Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Блага зимница

Ре: Блага зимница 13 Авг 2011 10:26 #148053

  • julija
  • julija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 265
  • Thank you received: 65
Ke ve molam za recept za slatko od kapini???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 16 Авг 2011 14:45 #148500

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
saligrem wrote:
Pisete mi ako znaete recepta za marmalad od kajsii

Не знам некоја посебна рецепта, ама можам да ти пишам како јас сум ги правела: на кило кајсии оди пола кило шеќер. Кајсиите се мелат, најдобро ако имаш машинка за мелење домати, која ги двои лушпата од семето. Се става во шерпа на умерен оган, со постојано мешање да не загори, и се собира топло на топло. По рецепта на една моја пријателка на почетокот во едно вангличе ставаш околу еден литар од смесата во која додаваш еден густин и добро го мешаш. Потоа таа смеса ја додаваш во останатото. Таквиот мармалад е онака мазен, како купечки.
И уште нешто: при правење мармалад никако не се додава вода, ниту пак ванили и такви додатоци како кај џемовите.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 16 Авг 2011 14:55 #148501

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
julija wrote:
Ke ve molam za recept za slatko od kapini???


Ја имам рецептава, ама никогаш не сум ја правела:

На кило капини оди кило шеќер, сок од еден лимон.
Капините се мијат, па се ставаат во цедалка да се исцеди водата. Од шеќерот се вари сируп со лимуновиот сок и се додаваат капините.Така се вари додека не се довие потребната густина. Се собира топло на топло.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 31 Авг 2011 16:32 #151391

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Recept za djem od slivi sto se pravi vo rerna mi treba
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 05 Сеп 2011 04:56 #152324

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
Мацика, баш таков правев викендот и тоа 2 дози. Ставив 3.5-4 кг сливи сецкани на полованиа па уште на 2-3 парчиња зависно од големината на сливата, пола кило шеќер, 2 ванили и 20сетина каранфилчиња. Покриени ги ставив да зовријат на околу 220степени. Кога зовреа го извадив капакот намалив на 200 и така вриеја уште 4 саати отприлика. :) Ќерка ми веднаш 2 парчиња изручка :jupi:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 05 Сеп 2011 05:44 #152351

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Мајка ми правеше џем од сливи во рерна - редиш во тенџере поголемо ред сливи, ред шеќер, и така до горе. на секој ред попрскуваш по 1 лажичка рум и јаболков оцет. Наводно за конзервирање и за одземање на киселината од сливите.
Оставаш така да стојат од вечер утрото во рерна ги печеш, само со протресување и без мешање.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 05 Сеп 2011 05:51 #152358

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Го направивме фамозниот џем од сливи во рерна по следнава рецепта.
на 2кг сливи оди
200 гр. шеќер
2 ванилин шеќер
цимет по желба (ставив пола кесичка)

Јас све спремив, а свеки бутна кај нејзе во рерна (оти кај мене дома многу се загрева овај :P ) и јас си отидов а она го направила до крај. Јас обезбедив рецепта. И да на крај 15 мин пред крај се ставаат 2 лажици рум (ова за 2кг сливи). Од 2кг сливи искачаат 2 тегли.И свеки обавезно достави оцет.
Ние направивме од 4кг сливи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 07 Сеп 2011 16:08 #152841

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
И свеки обавезно достави оцет.

Kade se stava ocet???
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 07 Сеп 2011 16:15 #152843

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Kako sto mi kaza majka mi na sekoj red slivi po edna lazica ocet poprskuvas.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 07 Сеп 2011 16:29 #152845

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
za vo tavce koga se pravat kako pekmez ova istoto vazi , so ocetot?
ne sum cula za ocet dosega
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 07 Сеп 2011 16:30 by Dolphin.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 07 Сеп 2011 17:05 #152851

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
macika wrote:
Го направивме фамозниот џем од сливи во рерна по следнава рецепта.
на 2кг сливи оди
200 гр. шеќер
2 ванилин шеќер
цимет по желба (ставив пола кесичка)

Јас све спремив, а свеки бутна кај нејзе во рерна (оти кај мене дома многу се загрева овај :P ) и јас си отидов а она го направила до крај. Јас обезбедив рецепта. И да на крај 15 мин пред крај се ставаат 2 лажици рум (ова за 2кг сливи). Од 2кг сливи искачаат 2 тегли.И свеки обавезно достави оцет.
Ние направивме од 4кг сливи.

