Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Солена зимница

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 08:08 #215365

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
I jas ovaa godina resiv da ne pravam nisto. Staviv samo ziva tursija dve kanti, ednata blaga drugata luta.
Od lani imam uste malidjano i lutenica.
Se mislev samo ajvar nekoja tegla da napravam, no iskreno pred dva dena po preporaka na edna drugarka go kupiv na Mama's ajvarot i e top. Ekstra vkusen. Taka da resiv da ne pravam, da si kupam koga ke ni se jade.
Od smraznat zelencuk isto resiv da ne stavam, djabe si trupam vo friz koga ima po prodavnici.
Blagi raboti dodusa nikad ne sum stavala.
Nesto sveki sto ke pravi od tipot na salca, peci gmeci i takvi raboti pa ke se izgrebeme i nie i toa. I jas kako Damjana si go cekam teleto i praseto i taman da mi se napolni frizot :drol: :laugh:
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 08:20 #215370

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Да се надоврзам на Мајси за ајваров од Мамас дека е стварно преубав и може дури и да ги подлажете гостите дека ви е домашен :laugh: И често во Тинекс даваат на 6 тегли едната да е гратис па му доаѓа по цена од 150тина денари одприлика, што реално и тегла направен дома ве кошта толку. Ние лани за проба земавме па после и кога имавме домашен ајвар се случуваше да си купиме ваков.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 08:48 #215375

  • Mamita
  • Mamita's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 277
Ај и јас да се пофалам дека сум домаќинка :rofl:

Јас секоја година си замрзнувам од печените пиперки за ајвар, испечени, излупени и исчистени. Зимото само ги одмрзнувам ги ставам во јајце и презла и ги пржам и се ммммммммм. Ако не ме мрзи им ставам и по едно парче кашкавал внатре, па пак во јајце и презла и се фантастични.

Еве сега ми се пријаде :tupco:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 09:52 #215386

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
Она што го имаме од зимници, баба ми ни го прави да е жива и здрава.Само ставаме замрзнати печени пиперки што е стварно супер идеја, и замрзнати домати за во манџички.исто и бланширани тиквици и модар за во турли тава ама количините се повеќе за мерак одколку дека е за зимница.
Оваа година мајка ми ќе става нешто туршија и јас ќе направам само руска салата па заедно со ајварот салцата и џемот на баба, доволно ќе е
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 10:10 #215392

  • blair waldorf
  • blair waldorf's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 284
  • Thank you received: 89
А може да ми кажете како ги замрзнувате печените пиперки, со рачка, без??


едит: и патлиџаните, со лушпа, без, печени или???


Извинете на прашањево - млада домаќинка :D
:tupco:
bebe82
Последна промена: 28 Сеп 2012 10:13 by blair waldorf.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 10:59 #215398

  • Mamita
  • Mamita's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 510
  • Thank you received: 277
bebe82 wrote:
А може да ми кажете како ги замрзнувате печените пиперки, со рачка, без??

Јас ги мрзнам без рачка, онака скроз излупени и исчистени како кога ги лупиме за ајвар. Но пред да ги спакувам ги оставам преку ноќ убаво да се исцедат.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 18:03 #215449

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Добра информација за ајварот на Мамас. Ама цената мислам дека многу се разликува, зашто обично мајка ми знам ми кажува околу 70 ден излегува тегла ајвар (без работна рака де, признавам :kez:).
Во живот ништо не сум спремила зимница, само се гребам од мајка ми и свекрва ми. Али вака кога ќе почнам да читам како спремате ви се восхитувам да ви кажам. Додуша мене омилен ми е ајварот и расол зелка обожавам. Туршија и остало јадам само од што го имаме, повеќе сакам свежа зелка и морков рендан, а пак блага зимница скроз прескокнувам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 18:29 #215452

  • Палестинец
  • Палестинец's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 34
  • Thank you received: 8
Јас ги правам следниве зимници:

1. Ајвар (60 кг црвени чушки, 25 црни патлиџани, 4,5 шишиња зејтин , пола кило сол и малку шеќер)

