Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Стихови кои ве допреле

Стихови кои ве допреле 20 Дек 2009 02:31 #751

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Ода на неколку жолти цветови
Наспрема небесното синило морето ги движи
своите синила, а наспрема небото
неколку жолти цветови.

Доаѓа октомври.

Па макар што е толку важно дека морето го развива
својот мит, својата порака, своето надоаѓање,
се разгорува
на песокот златото
на една единствена жолта билка,
а твоите очи
се врзуваат за земјата,
бегаат од големото море и неговите грчеви.

Прав сме и ќе бидеме.

Ни воздух, ни оган, ни вода,
туку
земја,
само земја
ќе бидеме
и можеби
неколку жолти цветови.


Пабло Неруда
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 20 Дек 2009 02:33 #753

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Јас сум обичен човек, со обични мисли,
што живее обичен живот.

Не постојат споменици во моја чест,

а моето име наскоро ќе биде заборавено


но јас љубев со сето свое срце и душа

и за мене

тоа секогаш беше доволно...



Николас Спаркс.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 20 Дек 2009 03:07 #761

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
ПСАЛМ 22 (23)

ГОСПОД е добриот Пастир
(Давидов псалм)


ГОСПОД е мојот Пастир,
ништо не ќе ми недостига!

На зелени ливади ме успокојува,
крај тивки води ме поведува,
душата ми ја заживува.

По патеките на праведноста ме води,
заради Името Свое.

Па и низ долината на смртната темнина да одам
- од злото нема да се плашам,
зашто Ти си со мене.
Твојата палка и Твојата тојага
се спокојство мое.

Приготвуваш пред мене трпеза да стои,
пред очите на душманите мои!
Миро ми излеваш врз главата,
а мојата чаша се прелева!

Да, добрина и љубов ќе ме следат
низ сите дни на мојот живот;
и јас ќе живеам во Домот ГОСПОДОВ
во век и веков!
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, D-r Anastasija Atanasoska

Одг: Стихови кои ве допреле 21 Дек 2009 02:30 #1482

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Вљубената

Таа е застаната врз моите клепки
И нејзините коси се измешани со моите
Таа го има обликот на моите раце
Таа ја има бојата на моите очи
Таа втонува во мојата сенка
Како камен во небото.

Таа секогаш ги држи очите отворени
И не ме остава да спијам.
Нејзините соништа среде светлини што течат
Прават да испарат сонцата,
прават да се смеам, да плачам и да се смеам,
Да зборувам без да имам нешто да речам.

Пол Елијар
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 21 Дек 2009 02:33 #1486

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Вознесување


Над долините, над планините моќни,
шумите, барите и морските бездни,
зад сонцето и зад небесата ноќни,
зад сите граници на сферите ѕвездни,

мој духу, ни миг не знаејќи за слабост,
ме носиш и, како некој добар пливач,
радосно бескрајот ти го сечеш длабок
со сласт што е неискажлива и дива.

Крени се, летај над пареата болна;
исчисти се горе од нештата гнасни
и нека градите ширум ти се полнат
со светлиот оган на просторите јасни.

Зад сите грижи и зад сите маки
што од животот прават живуркање клето,
среќен е оној што со крилјата јаки
може да полета кон пределот светол;

оној чија мисла од приземен мрази
и кон небото взори слободно се стреми,
- кој лета над се и зборува со јазик
на цвеќето и на сите нешта неми!

Бодлер
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 21 Дек 2009 20:04 #2192

