Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Kaко доаѓате до литература за читање?

Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:23 #67794

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Порано уживав да влезам во библиотека и внимателно да бирам низ рафтовите со книги. Секогаш излегував со најмалку 4-5 книги. А подоцна кога почнав да работам почнав и да купувам книги и тоа сеуште трае. Дури ми се случува и непланирано да налетам на интересен наслов и да го купам. А некогаш има такви попусти, што не можам да одолеам да не потрошам некое денарче. :zelen: Дома веќе не знам каде да им најдам место.

Секако и позајмувам од пријателки, колешки книги, кои потоа ги враќам (некогаш по подолго време, ама битно ги враќам :laugh: )

*******************************************************************************************

Како вие доаѓате до литература за читање?
Дали ви се случило некој интересен наслов да го нарачате преку нет?
Колку купувате по нашиве книжарници?
А колку позајмувате од библиотека?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:32 #67800

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Како дете секој ден бев во библиотека - дури и добив награда за најредовен млад читател на библиотеката во Битола:zelen: .

Сега не сум зачленета во ниедна библиотека, ама како што вели Ане, знам да си купам книга или да позајмам од пријатели.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:42 #67804

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Голем вљубеник сум во пишаниот збор, сакам проза, поезија, драма, САКАМ КНИГИ :P

Како мала оваа навика ми ја наметнаа мајка ми и сестра ми. Дома имавме "скромна" библиотека, па сакала нејќела си читав:)
Порано бев зачленета во библиотека и до крајот на средно, бев редовна во библиотека.
Потоа некако ми се изгуби таа навика, па читав книги кои сестра ми ги купуваше.Среќа што имаме ист вкус за книги :zelen:
Купувам книги многу случајно, ако поминувам покрај некоја книжара и знам да заглавам час, час и половина и да излезам со 5,6 книги.
Многу често добивам книги на поклон, знам да си симнувам и од нет.
Позајмувам книги од пријатели, ама гледам да биде тоа поретко, зошто заборавам да ги вратам :sram2: Треба да ме потсетат за да им ги вратам :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:45 #67809

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
AnnaMolly, а од кој сајтови симнуваш книги? Има ли некои македонски или српски сајтови?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:51 #67813

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Па овој сајт ми е стандарден Baneprevoz.com или ако ми препрати некој пријател линк, така.
Иначе читам и на нет т.е на Блесок.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 22:59 #67818

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
kupuvam od knizara.mrazam da citam knigi na net.sto bi rekla carrie, go sakam mirisot na hartijata,knigata.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: COCKA

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 23:12 #67823

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
  • Карма: 32
Како помала земав од библиотека ама и не нешто премногу затоа што стрина ми моја има колекција поголема и од некои библиотеки.Повеќето од книгите што ги имам прочитано ми се позајмени од кај неа.Подоцна почнав и сама да купувам, меѓутоа исто така и да добивам книги на подарок.Исто така позајмувам и од други луѓе...најчесто другарките.Немам навика да читам книги на нет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Ное 2010 23:29 #67837

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Порано киснев во библиотека. Откако се омажив имам среќа свекрва ми да купуав се што е моментно најактуелно и имаме една огромана библиотека дома кај неа, па никогаш не ми фали книга, во последно само време за читање ми фали...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 01:16 #67857

  • EckaGj
  • EckaGj's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
  • Thank you received: 93
  • Карма: 31
Навиката и желбата од читање се создава во детството.Дома имавме комплет од Достоевски,Хемингвеј,Градчето пејтон,разни други книги,лектири од мене и братми,книги како поклон за завршено одлично одделение.Во средно и факс секогаш бев зачленета во некоја библиотека.Последна ми беше во Браќа Миладиновски кај Буњаковец.
Ретко позајмувам,а од нет не симнувам и читам.
Сега не сум зачленета,зошто со попустите во книжарите се снабдуваме и од саемите за книга.Одприлика на секој 3 месеци со мм влегувам во Култура или Матица и се забораваме некаде 1 или 1,5 час.Без 4 книги не си одиме.А саемот е посебна приказна.
Со мојата колекција и таа големата на мм имаме солидна библиотека без соодветно катче за нив.:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 02:14 #67875