2. Црни патлиџани окулу 20 во тегло со зејтин, оцет и лукче (претходно патлџаните ги сечам на тркала и ги пржам)

3. Лути и благи чушки по 7-8 кила за Печи-Гмечи

4. Лутица (1 кило зејтин, 5 кила црвени чушки кои ги цепам, 1 кило лути мали чувчиња, и малку магдонос)

5. Јуфки тие уште во јуни ги сукам (2 табли јајца, 1 кило млеко и околу 15 кила брашно)

6. Тарана (5 кила брашно и 2 млека)

7. Боранија 5 кила и ја замрзнувам

8. Грашок (Безеље) 15 кила

9. Патлиџани црвени 3 кила ги сечам ги посолувам и ги сушам

10. Пинџур (10 кила зелени чушки, 2 кила мали лути чувчиња, 7 кила црвени патлиџани, лукче и зејтин 1 кило)

11. Лозов лист за сарма си ги купувам уште во мај 700-800 парчиња за Сарма правење

12.Бамбарки (бабури) 50 парчиња си ги замрзнувам

13.Бамји 150 парчиња си ги замрзнувам

14. Фефорончиња 5 кила ги печам и ги замрзнувам за во тегло

15. Клавчиња 50 парчиња ги варам и ги замрзнувам

16. Праз сега во октомври-ноември ќе си земам 3 снопа и ги закопувам

17. Пченица 3 кила за Бунгур...ја мелам

18. Руска салата (Моркови 5кила, краставичиња 4 кила, карфиол 3 кила, 10 патлиџани, зелени чушки оцет околу пола кило, вода и црн бибер)

Слаткото направено е......од Тиква, од Лубеница, Зелени Смокви, од Стасани смокви, од јагоди.

Месото понатакај ќе го ставам...не знам што ќе земам...кога ќе земам ќе ви напишам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 19:03 #215471

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
ti za kaj se spremi auuuuuuu, ke puknes od piperki jadenje i Klavcinja :D hahahahahahhaaaaaaaaa
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 19:05 #215472

  • Палестинец
  • Палестинец's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 34
  • Thank you received: 8
Па тоа е зимница...........не ова вашево...........две три тегли ајвар ќе си купам........дрн - дрн.............
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 28 Сеп 2012 19:13 #215473

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
Emilija30 wrote:
bebe82 wrote:
А може да ми кажете како ги замрзнувате печените пиперки, со рачка, без??

Јас ги мрзнам без рачка, онака скроз излупени и исчистени како кога ги лупиме за ајвар. Но пред да ги спакувам ги оставам преку ноќ убаво да се исцедат.

i jas gi smrznuvam na ist nacin, pa vo zima si gi pohovam, ili pindjurce so domati i lukce si pravam, ili onaka so jace przam.

kazete kako da stavam vo tegla cepkani, ne sum stavala taka, a ubavi mi se.
ajvar ke pravime, ama neznam kako so mesevo jas ke uspeam li nekako, ama mora malce, ke ni se jade :D
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 04:49 #215512

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Палестинец wrote:
Па тоа е зимница...........не ова вашево...........две три тегли ајвар ќе си купам........дрн - дрн.............
:muahaha: :muahaha:
Списокот ти е морам да признаам импозанетен, ама прво од причина што ти се набројувањата под реден број а во заграда фалеше и комплетниот рецепт ;) Видиш мене кога пишував за зимница, не ми текна за јуфки, тарана и слично дека спаѓаат под тоа, а како што се гледа од скоро па сите горенаведени постови, сите допрва ќе спремаат ама не им е наведено тоа на мени. Еве и јас меѓу другото ќе си имам праз :P
И ова со смрзнативе клавчиња како идеја е добро, ама не знам дали во пракса до сега сте ги јаделе после тоа на што личат, ние една година најдовме прекрасен шеќерац и си смрзнавме, ама после ни на сточна храна не личеше :da:
Последна промена: 29 Сеп 2012 04:50 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 05:08 #215516

  • CACULE
  • CACULE's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 15
Bravo kakoli naogas vreme za pravenje tolku zimnici,potpis za klavcinjata na nisto ne licat vo zamrznuvac jademe samo taze
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 11:37 #215556

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Палестинец wrote:
Па тоа е зимница...........не ова вашево...........две три тегли ајвар ќе си купам........дрн - дрн.............


