Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Препорачај книга

Ре: Препорачај книга 21 Фев 2011 14:52 #115286

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
  • Карма: 115
Ane wrote:
Конечно ја завршив - Крвав орел од К. Расел.
Ми се допадна - интересен трилер, со добар заплет и многу изненадувања, кои ве тераат будно да прелетувате низ страниците до самиот крај. Изобилува со одлични детални информации, историски факти, легенди....но е напишана на многу едноставен и разбирлив начин, што ја прави лесна за разбирање и читање.

Јас почнав да ја читам, вака почетокот ми изгледа добар :OK:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 21 Фев 2011 15:27 #115296

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Знам дека книгава можеби повеќето сте ја прочитале, но јас до вчера ја немав прочитано. вчера ја прочитав во рок од 3 саати со паузи, не можев да престанам да читам, едноставно не можев да се наситам од зборовите. И верувам дека после некое време пак ќе сакам да ја читам.


Алхемичарот - Пауло Коељо


The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 21 Фев 2011 23:27 #115481

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Како да се биде секогаш среќен - Парамханса Јогананда. Читањето на оваа книга за мене беше речиси како медитација. Неверојатно беше дружењето со книгава..духовен мир и спокој на секоја страница преточени во инспиративни зборови на првиот голем индиски учител кој се доселува на Западот за да го поучува модерниот Запад за бенефитите од духовното, јогата и медитацијата! Ме исполни со уште поголема надеж и ентузијазам кон животот и се што тој ќе ми донесе. Чиста 5ка за делово.:OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 22 Фев 2011 15:02 #115658

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Страв и трепет - Амели Нотомб. Морам да признаам дека и зборот-воодушевување е малку и не би можел да ги долови целосно моите впечатоци од делово. Авторката не само што е одличен наратор,туку е пример кој можат голем број модерни автори денес да го следат за да создадат совршени јунаци! Навистина ме изненади со каква веродостојност го опишува Истокот, иако е бела жена..но, добро..земјата на нејзиното раѓање (и наредните 5 години од нејзиниот живот) очигледно и оставиле голем впечаток. Истотака ме воодушеви со каква леснотија успева да го задржи моето внимание и натера да се замислам над тешкиот живот на жените во Јапонија, но истовремено и на разликите меѓу традиционалниот Исток и модерниот Запад. Напросто се вљубив во Амели-сан..таа е толку храбра, што сметам дека секоја жена може да и позавидува. Чиста 5ка за делово :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Препорачај книга 23 Фев 2011 18:40 #116149

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Против Каталина - Амели Нотомб. Јас сум апсолутно воодушевена од авторкава и навистина е штета што има само една нејзина книга преведена на нашиве простори. Сепак..да живее интернетот и бесплатните е-книги :) Може ли соседот да го уништи вашиот живот? Претпоставувам дека може..доколку е некој како Господинот Бернард..жива досада!!! Читајте и уживате :)

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 24 Фев 2011 05:36 #116448

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Интимност - Ханиф Курејши

ТОЈ СТРАДА...

Заробен во монотоното секојдневие покрај жена која не ја сака, и со која има две прекрасни чеда... тој не постои! Мора да ја остави, за да започне нов живот. Мора да ја остави затоа што премногу го потсетува на тоа колку пати грешел во животот, како тогаш кога ја зема за жена. Но не плашете се, ова не е дело во кое јунакот ќе споделува мисли само за бракот, ова е дело во кое Ханиф Курејши говорејќи низ својот главен јунак ќе ви зборува за една цела изгубена генерација... За една цела генерација на поединци кои животот го гледаат од призмата на задоволствата, а тогаш кога истите нема да ги остварат - тие се длабоко разочарани и на самиот раб... одејќи кон бездната од која никој не се вратил. Главниот јунак е растргнат меѓу своите мисли, се бори со сеќавањата за своето несреќно детство кое не сака и неговите деца да го искусат... Но уште еден миг во таа куќа, и тој засигурно ќе полуди..

ТОЈ МОРА ДА ПОБЕГНЕ...

Attachment intimnost.jpg not found

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 25 Фев 2011 22:19 #117104

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Козметика на непријателот - Амели Нотомб. Неверојатна приказна која започнува на еден аеродром, и која се до половина книга можеби ќе ви изгледа дека поинаку ќе заврши...Но!!!Кој е човековиот најголем непријател? Која е козметиката т.е. маската со која истиот се крие? Прекрасно дело кое на моменти ќе ви изгледа сурово, но ќе ве натера да размислите, и да се борите против сопствените демони...и оние мисли кое од внатре ве разјадуваат. Мене ме фасцинира :OK: :OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 26 Фев 2011 04:28 #117223

  • D-r Lidija Pazdrijan
  • D-r Lidija Pazdrijan's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 769
  • Thank you received: 402
  • Карма: 28
Линда Хауард "Бакни ме додека спијам"

Лил Менсфилд многу добро знае дека во секој момент би можела да биде жртва, но доколку судбината е таква, таа е подготвена да го даде својот живот во борбата со корупцијата која развива вакцина за птичји грип...
The administrator has disabled public write access.