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Кловн


Еден ден.
Еден ден, можеби наскоро.
Еден ден ќе ја искорнам котвата што го држи мојот брод далеку од морињата.
Со оној вид храброст што треба да се има за да се биде ништо и ништо друго освен ништо, јас ќе оставам се што се чинело дека ми било неразделно блиско.
Ќе го пресечам, ќе го пресвртам, ќе го скинам, ќе го парчосам.
На еден здив ќе ги изблујам мојата бедна срамежливост, моите бедни замисли и врски во кои малку по малку сум се заплеткувал.
Испразнет од израстокот што потекнува од желбата да се биде некој, јас одново ќе пијам од хранливиот простор.
Со подбивни удари, со соборувања од престолот (што е тоа соборување од престол?), со прасок, со празнина, со потполно растурање-исмејување- чистење ќе го исфрлам од мене обликот за кој се верувало дека е толку добор прицврстен, направен, ускладен, подреден според мојата околина и според моите блиски, моите толку почитувани, толку почитувани блиски.
Ќе бидам свесен на понизност каква што се среќава по катастрофи, на потполна зарамнетост како по некој силен страв.
Спуштен, пониско од најниската мера, до моето вистинско скалило, до најниското скалило што сум го напуштил воден од не знам повеќе каква мисла - славољубивост.
Уништен во однос на височината, во однос на почитта.
Изгубен (или дури ни тоа) некаде далеку, без име, без идентитет.
Како КЛОВН што со подбивност, со искривоколченоста, со прснувањето во смеа ја уништува смислата која јас сум ја создал, наспроти секаква разумност, за мојата важност.
Ќе се нурнам.
Без грош во долниот дух-бескрајност отворен за сите,
отворен и самиот за една нова и неверојатна роса,
со согласност да бидам никој
и низок...
и смешен...

Анри Мишо
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 25 Дек 2009 02:15 #5206

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347

Од сина тишина зборови
Од сина тишина создавав зборови
и од зборови Те создавав Тебе
Те поведов низ младоста, низ цел живот
една по една да ги собираме трошките
на кои постапно се распаѓавме.

Сега, легнувајќи во самите корени
на новиот век
се загледуваш во мене
и ги згаснуваш една по една
ѕвездите во моите очи.
Така, обезѕвезден, влегувам во предел
на света бессоница,
во предел на морничав студ.


Анте Поповски
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 26 Дек 2009 00:45 #5962

  • misticia
  • misticia's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Симона и Мартина :)
  • Теми: 107
  • Thank you received: 3
  • Карма: 27
ЛИСТ
Се откина од гранката сам, полека и несетено
и остана во воздухот да лебдее така.
Мислејќи дека е жолта пеперуга, детено
пружи по него рака.

И не се измени ни со прелив мал
на есента божилото.
Само гранката задржа скриена жал,
жал за зеленилото.
Ацо Шопов

JАС И МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ


Рaсневме заедно, заедо крaдевме вишни
и иста судба секогаш имавме ние.
Ги знае добро моите желби скришни
и знам што сака од сите вас да скрие.
Денес ме виде во паркот како седам,
и кога пријде увилен, блед и стресен
јас сетив дека непознат човек гледам
како што гледа во мене таа есен.
А.Шопов
Последна промена: 26 Дек 2009 00:47 by misticia.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 26 Дек 2009 02:03 #5994

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
MAJKA

Obecala si jednom u detinjstvu
da ces biti vecna,
otkle god se vracali da cemo te zateci,
kao senku ispod kucne strehe,
kao kucni prag. :(

Nije bilo nijedne nase plovidbe
da je nisi, kao ribarske zene,
presedela na pucini gledajuci;
nije bilo bure ni brodoloma
da nismo posle njih
pored neba ugledali i tvoje lice.

Gde god bismo se probudili,
bila si u prozoru ti i sunce;
bila si nam uvek na dohvatu ruke
kao voda,
uvek kao vazduh
prisutna i neophodna.

Obecala si nam da ces biti vecna
kao sve sto nas na svetu docekuje
i ostaje posle nas.
I kada si umirala, :(
cinilo se da se osecas krivom
sto nas napustas. :(

D.Maksimovic
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 26 Дек 2009 02:55 #6011

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Кога ја спомнавте Десанка Максимовиќ еве нешто што и мене ме допира:

Крвава Бајка
Било је то у некој земљи сељака
на брдовитом Балкану,
умрла је мученичком смрћу
чета ђака
у једном дану.

Исте су године
сви били рођени,
исто су им текли школски дани,
на исте свечаности
заједно су вођени,
од истих болести сви пелцовани,
и сви умрли у истом дану.

Било је то у некој земљи сељака
на брдовитом Балкану,
умрла је мученичком смрћу
чета ђака
у једном дану.

А педесет и пет минути
пре смртног трена
седела је у ђачкој клупи
чета малена
и исте задатке тешке
решавала: колико може
путник ако иде пешке...
и тако редом.

Мисли су им биле пуне
истих бројки,
и по свескама у школској торби
бесмислених лежало безброј
петица и двојки.

