Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Мои бисери

Мои бисери 10 Ное 2011 07:26 #163929

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
Си имаме тема бисери на нашите дечиња, но си велам ај и нешто вакво - наши бисери кога сме биле малечки. Јас на пример имам два долго спомнувани бисери кога сум имала 3 години (многу бисерна возраст):

1. Многу сум била убава, ама многу и мајка ми ми кажуваше дека немало човек кој кога ќе ме видел да не искоментирал нешто од типот колку сум убава или слатка итн. или пак да ме погали, штипне...и така јас сум се навикнала на таквите коментари. Сме седеле еднаш во Жито Лукс на пица со мајка ми и сестра ми и еден пар - дечко и девојка постојано ме гледале и си зборувале тивко и јас на цел глас сум рекла: "Мама зошто не ми кажат дека сум многу убава"? :tupco: :sram2: Ах, мајка ми почнала уште погласно да се смее, а девојката ми кажала - многу си убава.

2. Пред зграда пред комшии јас паметната ја прашувам мајка ми: "Мама како викате вие за е**њето? Ние во градинка викаме дупење." Ухххххх, работава за женава била - земјо отвори се и голтни ме. :hahaha: Среќа мајка ми е педагог, па не сум си примила една воспитна.
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 08:03 #163946

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Прв бисер на кој се сетив е кога имав 5-6 години и моите купија телевизор во боја. И во тоа време мораше да го пријавиш уредот, нели за да плаќаш потоа такса за ТВ. А имаше поминато месец дена како е купен телевизорот и доаѓа за наплата инкасаторот, ама кај чичко ми кој живее до моите и ја го гледам него и среќна целата
- Чичко, чичко, ти не знаеш дека и ние сега си имаме телевизор и тоа во боја :zelen:

Чичкото одма им се обрати на моите - Секако дека не знам :muahaha:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 10 Ное 2011 15:42 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 08:26 #163951

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Сум била со мајка ми дома и сум ја прашала каде е тато, а таа на тоа ми одговорила „на германски јазик„.

Јас со нетрпение сум го чекала да дојде и кога дошол сум му се стрчала и сум му текла
„Тато, ај зини да ти го видам германскиот јазик„ :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 08:31 #163953

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Сега вака на брзинка ми текнува на неколку бисери :laugh:

-Татко ми редовно кога го бараа на телефон, нели на домашен кога бевме деца, јас стално со отворена слушалка му викав: Тато, те бара тој и тој, за него дома си или на пат? :hahaha:

-Татко ми работеше во словенечка фирма и дојде еднаш кај нас на гости генералниот од Словенија. Тоа беше чест невидена, и нели све требаше да биде азно мазно:laugh: Арно ама, човекот пиејќи црно вино, му се истури на тепихот, и ја по чистењето ме дал Господ од дете :hahaha: отидов, земав сунѓер и почнав да го рибам тепихот и да го карам пола на македонски пола на српски :muahaha: Моите у земја пропаднале, ама нели јас детенце па испаднало на крајот духовито. Инаку сум била неполни 4 години.

-Кога бев негде второ одделение, беа хит оние ХБ моливи во дречливи бои, зелена и розева :laugh: И јас прашав едно детенце од одд. од каде да купам и како се викаат. Детево ми кажало ДРЕЧ моливи, а јас сум чула ЗЕЧ моливи:muahaha: И се враќав во книжарата едно добри пет пати истиот ден, за да купам ЗЕЧ моливи, а на продавачкава никако да и стане јасно. И успат, на сите тие идења и враќања до книжарата, се сопнував на истата подотворена шахта, цело време :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 09:11 #163960

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
Јас у моментот не се секам ама едно ногу е јако од времето кога постоеа видео клубови.

Одам у видео клуб да замам филм, и читам таму на рафтот стои наслов ПОРНО, а една баба изнајмува филмови. И читам наглас наму ви пишува ПОРНО, ви фали една буква ПОРАНО-мислев дека тоа се поранешни филмови(историски):muahaha: :sram:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 09:37 #163969

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Како мала не сум можела да ја кажам чисто буквата „Р“ во некои зборови, или пак зборовите ги кажував превртено. На пример не можев да кажам ЈОРГАН и викав РОЃАН.
Братучедите на татко ми (беа цело друштво и постојано некаде се гледавме, по гости, забави, излети...) постојано ме зезаа и ме тераа да кажувам такви зборои. Еднаш ме терале да кажам „РАСОЛ“, мене ми дошле преку глава и само важно им сум рекла „КИСЕЛА ЗЕЛКА“ и сум ги замолчила за секогаш :laugh:. Сум имала околу 3 години.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 09:37 #163970

