Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Солена зимница

Солена зимница 17 Сеп 2010 03:02 #52595

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Актуелна тема во овој период од годината.
Дали припремате зимници и што најчесто? Сакате ли да испробувате нови рецепти, кои баш не се баш типични за нас балканците?

Јас оваа година го направив сефтето:laugh:
Со свеки си направивме салца, варени патлиџани во шише, цепкани пиперки во тегла, мармалад од модри сливи и компот од малини, сливи и вишњи.Сега преостануваат уште ајварот и мојата омилена лутика,кисели краставички и руска салата која мм ја обожава.
Денес во еден дневен весник видов интересни рецепти за зимница, па се мислам да направам и некои други рецепти како што се модрите патлиџани во тегла со лукче и магдонос, кисел вргањ, пикантни тиквички.
Некако веќе ми здосади стандарднава наша зимница, сакаме со мм нешто ново.Па вреди да се проба од се по 4 тегли, колку за проба:laugh:
Последна промена: 19 Сеп 2010 19:27 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 03:09 #52596

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Мене мама ми прави заедно со тато, да ми се здрави и живи:srce:

Имаме црвен ајвар и домата...




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 04:15 #52609

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Jas mnogu mnogu i ne sum po zimnicata,preku cela godina gledam da jadam svezo.E sega onaka za merak denta koga se pravi ajvar moze da probam i tolku.(go sakam dodeka e topol)A da ke zaboravev od tursija obozavam kiseli krastavici.Inaku jas nepravam tursija,sveki pravi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 12:37 #52670

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
Anna Molly wrote:
Денес во еден дневен весник видов интересни рецепти за зимница, па се мислам да направам и некои други рецепти како што се модрите патлиџани во тегла со лукче и магдонос, кисел вргањ, пикантни тиквички.
Некако веќе ми здосади стандарднава наша зимница, сакаме со мм нешто ново.Па вреди да се проба од се по 4 тегли, колку за проба:laugh:


Ana aj ako imas vreme spodeli gi receptive so nas. Mnogu interesno mi zvucat :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:09 #52718

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Мамичка повели:)

Пикантни тиквички

4кг тиквички
2кг црвени пиперки
10-12 чешниња лук
2л вода
0,5л оцет
0,5кг шеќер
1 конзерванс

Тиквичките се сечат на кругови, а лукот и пиперките на четвртинки .Нека зоврие водата со оцетот, шеќерпот и конзервансот, па ја оставаме да се излади.
Во теглите ги ставаме тиквиците, лукот и пиперките, полеваме со ладниот прелив, ги затвораме и ги варите 15 мин

Кисел вргањ

1кг вргањ
5-6 зрна бибер
3 листа ловоров лист
Лимон
сол

Парчињата вргањ ги бариме 5-6 минути во солена вода во која има сок од лимон и бибер.
Се вадат, се ладат и се редат во теглите заедно со ловоровиот лист.Полејте, затворете и варете ги телите 15 -20 мин.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, mamicka

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:28 #52729

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Јас годинава мислев дека нема ништо да правам ама ете направив :) Бев кај сестра ми и заедно си направивме нешто измеѓу ајвар-лутенка. Немаме услови за ајвар правење, па си направивме нешто по нашки, многу убаво испадна. Планирам да ставам руска салата во тегли и толку веројатно...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:28 #52730

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
anna molli a sto e toa vrganj?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:29 #52732

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Вргањ е печурка,

Ана Моли интересно изгледаат рецептиве, ако некој ги прави, нека сподели искуства :)

Јас не правам ништо оваа година, ретко јадеме ние со децава, па за малку ќе искористам од мајка ми и од свеки, и ќе им помогнам :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:30 #52733

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Јасмина тоа ти е печурка
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:42 #52741

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
Ane a receptot za modrite patlidzani :blush:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 14:46 #52744

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Мамичка модрите патлиџани свеки ќе ги спрема, па кога ќе дојде од работа, ќе ја прашам кој е рецептот и одма ќе пишам. Ама мислам дека зборуваше свеки дека исто се правеле како везени пиперки во тегла со лук и магодонос, ама за посигурно ќе пишам рецепт после;)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 15:53 #52776

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
И јас купив 10кг пиперки. Прв пат оваа година, досега се' мајка ми и татко ми ни правеа ајвар. Сега ќе правам цепкани пиперки по овој рецепт:
- 10кг пиперки се печат и лупат

Во тенџере се зоврива:
- 1л масло за јадење
- 300мл јаболкова киселина
- 300гр шеќер
- 2 големи лажици сол
(Ова е оригинал од рецептот. Јас ќе додадам малку лукче и магдонос, а може и луто кој сака)

Се додаваат пиперките претходно исцепкани, се зоврива и чува на оган 30мин. Цело време се меша. Веднаш се собира во жешки тегли и се затвораат.

За резултатот ке ви пишам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 17 Сеп 2010 16:12 #52779

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
женски, само да ве предупредам дека лук во зимница баш и не се препорачува, оти така обработен по некое време се разградува и испуштал некои материи. Ама затоа секогаш може свеж лук да се додаде :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 18 Сеп 2010 12:46 #52977

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Мамичка еве го рецептот за модар патлиџан

1кг модар патлиџан
1л јаболков оцет
150мл маслинов зејтин
1-2 лажички сол
3 чешниња лук

Патлиџаните се мијат и се сечат на кругови не многу тенки а и не многу дебели.Во тенџере ставаме оцет, сол и се вари додека не зоврие, па потоа се намалува и се ставаат патлиџаните
5 мин.Се вадат и цедат, а оцетот се чува.Се редат во тегли-патлиџани па сецкано лукче и магдонос, па пак патлиџан.Се остава да се оладат и се преливаат со остатокот од оцетот.На крај ставаме малку маслиново масло и ги затвораме теглите
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamicka

Ре: Зимница 18 Сеп 2010 22:33 #53063

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Jas napraviv od piperkite. Moj komentar za receptot. Mnogu seker e 300gr, 150 ke e dovolno. I masloto moze da se dosta teamali 750-800gr. Vremeto na przenje e malku. Ostanuva dosta tecnost. Znaci 1 saat bi trebalo da se proprzi. Drugoto e ok.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 18 Сеп 2010 23:04 #53074

  • vecki
  • vecki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 155
  • Thank you received: 27
  • Карма: 9
jas denes napraviv slatko od smokvi zreli ,eden pingur ,imam staveno i fiferoni ,ostana uste ruska ,modar patligan vo tegli,lutica i ajvar aaa tesko mene koj ke lupi piper
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зимница 19 Сеп 2010 19:40 #53337

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Јас правам многу солена зимница бидејќи многу и јадеме, мм поготово.
Двајцата обожаваме кисело и ставам туршија, руска салата, цвекло и не ги правам со ексенција туку со оцет. Исто знам да наредам и модар патлиџан со магдонос, лук и ореви посебно ми е вкусен. Салцата ја правам преку цела година.
Ајвари, љутици, малиџана... тоа не правам ми даваат моите.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 19 Сеп 2010 19:42 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 19 Сеп 2010 23:57 #53382

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
Пипер цепкан


10 кг.пипер

1 литар зејтин

250 гр. Јаболков оцет

250 гр. Шеќер

3 до 4 лажици сол.



Начин на подготовка



Пиперот може да биде и везен ако јадете луто инаку за нелут пипер се знае.Пиперот го печеме на ќумбе го лупиме и го цепкаме или го дробиме го оставаме малку да се исцеди. Во една поголема шерпа го ставаме зејтинот, оцедот, шеќерот, и 3 до 4 лажици сол.Сето ова го ставаме на ќумбе да се растопи во зејтинот и убаво да се затопли.Откако зејтинот убаво е затоплен се ставаат пиперките и се пржи додека да испари водата и додека да добие убава густина. Се собира топло во тегли и се става во просторија каде што се чува зимница.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 20 Сеп 2010 12:53 #53482

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Домаќинки, како ставате кисела зелка?
Пробувавме на различни начини, но после некое време (два месеци) зелката обавезно ни фаќа цвет. Тоа е затоа што ја правиме без конзерванс.
Лани пробавме со рецепт на 10 литра вода 380 грама сол. Зелката не се сече кај кочанот. Не беше лошо. Важно е и местото да не е топло каде ќе се чува бурето.
Знам дека жени ставаат конзерванс, ама јас не сакам да чујам за тоа. Ќе ја јадам наместо три, два месеци и толку.


ЕДИТ - Морав да дополнам. Кисела зелка ми е омилена и уште сега слинам кога ќе ми текне на питата со кисела зелка што ја прави свеки. Ја јадам и како манџа зготвена, а многу ја сакам и исецкана како салата, зачинета со маслинов зејтин и буковец. Подобро ајвар да нема за зима, отколку зелка да нема...
Готово, ќе се мрднам....
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 20 Сеп 2010 12:56 by redsonja.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 20 Сеп 2010 14:45 #53535

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Ние не ставаме конзерванс во зелката, а ни трае неколку месеци. Кочаните на зелките се вадат, во дупките се става крупна сол, се тура вода и дури да стаса зелката се преточува на 2 дена или секој ден. И јас обожавам кисела зелка
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 20 Сеп 2010 17:48 #53608

  • vecki
  • vecki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 155
  • Thank you received: 27
  • Карма: 9
i jas vo zelkata ne stavam konzervans,ja pravam po istata postapka kako mamaAnita i zelkata trae ne se slucilo do sega da bide zglibosana
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 20 Сеп 2010 18:23 #53619

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Мене сите истото ми го викаат, дека не ставаат конзерванс и дека зелката им седи чиста до крај. Ние досега сме ја правеле со сечен кочан и со преточување, лани ја правевме без сечен кочан и без преточување, ама пак фати цвет.
А ставате ли рен во зелката?
Ние бурето го чуваме во подрум, ама во соседната просторија ни е котелот што го ложиме за парното греење, па можно е на зелката и да и е топло, па затоа ни се расипува при крај.
Ја ставаме во ноември, почнуваме да ја јадеме во декември, во февруари се случува веќе да има цвет, а останало уште третина буре:(
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 21 Сеп 2010 11:56 #53772

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Nie ovaa godina se na gotovo si dobivame:)
Ajvar veke imame, salca, malidzano, pindzur i lokumce. Nesto od moite, nesto od roditelite na mm.
Istoto vazi i za tursijata. Inaku, redsonja, svekrva mi stava vo zelkata zrna od pcenka i ren. Prevkusna e. I toa cekame na niv :P
A, si zemame i kanta domasno berovsko sirenje i domasna berovska pavlaka.
Последна промена: 21 Сеп 2010 12:07 by SandraА..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 04 Окт 2010 23:46 #57912

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
dali moze da mi kazete nekoj dobar recept za pravenje cveklo, sakaat da stavat moite pa nekako ne im e dobar lanskiote recept
The administrator has disabled public write access.

Ре: Солена зимница 05 Окт 2010 01:12 #57925

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
sakam da si stavam onie piperki peci gmeci , sto se zapekuvaat na ringla, se pustaat vo edna smesa sto vrie i se stiskaat so tolcnik vo tegla, pa odgore na sekoj red luk i magdonos, arno ama ne znam smesata sto tocno sodrzi i po kolku
ako pravel nekoj neka mi pise :aleluja:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.