Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Да зборуваме македонски јазик

Да зборуваме македонски јазик 12 Дек 2010 03:17 #87037

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Во нашиот јазик се повеќе и повеќе се употребуваат интернационализми. Дали на нашиот јазик му недостигаат зборови или едноставно сме под преголемо влијание на глобализацијата?

Погледнете ги хрватите колку се трудат да го зачуваат својот јазик, можеби ни се смешни некои зборови како тајница или зракоплов, но зошто да не си ги користат кога си ги имаат, кога се нивни.

Ме нервираат некои јавни личности кога користат странски зборови за да изгледаат попаметно.

Ме нервираат некои ТВ личности кои на национална ТВ зборуваат на дијалект...

Јас лично и не сум многу против користењето на странски зборови во нашиот јазик, само доколку тоа се прави умерено.

Сепак имаме убав јазик, да си го зачуваме :)




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 13 Дек 2010 17:33 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: redsonja, Zlatna, sole

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:21 #87041

  • Zvezdicka
  • Zvezdicka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • bow down you mortals ... She is here....
  • Теми: 1190
  • Thank you received: 616
  • Карма: 34
Bi trebalo i na forumov da se potrudime podobro da se izrazuvame. Znam deka sega ke me napadnat nekoi bidejki pisuvam na latinica no ne e vo toa problemot....
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:27 #87045

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Па добро, одредени зборови се имаат одомаќинето во нашиот јазик, и се познати како интернационализми..и така прифатени. Сега не би набројувала, но најмногу имаме прифатено турцизми, што од друга страна е нормално - бидејќи сме биле 500 години под нивна власт. Искрено, ми се допаѓа кога во слободен разговор (па дури и на портали) се користат некој наш сленг..и тоа не ми пречи. Но!!!Ако се работи за официјален говор, на телевизија, во весници, на училиште...е тогаш сум за употреба строго на литературниот јазик. И генерално, ако зборуваме за вокабуларот на еден јазик, најмногу ми се допаѓа англискиот, бидејќи има навистина многу зборови, голем број синоними, и интересно е, што некогаш некоја состојба која сакам да ја опишам, можам полесно да и изнајдам збор на англиски отколку на македонски јазик. :)
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:27 #87046

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Ne samo poradi rabotata, tuku i poradi sebe, poradi svojot sto rece Anabel ubav jazik se trudam sekogas da zboruvam i pisuvam makedonski literaturno.

Osobeno kako zboruvam vnimavam pred Nikola. I gledam deka i toj se uci na toj nacin da zboruva. Duri ednas mu se sluci da me ispravi koga rekov - plava boja toj me koregirase - sina boja e mamo pravilno.
Edinstveno ovde ili nekogas na chat znam da se opustam i da koristam kratenki, stranski zborovi i tn.
I se slozuvam so Anabel. Nedopustlivo e javnite licnosti da ne go neguvaat nasiot jazik i da koristat bilo kakvi strancizmi.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 12 Дек 2010 03:28 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:29 #87048

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
И мене тоа ми се случува со англискиот јазик, особено во деловната комуникација. Кога треба да напишам mail до клиент, многу ми е полесно да го напишам на англиски отколку на македонски. Не треба да е така, свесна сум за тоа:poimnemam:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:34 #87051

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
И притоа да не бидам разбрана погрешно, не сакав да кажам дека англискиот според мене е поубав од нашиот јазик, но очигледно е дека е побогат со зборови. :) Ане и твојот син се вика Никола??? Нека ти е жив и здрав! :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 03:54 #87058

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Убава тема! :OK: Се согласувам дека секаде треба да се внимава како се изразуваме. На работа, дома, па дури и на форумов (иако мојот впечаток е дека на форумот има доста писмен народ, а за жал има и исклучоци).

Моја најдобра другарка е професор по македонски јазик и најверојатно таа ми има пренесено да реагирам на неписменост. Така, од такт се вадам кога ќе ги видам на телевизија наконтени, скоцкани, со шминки, фризури и кој ли таму ги облекол, и кога ќе ми речат ДВЕСТОТИНИ или ТРИСТОТИНИ....:tupco: ...:ne: (џабе им е се’ од надворешен изглед)
За жал, вакви ситуации има многу често. :sram2:
Не сум чула, ама најверијатно не постои задолжително лекторирање на секој текст што треба да излезе од медиум. А ако сакаме чист јазик, тоа е основно што треба да се воведе.
Последна промена: 12 Дек 2010 03:55 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 04:24 #87077

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Во пишаните медиуми сигурна сум дека има лектори, барем за Дневник знам, зашто познавам една жена која работи таму како лектор.