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Сигурно сум имала околу 6 или 7 години кога се десила случкава. Сум го слушнала зборот педер некаде, и не сум знаела (нормално) тогаш што тоа значи. И како паметно девојче :sram2: сум си ја прашала мајка ми. Таа пак кутрата затечена од прашањето незнаела како да ми објасни. Па ми рекла дека тоа се оние кои машко со машко или женско со женско играат танго. :hahaha: Е сега мојата тогашна логика. По родендени кога одевме танго си игравме девојче со девојче. И така јас горда што нешто ново сум научила, на една голема семејна вечера, седната на столче сум си станала и јасно и гласно пред сите сум рекла „Јас сум педер“ :muahaha: Можам да им ги замислам фаците какви им биле на сите, особено на мајка ми и на татко ми. Не се сеќавам што се случило по моето признавање :hahaha: ама и ден денес си се смееме на случкава.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 14:31 #164021

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
Во градинка јас негде три,четири години,ни донеле телевизор и јас им се фалам на моите и мајка ми ме прашува црно-бел или во боја?И јас талент:wtf: ,црн е,ама има едно копче црвено(тоа за уклучување).:tupco:
На ова не се сеќавам ама ми го кажувале многу пати,sвонел телефон и јас сум се истрчала да се јавам.И некој го бара татко ми,Тој и тој ми треба,а јас одговарам немаме овде таков и так телефонот.Мајка ми ме прашала кого бараа,јас сум и кажала тој и тој,а таа ииии па татко ти го барале.Јас цела прашалници и сум ја прашала,па татко ми не се вика ТАТО?оф леле:tupco:
Последна промена: 10 Ное 2011 14:33 by forumce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 10 Ное 2011 14:37 #164022

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
Zvoni telefonot doma kaj nas jas mala i majka mi mi vika ako me bara slavica ne sum doma. Krevam jas Slavica na telefon. JAs mrtva ladna. "Majka mi mi reche ako ja barate vie da vi kazam deka ne e doma :poimnemam:
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Ное 2011 04:50 #164073

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Ne bev epten mala i se javi tetin mi na tel. I mi vika - kaj e tatko ti? Jas - a koj go bara? Tome od Premka. I odam - tato te bara Tome od Premka! Si puknaa od smea so majka mi ... abe tetin ti Tome e :)
Последна промена: 11 Ное 2011 04:52 by Thatcher.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Ное 2011 05:17 #164075

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
Ова не е мој бисер, туку на сестра ми, но е толку добар што моравд да го споделам - татко ми се туширал, но заборавил да ја заклучи вратата од купатилото, па сестра ми (некаде на 4-5 годинки) влагла внатре и го видела гол и трчајќи накај мајка ми и рекла: "Мамоооо му го видов дундот на тато". :muahaha: :muahaha: :muahaha:
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Ное 2011 05:36 #164078

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
И ова не е мој бисер туку на другарка ми:

Бисеров е од времето кога се киснеше дење и ноќе во Бони :roll:

Другарка ми со уште неколку другарки биле седнати на сепаре, кога дошол некој дечко што се познавал само со едната од седнатите девојки, се поздравил со неа, а да не се поздравува поединечно со сите други рекол:

„За сите - Тони„

Другарка ми чула, ама не дочула и му се приближила на дечково и му рекла

„Може за мене КОКА КОЛА пошто ТОНИКОТ ми горчи„ :what: (наместо ТОНИ, таа слушнала ТОНИК)

:hahaha: :hahaha:

ЕДИТ: И нормално после ја почастил со кока кола :laugh:
Последна промена: 11 Ное 2011 05:45 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Ное 2011 13:10 #164160

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Јас како мала сум била ептен бисерка :zelen:

Пред секој збор сум ставала НА. НА-баба ми(кај баба ми) (на градинка).Ми купија моите точак кога бевме во Бугарија на одмор и после тоа бев главна во маало и сите ме прашуваа од кај ми е и јас цело време сум им вика од Нагабија :tupco: И нормално никој незнаел кај е Нагабија и јас дома сум замарала од каде ми е точакот. И ко за беља ни дошле гости и они А аа што убав точак имаш ти од каде ти е? Од ГУРАБИЈА :hahaha:

