Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Да зборуваме македонски јазик

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 19:55 #87381

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
  • Карма: 111
Zalno, no vistinito e koga citam i slusam kako govori-zbori mladava generacija.
Ne deka nie postarite imame opravduvanje za naseto govorenje, no sepak mislam deka sme izrasnati vo vreme koga neli vo ucilistata zadolzitelen predmet bese srpskohrvatskiot.
Plus, nasite babi i dedovci pa i majki i tatkovci mislam deka poveke gi koristea turcizmite (ne deka sega ne se koristat, no mislam deka postarite poveke gi koristele).
Sakam da kazam deka nie postarite nekako sme izrasnati so ete mesanje na poveke jazici pa i nekako ne mi e mnogu cudno da se upotrebuvaat zborcinja od toj tip vo sekojdnevniot nas govor. Pa ke kazam, ne deka e toa za opravduvanje no nekako mislam deka tesko moze da se iskoreni toa od nas.
Jas licno pazam kako govoram i se izrazuvam na odredeni mesta i vo odredeni priliki, no vo sekojdnevna konverzacija, doma, so moeto drustvo, tuka si zboram zargonski, ne pazam na literaturnoto govorenje, upotrebuvam tugi zborovi angliski, srpski (koj mi e inaku od edna strana i majcin jazik a i na mm isto taka), pa i turcizam upotrebuvam.

No mislam deka vo pecatenite mediumi i na TV treba da vnimavaat na pisanoto i na kazanoto.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 13 Дек 2010 15:52 #87871

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Annabel wrote:
NONE-BT wrote:
a najcesta greska koja site ja pravie e TAKA Da, toa e pogresno, treba TAKA STO :)

Малку офф топик, да не ти беше Даниела професорка по македонски?:) Јас учев во Горната гимназија и таа ептен се нервираша кога ќе кажевме ТАКА ДА:)

Токму таа Анабел, малку беше напорна ама не научи на многу работи
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 13 Дек 2010 15:56 #87876

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Значи добар детектив сум:zelen:

Нема везе, ние и бевме прва генерација, имаше некои 25-26 години тогаш, и за разлика од претходната професорка Аница која беше комунистички ков, Даниела од старт се грижеше за македонскиот јазик. Не беше битно само да прочитаме книги и да пишуваме добри состави (кои BTW кај Даниела повеќе ми се допаѓаа зашто ни даваше слобода во пишувањето), туку и правилно да зборуваме. И ден денес ми одзвонува во ушите тоа ТАКА ДА - ТАКА ШТО.

А гледам и тебе ти влегло во потсвеста:)

Е да ви кажам знаете што ме нервира многу - кога некој за МОРА вели МОРАЛНО Е. Колку нема врска, колку е само друго значењето на зборот морално, да не го објаснувам. сите го знаете:) Да е здрава и жива мајка ми што уште како дете ми укажа на оваа разлика:kiss:




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 13 Дек 2010 15:58 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 13 Дек 2010 16:03 #87885

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Можеме да отвориме посебна тема во која ќе пишуваме за правилни и неправилни зборчиња, фрази и изрази кои најчесто се користат и грешат, да научиме сите малку подобро да се изразуваме на нашиот преубав македонски јазик :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме македонски јазик 13 Дек 2010 16:42 #87908

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Преубава тема и да не повторувам, девојките погоре кажале се :) .

Завршив италијански и македонски јазик, но ако некој ме прати како пишувам тука на форумов, ќе си рече-оваа знае македонски??? :) . Како што кажа Кинки,, си дозволувам често на скопски говор да пишувам, иако кога ќе слушнам некој на тв да збори скопски или на кој било друг дијалет од кожа ме вади (не само на тв, каде било служебно).

Интересно ми е што во последниве да речеме 10тина години и скопскиов говор тежнее кон се поширока употреба на литературни зборови и изрази за разлика од порано кога имаше многу повеќе србизми да речеме.

Пред да се запишам на факултет, си мислев дека знам правилно литературно да зборувам, но сфатив дека еден куп изрази и зборови тотално ги грешиме... :) , па и сега учам, не знам се зашто многу ни е богат јазиков. Да речеме, прво нешто што не научија беше дека правилно македонски е виљушка, а не вилушка, што за жал и куп професори го грешат.