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
добрата работа е што и јас и мм сакаме книги и редовно си купуваме, дури и не мора баш по книги да сме тргнале туку онака успат па ај да видиме што има. мм знае и на компјутер, електронски книги да чита ама јас сум си старомодна си сакам книга во раце компјутерот ме заморува многу, а книга си е книга. :) :) :) . е сега за позајмувањето да позајмувам книги ама и си ги барам назад, некој ќе рече де па и ти за една книга ама па ало да јас книгите си ги сакам и сакам да ми се вратат.:laugh: :laugh: :laugh: .на саем обавезно одиме,кога има се разбира, едно време одев во Белград бидејќи има неверојатен саем на книгата со изобилство на литература каква ќе посакаш плус поефтини се од кај нас, и вообичаено барам англиски или германски книги.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 12:32 #67969

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Јас не се осеќам убаво да читам книги на нет. Омилена позиција за читање ми е легната и книгата во раце. Најчесто книги си купувам и си ги потпишувам :) зашто имам искуство со многу невратени книги :(. Како помала посетував библиотека, сега ќерка ми ме замени :) И мнгу книги имам добиено и за подарок и на наградни игри :)
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 13:27 #67993

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Obozavam da citam, toa mi e profesija :laugh: oti sum diplomiran profesor po opsta i komparativna knizevnost. Na rabota sum sekojpat so kniga imam mnogu dosadno rabotno mesto i citam po edna kniga dnevno. Kupuvam mnogu knigi i jas i mm, toj mozebi i povekje ama vkusot ne ni e ist pa sekojpat iamme razlicna liteartura vo biblotekata doma. Pozajmuvam od prijatelki i od tatko mi koj ima golem fond na knigi. I obavezno vrakjam, najgolem grev mi e da zamam kniga i da ja zaboravam, si vodam tocna evidencija koj mi zemal i komu sum zemala za da nema zbrki i zabuni.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 14:19 #68018

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7901
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Е да и јас не сакам да читам книги на интернет или на компјутер.
А имав еден сајт од каде симнав одлични е-книги. Џабе. Сакам да си легнам во кревет со книжулето во раце и да уживам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 15:55 #68100

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
I jas obozavam da citam knigi ama na zalost vo posledno vreme nemam mnogu vreme. Obavezno sekoja godina vo Matica si trosam nekoe denarce.
Znae li nekoj koga ke bide popustot vo Matica ovaa godina?:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 16:01 #68105

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Матица повремено знае да изненади со убави акции, а и книгите им се со пристапни цени. Вообичаено попустот им е веднаш по Саемот на книга, а тој ќе се одржи април 2011
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 03 Ное 2010 16:01 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 17:41 #68158

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
Jas si zemam knigi najcesto od biblioteka, a znam i da kupam
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 17:45 #68159

  • Zaharija
  • Zaharija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 369
  • Thank you received: 135
  • Карма: 18
Читањето е нешто без кое неможам,два три дена ако останам без книга станувам нервозна.Книгите ги позајмувам од библиотека,буџетот не ми дозволува често да ги купувам,па се снаоѓам вака.А,сон ми е дома да си имам голема библиотека.
Maybe one day :girlpink:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Ное 2010 23:14 #68268

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Не сакам читање книги на интернет, на компјутер и слично. Сакам да ја осетам книгата, хартијата. Преку монитор нема чувства. Купени книги имам околу 30тина, не дека не сакам да купувам него прво овде немам место кај да ги ставам, ми стојат по фиоки сега за сега, а второ овде ако не се намалени се многу скапи, по 20 евра една книга. Кога се намалени на 2-3 евра знам да си изнакупувам, а неколку пати сум порачувала од Скопје да ми пуштат од саемот на книгата. А доста често знам некоја книга да си ја земам од библиотека особено ако имам одредено која сакам да ја прочитам па ми е скапа да ја купам, си ја земам од таму. Арно ама јас не наоѓам време за читање... Имам преку 10тина непрочитани книги што ми стојат, никако да најдам време... Кога вие наоѓате време за книги??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 12 Ное 2010 18:05 #71719

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Одам во книжара и си купувам, евентуално некој близок ако има некоја книга која ми се допаѓа па се разменуваме. Моментално ја читам Агата Кристи.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 12 Ное 2010 18:24 #71741

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Porano si bev zacleneta vo biblioteka.... Pa ja zatvorija taa vo mojata naselba i me iznerviraa :ljutko: . Se zacleniv vo edna pogolema, vo centar, ama nekako zabusavav, ne deka ne citav, obavezno pozajmuvav od nekoj.