Препорачај книга 28 Фев 2011 03:14 #117744

  • D-r Lidija Pazdrijan
  • D-r Lidija Pazdrijan's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 769
  • Thank you received: 402
  • Карма: 28
Топла препорака на своите дечиња да им ја прочитате приказната Нешто друго(Something Else) од Кathryn Cave.Ja имаше во повеќе книжари и е преубава.Ја има на македонски.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 28 Фев 2011 13:45 #117811

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
Ловец на змејови - Халед Хосеини. Прекрасна книга што толку многу ме трогна. Ви ја препорачувам од се срце да ја прочитате. Ја имаше во Матица со попустот околу 200 ден мислам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 01 Мар 2011 12:20 #118137

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Лидерот е во вас - Д.Р.Гилберт. Прекрасно и поучно дело во кое ќе читате за тоа како да ги препознаете и развиете клучните карактеристики кои еден Лидер треба да ги поседува, како да изградите тим на соработници со кои ќе ја делите вашата највисока визија, како да бидете исполнети и среќни уживајќи во плодовите на сопствениот труд... и најпосле како да го завземете тронот во вашата средина здобивајќи го епитетот Лидер. Фантастично дело кое ќе биде ваш учител, пријател и патоказ додека го освојувате светот полн предизвици. Неверојатна синтеза на мудри и практични чекори кои ќе ви помогнат во исполнување на сништата и себереализирањето.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 03 Мар 2011 20:44 #119035

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Речиси сите книги од Пауло Коелјо, Ог Мандино и Димко Тасевски-Дитас ги имам читано во средношколските и студентските години. Ги препорачувам на секого. Дитас е писател за читателите-тинејџери претежно, но знае убаво и мајсторски да го пренесе дејството и да не го остави рамнодушен читателот во ниту еден миг.

"Добар ден таго" - Франсоаз Саган
"Љубов во пајажина", "Ер-ха негатив", "Клуч" - Ленка Попоска-Гогоска
"Оди каде срцето те води" - Сузана Тамаро
"Ивона што ја нема" - Велко Неделковски

Делата од Ката Мисиркова-Руменова ("Ѕидови од пајажина", "Во смрт од љубов", "Го љубам својот град", "Корнење").

"Скршени крилја" - Калил Џибран
"Крвна врска" - Сидни Шелдон
"Дневникот на Бриџит Џонс" - Хелен Филдинг
"Рањени орао" - Милица Јаковлевич (Мир-Јам)
"Крик за љубов", "Алисија - живот како на сон" - Михаил Штрикер
"Тајната врата на успехот" - Флоренс Сковел Шин
"За мојата малечка" - Тони Парсонс
"Чекори за сеќавање" - Николас Спаркс
"Девојката со портокали" - Јустејн Гордер

"Зошто жените не слушаат и не можат да работат две исти работи во исто време" (Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат) - Барбара и Алан Пиз
"Зошто жените не умеат да толкуваат мапи? ... не сакаат да престанат да зборуваат (Лекции за жените кои мажите треба да ги знаат) - Барбара и Алан Пиз

Последните 2 книги се мали и брзо се читаат. Дадени се кратки и интересни реченици и мисли за мажите и жените.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 03 Мар 2011 20:45 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 03 Мар 2011 21:57 #119082

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Независна wrote:
"Зошто жените не слушаат и не можат да работат две исти работи во исто време" (Лекции за мажите кои жените треба да ги знаат) - Барбара и Алан Пиз
"Зошто жените не умеат да толкуваат мапи? ... не сакаат да престанат да зборуваат (Лекции за жените кои мажите треба да ги знаат) - Барбара и Алан Пиз

Последните 2 книги се мали и брзо се читаат. Дадени се кратки и интересни реченици и мисли за мажите и жените.
Јас ја имам последната што ја наведе од Барбара и Алан Пиз, тоа издание што е на Матица..и точно е дека е само цитати, но слушнав дека оригиналното дело е пообемно. Сепак, фино е да се читнат овие дела..доволни се и цитатите за да си се пронајдеме во некој од нив :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Препорачај книга 04 Мар 2011 04:39 #119209

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Да, се пронаоѓаме во многу цитати од овие книги. Инаку двете книги се слични, некои цитати се повторуваат од едната во другата. Како некои поуки се :)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 05 Мар 2011 23:57 #119722

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
"Страв и трепет" - Амели Нотомб.



