Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: (Не)Oмилени училишни предмети

(Не)Oмилени училишни предмети 15 Јун 2011 23:44 #141886

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Од основно до средно воопшто не ја сакав математиката. Прво затоа што во основно имав еден наставник кого не го разбирав што зборува, а не пак да разберам што предава. :laugh:
Во основно исто не ги сакав физика и хемија - за првиот предмет имав професор кој беше одвратен во секој поглед, а за хемија наставникот збореше на некој неразбирлив дијалект и уште понеразбирливо предаваше, така што мака мачев и не ја разбирав хемијата.
Историјата вака, така со мака ја учев, ама не ми беше толку одбивна.
Географија ми беше интересно додека не требаше да се учат глупи бројки напамет.
Биологијата ми беше омилен предмет и причина да се запишам во биотехнологија. Во средно ги сакав сите предмети кои имаа врска со биологијата, додека историја и марксизам одвај учев. Ама учев оти бев бубалица и сакав да бидам одлична на крај.:laugh:

Додуша професорката по историја имаше чуден начин на предавање и уште почуден за „испрашување„ т.е правевме тестови за кои требаше да се искомбинираат неколку теми, па да дадеш одговор....и додека влегов во штос како треба за да добијам 5 се намачив :zelen:
Хемија и физика ми станаа омилени, оти професорките беа ОК и почнав да ги разбирам подобро и да ги учам полесно.

А вие - кои предмети ги сакавте, со лесно ги учевте, а со кои мака мачевте?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 15 Јун 2011 23:45 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 16 Јун 2011 01:49 #141893

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Баш сакам да зборувам за омилени/неомилени предмети од училиште :P

Омилени, без размислување, ми беа јазиците-македонски, англиски и германски. Значи со најмногу желба, леснотија, интерес ги учев овие предмети, па затоа и без двоумење си го одбрав филолошки :) Учев во "Ј. Х. Песталоци" и од петто до осмо имав прееекрасна наставничка по македноски јазик, што е нели многу важно за да се засака/замрази одреден предмет, т. е. да се добие или изгуби желба за учење на истиот, додека во средно-слаб професор, ама основата беше поставена. Потоа и латински со многу лесноија си го учев.

Историја, географија-онака, ги учев, ама ни со посебна љубов, ни со одбивност.
Не знам зашто ич не сакав биологија, од сегашен аспект ми е чудно, да сум сега ќе ме интересира :P
Физика и хемија-во основно не ги сакав, во средно многу засакав хемија, додека физика мислам дека ми беше најнеомилена материја под мишка со филозофија (башка тапа професорица...).

Логика и социологија ептен ми одеше, додека во психологијата се заљубив таа една година што ја учевме, ама не колку во јазиците (многу сакам да учам граматика, книжевност...).
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 16 Јун 2011 12:11 #141928

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
Во основно, средно и факултет најомилен предмет ми беше математика. Другите предмети сите ги учев, е сега ако се погодеше некој бош професор и предметот ќе го замразиш. На пример во средно латински не ми се допаѓаше начинот на предавање, многу не тупеше со граматика и напамет ги учевме лекциите. Во средно психологија ми беше исто омилен и многу интересен, ама и професорката постојано ни даваше некои тестови, игри, не беше само учење лекции и дефиниции. Физичко во средно беше исто многу интересен, професорот не учеше и носеше на секакви спортови, па така од средно имам основни познавања од тенис, карате, веслање, гимнастика, пливање - сите стилови, дури и делфин не учеше, атлетика, кошарка, одбојка. Стварно супер. На факултет освен математика омилени ми беа и сите други предмети каде имаше решавање задачи како осигурување, инвестиции, статистика...
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 16 Јун 2011 12:17 #141931

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Во основно омилен ми беше англиски јазик, а најмногу мразев ОТП оти имав одвратен наставник.

Во средно, покрај англиски многу ја сакав психологијата, а не ја сакав математиката, но по некоја чудна логика иако не бев добра по математика се запишав на Економски Факултет во Скопје.

На факултет најмногу пак си сакав англиски јазик и кибернетика, но ги сакав и предметите што опфаќаа меѓународна проблематика:
- Меѓународни финансии
- Надворешна трговија

А најмногу, ама ептен многу го мразев предметот Маркетинг, и тоа не заради неговата суштина, туку заради професорот. И ден денес се ежам од зборот маркетинг.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 16 Јун 2011 14:16 #141972

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 952
  • Thank you received: 337
Jas od sekogas najmalku sum sakala muzicko, fizicko i likovno, ne me biduva ama ic i ova mi bilo golem napor
Sakam jazici, pa angliski i makedonski mi bile omilenite predmeti sekogas
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 16 Јун 2011 14:30 #141974

