Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа

Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 23 Дек 2010 03:57 #93099

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Слатки мои девојки, жени, сопруги, мајки...
знам дека сме сите помалку растргнати на сите страни, но дали се трудите да изнајдете време и за читање книги? Можете ли да ја издвоите грубата цифра на книги кои ги читате во текот на еден месец. Или пак, тешко изнаоѓате време за дружба со книгата.
Не би претерала воопшто ако кажам, дека одкога знам за себе, не поминува ни една недела а низ моите раце да не се свртат барем 3-4книги..Понекогаш, откако ќе легнат сопругот и син ми да спијат, знам до раните утрински часови да останам, дружејќи со нејзиното Височество - КНИГАТА.
Па така, еве една груба бројка...Во текот на еден месец читам барем 15тина книги.Каков е случајот кај Вас?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 04:03 #93104

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Браво Ананда :OK: Јас исто сакам да се дружам со книгата, ама за жал времето и обврските не ми дозволуваат таа дружба да е интензивна.. Порано знаев и по 2-3 неделно да прочитам, сега се случува 1 книга да ја прочитам за една вечер, но се случува и со недели да немам време да прочитам нешто :( Најмногу читам кога сум на одмор, кога е мм дома па занимава деца :) Сепак не би можела да издвојам просек :unsure:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 04:09 #93105

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Па и кај мене е ситуацијата слична, но дадов некој просек..чисто за ориентација.И верувам дека е тешко за сите ...истовремено да се биде на милион фронтови, работа, деца, сопруг, пријатели, дечковци (за немажените)...но барем јас, под одмор - најчесто подразбирам дружење со книгата. Што знам, така се чувствувам најубаво и најопуштено.:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 14:05 #93222

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
читам многу,во последно време не толку баш ама се наоѓа време,во просек секогаш различно зависи од тоа што читам дали е нешто стручно ,белетристика или некоја класика
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 23 Дек 2010 14:06 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 14:17 #93234

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
  • Карма: 22
Супер тема, ама не можм баш многу тука да се пофалам :). Сакам да читам, но верувајте во тек на учебвна година, кога покрај работните обрски, имам и обврски со воншколските активности на децата, а и обврските по дома, е навистиона не можам да најдам време за читање. А обавезно читам за време на летен и зимски одмор. Знам да почнам некоја книга и во некои други периоди, но тогаш ја завлечкувам и ми се губи убавината на читањето... А толку многу сакам да најдам време за тоа, па и децата да можат да се огледаат, па и тие да стекнат навика за читање, ама за сега не успевам... :(
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 14:25 #93242

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Citam barem po 1-2 knigi nedelno vo zavisnost od toa kolku rabota imam na rabota oti tamu mi e mesto za citanje :laugh: ako sum vo golema guzva moze denes da ne procitam ni stranica no ako sum cel den sama mi se slucuvalo i pola kniga da procitam za 8 casa.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 15:08 #93274

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Јас имам периоди кога читам и ме фаќа читачка манија. Обично почнува на лето и трае за време на одморот и после ме држи уште некое време додека не ме пушти. Еве сега ме пушти пред месец дена и една книга од Николо Аманети ја читам месец дена, што за мене е преседан.:blink:
Навечер наоѓам време пред да легнам односно во кревет, тогаш читуцкам по малце.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 15:09 #93276

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Ухххх..не знам која книга читаш од Аманети, ама имам прочитано неколку од него...и ептен ми се допаднаа :)
Последна промена: 23 Јан 2011 20:02 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 15:12 #93280

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Како што сака Господ.
Да овој италијански автор ми е откритие на годинава. Ова ми е трета книга од него што ја читам.
И да сум сега во читачки транс би ја мавнала за 2 дена, а оваа ја влечам и влечам.:fijuk:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 15:17 #93284

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
  • Карма: 37
откога се роди бебушка слабо ми оди читањето, а откако се вратив и на работа немам ништо прочитано, а толку многу ми фали. се надевам во скоро време дека ќе си ја обновам дружбата со старата другарка -книгата
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Дек 2010 15:22 #93288

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Па да, бебули ти е сеуште мало, па верувам дека немаш многу време за одмор :) Јас сум фанатик за книгите..секој..ама баш секој слободен момент го користам за читање на книга..Срам не срам, ќе си кажам..секогаш си носам по некоја книга во ташна, па кај и да одам, ако имам пауза, се возам во автобус или слично така си утепувам време...ем си уживам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 02 Јан 2011 06:48 #97850