Прегршт истих снова
и истих тајни
родољубивих и љубавних
стискали су у дну џепова.
И чинило се сваком
да ће дуго
да ће врло дуго,
трчати испод свода плава
док све задатке на свету
не посвршава.

Било је то у некој земљи сељака
на брдовитом Балкану,
умрла је мученичком смрћу
чета ђака
у истом дану.

Дечака редови цели
узели се за руке
и са школског задњег часа
на стрељање пошли мирно
као да смрт није ништа.
Другова редови цели
истог часа се узнели
до вечног боравишта.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: butterfly87

Одг: Стихови кои ве допреле 27 Дек 2009 21:40 #6763

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Помрачување на Сонцето


„Ми застануваш на патот
љубоморна отсекогаш
што не те греам само тебе
ненаситна, во осветољубив гнев
кружиш околу Земјата
за да останеш во моја близина
да ме замениш на едната
кога јас сум на другата
страна, ноќе

се проектираш во мене
заситена и фрустрирана
од постојано полнење и празнење
од непогрешливиот ритам
на светата свадба
сè до целосно исчезнување
Погибел, Изед

оти кај тебе сè е привремено
а јас стојам во центарот, за век-и-веков
жариште кое не се поместува и не згаснува
облевам сè наоколу и озрачувам
со својата царска грива
лавовско срце
- харемот е мој
и системот е мој!

Кога ти успева да се испречиш
меѓу мене и неа
(не можејќи ни без мене, ни без неа!)
Неа ја засенуваш - сив сур самрак среде бел ден
Мене ме помрачуваш - тотална еклипса!

Не ме предизвикувај премногу, Луно
зашто долго трае
твојата лукава ентропична игра:
можам да станам сосема рамнодушен
без презир, исконска стихија

и тогаш што ќе ти направам
тебе, нејзе
па дури и себеси
кој може да предвиди?

Катица Ќулавкова
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 02 Јан 2010 06:06 #9227

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Тишина

Ако носиш нешто неизречено,
нешто што те притиска и пече,
закопај го во длабока тишина -
тишината само ќе го рече

Ацо Шопов




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 02 Јан 2010 06:08 #9228

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Анабел Ли

Беше пред лета ред, беше
одамна, знам,
Во кралство крај морски крај
в молк се свил таму цутеше цут, толку допадлив нам,
што го викавме Анабел Ли;
една сал мисла скри, мисла
- потаен плам,
дека љубовта во нас гнездо сви!

Јас бев млад, беше млада и таа,
Во кралство крај морски крај в молк се свил,
љубов разгоре во нас, љубов која ја знаат
само јас, само Анабел Ли
љубов силна, по којашто чмаат
на небото рој ангели

Па се случи, пред повеќе лета,
во кралство крај морски крај в молк се свил,
да разулави виорен ветер,
да ја убие Анабел Ли!
Како втрештени луѓето беа,
ковчег мртвенски млада ја скри,
потем в гроб ја положија неа,
во кралство крај морски крај в молк се свил.
Колку безочна зависта е
и на самите ангели!
Ех, тоа причина е, и се знае
низ крајморските предели,
та развиори виор, ах, проклет да е,
убивајќи ја Анабел Ли.

Беше љубовта наша, каква
не ќе може друг да измисли!
Нема по светот таква, та,
ни небесните ангели,
ни подводните демони зли
да не' разделат не можат
и да сакаат
од прекрасната Анабел Ли!

Поглеј, месечев лач плете венец, од плач
по прекрасната Анабел Ли;
а ѕвезденион рој,
чиниш поглед е тој
на прекрасната Анабел Ли!
Така ноќ мине, знам,
во јад без моќ лежам сам,
тежок бол срце свил, живот мој, образ мил,
двајца ли ковчег сви,
двајца ли в гроб не' сви
пуста смрт во пределите зли!


