ubavo se oblikuva po zelba a od gore se preliva so rastopeno cokolado.


Среќата е единствена работа која се множи кога се дели :-)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 06 Дек 2010 18:41 #83882

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Бела бајадера - повелете мама Васе, Ане и Анабел :girlpink:

1 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 1/2 филџан (од кафе) млеко со сок од 1/2 лимон на тивко се топи на рингла. Откако ќе се биде компактно стопена масата, се додаваат 100гр. мелени ореви, па 100гр мелени бисквити. Оваа смеса се обликува во форма на правоаголник со дебелина од 1.5цм.

2 дел:

1/2 маргарин, 200гр шеќер, 100гр вода и 200гр бело чоколадо се топат на тивко со константно мешање. По некое време се додава 200гр мелен орев, а после тоа и 250гр. млеко во прав (не мора целата количина, смесата треба да е погуста, ама кашеста, од многу млеко во прав може да биде многу тврда кога ќе се излади). Пожелно е и да се меша со миксер додека се става млекото во прав, за да не се направат грутки, и овој дел се става над првиот.

Прелив од чоколадо:

На пареа се топи 100гр бело чоколадо со масло, и со тоа се прелива бајадерата која претходно се стврднала.

Па кажете како ќе ви испадни :roll:

п.с. Еве како изгледа, ама ова не е моја слика :P

Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 06 Дек 2010 19:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Слатки и колачи 07 Дек 2010 00:43 #84070

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
Сникерс

2 јајца
250 г. шеќер во прав
1 маргарин Кристал
300 г. мелени бисквити
300 г. сецкани кикирики
200 г. мелени кикирики
рендана кора од лимон
мед
чоколадо за готвење

Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Се додаваат јајцата, бисквитите, мелените кикирики и ренданата кора од лимон. Ова пак се мати и се формира долгнавеста форма. Од сите страни се мачка со мед. Одозгора се ставаат сецканите кикирики. Чоколадото за готвење се топи на пареа и се става одозгора.
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 07 Дек 2010 15:58 #84320

  • Roma
  • Roma's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Ex jema
  • Теми: 314
  • Thank you received: 148
За калапчињата на Ана Моли
- 250 гр. брашно
- 170 гр. маргарин
- 1 јајце
- 1 прашак за пециво
- 1 ванила
- 1 пудинг од ванила (жив т.е. несварен)
Се меси тестото, се сука кора и се вадат со калапчиња (може различни форми). Се печат, само ставајте ги пооддалечени зошто растат.
Зависи од формата, може едниот крај да се потопи во чоколадо па во кокос или мрвици, а по желба и во тестото може да се додадат мрвици.
Многу се вкусни и брзо се прават, а траат и подолго.
The administrator has disabled public write access.

Ми треба рецепта 20 Дек 2010 18:19 #91625

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Тикварник

2 средни долги тикви се мијат, лупат, сечат на кругови, се чистат семките и се варат додека да омекнат (отприлика 30-40мин)
Се цеди водата и се бијат со миксерот на слабо. Се додава:

4 јајца
6 лажици брашно
3-4 лажици масло
1 лажиче пециво
1/2 до 700гр млеко
1/2 лажичка цимет
2 ванили
4-5 лажици шеќер (по вкус)

Сето ова се меша со жица (пошто ќе прска со миксер) и се печи на 180 степени додека не фати кора :OK:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.