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Математиката ја сакав од секогаш,наставничката во основно ми беше супер и иако во гимназија професорите ме ни беа баш нај нај имав добра основа и немав мака, ама и ми одеше.
Англиски обожавам, исто наставничката во основно ни даде добра основа, плус мојата љубов кон јазиците. Историја сакав многу, немав никаков проблем со памтење на датуми, баш ми одеше, арно ама најмногу мразев физика и хемија, само во прва година средно не ја мразев физиката бидејќи имав добар професор, и во основно најмногу сакв по хемија кога рамневме хемиски равенки, ама сепак тоа имаше врска и со математиката.
На факултет го дсакав како предмет меѓународна екомонија, современи економски системи, кибернетика ми беше одвратен поради професорот и да монетарна економија исто поради професорот врска немаа ни книгите од кои учевме ниту пак професорите да ти објаснат за да ја сфатиш материјата.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 17 Јун 2011 15:46 #142134

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Ane wrote:
Од основно до средно воопшто не ја сакав математиката. Прво затоа што во основно имав еден наставник кого не го разбирав што зборува, а не пак да разберам што предава. :laugh:

Истиот тој професор работеше само со еден до двајца во класот и јас ја имав таа среќа да бидам една од ретките, на кои овој професор им даде солидна база за понатаму.
Значи математика секогаш ми била јака страна и се што е поврзано со пресметки сум го совласувала лесно.
Исто така, уште пред да тргнам во прво одделение моите ми купиле атлас пошто сум имала изразен интерес за држави, континенти (истиот интерес сега го има и син ми, не само што ги знае и покажува континентите, туку и знае која држава каде се наоѓа, нормално попознатите држави). Оваа љубов кон географијата ја имам уште. Исто така и јазиците секогаш ми беа појака страна.
Од најнеомилените ќе ги издвојам:
Хемија, никогаш не ја сфатив поентата на оваа наука, а камоли да изедначувам равенки по валентност :poimnemam: :hahaha:
Исто така и историјата ми беше во најнеомилените предмети. Учев за оценка, апсолутно никаков интерес немав кон неа.
Последна промена: 17 Јун 2011 15:47 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 17 Јун 2011 18:31 #142163

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
Koga bev osnovno voopsto ne mi se dopagjase - matematika. Vo sredno ne mi se dopagjaa: hemija - voopsto ne mi odese ovoj predmet a 4 godini se mucev so nego :mdf: , biznis - ne me interesirase voopsto , bidejki ucev medicina a ne ekonomsko :roll:
interna medicina - bese premnogu tesko
istorija - mi bese prvata edinica vo prva god. sredno a priznavam poveke ne me interesirase zaradi profesorkata.. :dry: :laugh:

Inaku obozavav angliski ( jazicite najveke gi sakam) i pedijatrija mi bese interesno :)
Последна промена: 17 Јун 2011 18:32 by Slavica.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 30 Јун 2011 17:30 #143754

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Како во основно така и во средно многу сакав македонски, иако читав се` друго освен задолжителните лектири. И ден денес сакам историја и географија (тоа и го студирав), а во средно доста ми беше интересна и психологија и социологија, најверојатно поради професорката која ни предаваше- „страшна беше“.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 30 Јун 2011 17:32 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 30 Јун 2011 20:56 #143817

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Predmet koj organski ne go podnesuvav bese Latinski :pukam: , najverovatno poradi profesorkata koja ni na zivo se smeese ni na mrtvo placese i do sega ne sum sretnala slicna osoba. Fala bogu sto se ucese samo edna godina :aleluja:

Site ostanati mi odea od raka :zelen:
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 17 Сеп 2011 09:39 #154123

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
Математика и само математика.јас и онака не сум многу спретна со бројки ама во основно сфатив дека не било се до мене.Редовната ни наставничка ја заменуваше друга на неколку дена и за чудо не знам како,за само неколку дена јас почнав се да разбирам и да ми биде интересно.Новава наставничка дури си мислеше дека сум една од најдобрите по математика зашто нон стоп јас кревав раце и решавав на табла.ама,кратко траеше кога се врати старата продолжи истото,ради реда предавање и истата незаинтересираност и така си остана,зашто немав никаква основа.Останатите предмети ми беа супер.А најмногу сакав македонски,посебно граматика ,англиски и историја.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 27 Мар 2012 08:53 #191193

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
Историјааааа пуста да остане од секогаш ја мразев. Најмногу сакав социологија , филозофија, македонски јазик. А останатите така така, ааа и англиски не сакав незнам зошто ама не го сакам како јазик





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 07:14 #191342

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Najomrazeni mi bea Matematika, hemija i fizika :pukam:
Jas sum si bre bubalice...daj mi istorija, makedonski,sociologija...gajle nemav :)
Zatoa i praven zavrsiv...da bese drug uste ke studirav :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 09:18 #191359

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
најомразен физика,физика и физика:pukam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 09:41 #191365

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Najomilen - matematika :) I cel zivot mi se vrti okolu nea :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 09:50 #191368

