Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Како го поминувавте времето?

Како го поминувавте времето? 09 Јан 2010 02:35 #11930

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Бев комуникативно и весело девојче, кое сака да се дружи и игра. Мојата најдобра другарка живееше преку улица, а освен неа на нашата улица имаше многу деца. По завршување на обврските околу домашните задачи - јурииииш на улица....
Ги игравме сите можни игри - криенка, нека бие, сакате ли војна....Никогаш не беше здодевно.
Имавме среќа, улицата беше слепа на едниот крај и никогаш немаше многу автомобили, освен оние на родителите наши, па улицата ни беше главното игралиште. Најубаво беше во текот на летото, кога од утро до мрак уживавме во игрите, возење со велосипед, крадење цвеќиња и овошки од дворовите и бавчите на соседите, бркање и прскање со вода од шишиња... :laugh: [:haha:]
А потоа, за мене дојде едно друго време, кога морав можев само да ги гледам другите деца како уживаат во тие летни игри и лудории.
Немаше за мене ластик, жмурки, брканици, возење велосипед...и уште многу игри...
Тогаш мои најдобри пријатели станаа книгите, Микиев забавник, блокот за скицирање и боите, мојата мала тетратка со песни...а понекогаш (иако ретко) и ТВ-то.
Најсреќна бев во 5-то одделение кога станав член на училишниот мандолински оркестар и одвај ги чекав деновите кога попладне имавме вежби.

================================================================
Значи - Како го поминувавте времето во тие години т.р училишните ? Дали се занимававте со спорт, музика? Сакавте да играте детски игри или да гледат ТВ? Можеби имавте некое интересно хоби?
Што правевте од утро до мрак, во текот на школската година и на распустите?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 09 Јан 2010 02:36 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 09 Јан 2010 02:50 #11939

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Имав навистина убаво детство, какво што сакам да има и моето дете, ама изгледа невозможно..
Пред зграда бевме мешано друштво, и машки и женски, горе доле сите на иста возраст. Тогаш нашата населба беше нова, и претежно населението беа млади луѓе, со деца или без. Имаве огромен плочник меѓу двете згради, со многу зеленило и без никаков контакт со коли, паркиногот беше скроз на другата страна. Игравме ластик, плочка, сакате ли војна, народна (мене омилена и ме биваше за тоа :) ), жмурка..
Кога се одеше на школо, се знаеше редот, морав да се скрасам дома, тоа идење надвор не се сеќавам во кој тајминг беше, ама мораше на време да за завршат домашни и исто да ручаме сите заедно (е тие времиња ги имавме ние, денешниве деца..тешко). Некогаш ми се случуваше пред да дојдат моите од работа, јас да излезам надвор, а претходно "консултирана" да не излагам. И стандард ме фаќаа надвор, затоа што одсекогаш сум немала осет за време :laugh: и не сум стигала на време дома за кога ќе дојдат они да сум прибрана. Па после опомената, нема да ми текне некое време да не ги послушам..
А летно време, исто имаше некаков ред. Лектирите мораа да се читаат :blink: и не бев нокогаш надвор од пред ручек, до некаде 5-6..
Некогаш им замерав на моите дека се строги, и знаев да терам инат, ама не постигнував тоа што сакав. Татко ми никојпат не ме карал, ама некако бил поавторитетен за мене, а мајка ми кутра по цел ден ќе ме двори, и пак помалку ќе ја слушам. И тогаш имало деца кои едноставно не биле добро воспитувани, биле по цел ден на улица, не се знаел ред ни за јадење ни за учење ни за одмор..па кога ќе видев, мене лиги ми течеа :laugh: ама од денешен аспект сум им многу благодарна на моите родители што ме воспитуваа така. Па и кога дојде ред за ноќни излегувања, се знаеше лимит и све..од една страна не сум била ускратена за ништо, а од друга страна имало граница. Така да, сума сумарум имав прекрасно детство, неоптоварено со проблеми, и полно со дестки игри и многу другарчиња, и семејни дружби со луѓе кои сум ги сакала многу..

Ах леле..се изнапишав, а требаше и ова..одев на англиски јазик, одев на хор и многу бев талентирана за пеење :blush: се запишав и на Златно славејче и од пусти срам не појдов..Подоцна одев и на балет во МБУЦ (тука беше грешката на моите што не ме запишаа порано, а кој знае, можда мислеле дека сум доволно оптоварена со вон школски активности) и кратко одев и на часови по танц.
Инаку на ТВ многу сакав да ја гледам серијата Враќањето во Идн :laugh: и кога бев на школо втора смена, мајка ми имаше задача да ми ја снима на видео. И убавите дестки серии од златните времиња ги сакав.
Последна промена: 09 Јан 2010 02:54 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 10 Јан 2010 23:27 #12785

  • ostoun
  • ostoun's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 22
Па имав прекрасно детство исполнето со игра и безгрижност за жал мислам дека денешниве деца немаат такво детство
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 11 Јан 2010 02:48 #12864

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Најчесто спремавме приредби :) еден период кога победи Даниел на евровизија со Џули правевме шоу низ маало, со смислена кореографија, па сите комшии ги викавме па доаѓаа не гледа, ехеее тоа беа времиња. Знаевме навечер да се собереме под еден орев и да си играме додека не не приберат, жмурки, џамија, брканици, штета што денешниве деца немаат такви дружби
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 11 Јан 2010 16:14 #13085

