Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Некогаш и сега....

Некогаш и сега.... 09 Фев 2011 16:08 #110767

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Синоќа му спремам на синко тостови за вечера и се фаќам себеси како си сечкам од саламата па си грицкам и се сетив дека кога бев мала моите ме караа ако земев да јадам салама без леб. Демек не било убаво, а од кои причини не знам ни денес :laugh:

И тогаш помислив дека колку и да сакале родителите да искоренат некои навики, кои ги сметале за лоши не успеале. Секако дека јас и сестра ми го практикувавме тоа со јадењето салама - скришум. :zelen: A eте таа навика ми остана и до денес. И иако никој сега не ми забранува, мене ми е така послатко - скришум да сецнам и грицнам. :laugh:

Дали вие имате некои навики од детството кои сеуште ги носите во себе и од кои не се откажувате, иако знаете дека се баш детски.
На пример јас (освен јадењето саламче) сеуште сакам како дете да си земам кога ќе се собере ајварот да го измакам тенџерето со лепче т.е да го „измијам„. А оваа навика успеав да му ја пренесам и на син ми, па дури и интересно ми е кога го гледам и тоа ме потсетува на моето детство.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 09 Фев 2011 16:14 #110768

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
Знам така..кога ќе се занесам во мислите да си ги чешкам веѓите..нешто што правев како дете (за концентрација :laugh: )..а и мој Ники така заспива..ме чешка по веѓите :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 09 Фев 2011 16:31 #110780

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
Браво Ане за темава :OK: И мене како дете ми викаа дека не е убаво саламче и кашкавалче да се јадат без леб, а јас тоа и до ден денес го практикувам. Исто знам мајка ми ме караше, кога прави торта или колачи да не лижам од ванглата, дека не било убаво за стомакот. И тоа го правам до ден денес, онака скришно, кога правам благо, иако никој не ме кара :)

Ако ми текне уште нешто ќе пишам :P
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 09 Фев 2011 16:42 #110785

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
И мене ми е останато да ја изближам ванглата кога се прави нешто благо, па дури и мешалките од миксерот. И имам уште една многу досадна навика која ми остана а тоа е нон-стоп рацете да ми се во коса.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 09 Фев 2011 17:13 #110798

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Навика останата од дете ми е да јадам кришка леб на излегување по пат до негде :) Моите стално ме карале за тоа ама :poimnemam: и ден денес од врата знам да излезам со лебот во рака :sram:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 11 Фев 2011 05:11 #111413

  • tona
  • tona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 86
  • Thank you received: 42
Mene stalo me karaa ako ne jadam na masa tuku na primer vo krevet,fotelja itn.I jas isto vikam po malovo ,a toj mi veli :pa mamo ti stalno jades na dvosedot.:poimnemam: Sigurno toa e nesvesno,vrska nemam.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 11 Фев 2011 05:16 #111414

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
Уште како мала ме караа зошто откако ќе станев, наредните саат,два сакав да се шетам по дома во пижами.
Сега има денови кога до пладне сум во пижами :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 11 Фев 2011 15:55 #111487

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Јас како мала многу сакав да и крадам сиренце на баба ми додека го ставаше на корите правејќи пита:). И денес кога ќе ја начекам да прави го правам истото, така ми е многу слатко... Исто и варено јајце не јадам скоро никогаш, ама а дојдат гости и мајка ми ако стави во ордевер е тогаш лиги ми течат:skok:. Како мала прва скокав да земам, ама сега се воздржувам некој од гостите да земе прв :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 12 Фев 2011 14:37 #111865

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Лижење на ванглите кога се прави благо обавезно, тенџерето после ајвар е најслатко, исто многу сакам да јадам живи јувки.:) Кога бев дете мајка ми ми викаше дека не чини да се јаде живо тесто ќе ме болело стомачето, ама многу ми беа слатки, никад стомак не ме болел, и ден денешен кога сука одам таму и јадам додека тестото сеуште не е исушено и стегнато. :)