Една грешка која и на форумов почесто ја правиме (ве молам да не се лутите, најдобронамерно кажувам, притоа признавам дека не знам се), е заБче. Накратко, во нашиот јазик има звучни и безвучни согласки, кога доаѓаат во допир, настанува една појава наречена едначење по звучност, па затоа: заб-запче, риба-рипче, врабец-врапче, Љубомир-Љупчо :)
Последна промена: 13 Дек 2010 17:34 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да зборуваме македонски јазик 15 Дек 2010 07:32 #89002

  • Bejbi
  • Bejbi's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 157
  • Thank you received: 32
  • Карма: 6
Моооооре јазичари на форумов еден куп! Баш ми е мило иако по другиве теми баш и не се гледа дека толку си го сакаме и негуваме јазикот.
Јас, морам да признаам, збрувам жаргонски и баш жаргонот мислам дека ни е богатство како и дијалектите. Строго литературно само на работа :P
А сметам дека е богатство бидејќи еве и во мојов пост ако употребев литературен јазик немаше да можам да пишам јазичари, зборот не постои во македонскиот лексикон. Или таксиња за множина од такси место таксија, како што е литературно.

Можеби баш од форумов ќе се изроди некој нов Блаже Конески или Круме Кепески па би го замолила да ги направи литературни , не само јазичари и таксиња, туку и сите оние зборови што си ги употребуваме по дома а не се литературни само затоа што ги нема во лексиконите.

Мене ми пречи употребата на странски зборови место домашни. На пр. зошто да биде смајли кога може смешко, зошто конзумира кога може да се каже јаде... и уште еден куп примери.

Инаку за кршењето на македонскиот литературен јазик во медиумите има големи казни. Секој медиум мора да има лектор, па кога ќе се појави нешто нелекторирано одговорноста е негова иако сметам дека и луѓето што работат или се појавуваат во медиумите мора прво да бидат писмени, а потоа се останато.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да зборуваме македонски јазик 15 Дек 2010 13:46 #89046

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Детските сликовници на Топер се ужас, еден куп правописни, граматички, синтаксички и какви се' не грешки има во нив. Кога му ги читам на Алексеј секогаш ги поправам.
Ако постои закон за заштита на македонскиот јазик, зашто тогаш се дозволува да се провлекуваат вакви грешки? Лекторите на Топер (ако воопшто ги има), не си ја заслужиле дипломата :ua:
Децата уште пред да тргнат на училиште учат неправилно да зборуваат читајќи ги нивните сликовници :dry:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да зборуваме македонски јазик 15 Дек 2010 16:30 #89193

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Да се искажам и јас на темава :)

Литературниот јазик ми е близок уште од мала, сестра ми заврши филолошки, а и јас секогаш со нетрпение ги чекав лекциите по македонски јазик, особено граматиката. Дома не зборуваме литературно, далеку од тоа, зборуваме охриТски :))) Но го сакам нашиот јазик иако би сакала да бидам повеќе во тек, меѓутоа со оглед на тоа што не живеам таму, малку се оддалечив :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да зборуваме македонски јазик 13 Јун 2011 16:13 #141374

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Еве и сега, дури и несвесно, се трудам да пишувам точно, без употреба на странски зборови и внимавајќи на граматичките грешки. Веројатно тоа веќе ми е влезено во навика, посебно кога пишувам, па иако на форумот е дозволено и „послободно“ изразување, сепак не можам да се опуштам, сметајќи дека тоа некој можеби ќе го прочита.
Многу си го сакам нашиот јазик, иако често пати ми недостигаат зборови за да кажам нешто, поверојатно затоа што јас не ги знам отколку дека навистина ги нема во македонскиот јазик.
А, многу ме нервира кога наместо македонски ќе видам маЌедонски.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Да зборуваме македонски јазик 13 Јун 2011 19:34 #141408

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Bart како себеси да се читам. Без разлика дали е форум, смс-порака, e-mail или обично кратко писменце како известување за моите (членовите од семејството) понекогаш, го користам нашиот литературен јазик. Едноставно, не можам да се изразувам поинаку во писмена форма. Литературниот јазик го применувам и во усното изразување во секојдневниот живот, односно секаде каде што налага ситуацијата (воспитно-образовни институции, работни организации, здравствени установи...). Исклучок од ова правам во продавници и кога зборувам со блиски лица (тогаш зборувам на месниот дијалект). Не можам да ги разберам просветните работници кои користат дијалект, наместо македонски литературен јазик на работното место, особено оние кои воспитуваат и образуваат деца (чаршиски муабет).
Вкоренета навика ми е да вршам промена речиси во секој пост, токму поради тоа што сум испуштила буква, запирка и сл., т.е. сум направила правописна грешка.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 13 Јун 2011 19:35 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Да зборуваме македонски јазик 13 Јун 2011 20:59 #141424

