Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Моето прво излегување

Моето прво излегување 10 Мар 2011 16:44 #121116

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Се заправивме со колегава (генерација) муабет за кафичите и дискотеките од наше време :) Кога, каде сме излегувале и ми текна да отворам нова тема :)

Моето прво излегување во кафич/диско беше во тогашната дискотека Арабела (Партизан во Карпош 4) Бев 6то одд и скришно со другарките излеговме таму, смешки живи. Потоа почнавме по накај центар пред Ани и Бони, Пирамида. Па дневна шема во Коко и Кристијан. Каде шемата таму и ние :P Централ, Б 52 (сегашниот кинески ресторан кај Мечос) Мусандра, Метропол (тука го запознав мм) диското на Плаја Виста... Леле не ми се верува дека толку сум остарелааа :(

Ви текнува ли вас на тоа време? :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 10 Мар 2011 17:48 #121138

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Ане и мене ме врети назад со времето. На исти места сме излагале. И јас почнав со Бони/Ани, Make up, дискотеки Метропол, Мусандра, Хард Рок и МНТ. Нормално, мораше да се знаат менаџерите за да ни дадат гратиси. :girlpink:

Ех, што убави безгрижни времиња беа тие...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 10 Мар 2011 18:27 #121147

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
Mama Ane mora da sme slicna generacija. I moeto prvo izleguvanje bese vo Arabela ama vo 8-mo oddelenie.Potoa pred Boni i Ani koga stoevme na ulica,pa diskotekte Metropol,Musandra,Tropikana, Koko, Kristijan.
MM go zapoznav vo Tropikana i bevme 8 god. zaedno pred da se zememe.
Lele sto ubavi vremenina bea toa. Kamo da mozam da se vratam nazad.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 10 Мар 2011 18:55 #121163

  • lola
  • lola's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 33
Хихих и јас сум изгледа од овие генерации со Бони и Ани, Тропикана, МНТ, Кристијан и.т.н. И морам да кажам тука една случка :sram: - на едно од првите излегувања во МНТ со другарките си викаме - ај да пробаме што е тоа џин-тоник што толку го зборат постариве...е арно ама, не знам која од нас порача, а таа чула ама не разбрала и нарачала за сите тоник (без џин). Ние пиеме, ништо не ни е, после ај уште една тура - пак ништо. Си викаме де бе, што луѓе ќе беа да ги фати од еден џин-тоник, ние два испивме и мува не не лази. Дури после неколку дена сфативме што била работата:hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 10 Мар 2011 20:20 #121199

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Очигледно дека јас сум друга генерација :blink:

Првото излегување ми беше изгледа во МНТ или во Кабрио околу 8 одделение...па од летните Текила, Колосеум во парк...
Најомилено место на сите времиња АХА (за жал веќе не постои, одамна) другарка ми од Корчагин бегаше од првиот час втора смена, а јас од последниот во Орце за заедно да пиеме дневно кафе :muahaha:

И за навечер Аха ми беше супер, па Дипломат, Дипломатик, Класик во ГТЦ, Сачмо во Буњаковец..па после дојде Елемент....Пред сто години!

После кога пораснав :poimnemam: на некои 16-17 г. се укотвив во Бастион дење-ноќе, лето-зима, не мрдднав од таму со години...па на хаус во Процес и така...

Мусандра, Мејк ап и сл. се пред моето време :poimnemam:

И денес едно од најомилените опуштени места ми е Бастион, за рок свирки Мамас (бившо Мејк ап нели) а за навечер Сектор (таму не го фатив, ама го исшармирав мм :srce: )
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 14 Мар 2011 17:02 #122187

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
moeto prvo izleguvanje bese na klupite pred tropikana.seuste bevme deca pa sedevme nadvor a i nemozevme da vlezeme zosto bevme mali.se sekjavam kako da bese vcera.potoa pocnavme da se mesame so rajata pa preminavme da naredno nivo,stoenje :laugh: pa dojde redot i nie da vlezeme.

ja terav istata sema kako sanja ama po kratko vreme sfativ deka ne se naogjam tamu.se prefrlivme na druga scena,alternativna.poni vo park,bauhaus vo karpos,kodeks na praven...
dzadzo,21,mondrijan,ararat vo carsija.slavnoto zz vo kapistec :srce: van gogh,laika.
uste mal milion mesta,pola sum gi zaboravila.

sega ili odam na mesta kade sto ima dobra zurka so muzika i alkohol ili vo nekoe kafance.kafici i diskoteki mi se out.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 14 Мар 2011 17:20 #122199

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Moeto prvo iskacanje bese vo Cabrio vo park na Junior :)
Tolku bevme nestrplivi so drugarka mi sto uste u osum i pol se nacrtavme na skalite pred Luna park, a toa uste ne stemneto ko so treba - bitno nie u disko ke ideme :hahaha:
Posle so godinite sledese sema MNT, Stobi da ne zaboraam - kvalitetno skisnavme tamu, AHA itn itn.
Sea najcesto u 23:00 u krevet sum si :tupco:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 14 Мар 2011 17:37 #122214