Едгар Алан По




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 02 Јан 2010 18:26 #9282

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Nasa tajna

O tebi necu govoriti ljudima.
Necu im reci da li si mi samo poznanik bio
ili prijatelj drag;
ni kakav je, ni da li je u nasim snovima i zudima
dana ovih ostao trag.
Necu im reci da li iz osame, zedji, umora,
ni da li je ikada ma koje od nas drugo volelo;
niti srce nase da li nas je radi nas
ili radi drugih kadgod bolelo.
Necu im reci kakav je sklad
oci nase cesto spajao u sazvezdje zedno;
ni da li sam ja ili si ti bio rad da tako bude -
ili nam je bilo svejedno.
Necu im reci da li je zivot
ili od smrti strah spajao nase ruke;
ni da li zvuke smeha voleli smo vise
od suma suza.
Necu im reci ni jedan slog jedini,
sta je moglo, ni da li je moglo nesto,
da uplete i sjedini duse nase kroz citav vek;
ni da li je otrov ili lek
ovo sto je doslo
onome sto je bilo.
Nikome necu reci kakva se zbog tebe pesma dogadja
u meni vecito:
da li opija toplo kao sume nase s proleca;
ili tiha i tuzna cuti u meni recito.
O, nikome necu reci
da li se radosna ili boleca
pesma dogadja u meni.
Ja vise volim da precutane
odemo ona i ja
tamo gde istom svetloscu sja
i zora i noc i dan;
tamo gde su podjednako tople
i sreca i bol ziva;
tamo gde je od istog vecnog tkiva
i covek i njegov san.

Desanka Maksimovic
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 02 Јан 2010 18:41 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix, butterfly87

Одг: Стихови кои ве допреле 09 Јан 2010 02:06 #11921

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Чекорење во сенка
Чекорев зад него
Како заробен во неговата сенка
Не скршнував
Како што тој сакаше
Не гледав со кого ни се вкрстува патот
И покрај неговите чести поздравувања...

Излегов од прекривката на неговата сенка
Незабележливо
И заслепен од сонцето
Се вратив назад по патот

Така скршнат
Го видов сето она кое тој го сокрил од мене
Долж сиот пат
Видов со кого сме се сретнувале
Почнав да го слушам она кое тој никогаш не ми го кажал
И покрај нагласеноста на неговите зборови

Не ми даде многу време
Да го досегнам своето сонце

Се бунтував против студенилото на неговата сенка
Против нејзината стемнетост
Грабев кон сончевите зраци
Стоев додека тој не замина со својата сенка
Чекав
Додека таа не исчезна

Чекорев сам
Со мојата сенка пред мене
Како со украс префрлен преку рамо
А се плашев дека некој наивен минувач
Ќе се вплетка во неа и ќе биде заробен

Затоа избрав друг пат
Широк и простран
Каде никој не чекори зад некого


Тарек Елтаеб
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 09 Јан 2010 23:35 #12295

  • misticia
  • misticia's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Симона и Мартина :)
  • Теми: 107
  • Thank you received: 3
  • Карма: 27
ТРЕТА МОЛИТВА НА МОЕТО ТЕЛО - АЦО ШОПОВ

Што си: девојка, жена, мајка? Што си
ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
телото мое, молитвено што клечи.
Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
Што си: девојка, жена, мајка, што си?

Што си ти застаната со спокој темен
пред ова тело чиј глас со виј го гони
ветрот што лута под тајни небосклони,
чиј глас е жед и виј на вијот земен.
Што си ти застаната со спокој темен?

Што си ти: девојка, жена, мајка,
ти - скаменета пред влезот на овој храм
со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
па ова тело возвишено го крена.
Што си ти: девојка, мајка, жена?
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 10 Јан 2010 03:30 #12394

  • Dara
  • Dara's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 18
  • Thank you received: 1
  • Карма: 2
Mati čovjekova

Bolje da si rodila zimu crnu, o mati moja, nego mene.
Da si rodila medvjeda u brlogu, zmiju na logu.
I da si poljubila kamen, bolje nego lice moje,
Vimenom da me je dojila zvijerka, bolje bi bilo nego žena.

I da si porodila pticu, o mati moja, bila bi mati.
Bila bi sretna, krilom bi ogrijala pticu.
Da si porodila drvo, drvo bi oživjelo na proljeće.
Procvala bi lipa, zazelenio šaš od pjesme tvoje.

Do nogu bi ti počivalo janje, da si mati janjetu.
Da tepaš i da plačeš, razumjelo bi tebe milo blašće.
Ovako sama stojiš i sama dijeliš muk svoj s grobovima,
Gorko je čovjek biti, dok nož se s čovjekom brati.