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Еве и сега, си го читам мојот пост погоре и се мислам дали е подобро да се каже „недостигаат“ или „недостасуваат“...:wtf:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 13 Јун 2011 21:01 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Да зборуваме македонски јазик 14 Јун 2011 19:48 #141668

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Може да се каже и така и така, и двата збора се правилни (исто како именките - недостиг и недостаток).
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart

Ре: Да зборуваме македонски јазик 16 Јун 2011 02:58 #141907

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Мене па на форумов воопшто не ми пречи кога некој пишува на дијалект, баш напротив, мислам дека дискусијата добива потопла, народна, блиска нијанса, некако е поинтересно (како директно, во лице да си правиме муабет) :)

Инаку, Независна-за пофалба си во поглед на правопис и правоговор :da:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Да зборуваме македонски јазик 16 Јун 2011 13:48 #141954

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Nebo wrote:
Мене па на форумов воопшто не ми пречи кога некој пишува на дијалект, баш напротив, мислам дека дискусијата добива потопла, народна, блиска нијанса, некако е поинтересно (како директно, во лице да си правиме муабет) :)


Не е муабетот дека ми пречи, ама ако напишам нешто онака, жаргонски, после тоа кога го читам ми звучи многу глупаво. Поинаку ми изгледа изговорено „во живо“, а сосема поинаку кога истото е напишано. Овде мислам не само на жаргони и дијалекти, туку и на граматички грешки и употреба на интерпункциски знаци.
Исто како што напиша и Независна, секој пост го препрочитувам 2-3 пати и ги поправам сите евентуални грешки.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 16 Јун 2011 14:11 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Да зборуваме македонски јазик 30 Јул 2013 08:31 #242584

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Столчето е децко, русокосата е плавуша

„Производи“ наместо произведува, „мармелад“ наместо мармалад, „остажи“ наместо остави, „веги“ наместо веѓи, „ке“ наместо ќе, се само мал дел од грешките што може да се најдат на декларации на производи, кои треба да се напишани на македонски јазик со кирилско писмо.Освен што многу од нив се ситно и нејасно отпечатени или се изместила хартијата при печатење, па на неа нема дел од содржината, има и декларации и упатства за употреба во кои може да се најдат непреведени зборови, букви од други, странски писма, или преводи веројатно направени преку програми на Интернет, кои немаат смисла.

Грешките ги нервираат граѓаните, а често ги оставаат и недоволно информирани, а професорите по македонски јазик прашуваат кој ќе ни го чува јазикот ако самите не го правиме тоа.

Само некои од фирмите што ги подготвуваат упатствата или декларациите даваат да ги провери лектор по македонски јазик. Откако ќе поминат на превод, или само ќе бидат одобрени, веднаш ги лепат на производите. Има и компании што ги подготвуваат уште кога го произведувале или полнеле производот во странство, па таму превел некој што недоволно го познава јазикот.

Од фирми што извезуваат велат дека строго внимаваат кога оттука се подготвува декларација за некои земји, зашто се случило уште на граница да им ја вратат целата стока само поради една погрешена буква. Не било дозволено ниту да се поправи грешката. А сето тоа е трошок за производителот и за извозникот.

Одговорни и трговците и увозниците

Инаку, декларација на македонски јазик мора да има на секој производ. Тоа е предвидено со членот 23 од Законот за заштита на потрошувачите. Текстот мора да е вистинит, јасно видлив, читлив и напишан на македонски јазик со кирилско писмо. Но на терен не е докрај определено колку строго треба да се контролира, а ретко која институција има вработено лектор по македонски јазик.

Виктор Дерменџиев, в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, вели дека неодамна, од 27 јуни до 3 јули, направиле контрола на поголема група објекти, токму за декларации и упатства за употреба.