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
Првото излагање беше пред Бони и Ани. Онака на шетња ние клинци сите почнуваат да се збираат ние гледаме на саат уште колку може да седиме, оти треба назад да си одиме. Кога „потпораснав“ во средно почнав Џаџо, 21, Кристијан ама одвреме навреме фаќав и од „шемата“ кафичи. Дискотеки не сакав, а и сега не сум по нив освен Мјузик Гарден во парк летно време. Е таму кисневме секоја вечер. Во ZZ и Ван Гог почнав да одам од прва на факултет и таму исто окапувавме, особено ZZ. Таму го ќарив и мм. :)
Последна промена: 14 Мар 2011 17:38 by Tara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 14 Мар 2011 17:52 #122228

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Првото излегување ми беше шетање додека не ни паднат нозете по корзо-Широк сокак. Тогаш почнаа да ставаат надвор маси, лето беше и со другарките после играњето царица пред зграда одевме дома, ги стававме новите патки и шетавме по корзо, вртевме кругчиња. Кога ќе се уморевме одевме кај фонтатана кај Саатот и таму се потпиравме да одмориме нозе, па пак назад :)
Зимата почнавме да одиме во дискотеката Свинг, имасе џуниор парти, и немавме пари па одевме денски и баравме гратиси, ни даваа и го врвевме викендот, за другиот викенд иста шема, одемве сабота наутро да земиме гратиси и вечерта дремевме на скалите. А не бевме многу мали, имав 16 години, ама такви си бевме, спортски души со широки фармерки и блузи (тогаш хит за носење ми беа од мајка ми блузите, сега ми е смешно, 40 кг бев тогаш а сега кога ќе ги пробам блузите ако сум 60 кг ми се широки, а тогас којзнае колку секси бев кога ги носев, 5 броја поголеми :) таква беше модата )
Ех младост колку си бевме раат од умот :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 19 Мар 2011 02:01 #123667

  • ljubica78
  • ljubica78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 695
  • Thank you received: 168
Mene prvoto izleguvanje mi bese vo osnovno i toa so bratmi zatoa me pustaa, a toj pak bese zatreskan vo drugarkami i zatoa ne zemase dvete :hahaha: . Inaku izleguvanjeto bese slicno kako na None na sirok sokak -krukcinja. Potoa odefme isto vo Sving na zima. A za oblekuvanje sportski se nosea farmerki, patiki ADIDAS-TRZION, i farmerski kosulu i na vratot marami od onie kaubojskite. Na vistina befme raat , sega devojcina od 15 godini izleguvaat doterani kako za na svadba so visoki stikli kako da imaat po 20 i poveke godini :tupco: .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 19 Мар 2011 18:02 #123771

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
И мене прво излегување ми беше на Широк Сокак во Битола. Расуст 7 за 8 одделение. Јас и другарка ми Тина облечени во црни плишани хеланки и црни кошулки со ситни бели бобици. На нозете лакирани рамни чевлички со ремче (како на куклите). И згора на се, модро плав кармин на усните:muahaha:

Па кога не фати еден дожд, сме оделе по хауби од колите за да не ни се накиснат нозете.:hahaha:

Дождот престана, а ние се шетавме по Корзо како накиснати мачиња... :laugh:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 19 Мар 2011 22:09 #123819

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
И јас да продолжам по битолска линија :) моето прво официјално излегување беше во дискотеката Фи(веднаш до техничкото училиште) некаде во осмо оделение..Потоа незаобилазните корзо и Свинг се разбира..На модата не се сеќавам детално,само знам се носеа огромни алки-обетки на ушите и темно кафеави и црни кармини :laugh: И фармерки 501 беа must.. Во тоа време зачетоците на рапот беа кај нас па nekoi se oblekuvaa во тој стил плус спитфаер јакни кои поим немам зошто толку ни се допаѓаа..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 01 Апр 2011 13:38 #127289

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Моето прво официјално излегување(а и сите наредни години) беше со мојата најдобра другарка Маја по завршување на 8 одд. Бевме во една од летните дискотеки во парк (Ла луна муслам се викаше) на некоја јуниор забава. Немавме пари па тргнавме пешки од Аеродром до парк и нога за нога таму стигнавме во 22.45h, а во 23h заврши забавата и пешки пак дома :muahaha: Бидејќи бевме во обувките од полуматура имавме и малку плускавци по нозете :laugh:
Потоа следуваа убави времиња...Менада- кисневме таму, а бидејќи бевме високи мислеа дека сме над 18г( а имавме 15). Така окапавме таму долг период додека не почнаа рациите, еднаш ни побараа лични карти и кога видоа дека имаме 16 години никогаш повеќе не не пуштија :sram: (а по некој месец и се затвори Менада :P ). Мнооогу убави спомени имам и од Music garden во парк, 2-3 години работеше со рок и алтернативна музика, потоа се претвори во турбо фолк место :grr: Многу средношколски и факултетски денови поминати во Стара чаршија, Lady blue 1 и 2, Subway (тука и на двете ни паднаа првите бакнежи со идните ни сопрузи :srce: ) и од поново време Балет... Има и други места за спомнување, но овие ми останале при срце :guskanje:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Моето прво излегување 25 Јул 2014 15:44 #251527

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Prvo izleguvanje bese letoto po osmo oddelenie do park vo Gjorce. Od slednoto leto veke pocnavme da se sobirame i da odime na kaj grad da visime pred Ani i Boni, do sedmica kaj grcka ambasada. A tamu guzva, tutka bese.
Vo toa vreme bea aktuelni i kafulinjata Kristijan, Tropikana, Mejkap...a kako sto bevme golemo drustvo i po doma pocnavme da pravime zurki i da se sobirame nekolku pati mesecno.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.