Јас истово ова го правам и со излупени и исчистени жолти јаболки. Обавезно додавам цимет. Многу вкусно, особено во комбинација со палачинки :skok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 08 Сеп 2011 06:56 #152893

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
Срна,ке може да го напишеш твојов рецепт подетално со јаболката?И како ги стерилизираш теглите?
Благодарам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 08 Сеп 2011 10:31 #152917

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Јас правам обично мала количина, јаболката ги има секогаш и ако ми треба си доправам. Сега направив од 4кг. жолти јаболки, треба да ги пробаш да се од оние поблагите. Ги ставам јаболките во вода да отстојат околу 15 минути, ја лупам лушпата, ги сечам на четвртинки и ги чистам од средината. Ги редам во големо тенџере, ред парчиња јаболка, покривам убаво со шеќер одозгора, ставам цимет и сосема малку јаболков оцет попрскувам, па повторно ред парчиња јаболки и се така додека не ги наредиш сите парчиња, на крајот завршуваш со шеќерот, јаболковиот оцет и циметот. Го оставам да отстои неколку часа, не сум го оставила преку ноќ. Потоа пред печењето во рерна ставам малку водичка и ги печам. Може по желба да се стави и ванилин шеќер и рум, но јас не ставам, вака ми е многу вкусно. Го јадеме исклучиво со палачинки и прекрасно е.
Теглите прво рачно ги мијам, ставам детергент и врела вода до врвот, отстојуваат 15-тина минути, ги тријам со четка за шишиња, ги плакнам и ги редам во машина за садови, каде што се перат на 70 степени, се сушат во машината на програм за сушење и тоа е тоа.
Последна промена: 08 Сеп 2011 10:33 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 29 Јун 2012 06:26 #205827

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
Sanja wrote:
Другарици,

Имам полни кеси со кајсии, не знам што да им правам.
Ај дајте некој рецепт за мармалад од кајсии. Пошто имам пекач, ако имате рецепт за џем во пекач - давајте.

Баш вчера и го барав рецептот на една комшика,откако синко го бендиса ептен,ама за на рингла.Ја прашав за 5кг.кајсии дозата и е 2кг шеќер за благи кајсии а 3кг.за неблаги.Ги сече на половинки и во поголема шерпа реди ред кајсии па ред шеќер и ги остава цела вечер(значи не ги меле)Утредента ги вари на рингла со нон-стоп мешање додека не се згусне,па ги остава на исклучена рингла уште малку.Се собираат во тегли топло на топло(се разбираме)Рецептава е поише за тие што неправеле досега,детална :kez: Иначе ептен го бендисавме и го сефтосавме у палачинки :aham:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ми треба рецепта 14 Ное 2012 09:53 #221333

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
Nekoj barase recepta za sok, eve ja:


Bistar ovosen sok:

Se cisti 5 kg ovosje od semkite, se sece na kocki I se stava vo 15 l voda da se vari ( 20-25 min. )
Sokot se proceduva, se dodava 1 kg seker I 1 limontos.
Vreliot sok se stava vo zeski sisinja.


Gust ovosen sok:

Se cisti 4 kg ovosje od semkite, se meli so masinka za dzus ili filter sokovnik I se dodavaat 3 kesicki limontos.
Se vari 5 l voda so 1 kg seker, vo nea se dodava smesata od ovosjeto.
Vreliot sok se stava vo zeski sisinja.


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
Последна промена: 25 Ное 2014 14:53 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 23 Ное 2014 22:42 #253061

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Imam dosta zamrznati kapinki, pa se misalm dali da svaram slatko imi marmalad da napravam. Dajte sovet sto e polesno i nekoja recepta. :foryou:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Блага зимница 25 Ное 2014 14:55 #253070

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
za slatko recepta mene mi e super - gi redis vo tendzere, red kapinki, red sheker. do kraj. gi ostavas od vecer da pustat sok. sledniot den gi vries kratko, okolu 20 minuti, pa ostavas da se izladi pokrieno so tenka gaza, ako ima pena ja trgas i ladno go sobiras vo tegli. mozes pred kraj da dodades nekolku trkalca limon.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.