Sakam da kupuvam, ama momentalnite finansii ne mi dozvoluvaat da se opustam ko sto sakam. Vo momentov glaven izvor na knigi mi e tetka mi, kupuva bez prestan, sreka mi go pogaga vkusot... Inaku ne zaboravam da vratam, ne podvlekuvamm vo tugi knigi so molivce, ne vitkam strani, gi vrakam ko sto mi gi dale :)

I da, edno vreme bev zarazena so italijanska literatura, pa i taa biblioteka mi ja zatvorija... Sega ne sum u tek, moze pak otvorile nekoja so italijanski knigi.... Italijanskite avtori mi se navistina posebni i so edinstvena smisla za humor.

Na net ne mi e merak da citam, sakam kniga vo race :) .
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 11 Дек 2010 21:11 #86925

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Одамна не сум била бо библиотека. Но, затоа ..трошам од 50-100 еур на книги месечно..е можеби е многу, ама тоа е-секој си има некој фетиш..А ако не ги купувам, тогаш си симнувам книги од нет. И читањето од компјутер можеби е малку мачно..ама сепак предноста е што доколку книгата не ми се допаѓа, барем не се чувствувам лошо што сум потрошила пари за неа.:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 31 Дек 2010 01:46 #97350

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Читам од раните училишни денови. Од мајка ми наследив "скромна" библиотека (имаше купувано книги-комплети како лектирни дела и некои од нејзините училишни денови), па си читав во секој слободен миг. Бев и редовна читателка-член во градската библиотека (и уште сум :) ). Библиотекарките ме знаеја добро, една од нив знаеше во секое време на колкава возраст сум :) Литература за читање (и стручна и за релаксација) си земам од таму, а одвреме навреме (најчесто кога е месец на книгата или има саем на книги) знам и да си купам некоја по пристапна цена. Имам еден куп дела и фотокопирани (во средно се ценеше многу предметот македонски јазик, имавме строга професорка, па скоро сите ги фотокопирав да можам да ги читам кога и да ми требаат). Кога ќе дојде ред да се селам од дома сите книги ќе си ги земам (наместо чеиз :hahaha: )
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 31 Дек 2010 01:47 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Јан 2011 06:43 #97849

  • COCKA
  • COCKA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • strong enough !!!
  • Теми: 199
  • Thank you received: 95
  • Карма: 4
До пред 2-3 месеци најчесто си ги купував книгите кои сакав да ги прочитам, многу ретко позајмував од некој пријател што ја има, бидејќи сакав и сеуште сакам да ги имам сите за мене убави книги дома. Најчесто купував од саем (по 4-5 книги) и од улични продавачи / тезги кои ги има на неколку места во градов. Сега се зачленив во библиотека, финансиски сум немоќна да си купувам почесто книги, и секоја прочитана книга од библиотека ја евидентирам, вадам извадоцо од неа, цитати во тетратка, затоа што така имам чувство дека и книгата ми е постојано при рака.

Ги сакам книгите, луѓето кои добро ме познаваат знаат често да ми поклонат за роденден добра книга, и тогаш сум многу среќна :jupi:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 02 Јан 2011 23:39 #97999

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Реков веќе дека немам обичај да одам во библиотека..не сум била зачленета со години, но затоа често позајмувам од брат ми (нека ми е жив и здрав) ем е 11 год постар од мене, ем е македонист па има стварно боооооогата домашна библиотека. Еве само за празнициве земав 20тина книги од кај него. :aleluja:
Последна промена: 02 Јан 2011 23:40 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 03 Јан 2011 14:55 #98181

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Купувам кога можам да си дозволам финансиски, што е за жал многу ретко. Најчесто позајмувам, се разменувам со пријатели, тоа што сакам да го задржам го копирам.
Преку нет до сега не сум купувала.
Во библиотека не членувам сега, а често симнувам книги од интернет и си ги печатам, исто така знам и пред монитор да читам не ми е проблем. Повеќе сакам да го осетам мирисот на книгата, секогаш кога купувам книги од книжарница ги мирисам, мм се чуди :laugh: , ама кога не можам да купам се задоволувам и со онлајн читање. :)
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2