Vesna Parun
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 10 Јан 2010 22:39 #12739

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Majci

Jesi li ziva starice moja
Sin tvoj zivi i pozdrav ti salje
Nek uvece nad kolibom tvojom
Ona cudna svetlost sija i dalje

Pisu mi da vidjaju te cesto
Zbog mene veoma zabrinutu
I da ides svaki cas na cestu
U svom trosnom starinskom kaputu

U sutonu plavom da te cesto
Uvek isto prividjenje muci
Kako su u krcmi finski noz
U srce mi zaboli u tuci

Nema straha, umiri se, draga
Od utvare to ti srce zebe
Tako ipak propio se nisam
Da bih umro ne videvsi tebe

Kao nekad i sada sam nezan
I srce mi zivi samo snom
Da sto pre pobegnem od jada
I vratim se u nas niski dom

Vraticu se kad u nasem vrtu
Rasire se grane poput cveta
Samo nemoj da u ranu zoru
Budis me kao pre osam leta

Nemoj budit' odsanjane snove
Nek miruje ono cega ne bi
Vec odavno zamoren zivotom
Samo cemer osecam u sebi

I ne uci da se molim. Pusti
Nema vise vracanja ka starom
Ti jedina uteha si moja
Svetlo sto mi sija istim zarom

Umiri se, nemoj da te cesto
Vidjaju onako zabrinutu
I ne idi svaki cas na cestu
U svom trosnom starinskom kaputu.

Sergey Aleksandrovich Yesenin
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 10 Јан 2010 22:43 #12745

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
NE DAJ SE INES

Ne daj se Ines
Ne daj se godinama, moja Ines
drukčijim pokretima i navikama
Jer još ti je soba topla
prijatan raspored i rijetki predmeti
Imala si više ukusa od mene
Tvoja soba, divota
Gazdarica ti je u bolnici
Uvijek si se razlikovala
po boji papira svojih pisama, po poklonima
Pratila me sljedećeg jutra oko devet do stanice
I ruši se zeleni autobus tjeran jesenjim vjetrom
kao list niz jednu beogradsku padinu
U večernjem sam odijelu i opkoljen pogledima
Ne daj se mladosti moja, ne daj se Ines


Dugo je pripremano naše poznanstvo
I onda slučajno uz vruću rakiju
i sa svega nekoliko rečenica, loše prikrivena želja
tvoj je način gospođe i obrazi seljanke
prostakušo i plemkinjo moja
Pa tvoje grudi, krevet
i moja soba obješena u zraku kao naranča
kao naranšasta svjetiljka nad zelenom i modrom vodom Zagreba
Proleterskih brigada 39, kod Perković
Pokisla ulica od prozora dalje i šum predvečernjih tramvaja
Lijepi trenuci nostalgije, ljubavi i siromaštva
Upotreba zajedničke kupaonice
I "Molim Vas, ako netko traži…"



Ne daj se Ines
Evo me ustajem tek da okrenem ploču
Da li je to nepristojno u ovakvom času
Mozart, Requiem, Agnus Dei
Meni je ipak najdraži početak
Raspolažem s još milion nježnih
i bezobraznih podataka naše mladosti
koja nas pred vlastitim očima vara, i krade, i napušta…


Ne daj se Ines
Poderi pozivnicu, otkaži večeru, prevari muža
odlazeći da se počešljaš u nekom boljem hotelu
Dodirni me ispod stola koljenom
Generacijo moja, ljubavnice


Znam da će još biti mladosti,
ali ne više ovakve - u prosjeku 1938
Ja neću imati s kim ostati mlad ako svi ostarite
I ta će mi mladost teško pasti
A bit će ipak da ste vi u pravu
Jer sam sam na ovoj obali
Koju ste napustili i predali bezvoljno
A ponovo počinje kiša,
kao što već kiši u listopadu na otocima
More od olova i nebo od borova
Udaljeni glasovi koji se miješaju
Glas majke, prijatelja, kćeri, ljubavnice, broda, brata
Na brzinu pokupljeno rublje pred kišu
I nestalo je svjetla s tom bjelinom
Još malo šetnje uz more i gotovo
Ne daj se Ines

Arsen Dedić
The administrator has disabled public write access.

Одг: Стихови кои ве допреле 11 Јан 2010 20:19 #13307

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Sve što živi ožiljak ima

Sve što živi ožiljak ima
još iz detinjstva, poseban, ran.
Da nisam pesnik, ja međ svima
bio bih hulja i lopov znan.