Палестинец, за колку души спремаш зимница?
Кај мене дома никој ништо такво не јаде, и искрено, освен зелка што ќе ставам, оваа година немам намера баш ништо да спремам. А, математикава дека искача 70 денари тегла ајвар-може, ако имаш пиперки во двор.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 14:50 #215567

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Палестинец па ти бре ко за војна да се спремаш. Ова ко за ратни залихи. Секоја чест!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 15:29 #215576

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
denes sveceno pocnavme so malidzanoto. utre ke se przi... potoa samo uste lutenica i tolku. ne se matkam so drugo.
a ke stavam i crveni piperki za polnenje, oti ne koristime baburi
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 15:41 #215579

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
И ние денес испековме и излупивме 40кг. црвен пипер. Утре ќе се прават сецканите пиперки и ќе ставаме пиперки во тегла.
Туку ми донесоа и везени пиперки и ги испеков и нив, ама немам појма како и што да ги ставам во тегла. Ај кажујте некој рецепт само да нема конзерванси и слични чуда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:01 #215584

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
со оцет, масло, сол, лукче, магдонос - како печи гмечи што се прави.
само знам дека некои ставаат малку - со прстофат- салицилна киселина во прав, ама мислам дека не е морално.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:09 #215585

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Биг Систер ај малку поконкретно колку оцет, сол како да одстојат во смесата или така само се поливаат????
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:26 #215587

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Маринирани пиперки

jas ovie piperki gi obozavam i ke gi napravam ovaa godina
ajvarot utre ke se przi , a lutenicata dr.nedela i dosta e za zimovo
pa treba i nesto mrsnicko da se kasne , nema samo piperki da jademe zimoska
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 29 Сеп 2012 16:37 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:35 #215588

  • elena j
  • elena j's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 519
  • Thank you received: 113
Палестинец wrote:
Јас ги правам следниве зимници:

9. Патлиџани црвени 3 кила ги сечам ги посолувам и ги сушам

a za sto gi upotrebuvas suseni domati...??gi gledam po dukanive ama neznam kako bi gi kombinirale?
Последна промена: 29 Сеп 2012 16:36 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:36 #215589

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Мацика, ја кога сум редела така везени пиперки - посолувам по малку сол на секој ред, попрскувам масло околу 1 - 2 лажици и по 1 - 2 лажици масло. Си редам лукче сечкано со магдонос измешано, по желба...Отприлика значи.
На крај завршувам со масло, оцет и лук и магдонос.
е тогаш некои ставаат најгоре колку на врв лажиче од салицилната киселина.

дури сме ставале на крај прекрстени две дрвца од лоза за да не се кревале пиперките нагоре.

И се разбира нелупени се таквите пиперки. Ама и да не се препечени :kez:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 16:40 #215590

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
elena j wrote:
Палестинец wrote:
Јас ги правам следниве зимници:

9. Патлиџани црвени 3 кила ги сечам ги посолувам и ги сушам

a za sto gi upotrebuvas suseni domati...??gi gledam po dukanive ama neznam kako bi gi kombinirale?

neznam za Palestinecot ama jas si kupuvam susen domat za vo mandzi zimno vreme si stavam
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 17:00 #215596

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Палестинец, ако може да ми кажеш како ги сушиш доматите?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 29 Сеп 2012 18:48 #215640

  • Палестинец
  • Палестинец's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 34
  • Thank you received: 8
На сонце.....ги сечам и ги солам........и ги оставам да се сушат....
Како бе кај ги ставам патлиџаните...па во повеќе манџи одат.......во бунгур......во јанија........турли-тава......грав....

Абе какви ратни залихи.........За една фамилија.........за зимото.....


АААААА...абе какви домаќинки сте вие...еден маж никаков како мене повеќе знае од вас.......ццццццццццццццццццццц
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.