- Правевме надзор на 281 објект. Се проверуваше дали производи имаат упатство за употреба, декларација, техничко упатство. Проверувавме онаму каде што се тргува со компјутерска опрема, техничка стока, но и во аптеки, каде што се продаваат производи за широка потрошувачка. Во 11 објекти се најдени производи без или со нецелосна декларација, а во еден имало без упатство за употреба.
Укажано им е да ги отстранат неправилностите, а ќе бидат казнети со по 1.500 евра. Ако не ги отстранат неправилностите, за 15 дена може да биде затворен објектот - вели Дерменџиев.

Во инспекторатот нема вработен лектор. Таму веруваат дека имаат солидно познавање на македонскиот јазик за да ги забележат неправилностите. Објаснуваат и дека нема обврска декларацијата или упатството да е лекторирано пред производот да биде пуштен во промет.

Во инспекторатот има и мал број инспектори, па главно внимание се посветува на содржината на декларирањето, како на пример, дали е точен составот, дали е обележан... Оваа институција контролира само производи во промет.

- Потешко е кога ќе се пушти во промет, а потоа се контролира - додава Дерменџиев.

Лектор нема вработено ниту во други државни институции што прават контроли, а при инспекциите одобрувањата не бараат декларацијата или упатството да биде лекторирано.

- Законот и правилникот велат дека треба да е на македонски јазик со кирилско писмо. Ние повеќе го проверуваме напишаното за составот, содржината. Има фирми што ги испраќаат на лектор, знам оти ни кажуваат - вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна.

До Одделението за заштита на потрошувачите во Агенцијата досега не била поднесена претставка што се однесува на правописни или граматички грешки во декларациите на производите. Поднесените претставки од страна на граѓаните се однесувале на суштината на информациите што производителите или трговците во согласност со законските и подзаконските акти се должни да им ги обезбедат на потрошувачите (име на производот, состав, рок на употреба, тежина, серија, податоци за производителот/увозникот и слично).
- При вршење на инспекциските контроли, доколку се констатира ваков вид недоследност во декларациите (правописни грешки), односно доколку декларациите спротивно на Законот за безбедност на храната, Правилникот за начинот на означување на храната, како и правилниците за посебните барања на одделени видови прехранбени производи, се нечитки или двосмислени и можат да го доведат потрошувачот во заблуда, од нивна страна им се укажува на операторите со храна, по што тие се отстрануваат - велат од Одделението.


Кој ќе ни го чува јазикот ако не ние самите

Људмил Спасов, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“, смета дека текстот на декларацијата или упатството треба да го одобри лектор пред производот да биде пуштен во промет.
- Мора да добие потпис од овластен лектор, независно дали е вработен во фирмата-увозник или не. Вака е вистински циркус, декларациите се полни со грешки. Мора да постои правило, кое ќе налага лектор да потпише дека тоа е лекториран текст, пред декларацијата да се најде на производот - вели проф. Спасов.
Татјана Ефтимоска, професорка по македонски јазик во Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и професорка во училиштето НОВА, вели дека декларациите се многу важни, таму стојат составот на производот, рокот на употреба, како се чува и слично.

- Често се случува да читаме декларации преведени на Гугл транслејт, односно текст што содржи букви од српската, бугарската азбука. Затоа, за да не се повторува оваа практика, мора да се стави ред, да се контролира. Како што има преведувач на македонски јазик, така мора да има и лектор, за да не се случува да читаме неписмени текстови. Ние ако не си го чуваме јазикот, кој ќе ни го чува? - вели таа.

Извор
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Да зборуваме македонски јазик 01 Авг 2013 04:50 #242625

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Мене се повеќе ми пречи неписмениот превод и нелекторирани книги. Едната од последните кои ги прочитав, ме изреволтира до толку да реагирам и да му пишам на издавачот. Книга ем беше преведена ем лекторирана и пак имаше еден куп грешки. Одвај ја дочитав книгата
- „кој“, „некој“, „мој“ наместо „кои“, “некои“, „мои’ - за множина
беа само дел од грешките кои упорно се повторуваа, освен србизмите и др. грешки
врв ми беше кога наместо „шејк“ (пијалак) беше напишано „шеик“

И додека бев на одмор ја читав втората книга од истиот издавач која ја купив пред одморите, а тек тука што беше хаос, не ми се коментира. Секако книгата имаше само преведувач, не и лектор, оти најверојатно мислеле дека е од српски автор и доволно е да се најде само преведувач.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, Независна
  • Страна:
  • 1
  • 2