Mršav i rasta odveć malena,
međ decom bio sam uvek heroj,
često, često nosa razbijena
ja sam se vraćo pod krov svoj.

Uplašenoj majci, kad pred nju banem,
reč ceđahu usne krvavo-tmaste:
«Ništa, de! Spotakoh se o kamen,
a već sutra sve će da zaraste.»

Pa i sada, kada se bez traga,
onih dana krv vrela smirila,
nespokojna neka drska snaga
na poeme se moje izlila.

Na već zlatne literarne hrpe;
i u svakom retku što se vije
ogledaju se nekadanje crte
kavgadžije, nemirka, delije.

Ko i nekad imam hrabrost mušku
al nov korak moj se drukče sluša...
Dok mi nekad razbijahu njušku,
sada mi je sva u krvi duša.

Ne govorim više majci okrvavljen,
već tom šljamu što cereć se raste:
«Ništa, de! Spotakoh se o kamen,
a već sutra sve će da zaraste.»

Jesenjin
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стихови кои ве допреле 12 Ное 2010 17:58 #71712

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
OVE NOCI

Ove noci mogu napisati najtužnije stihove.

Napisati na primjer:"Noc je puna zvijezda,
Trepere modre zvijezde u daljini."

Nocni vjetar kruži nebom i pjeva.

Ove noci mogu napisati najtužnije stihove.
Volio sam je a ponekad je i ona mene voljela.

U nocima kao ova,držao bi je u svom narucju.
Ljubio sam je koliko puta,pod beskrajnim nebom.

Voljela me,a ponekad sam I ja nju volio.
Kako da ne ljubim te njene velike nepomicne oci.

Ove noci mogu napisati najtužnije stihove.
Pomisao da je nema.Osjecaj da sam je izgubio.

Slušati beskrajnu noc,bez nje još beskrajniju.
I stih pada na dušu,kao rosa na livadu.

Nije važno što je moja ljubav ne sacuva.
Noc je posuta zvijezdama i ona nije uza me.

To je sve.U daljini netko pjeva.U daljini.
Duša je moja nesretna što ju je izgubila.

Kao da je želi približiti,moj pogled je traži.
Srce je moje traži,a ona nije uza me.

Ista noc u bijelo odijeva ista stabla.
Ni mi,od nekada,nismo više isti.

Više je ne volim sigurno,ali koliko sam je volio.
Moj je glas tražio vjetar da takne njeno uho.

Drugome,pripast ce drugome.Kao prije mojih cjelova.
Njen glas i jasno tijelo.Njene beskrajne oci.

Više je ne volim,zaista,no možda je ipak volim?
Ljubav je tako kratka,a zaborav tako dug.

I jer sam je u ncima poput ove držao u narucju,
duša je moja nesretna što ju je izgubila.

Iako je to posljednji bol koju mi zadaje.
I posljednji stihovi koje za nju pišem.

Pablo Neruda
________________________________________________________________
Подарок

Како лебед го преплови езерото мое,
ја виде мојата богата езерска синина
го расплака и рашири царството твое,
и стигна до престолот на мојата иднина.

Еден букет радости - една нишка љубов,
еден букет расветана љубов ми подари,
и јас верував во твојата љубов
и те назначив за крал на мојата младост.

Но, ти не ги познаваш границите
на моето кралство, не ја познаваш љубовта моја;
но сепак:

Еден букет радости,
еден букет расцветано цвеќе јас чувам,
чувам во мојата чаша на младоста
за тебе, поету.....
Катерина Младеновска
( Лично моја автобиогравска песна)
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



Последна промена: 12 Ное 2010 18:01 by Mladenovska.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стихови кои ве допреле 13 Ное 2010 03:30 #71915

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Копнеам да ти ги кажам најдлабоките зборови
што имам да ти ги кажам, но не се осмелувам,
плашејќи се да не ми се смееш.
Затоа си се смеам на самиот себеси и својата
тајна ја оддавам на шега.
Лесно го примам својот бол, плашејќи се ти да
не го сториш тоа.

Копнеам да ти ги кажам најверните зборови
што имам да ти ги кажам, но не се осмелувам,
плашејќи се дека би можела да се посомневаш
во нив.
Затоа ги облекувам во невистина и зборувам
спротивно од она што го мислам.
Оставам мојот бол да изгледа глуп, плешејќи
се ти да не го сториш тоа.