Но претпоставувам дека има и во телевизиите, па би требало да е задолжително, според мене.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 04:31 #87082

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
Zvezdicka wrote:
Bi trebalo i na forumov da se potrudime podobro da se izrazuvame. Znam deka sega ke me napadnat nekoi bidejki pisuvam na latinica no ne e vo toa problemot....

jas problemot ne go gledam vo latinica ili kirilica,tuku vo zamenuvanje na nasi makedonski originalni zborovi so uvozni najcesto od anglisko govorno podracje.koga za nekoj predmet ili bilo sto da e ,namesto nas zbor se koristi tugj.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 04:33 #87083

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Во пишаните медиуми сигурна сум дека има лектори, барем за Дневник знам, зашто познавам една жена која работи таму како лектор.

Но претпоставувам дека има и во телевизиите, па би требало да е задолжително, според мене.

Може, ама ако е тоа така, т.е ако има задолжително лектори, тогаш не си ја вршат работата како што треба.

Баш другарка ми кажуваше дека и самиот наслов во кампањата „Говорете македонски„ не е литературен, пошто терминот „говорете„ во тој контекст не е најсоодветен, туку повеќе се употребува во контекст кога се држи говор. Најсоодветното име на кампањата требало да биде едноставно „зборувајте македонски“, ама некој се правел паметен и - ете згрешил! :nc:
Последна промена: 12 Дек 2010 04:34 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 04:40 #87089

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Е заради таа кампања јас во насловот на темата во заграда напишав говорете. Не бев сигурна кој збор е правилен. :)

Инаку таа емисија беше добра, а скоро ја гледав и Шенка Колозова на ТВ, напишала еден многу добар текст каде правеше споредба помеѓу странски и македонски зборови. Пробав да го најдам на интернет, ама не можам да го најдам.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 04:54 #87106

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Инаку таа емисија беше добра, а скоро ја гледав и Шенка Колозова на ТВ, напишала еден многу добар текст каде правеше споредба помеѓу странски и македонски зборови. Пробав да го најдам на интернет, ама не можам да го најдам.

Знам за што мислиш. :OK:

Еве линк од настанот на Сител, пошто не можев да го најдам на ју-тјуб

www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/lekt...zik-ja-trpi-shtetata
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 05:39 #87171

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
  • Карма: 4
Вчера мајка ми ми вика дека и стигнала порака на мобилен четувај бесплатно и ме прашува што е тоа. Навистина, како не можат да најдат подобар, македонски збор,пр.разговарај, па и смешно е, таа се згази од смеење, иначе професор по македонски е. ЧЕТУВАЈ. Ајде да четуваме.:muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 05:58 #87210

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Јас од дете многу внимавав на правилното зборување, а тука ќе го вклучам и правилното пишување на зборовите, и искрено, кога ќе прочитам текст од возрасен човек, кој има многу неправилности во пишувањето, се прашувам како е тоа можно.
Во опуштена конверзација и јас користам србизми и некои англиски зборчиња кои станале пракса, но сепак мојот разговор со другарка од детство не е исто што и користење на такви зборови во деловна комуникација, на тв, во државни институции и слично..
Во печатените медиуми, ќе кажам дека конкретно за во Време, знам дека се лекторитаат текстовите. Што ми иде по дифолт да е така..
Денеска сосема случајно на вести (кои очајно ги избегнувам), фатив една секвенца од тоа како господата во парламентот го усвојуваат буџетот за 2011. Господинот претседател, малку се збуни во читање на гласовите, и така јавно на говорница, рече: УСТВАРИ! Баш звучеше грдо, јас конретно овој збор го практикувам, ама пазам каде. Сепак не сум председател на собрание :poimnemam: :kamsik:
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 06:16 #87233

  • COCKA
  • COCKA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • strong enough !!!
  • Теми: 199
  • Thank you received: 95
  • Карма: 4
Околу ова ГОВОРЕТЕ и ЗБОРУВАЈТЕ не се согласувам со тебе SANJA. Ние во македонскиот јазик, како и во сите други јазици имаме писмен и устен говор, па од таму доаѓа и тоа дека ГОВОРИМЕ македонски јазик. Тоа е правилен литературен израз иако поблиску до нашето секојдневно говорење е да кажеме ЗБОРУВАМЕ.

