Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Лесен (летен) ручек

Лесен (летен) ручек 11 Јул 2015 11:28 #254831

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Сите ние во текот на летниот период помалку јадеме и настојуваме да јадеме полесна храна. Се разбира, таа вклучува повеќе овошје и зеленчук и специјалитети од нив, немасни оброци, лесно сварливи. Добро е тука да си ги пишуваме рецептите за таков лесен (летен) ручек, па секој ден ќе имаме идеја што да подготвиме за главно јадење.

Еве што имам направено јас:

1. Ручек - салата

1 варено јајце
3-4 маслинки
1 свежа пиперка (лута ако сакате)
1 домат
50г сирење или урда
зелена салата (количина по желба)
маслиново, сол и други зачини според вкус

Подготовка:
Зелената салата убаво се мие, а потоа се остава во сад со вода и оцет уште 20-тина минути за да се исчисти убаво. Се сецкаат сите продукти, се ставаат во сад за салата и се зачинуваат. Со интегрален (ржан) леб или без него, имате брз летен и лесен ручек.
Салатата е доволна за да се најаде 1 лице, а како мезе може да послужи и за повеќе луѓе.

2. Салата од макарони

Сварете макарони и да ги оставите да се оладат. Испечете тенко сецкана тиквичка, обарете морков и исецкајте го на ситни коцкички. Додајте и домати.
За миг сте готови, а што е најважно, ќе добиете здрав оброк.

3. Мусака со тиквички и ориз.

Исто како обичната мусака, само без мелено месо.

Друго на мени: шопска салата, обични тестенини и сл. Забележав дека штом јадењето содржи масло (нешто подготвено со пржење, печење), потешко му е на организмот. Ако имате предлози за рецепти со што помалку масло и маснотии, пишете.

Какви летни оброци подготвувате вие? Што најмногу ви се допаѓа?
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 11 Јул 2015 11:38 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лесен (летен) ручек 13 Јул 2015 13:55 #254838

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Пред некој ден пробав една прекрасна салата која навистина освежува и е таман за летово

Салата со тиквички
- 1 зелна тиквичка
- 1 краставица
- 1 марула
- китка рукола
- сок од 1-2лимона (по вкус и зависно колку е сочен лимонот)
- 3-4 лажици мед
- оригано

Тиквичката и краставичката се мијат и сечат на кругови, без да се лупат претходно. Марулата се сечка крупно исто и руколата. Све се меша во сад, се посипува со оригано и смеса од сокот од лимон и мед. По желба додадете уште сок од лимон или мед и промешајте убаво да се распоредат состојките.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лесен (летен) ручек 29 Јул 2015 17:04 #254859

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
Гаспачо (чорба)

- 1 кг црвени домати
- 2 зелени пиперки
- 1 краставица
- 1-2 чешниња лук
- 150 грама лебни трошки
- 6 – 7 супени лажици маслиново масло
- 1-2 супени лажици оцет
- 1/3 литар вода
- Сол

Подготовка
Потопете ги лебните трошки во вода. Измијте ги и исечете ги доматите, пиперките и краставицата. Во блендер ставете ги лукот, пиперките, краставицата и доматите. Во подлабок сад истурете ја течноста, додајте ги исцедените трошки и ставете масло и оцет. Додајте го остатокот од водата. Посолете и ставете ја чорбата во ладилник.
Препорака: Гаспачото може да се сервира и со коцки мраз, ако не се стави во ладилник.

Рецептот го имав преземено од Интернет. Го направив со мали модификации во количината на намирниците. Денес тоа имав за ручек + сирење. Лесно, брзо за подготвување и вкусно. Пробајте го и нема да се покаете. :)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Лесен (летен) ручек 05 Авг 2015 10:51 #254880

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Mesana salata, tuna ili pusen losos i kuskus. Salatata (krastavica, kromid, patlidzan, piperka, marula, rukola...se stava se po zelba) se secka i se zacinuva po vkus (jas zacinuvam so maslinovo maslo, limon, malku balsamiko, malku senf, sol i biber) i ubavo se mesa. Odozgora se stava ribata razdrobena na sitni parcenca i kuskusot. Brzo, lesno i vkusno.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Лесен (летен) ручек 14 Авг 2015 15:23 #254919

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Red tikvicki seckani, kromid, luk, patlidzan, sol biber malku crvena piper se narosuva i malku brasnence i magdonos, tri reda se redat po ovoj redosled i se zavrsuva so patlidzan odozgora. Ako se nema svez patlidzan moze i domata kupecka. Se peci 1 saat pod folija na 200C i uste 20 min bez folija da se podpece. Ako e suvo vo pecenjeto se dodava malku 1/2 casa voda. Denes go rucavme prevkusno izleze :gotvi:
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.