Неубава навика која ми остана од мала, моите не успејаа да ме одучат, ја врткам косата кога сум напната, ме празни едноставно таа активност, ме растоварува. Неколку пати ја шишав косата божем да се одвикнам, кратка коса - нема што да се вртка меѓу прсти, ама чим малку потпораснеше пак си почнував. Додуша, сега многу ретко се случува, во месецот неколку пати, значи можам да ја откачам и контролирам.
Уште една неубава навика која ја искоренив одамна, ја грицкав и ја љупев устата, рани и крвој се правев. Кога се омажив со мм си поставивме предизвик тој да престане со грицкање нокти а јас да престанам со устата. Јас се одвикнав, он сеуште грицка нокти.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 12 Фев 2011 16:23 #111903

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Сега ме потсети и мене за јуфките. И најсмешно ми е кога правиме со мајка ми заедно и јас крадам од тестото, а таа пак ме опоменува :laugh:
Ова со косата ме потсети на мм. Тој ја има оваа навика, ама бидејќи има кратка коса, ме начекува мене кога гледаме тв и само ми ја врти косата. Па настануваа расправииа оти така ми се мрси косата. Затоа сега пред да почне прво прашува- дали ти е за миење косата? :hahaha:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 13 Авг 2011 14:36 #148098

  • julija
  • julija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 265
  • Thank you received: 65
Navika od detstvoto sto mi ostana e toa da zemam pramen od kosata i go vrtam okolu prst i do den denes toa go pravam:hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 27 Авг 2011 02:21 #150510

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
На 20 мислев дека се` знам и никого не слушав. На 30 увидов дека имам многу „дупки“ во знаењето, па почнав да потпрашувам. На 40 знам дека ништо не знам, па нон- стоп прашувам и по 3 пати.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 14 Ное 2011 15:21 #164675

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 829
  • Thank you received: 515
Секогаш ми викаа да не јадам благо пред ручек, ќе немало да ручам , а денес се фаќам како намерно канувам нешто благо набрзина , кога немам време да ручам, за да се залажам, и како за инает уште повеќе ми се пријадува :) :)
[link=http://lilypie.com] [/link]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 14 Ное 2011 18:35 #164684

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Јас имав една навика како дете, грда или не, ден денес ја практикувам :laugh:
Мајка ми кога меси нешто од типот на пита, кифли, а меси доста често, јас си зимам тесто и си јадам живо тесто, многу ми е убаво :sram2: Ама не јадам едно ронче, туку еден грст :hahaha: И пошто кога бев дете се криев стално кога го правев тоа, а стално ме фаќаа на дело, ден денес ми е останата навика кога го правам тоа да го изведам со брзина на светлоста без да ме види никој. И пак мајка ми, ако сум возрасна, вика по мене :hahaha:

Друга навика ми беше, ќе дојдат моите од работа, се спремаме за ручек и обавезно јас бев лицето за достава на леб :laugh: Ќе ме опоменат сто пати-Немој да си го јадела крајчето, цел да го донесеш лебот (ова за да можам да ручам), ама не, јас ќе си се занесам и до дома четврт леб нема :laugh: Сега не практикувам пошто некако и чинот на пазарување ми е друг, а можда и среќна околност е што купувам доста често спакуван леб :laugh:

И уште нешто што ми текнува, во станот кај моите има голема просторија да ја наречам шпајз, и во неа стоеше даска за пеглање, машина за перење, и фрижидер замрзивач полн со зеленчук, месо. Јас пуста желба да бидам продавачка:muahaha: стално ги вадев тие ствари од фрижидер, ги одвиткував превиткував, а даскава ми беше тезга. Стално бев опомената ама џабе. И на крај многу работи мораа да завршуваат во канта :zelen:
Последна промена: 14 Ное 2011 18:36 by bubamara.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 14 Ное 2011 19:57 #164691

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Да каснам од смесата од мелено месо и ориз што е спремна за сарми. Мајка ми стално ме бркаше и ми викаше дека е живо местото, ама мене толку ми е убава таа смеса....мх, мх :laugh:

И денес го правам истото, пак и’ крадам од смесата за сарми. Дури кога бев трудна се вадев на тоа дека трудни жени не се одвраќале од јадење :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 29 Мар 2012 06:12 #191523