  • COCKA
  • COCKA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • strong enough !!!
  • Теми: 199
  • Thank you received: 95
  • Карма: 4
Во просек читам 5-6 книги месечно, се случува и повеќе но просечно толку. Најчесто читам попладне после ручек, или навечер дури играат сериите кои свекрва ми ги гледа. Ако не заглавам пред компјутер читам навечер пред да легнам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 02 Јан 2011 13:28 #97853

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
  • Карма: 11
citanjeto knigi mi e vistinsko hobi. za zal obvrskite so Luka uste e mal ne mi davaat prostor zatoa, rabotata, prethodno ispitite, pa masters sega....
se nadevam za brzo ke im se vratam.
inaku se slucuvalo knigata dokolku mi e mn dobrada ja prociam i za 2-3 dena taka babacko golemka :hahaha:
ili ajde nekoj prosek koga imav poveke vreme da receme 5-6 knigi mesecno
Последна промена: 02 Јан 2011 13:29 by kukulicka.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 17 Јан 2011 05:05 #102547

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Уф, ќе бидам искрена 1 книга месечно :poimnemam:
Последниве 2-3 месеци некако ич немам желба да прочитам книга. Ете една имам оддамна започнато, ама некако неможам да се сконцентрирам на неа и само ја погледнувам ама никако да пружам рака по неа. Порано во просек 4-5 книги месечно. Порано никогаш ми се немаше случено да земам книга да читам и да ми се приспие, а сега чим ја земам после две три страни- кома сум :zelen:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 17 Јан 2011 05:28 #102559

  • nate76
  • nate76's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 351
  • Карма: 15
Jas da vi kazam iskreno sega citam samo strucna literatura i toa otprilika 4-5 saati vo prosek dnevno a nekogas i poveke a so ogled na toa deka rabotam na dve mesta i mi se fakaat 9 casa vo denot rabotni pa sega videte kolku mi ostanuvaat za citanje a ne da sakam knigi OBOZAVAM -mene vsusnost knigata mi e edna golema ljubov i jas otkoga znam za sebe nema den a da ne procitam nesto -e sega sto mi e periodov takov da moram da spremam ispiti toa e, mislam deka koga ke zavrsat ispitite ke imam poveke vreme za citanje drugi knigi... :unsure:
Последна промена: 17 Јан 2011 05:29 by nate76.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 17 Јан 2011 05:29 #102560

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Многу малку сега, како резултат на другите обврски (магистерскиот труд, курс, излегувања). Ако се сметаат и другите книги (професионално, не само книгите за чиста душа), тогаш читањето ми е секојдневие. Моментално прегледувам обемен материјал + учам јазик, така што, пауза ми се само спиењето, шетањето и јадењето (главни паузи, секако ;) ). Толку многу ми недостига читањето на книга по лична желба :tazna: но морам да се посветам на ова сега - приоритет ми е. Штом имам подолго слободно време не заборавам да ја посетам библиотеката и да си најдам нешто како духовна храна :) Неостварен сон ми е да напишам книга, но здравје пред се'.

П.С. Ананда ме потсети - и јас секој слободен миг го користам за читање (стручна книга, книга по желба ... без разлика), не внимавајќи многу на местото :laugh: - во автобус (и тоа за кратка релација), во кафеанче знам да си седнам сама (порано тоа беше чудо за мене-сам човек на кафе :) ), кафуле, на некоја клупа (чекална), дома в кујна ...

П.П.С. Anna Molly - за приспивањето, иста сум :laugh: Порано знаев и по цела ноќ да седам, читајќи, сега полноќ ми е гранично време (максимум) и очите ми паѓаат - старост :poimnemam: :laugh: Таков ми беше случајот и вечерва, но морав да проверам што се случува, за мирно да спијам :)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 17 Јан 2011 05:33 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате во текот на месецот (просечно) и како изнаоѓате време за тоа 23 Јан 2011 20:12 #104966