Сум немала проблем со буквата Р и многу чисто сум ја кажувала и сега мајка ми да се покаже пред пријателките дека чисто ја кажувам Р буквата, почнала да ми вика -
Ај кажи круша
И јас круша
Ај кажи Кромид и нормално јас кромид
Ај кажи Риба и мене ми дошло чудно не научена првата буква да биде Р и не сум можела да кажам риба и почнале да ми се смеаат и јас ко од топ, не ми се смејте знам да кажам -КРИБА(сум си ставила К да ми биде полесно):poimnemam:


Сестра ми ја учела Прваче и јас од страна седната и по неа повторувам. Се вратил татко ми од работа и јас среќна сум научила песна и одма да му ја кажам. Сите како во театар седнати и слушат и јас Брзај брзај прче кошкондор(брзај брзај прваче кон школскиот двор):what: :hahaha: :hahaha:


Има уште многу али овие се тие кои се повторуваат на секој роденден, слава итн итн
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Ное 2011 18:24 #164191

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Кога бев мала, мајка ми многу често за доручек правеше мекици. Пошто неќев да јадам (бев коска и кожа), мајка ми го тегнеше тестото во вид на некое животно, пајка, шатка, гуска, за да ме убеди да каснам. После доручекот излегувам на тераса, комшивката поминува покрај нашата куќа и вика: „Кај е мајка ти?“ А ја: „Пржи гуски.“. :tupco:
И оваа се затрча одма кај нас да види какви гуски пржи мајка ми. :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 27 Ное 2011 13:50 #166708

  • mama3
  • mama3's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 53
  • Thank you received: 43
Aj so mi naprajvte se gazam od smea vo 2 sat sabajle.
Jas eptema talent bev (doduse uste si sum) ko ke otkacev nesto kazano bese.
Me praka majka mi vprodavnica da kupam cimit, i jas si povtaram cimit cimit idam tamu i i vikam na prodavackata imate cimento a taa me gleda vika ama nie ne prodavame cimento, jas pak doma odam i i vikam na majka mi mamo pa tie ne prodavaat cimento a taa cimit mori kakvo cimento, i sega jas pak vprodavnica i si povtaram cimit cimit odam pak cimento mi veli so ke praj majka ti i velam kolaci i zenata i tekna i mi dade i veli drugiot pat kazi i da ti zapisi.
E za ovaa prikazna pola vikat deka se slucilo so mene pola so sestra mi: ke odat moite Bugarija mislam a nie posti imavme rodnini mnogu tamu moite nosele devizi so niv i gi stavile vo pelenata i koga vrvel carinarnikot jas ili sestra mi sme se cepkale kaj pelenata i majka mi manala eden pogled i jas/sestra mi sme rekle "amori ne cepkam kaj parite".
So tatko mi odime kaj nekoj prijatel negov i vrvime pokraj grupa gupci i svikal tatko mi 'kaj si be Ramce" a toj svikal nazat "kaj si be braced" jas sum se zgazila od placenje oti sum imala guptin cicko (bev 4-5 godini)
Sedime ednas kaj komsivkata doma i zvoni nekoj na vrata i mi vika taa odi otvori cicko ljupco e (maz i) i jas trcam mu otvoram a toj nekako ljut mi deluva i jas na cel glas "cicko ljupco e ama e namucuren"
sigurno ke mi teknat i drugi ama ke odam da nanam sega
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 28 Ное 2011 09:33 #166892

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
ХАХА сега ми текна еден мој бисер ден денес ме зезаат за тоа. Спиев кај тетка ми и сабајлето ми дава да пијам чоколадно млеко, си го испив за две секунди и доаѓа тетка ми и ми вика - Сакаш РЕПЕТЕ? Јас незнам како сум си поврзала во глава дека репете на српски значи морков, а морков немаше шанси да ми бутнеш и и викам А ФАЛА АМА ЈАС НЕ ЈАДАМ РЕПЕТЕ :rofl: Тетка ми онака збунка целата :wtf: ми вика не сакаш уште едно чоколадно млеко ??? :tupco: Ааааа сакам чоколадно млеко, јас мислев дека ми даваш МОРКОВ :rofl: :rofl: :rofl: Се утепа од смеење тетка ми и уште ме зеза за тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 28 Ное 2011 11:48 #166918

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Ja ziv biser i den denes sum, a sega mi tekna na eden kako dete 3-4 godinki sum imala :)
Dosle baba i dedo od Srbija (majka mi e Srbinka) kaj nas na gosti. I sme si igrale so topka so baba mi.
I baba mi mi vika: Baci, baci (demek da i ja frlam topkata)
A ja - topkata pod miska i trk kaj nejze da ja baknam :muahaha:
I taka me zezale neli i si se smeele na moja smetka, dodeka jas mesto da ja frlam topkata sum trckala nataka - navaka :tupco:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
Последна промена: 28 Ное 2011 11:49 by mamatobe.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 30 Ное 2011 09:35 #167513