Потполно се согласувам со темава, треба да се потрудиме барем овде на форумов да пишуваме на литературен македонски јазик. Тоа е во нашите раце, на се друго што секојдневно го гледаме и слушаме по ТВ и Радио станиците не можеме да имаме директно влијание. Наш официјален службен и мајчин јазик ни е убавиот македонски јазик. Се сложувам со тоа дека на работа, во училиште, при писмена комуникација секогаш треба да се употребува литературниот јазик, но се сложувам и со фактот дека дијалектиката го прави уште поубав. Домашната, односно неофицијалната секојдневна комуникација може да го негува локалниот дијалект.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 06:35 #87237

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
COCKA wrote:
Околу ова ГОВОРЕТЕ и ЗБОРУВАЈТЕ не се согласувам со тебе SANJA. Ние во македонскиот јазик, како и во сите други јазици имаме писмен и устен говор, па од таму доаѓа и тоа дека ГОВОРИМЕ македонски јазик. Тоа е правилен литературен израз иако поблиску до нашето секојдневно говорење е да кажеме ЗБОРУВАМЕ.

Јас го кажав ставот на проф. по македонски јазик и лектор. Толку!
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 06:41 #87239

  • COCKA
  • COCKA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • strong enough !!!
  • Теми: 199
  • Thank you received: 95
  • Карма: 4
Sanja wrote:
COCKA wrote:
Околу ова ГОВОРЕТЕ и ЗБОРУВАЈТЕ не се согласувам со тебе SANJA. Ние во македонскиот јазик, како и во сите други јазици имаме писмен и устен говор, па од таму доаѓа и тоа дека ГОВОРИМЕ македонски јазик. Тоа е правилен литературен израз иако поблиску до нашето секојдневно говорење е да кажеме ЗБОРУВАМЕ.

Јас го кажав ставот на проф. по македонски јазик и лектор. Толку!

Не сакав лично да ја сфатиш поракава, само го кажав моето мислење како невработен професор по македонски јазик :) Те молам извини !!!
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 08:34 #87244

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Имаме прекрасен јазик којшто недоволно го негуваме. Секогаш негодувам кога некој ќе спомене дека имаме сиромашен јазик. Тоа не е точно! Македонскиот јазик е прекрасен, богат, особено граматички, можеш да изразиш повеќе нијанси. Точно е дека нема толку синоними како англискиот на пример, но затоа пак доколку се спореди македонската граматика со англиската, ќе сфатиме зошто нашиот јазик е толку богат.

Имаме многу подзаборавени стари зборови кои што се одлична замена за странските. Сметам дека сме преплавени со странски зборови делумно бидејќи не постои доволно добар закон за заштита на мајчиниот јазик, којшто ќе се спроведува целосно во пракса, почнувајќи од институциите, училиштата, медиумите. И сите ние на нашево форумче треба да се потрудиме да пишуваме на убав македонски јазик и на кирилица, мислам така ќе дадеме баш убав придонес :guskanje:

Дијалектите не ми пречат во секојдневната комуникација, но само доколку станува збор за приватна, а не службена. Значи не може да си дозволи некој да зборува на дијалект, а е професор, пратеник, судија, службеник, претседател на држава!!! А во пријателски разговор дијалектите ми се многу симпатични, особено кумановскиот :laugh:

Еве сега додека пишувам ми текнуваат разно-разни преубави македонски зборови: румено, бербат, калабалак, цупка, стомна, гибаница, синоќа, иње, шушка... ехееееј што се убави! А за повеќето не би ни нашла соодветен превод, мислам :rofl:

Инаку и мене страшно ме нервира кога некој пренагласено употребува странски зборови, демек така ќе изгледа поначитан?! :nc:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: redsonja

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 16:04 #87276

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Сега се сетив: Имаше една наградна игра (мислам дека одеше на а1) и гласеше ОТВОРИ И ДОБИ. Каде е тука лектурата?
Не сакав лично да ја сфатиш поракава, само го кажав моето мислење како невработен професор по македонски јазик Те молам извини !!!

Cocka :hug: нема потреба од никакво извинување, сите овде си го кажуваме својот став, т.е јас во конкретниот случај ставот на упатена личност во темава. :love:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: COCKA

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 16:22 #87283

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Анабел, :OK: за темава!

Не да ми боде очи, него мењам канал кога ќе слушнам како се изразуваат некои новинари, политичари, медиумски личности... Па тоа преводите на филмовите... ужас. Дијалектизмите исто така не ги оправдувам во официјалната комуникација (било да е писмена или устна), се знае како се збори во такви прилики - литературно. А дома и со друштво можеме како сакаме да си зборуваме.
Дури и една издавачка куќа почнав да ја бојкотирам заради никаквите полуписмени преводи и изрази во нивните книги.