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
Uste od 5 godini bev aktivna. Prvo nauciv da skijam, pa moite sekoj zimski raspust me prakaa so decinja na skijanje. Pa koga pocnav vo skolo, od oddelenie odevme na igraorna. Pokasno pocnav da treniram odbojka i tenis, no samo odbojka profesionalno trenirav.
Inace, bidejki i gradinkata i skoloto mi bea na 5 minuti od odma, se sobiravme site i zaedno odevme. Popladne pred zgrada imavme i lulaski, igravme lastik, krienki, razni igri so topki...Od tolku sto se druzevme i za letniot raspust so dve drugarki odevme ili so mote baba i dedo ili so nivnite po celo leto na selo. Pa organizirano posetuvavme teatri, kina, epten se druzevme.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 11 Јан 2010 16:31 #13105

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
bezgrizno , mnogu aktivno
kako sto spomnaa i dr. pred mene igravme lastik, narodna ,ucitelki, prodavacki, pravevme pretstavi, emitiravme evrovizija , vozevme tocaci
se delevme samo za jadenje so drugarkite od maalo
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 11 Јан 2010 16:34 #13108

  • saligrem
  • saligrem's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 993
  • Thank you received: 87
Toa bea denovi koi suste nemozam da gi zaboravam . Vo gradinka nemam odeno no imav mnogu drugarki so koi si igrav posojano koga trgnavme vo skolo ne mozea da me soberat doma :).Odev edno vreme na igraorna posle toa odev na horsko peenje mandolinska angliski jazik. Bea toa mnogu ubavi vreminja ispolneti so druzenje smeja
The administrator has disabled public write access.

Одг: Како го поминувавте времето? 11 Јан 2010 19:23 #13240

  • beti.liz
  • beti.liz's Avatar
Odev na hor,na igraorna i na site mozni sekcii.Igravme lastik na ulica,gjamija,narodna,plocka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Како го поминувавте времето? 14 Сеп 2010 18:35 #51880

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
Играв разни игри со другарките пред зграда. Карти, бкраница, жмурка, ластик, игри со топка, и др.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како го поминувавте времето? 30 Окт 2010 04:53 #66719

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
у кратко - турбо инџекшн !!!!
Секој миг слободен го користев за некава лудорија, многу голем џамбаз бев ама и доста ќотек си добивав, но никако памет не ми доаѓаше. :skok: :skok: :skok:
Како што раснев почнав и слободното време да си го исполнувам со разни активности, од одење на играорна, танцување на модерни танци, тенис, одбојка - зависи што сакав икога можев да посетувам.
Времето си леткаше и леткаше и неосетивме кога си пораснавме- тоа значи убаво поминато време ххахахха :hahaha: :hahaha: :hahaha:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Како го поминувавте времето? 28 Ное 2010 02:31 #78890

  • Strumfetka
  • Strumfetka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • t.nade
  • Теми: 468
  • Thank you received: 52
od dve i pol godini nosam naocari, taka sto onie igricki so skokanje, trcanje..... ne mi bea dozvoluvani, postojano bese ne trcaj ke padnes, ne vamu ne tamu itn. Podocna so drugarkite igravme "tetki' so cergicinja, kukli (na skali, bidejki ziveev vo zgrada). na leto odev vo selo kaj baba i dedo (toa mi bese najubav period) i redovno se vrakav so rani ma kolenicite, bese sema padni stani. E koga dojde periodot za sredno i faks seriozno se zdruziv so knigite i se navlekov na niv.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како го поминувавте времето? 09 Дек 2010 19:14 #85524

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
I jas imav prekrasno detstvo. Ziveev vo Aerodrom kade imase plocnik, i zelenilo a parkingot skroz na druga strana. Koga ke se vratev od skolo obavezno lastik, plocka, narodna, servis doma ne se pribirav.
Bevme mnogu deca site na skoro ista vozrast i taa druzba mi e nezaboravna. Znam imase edna komsika od prizemje koja mnogu se lutese koga igravme pred vlez i ednas ne poturi so kofa voda. Ama naredniot pat belite carsavi sto gi pruzi stanaa kafeavi od kal. Posle toa sleduvase ribanje. Isto taka vozeveme tocak okolu zgradite, brkanici, krienki.
Mi e zal za denesnive deca sto go nemaat toa.Povtorno ziveam vo istata naselba ama decata ne se druzat taka, sedat poveke vreme pred kompjuter,ne gi igraat nasite igri. Koga ke i recam na kerka mi izlezi nadvor taa mene sto ke pravam treba da sedam na lulaski sama, poubavo mi e doma, strasno.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како го поминувавте времето? 01 Сеп 2013 19:00 #243365

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
Дете талент за се :hahaha: на сите можни секции одев за во школо :aham:
Инаку живеев во убава населба со зеленило и среден простор за деца....цело временадвор, ама па и се погоди 20тина деца бевме генерациски...немаше игра штоне сме ја играле. Секој момент го користевме за да бидеме надвор. Само јадење спиење и учењето беше времето кое го минувавме дома.

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.