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Е, ова е баш бисер, додуша не од дете туку од втора година средно со една другарка.
Летото идеме ние две женски на одмор во Охрид со автобус. Нормално, автобусот застанува на Стража да направи пауза. Искачаме ние, јаките женски од автобус да запалиме цигара, глумиме нешто мангупки, се муваме наваму- натаму, и еден момент слушаме, се пали автобус- ќе трга. Фрламе цигарите и влегуваме внатре. Автобусот трга. Си ги бараме нашите седишта, ама нит ги има нашите ствари, а нешто и фаци непознати околу. Паника...кога тоа автобусот идел назад за Скопје, не бил нашиот. Па, застана мајсторот да се симнат гуските. Поодевме назад стотина метри и се залепивме за вратата на вистински „нашиот“ автобус за да не ни кидне и тој. Уште не тргнати саглам, ќе се вратевме назад дома. Леле колку сме биле смотани, значи...
Соучесникот ќе се препознае.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 30 Ное 2011 09:40 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 08 Дек 2011 03:27 #169390

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
Па не бев баш мала - 8-9 години, гледаме кошкарка со татко ми и сестра ми финалниот меч на Југопластика кога го освои шампионатот во 1990 и гледаме како Тони Кукоч од пола терен дава кош. Јас онака возбудена (а и сите околу мене, башка публиката на телевизија, башка публиката во маало - се дерат сите), викам - Тато ЧЕТВОРКА тато! :tupco: Па логично е нели после тројка да има четворка, па макар и во кошарка. Сестра ми и ден денес ме зеза за тоа.
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 08 Дек 2011 06:02 #169405

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Сум била некаде второ трето одделение и на мајка ми и дошла на гости една пријателка која така е малку пополничка. И целата уште од врата почнала на мајка ми да и раскажува дека ја збркале кучила и едвај се спасила. И јас мртва ладна сум и плеснала: Па ако бе тетка М, греота се и кучињата, ако те фателе барем ќе се најаделе :tupco:
Мајка ми пропаднала во земја :laugh:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 04 Апр 2012 07:43 #192515

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Сум била прво одд. и од тогаш сум со клучот на врат :)
Мајка ми работеше на 2 мин. од дома....буквално претпријатието беше пред нашата зграда.
Памтам имавме еден телефон со огромеееен кабел за влечење од кујна до дневна па до балкон.
И памтав дека јас малечко не можев убаво да гледам доле, па фино лепо си земав столче мало дрвено си се поткачив и посматра госпоќата. Баш тогаш мајка ми од пауза да дојде да ме ѕирне....ме гледа кај сум се испентарила,...и само смирено ајде Катерина отклучи и на мама...ајде симни се....а јас ееее не можам сеа па отклучено ти е....не сум ни заклучила. Летна женава дома ...ме симна од стол...добив по газот еднаш-двапати...и ми го заклучија балконот до даљнег ....
А имам и случки на постојано пцуење на сестрите на лекар. Многу болежлива сум била и едно две на инекции....и секој пат иста песна,урлам пред да влеземе, и сестрите демек да ме опуштат со прашања, како се викаш и сл. и стално сум викала....ајде брееее у ПМ..веќе боцкај...ајдееее.,...п**** ти мат****ајдее...татко ми вика ја у земја :fijuk:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 11 Апр 2012 17:59 #194132

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
Biserov moj mi e koga imav nekade 6-7 godini, 1 oddelenie, se sekavam deka celo vreme samo mu barav nesto na tatko mi da mi kupi i majka mi ko naviena mi vikase abe sine tatko ti ne e rokfeler ( ko ja togas da znaev sho e rokfeler )
Odime na gosti kaj starosvatovite na moite i nivnata kerkicka pocnuva da mi se fali kakva kukla i kupil tatko i, a ja i vikam: epa tatko mi mene ne mi kupi, pa toj ne e rotfajler, ne moze ja se sto ke posakam da mi kupuva :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Мои бисери 01 Сеп 2013 18:53 #243363

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
4та година, добивме скоро цел клас 1ци зошто ни даде ненадејно тест. И сега требаше одма на наредните часови да се поправаат оценки. Наместо фискална сметка, јас реков фиксална сметка.... :mozok:

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.