Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Зачински билки во кујната

Зачински билки во кујната 29 Авг 2015 14:00 #254958

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Одгледувањето на зачински билки дома е одличен начин да уживате во нивната прекрасна арома преку целата година, како и да ги збогатите домашно приготвените јадења со неповторлив мирис и вкус на свежи зачини.

Дури и ако живеете во стан и немате голем двор на располагање не мора да се откажете од ова задоволство. Зачините можете да ги посадите во мали саксии и да ги поставите на тераса или на кујнскиот прозор. Има неколку правила за успешна зачинска градина.

Одберете многу светла локација. Најдобар избор е јужен прозор преку кој зачините ќе добиваат околу 6 часа сончева светлина.
Подгответе мали саксии за садење. Додадете не многу густа земја. За да ја подобрите дренажата измешајте во земјата малку крупен песок.
Семето е најдобро да го посадите рано наутро.
Ако садите повеќе различни зачини во долгнавеста саксија оставете доволно простор помеѓу нив за да можат да се разгранат.
Не заборавајте редовно да ги наводнувате зачините, посебно кога ќе се разгранат.
За да ги употребите во вашите јадења секогаш сечете ги зачините од врвот со ножички. Сечете само по онолку колку што ви треба во моментот. Зачинските тревки растенија растат брзо и секогаш ќе имате свежа залиха.

Ви ги препорачуваме следниве типови на зачини за вашата убава градина во кујната:



Босилек – дури и да не го користите во готвењето ќе уживате во неговиот мирис. Одличен е за капрезе салати или врз брускети.

Нане – Освежителните летни пијалоци не можат да се замислат без свежи ливчиња нане

Рузмарин – Одличен во комбинација со месо. Засадете го рузмаринот во саксија со ситни дупки на дното и често наводнувајте го.

Магдонос – Многу е лесен за одгледување, а ниедна македонска манџа или супа не може да се замисли без него.

Копар – Се користи со риба, салати, како додаток во тестенини

Жалфија – Ливчињата жалфија даваат богата арома на јадењата. Сините светови исто можат да се користат како зачин. Од исушените ливчињата направете си чај.

Мајчина душица – Се користи како додаток во многу различни јадења. Одгледувајте го во саксија на директно сонце.

Извор

Дали имате зачински билки во домот? Како ги одгледувате? Јас сакам да засадам зачински билки во саксии, па секое искуство е добредојдено :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зачински билки во кујната 31 Авг 2015 13:02 #254963

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Имам босилек, рузмарин, нане. Бидејќи сум во куќа, рузмаринот кој расте голем, е во дворот, а во саксии се босилекот и нането, а имам дел нане и во двор.
Инаку некни во Хубо Реплек видов прекрасни саксии за зачински билки кои се продаваат комплет со специјални ножички за сечење на билките.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зачински билки во кујната 08 Сеп 2015 15:57 #254978

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Probav da odgleduvam zacini ama mnogu mi se susat. Zimno vreme nema dovolno svetlina a letno vreme ako ne se navodnuvaat sekoj den tolku e. Za sreka ima da se kupat svezi zacini vo sekoe vreme ;)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Зачински билки во кујната 28 Окт 2015 20:07 #255157

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Posadiv bosilek, ne e golem uste, magdonos veke nekoe vreme go koristam, imam cili pipercinja super bea ama fatija nekoja bolest, pa morav da gi otkornam i prezasadam novi. Sega cekam cilito da porasne, a ruzmarin ne sum probala, toa e sledno.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.