  • viva
  • viva's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 5
koga bevme deca se sekavam na mnogu ubavi igri sto gi igravme, igravme krienka, plan, lastika, vo maloto so drugite deca si igravme so kukli, karti, zbiram foto, mnogu zabavni i drustveni igri, vozevme velosiped zaedno, roleri, ne se delevme vo nisto bevme golemo drustvo i maski i zenski, pravevme zabavi pred zgrada, bese mnogu ubavo.
sega se se smeni, denesnite deca se poveke vreme pominuvaat pred kompjuteri sto ne e dobro, se delat na grupi, pobogati i sredna klsa, veke go nema toa drugarstvo kako sto bese mislam deka ke se slozite so mene, navistina mi e zal koga ke pominam pokraj zgradive i koga ke vidam prazno, nema deca, nema smea, roditelite se poveke gi zatvaraat doma i vo zima sme bile po cel den nadvor iako i togas bese studeno, sega ne e taka decata stanaa preosetlivi na ladnoto vreme, ednostavno ne znaat da se druzat,najdobar drugar im e kompjuterot.
Последна промена: 29 Мар 2012 12:10 by Big Sister. Причина: golemi bukvi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 29 Мар 2012 06:59 #191536

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Sanja wrote:
Да каснам од смесата од мелено месо и ориз што е спремна за сарми. Мајка ми стално ме бркаше и ми викаше дека е живо местото, ама мене толку ми е убава таа смеса....мх, мх :laugh:

И денес го правам истото, пак и’ крадам од смесата за сарми. Дури кога бев трудна се вадев на тоа дека трудни жени не се одвраќале од јадење :laugh:

Исто. :muahaha: Пола месо го снемува, сармите незавиткани. :hahaha:

Навика која ми е останата е обавезно ЈАС да го јадам крајчето, на никого не го давам. :ljutko:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 29 Мар 2012 08:00 #191558

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Klaudija wrote:

Навика која ми е останата е обавезно ЈАС да го јадам крајчето, на никого не го давам. :ljutko:


Крајчето од лебот? За да те сака свекрва ти? :rofl: Така имам слушнато дека ако го јадиш крајчето од лебот ќе те сакала свекрвата. И јас исто обожавам да јадам крајче,може мене затоа многу ме "сака", до тоа ќе да е.
Дури бев кај моите од утринскиот леб остануваше само средината, сите тројца обожаваме да ја јадиме корката од лебот, па така топол кога ќе ми навлезевме остануваше само срeдината, ние си ја викавме гулапче. И сега пробувам така да правам, ама мм не ми прифаќа да ја јади средата, јас не сакам да фрлам леб, и само до време на времe кога не можам да одолеам си правам гулапче :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 14 Јан 2013 09:19 #229579

  • Миња
  • Миња's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • monabombona
  • Теми: 359
  • Thank you received: 82
Смесата од сарми и крајчето и јас секогаш ги јадев, но мене најмногу ме караа затоа што многу брзо јадев и сите на сред ручек, а јас готова, па уште и ќе си го дигнам тањирот и ќе станам од маса. И мајка ми многу се нервираше, да сум поседела, ако не сме се виделе за ручек кога, итн. И ден денес јас исто се однесувам (за жал) и мм се нервира-ко сам да јадел.
* Шмизлата 05.01.2007
* Шармерот 06.02.2013
If evolution really works, how come moms have only two hands
The administrator has disabled public write access.

Ре: Некогаш и сега.... 01 Сеп 2013 19:53 #243379

  • Mama*D*
  • Mama*D*'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • ex.DijanaP
  • Теми: 607
  • Thank you received: 93
Сум била многу проблематично дете за јадење, па моите барале било каков начин да ми направат нешто интересно само за да јадам.
Еден од многуте начини е јадењето на варени виршли. Сварените виршли ќе ми ги исецкале на тркалца па после на уште поситно, ќе ги ставеле во длабока чинија, ќе ја наполнеле со јогурт и ќе надробеле лебче, тоа убаво ќе го соединиле, и тато после со кечапот морал да ми нацрта нешто врз чинијата (односно јогуртот со леб и виршли).
Е тој начин на јадење и ден денес го правам, само што виршлата ја сецкам на тркалца, дробам леб, ставам веднаш кечап (не цртам :kez: ) и така измешано јадам.

Идеална мајка, жешка љубовница, почитувана дама...Сето тоа треба да биде една жена!
Последна промена: 01 Сеп 2013 19:57 by Mama*D*. Причина: печатни грешки
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.