Овде на форумов си се осеќам слободна да зборувам како сакам, користам и странски изрази и жаргонизми, едноставно како што ми доаѓа во моментот така се изразувам. Повеќе ми сметаат постови напишани цели со мали букви, без паузи, не се знае каде е точката каде запирката, па некогаш ги прескокнувам, напорни ми се за читање. Но, ова е за друга тема :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 17:21 #87317

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Сестра ми е професор по македонски јазик и сакала - не сакала некако ми беше наметнато да внимавам како зборувам, да внимавам на правопис, граматика итн, итн ...
Многу е мал процентот на луѓе, барем јас кои ги познавам, зборуваат чист македонски.
И мене ми пречи кога ќе видам некоја јавна личност која употребува жаргони, странцизми, некои ново измислени кованици и сл.
Kinky wrote:
Овде на форумов си се осеќам слободна да зборувам како сакам, користам и странски изрази и жаргонизми, едноставно како што ми доаѓа во моментот така се изразувам. Повеќе ми сметаат постови напишани цели со мали букви, без паузи, не се знае каде е точката каде запирката, па некогаш ги прескокнувам, напорни ми се за читање. Но, ова е за друга тема :)

Потпис.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 18:06 #87341

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
vo sredno imavme dobra profesorka po makedonski koja redovno mi ukazuvase na najcestite greski koi gi pravime koga se izrazuvame i nauciv mnogu od toa. toa sto najmnogu mi preci e koristenjeto na straski zborovi, ne znam dali nekoj selanec moze da razbere sto kavuvaat, odi rpilog za najbanalna rabota a toj kojznae sto si misli deka kazuvaat. i da ne me razberete pogresno, ne sboruvam loso za selanecot tuku za ovie nasive novinari koi nesto si se zamisluvaat. najcesto se izrazuvam literaturno no nekogas na forumov sakam i da si napisam po dijalekt, i toa spored mene e bogatstvo i mi e interesno.
a najcesta greska koja site ja pravie e TAKA Da, toa e pogresno, treba TAKA STO :)
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 18:14 #87347

  • Chocolate
  • Chocolate's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 900
  • Thank you received: 273
  • Карма: 13
Супер тема :srce: сум за тоа да се зборува литературно македонски по дома не зборувам така не ни планирам да почнам сепак дијалектите се темел на литературниот јазик и треба да се задржат, инаку во средно и јас имав супер професор и сега сметам дека одлично го владеам литературниот јазик, сметам оние кои зборуваат литературно нормално на работно место на факултет и сл се издигнуваат со самото тоа на поголемо ниво на префинетост и интелигенција затоааааа да зборуваме литературно:girlpink:





Границата меѓу уживањето и злото, олицетворена во чоколадото, е толку фина и престижна,...
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 18:33 #87357

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
NONE-BT wrote:
a najcesta greska koja site ja pravie e TAKA Da, toa e pogresno, treba TAKA STO :)

Малку офф топик, да не ти беше Даниела професорка по македонски?:) Јас учев во Горната гимназија и таа ептен се нервираша кога ќе кажевме ТАКА ДА:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Да зборуваме (говориме) македонски јазик 12 Дек 2010 18:59 #87363

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Ах, јазикот наш волшебен и милозвучен :love: , колку си го сакам.
Порано мислев дека нашиот јазик не е убав и богат и повеќе сакав да читам на српски. Но, откако созреав, созреа и моето чувство за убавината и богатството на мајчиниот јазик. И професионално сум врзана со неговата употреба, па како последица постојано ловам грешки во изразувањето и пишувањето:) . А нив, за жал, ги има многу и насекаде. Особено од такт ме вади неписменоста на телевизииве. Оние што се прават најдобри и најгледани, се најнеписмени. Закон за заштита на македонскиот литературен јазик има, но слабо се применува, како и сите други закони.

Ви ја препорачуваам книгата "Розата од вода" од Едни Македонци. Еден дел од книгата се вика "Македонски речник на зборови со езотерични кодови", а се продава и како посебна книга. Мене речникот ме фасцинира. Ми го прошири хоризонтот за суштинското значење на нашиот бесценет јазик. Има нешто многу подлабоко во него, зборовите се кодови и имаат посуптилни значења од оние на кои сме навикнале. Кодови кои ги носат старите подзаборавени знаења. Многу интересно, во секој случај.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska
  • Страна:
  • 1
  • 2