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
omilen predmet mi bese biologija i seuste ja sakam , najneomilen istorija

a za matematika odsekogas mislev i den denska mislam deka sum tata -mata :hahaha: arno ama veze nemam , sekogas koga imavme pismena matematika jas bev "spremna " nemase potreba od vezbanje (ova jas si go imav umisleno), pa listovite po testovite mi bea celosno ispisani , si gi resavav jas zadacite ama na moj i sekako netocen nacin

ostana matematikata misterija za mene :fijuk:
Последна промена: 28 Мар 2012 09:51 by PiPoLiNo.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 10:25 #191376

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Од кај да почнам. :sram2:

До осмо, скоро сите предмети ми беа омилени и бев запишана на сите возможни секции што постоеја. Еве како најомилени ќе ги издвојам математика, македонски (особено граматика), физика, физичко (се‘ што е поврзано со спорт), ликовно (сакам да цртам, и убаво цртам), географија обожавам... Најмалку сакав да учам историја (оти ми беше поврзано со бубање, а јас не знам да учам напамет) и хемија (заради професорката која цело време ме споредуваше со брат ми кому му одеше хемија).
Во средно од стручните предмети омилен ми беше хармонија, оти беше поврзан со компонирање и изразување, како и пијано (иако ми беше облигат).
На факултет се заљубив во психологија и филозофија, па ми станаа омилени предмети. Иако се бавам со педагогија, никогаш како предмет не го сакав, беше премногу стереотипен за мојот темперамент.

Од денешен аспект можам да заклучам дека омилени предмети ми биле сите кои се поврзани со логика, творење и спорт.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 10:52 #191382

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
Немав некој неомилен предмет како дете се трудев сите да ми бидат интересни, но од денешна точка на пример многу малце знам од физика а уште помалце од хемија.
Во средно пак го сакав предметот но имав многу строг професор по сметководство- иако на факултет тоа се покажа како добро бидејќи буквално без учење си го положив испитот зошто имав завидни познавања од средно
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 28 Мар 2012 15:18 #191405

  • ciciban
  • ciciban's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 69
  • Thank you received: 60
уште како дете ме интересираше небото, т.е. оние светли точки што светат навечер (мајками вели...леле од мала не прашуваше што се тоа ѕвезди, зошто различно светат, која како се вика, ....а јас и таткоти незнаевме да ти одговориме на многуте прашања што ги поставуваше). Кога тргнав на училиште математиката ја обожавав се додека не дојде физиката, потоа многу читав за вселената (и ден денеска остана љубовта кон астрономијата), а пак на факултет физиката ја споив со сеизмологијата што е и моја професионална определба. Ете на кратко што отсекогаш сум сакала. А најмногу сум мразела да учам странски јазик :zid:
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 30 Јун 2012 15:31 #205980

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
Многу сакав математика, а ИЧ НЕ сакав историја! И сеуште не сакам!
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 06 Окт 2012 02:35 #216552

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
Ne deka ne mi bese omilen, ama ednostavno voopsto ne mi odese matematikata, me bolese glavata od nea :D , najmnogu sakav muzicko l, zatoa sto obozavam da peam, istorija ( posebno makedonskata I rimskata ) I hemija ( poradi eksperimentite )
Vo sredno najmnogu gi sakav filozofija I socijologija, vo ostanatite predmeti nemase nisto interesno ( ucev opsta gimnazija )
Na fakultet nemav interesni predmeti, osven izucuvanjeto na samiot jazik ( studirav italijanski jazik I knizevnost )


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 08 Окт 2012 04:04 #216752

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
Makedonski i istorija
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 08 Окт 2012 06:56 #216783

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Најомилени ми беа физика, хемија и математика.
Немав некои пробелм и со другите, интересно ми беше и сакав многу да учам,но во средно маки мачев со латински и француски. Имав петки, ама кога ќе требаше да учам на памет зборови,па да ги изговарам со смешен акцент :crknav: И денес не сакам да учам странски јазици, иако сега морам :) и среќа англискиот што природно го научив, па немав мака со тоа.
Факултетот ми е беше поврзан со омилените предмети, иако применета математика немаше ни трошка, само докази и бубање теореми на памет, па малку ми се смачи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 14 Јан 2013 08:50 #229571

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
Отсекогаш многу ми беше интересно на часовите по биолоија и математика (особено геометрија),а никако не можев да смислам географија. И ден денес јас многу лошо стојам со тој предмет. Колку ми беше досадно само кога ќе се сетам. Во секој случај, не студирав ниту биологија ниту математика.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
Последна промена: 14 Јан 2013 08:51 by Миња.
The administrator has disabled public write access.

Ре: (Не)Oмилени училишни предмети 01 Сеп 2013 19:34 #243373

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
Хемија - никогаш ниту сум ја сваќала ниту пак ќе ја сватам
Физика - тешка ми беше, не ја сакав...и буквално бубав колку да помине тестот
Историја - а историјата ја учев ама ич не ја сакав

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.