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Сега повеќе читам стручна литература за факс, а претходно не можам да кажам колку книги месечно читав. Зависи од книгите. Лапни-голтни белетристиката брзо се чита, ама јас сакам одреден период да ми "одлежи" прочитаното, не сакам колку да ми се брои, како да сум на норма да читам без да размислам и поразговарам со некого за тоа што сум го прочитала, што ми е свежо во главата, да разменам некоја мисла и идеја. Така подолго ми остануваат книгите во сеќавање. Ако ги читам ко цигари една по друга џабе читам, после една недела ни на главните ликови нема да се сеќавам ако таа недела сум прочитала 3-4 книги.
Читам со уживање, се посветувам на книгата, задоволство ми е полека и со разбирање да прочитам, да се соживеам со дејството, со ликовите, со писателот, дури и филмови во глава си правам, буквално се пренесувам во времето и местото кога се случува дејството опишано во книгата. Правам паузи, размислувам, анализирам, баш гурмански читам. :love:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Зока, Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 23 Јан 2011 21:36 #104986

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Раније сам много читала..мозак ми није био оволико оптерећен проблемима, па је био слободан да прими информације..сада то више није случај, на жалост..
Никад ми није био битан број, нисам на такмичењу..битније ми је било да ми књига легне у том моменту и да јој се заиста препустим и нешто ново научим..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 23 Јан 2011 21:47 #104989

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Изгледа дека сепак јас малку сум утнала со насловот на темава..Но добро, не ми замерајте..секој греши. Значи за да не бидам сфатена погрешно, сега да се поправам..Не треба читањето да биде на норма, далеку од тоа. Но, ете има луѓе кои повеќе уживаат во филмовите, што повторно е во ред. Она кое ми беше уште поинтересно е да дознаам како изнаоѓате време за тоа. Балансирањето меѓу обврските бара добро менаџирање на времето кое го имаме на располагање. На сите досега, ви благодарам за одговорите :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 24 Јан 2011 01:58 #105061

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Воопшто не наоѓам време за книгите и баш ми е криво, ми фаќаат прашина, непрочитани :(

Или сум на работа, па доаѓам дома уморна, ручек ова она.. Па после со мм двајцата во иста соба седиме и некако не можам да читам, обично заедно гледаме филм или нешто... Преку лето знам на море ко сме да читам многу книги...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 24 Јан 2011 14:16 #105187

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
Една, две, ниедна...Зависи од книгата и од моето слободно време кое што го имам се помалце. Детето ми е малечко, кога не е во градинка сака да си играме, кога заспива обврски дома и останува да читнам малку пред заспивање. Сепак преферирам да прочитам добра книга него да гледам ТВ.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 24 Јан 2011 16:13 #105213

  • zence
  • zence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 505
  • Thank you received: 81
  • Карма: 1
Jas najveke citam vo avtobus do rabota i nazat odprilika po 15min vo pravec i pred spienje ako ne me uspie maliot :P . Citam otprilika mesecno 2 knigi do 300 strani.
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 24 Јан 2011 18:20 #105267

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
:gp: zence е тоа е супер предлог! И јас тоа го практикувам кога одам со автобус, и ем ќе си прочитам книга и ќе си уживам, ем нема да се досадувам во автобус. :OK:
Последна промена: 24 Јан 2011 18:20 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 25 Јан 2011 13:57 #105596

  • zence
  • zence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 505
  • Thank you received: 81
  • Карма: 1
Jas pravo da vi kazam vo tasna nonstop nosam kniga i ako treba negde da se ceka nesto, nemam problem vadam kniga i citam. E sega malku sum ogranicena vo izborot na knigite , gledam da e dokaj 300 starni zosto mi tezat vo tasnata, a i sto taka nemozam da citam nekoj knigi za koj treba koncentarcija.
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Колку книги читате месечно и како наоѓате време за тоа 25 Јан 2011 14:22 #105599

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Секој слободен миг го користам да читнам нешто, за жал тоа во последно време се книгите кои се по 400-500 страни за испитиве што ги полагам ( еееее ама после какво звање ќе имам ехееееее) :roll:
Инаку книги читав порано доста и сега започнав една но никако да ја дочитам, здравје ќе дојде време, наоѓам време или кога малиов спие, или одам во друга соба и читам, вчера на пример не ме остави да учам - читам, ми се залепи како пијавица, и јас во раце го држам, тој цица и се смее, јас читам :hahaha:
Последна промена: 25 Јан 2011 14:22 by Sara.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда
  • Страна:
  • 1
  • 2