Копнеам да ги употребам најдрагоцените зборови
што ги имам за тебе, но не се осмелувам,
плашејќи се дека нема да ми се врати со иста мера.
Затоа ти давам грди имиња и се фалам со својата суровост.

Ти задавам бол, плашејќи се дека никогаш нема
да дознаеш што е бол.
Копнеам немо да седам покрај тебе, но не се
осмелувам зашто срцето би му дошло во устата.
Затоа дрдорам и зборувам и
срцето си го затрупувам со зборови.
Грубо го примам својот бол,
плашејќи се ти да не го сториш тоа.
Копнеам засекогаш да те оставам, но не се осмелувам
плашејќи се да не го откриеш мојот кукавичлук.

Затоа гордо ја кревам главата и весел доаѓам
во твоето друштво.
Постојаните стрели од твоите очи прават
мојот бол да биде вечно свеж

Рабиндранат Тагоре- Градинарот
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Стихови кои ве допреле 09 Јан 2011 05:08 #100019

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
I Wandered Lonely As A Cloud
by William Wordsworth

I wandered lonely as a cloud
That floats on high o'er vales and hills,
When all at once I saw a crowd,
A host, of golden daffodils;
Beside the lake, beneath the trees,
Fluttering and dancing in the breeze.

Continuous as the stars that shine
And twinkle on the milky way,
They stretched in never-ending line
Along the margin of a bay:
Ten thousand saw I at a glance,
Tossing their heads in sprightly dance.

The waves beside them danced, but they
Out-did the sparkling leaves in glee;
A poet could not be but gay,
In such a jocund company!
I gazed—and gazed—but little thought
What wealth the show to me had brought:

For oft, when on my couch I lie
In vacant or in pensive mood,
They flash upon that inward eye
Which is the bliss of solitude;
And then my heart with pleasure fills,
And dances with the daffodils.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Стихови кои ве допреле 26 Јан 2011 19:42 #106153

  • Zaharija
  • Zaharija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 369
  • Thank you received: 135
  • Карма: 18
NEDOSONET SONET-Gane Todorovski

Sum toa sto sum! Pa sto? Zarem se ima od toa kar?
Za takov prifatete me... So sila ne ve teram!
Ottugjeni sme eden od drug, recisi preku mera-
Go velam otvoreno toa - jas car i izmekar.

Storiv sto storiv! Vam vi go ostavam vo dar,
Ednojazicnici moi... vaseto matno vcera
Ne mi ja krepi ni troa izarcenata vera
Vo denesninava - se e zapretana zar!

Sum i ke bidam, zatoa sto sum bil -
Malku li, mnogu li - setiki nesto sum ostavil,
Ljubezno molam: storenoto ne mi go pisete za grev!

Brsjacki silen i mijacki umen, kutriot jas
I nemeev i sumev, razdavav stedro glas
Pa so nedosonet son zivotot si go izvrvev
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Стихови кои ве допреле 09 Мар 2011 18:48 #120888

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Tutunoberachite
Kosta Solev - Racin

Na kantar studen so tuch go merat
a mozhat li da go izmerat
nashiov tutun - nashava maka
nashava solena pot!

Od temni zori na utrini letni
do nikoa doba na vecheri zimni
toj gladno pie tagata nasha
i potta i krvta i snagata ni.
Zholt - zholti pravi licata bledni
i zholta gostinka u gradite nosi.

Po utrini rosni, po mugrite presni
navedeni nichkum po polinja rodni
zachmaeni nie go bereme.
List po list kini
list po list nizhi
list po list prevrtuj, pritiskaj,
list po list milno, tagovno redi
i na dolga niza od kapki pot
i nadezh so kletva i zelena jad,
so korav pogled na ochite matni
po krevkite lisja zholtozlatni
prikaska gorka na zhivot klet
nanizhi bezglasna a taka jasna.

Ta ne znaesh li?

Denot li dojde toj da se meri -
merka mu nema, a v gradite dlabi
bez da se zapre, bez dno da najde
ne taga a kletva, i v ochi matni
i ne sakajc'i sama da se diga
furijata.

Kantarot nosi lisjeto zlatno
a v gradi luto dalgite besnat
na zholtata maka - na zholtiot tutun
na zholtata pot na racete ni!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Zaharija, Nebo
  • Страна:
  • 1
  • 2