Авторката на оригинален начин го прикажува дејството. Го запознава читателот со начинот на живот на Јапонецот. Прикажува хиерархиски поставена фирма, гледано од очите на странец (Амели), млада 22-годишна девојка дојдена од Белгија. За восхит е колку е борбена, издржлива низ се' што и' налагаат претпоставените, не покажувајќи никаква омраза, поднесувајќи се' рамнодушно. Човечна и покрај сите доживеалици, понижувања, потчинувања ... Совршен поучен роман :OK: Да не ви откриваме повеќе :)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 06 Мар 2011 00:01 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 06 Мар 2011 00:11 #119727

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
:gp: Независна, мразам кога ќе кажам дека имам идол..но еве, морам да кажам дека кога станува збор за литературата Амели ми е апсолутен идол и пример! Прочитав 4 книги од неа - Страв и трепет, Против Катилина, Љубовна саботажа и Козметика на непријателот..но навистина, штета е што само една нејзина книга е преведена кај нас. Останатите дела ги имам на српски, ги земав од Топер..а замисли, во Србија имаат издадено дури 10 нејзини книги + една е во подготовка од издавачката куќа Паидеиа..Ми се оди во Белград само за да ки купам нејзиниве книги :) Инаку станува збор за максимално квалитетна, модерна и продуктивна писателка која секоја година издава по една книга и има навистина обемен опус. Навистина ми е драго што ти се допаднала книгата, и драго ми е што уште еден македонски читател се запозна со Амели..Напросто ја обожавам :love:
Последна промена: 06 Мар 2011 00:12 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Препорачај книга 06 Мар 2011 00:20 #119731

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
"Шангај бејби" - Веј Хуј



Прекрасна приказна за љубовта и самоспознавањето која никого не остава рамнодушен. Прикажан е животот во кинеското општество на крајот на 20 век, преку младата Коко. Таа се заљубува искрено и мисли дека Тјантјан е оној вистинскиот ... Тој е уметник, а таа е родена за писателка ... И двајцата се уметнички души, се надополнуваат еден со друг ... Тој и' е инспирација и мотив за нејзиниот роман ... Се јавува искрена љубов и привлечност меѓу нив, но ... Љубов, страст, прељуба, тајни, исполнување на животниот сон ... Младост, самостојност, уживање, страдање ...
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 06 Мар 2011 00:23 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Ананда

Ре: Препорачај книга 06 Мар 2011 00:29 #119734

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Очигледно е дека јапонските и кинеските писателки се меѓу најдобрите :OK: Јас бев воодушевена и од Веј Хуј. Таа е млада авторка (1973) и навистина знае да допре до младите читатели. Освен тоа, отсекогаш ми биле многу интересни и привлечни луѓето од Јапонија и Кина. Трагањето по нешто ново предизвикува дополнително љубопитство.

Кога би бирала меѓу Амели Нотомб и Веј Хуј, би се определила за Веј Хуј :)
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 06 Мар 2011 00:29 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 06 Мар 2011 00:49 #119736

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
"Шолја чај" - Ејми Ефрон



Приказна за љубовта и моралот. Ја прочитав летово. Го предупредува човек ширум да ги отвори очите во секој миг, насекаде. Слободно можам да кажам - една од најубавите што сум ги прочитала :OK:

Розмари Фел е родена под среќна ѕвезда. Богата е, има влијателни пријатели и згоден свршеник, Филип Олсоп. Има се' што сака. Една зимска вечер, среќава на улица една сиромашна девојка, измрзната и накисната. Во налет на великодушност, Розмари ја поканува Елинор Смит кај себе на чај. Елинор и Филип се среќаваат и разменуваат еден единствен поглед. Розмари, на која нема да и' се провлече значењето на тој поглед, набрзина ја испраќа непознатата од куќата, но она што се случило не може да се поништи. Навидум невината средба, ќе прерасне во бурен и мачен љубовен триаголник - се' додека животите на тројцата учесници не бидат зафатени од многу страшен виор ...
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 06 Мар 2011 04:25 #119785

  • D-r Lidija Pazdrijan
  • D-r Lidija Pazdrijan's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 769
  • Thank you received: 402
  • Карма: 28
Dean Koontz "Cold Fire"
Breathtaking and unique...
Fast and furious....like a hospital trolley on a toboggan run.


Јас ја имам англиската верзија.Незнам дали има македонски превод:poimnemam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 07 Мар 2011 18:13 #120186

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
На сите форумџивки ви ја препорачувам книгата "Подарок (подарок кој не' прави среќни и успешни во работата и животот)" од Спенсер Џонсон.



Мало издание кое ја содржи најголемата мудрост, животна поука за секого. Се чита во еден здив. Лесно и умешно допира до секој човек. Се пронајдов во книгата. Искрено ме натера да се замислам зошто често не доаѓам до она што посакувам. Читајќи го романчето, го најдов клучот за успехот. Голем подарок во мало пакување - практичен прирачник за сите проблеми, дилеми, препреки низ животот :OK: Може да се подари и како подарок на некого, сигурно тој/таа ќе ви биде многу благодарен/благодарна :OK:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 07 Мар 2011 18:19 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 07 Мар 2011 19:56 #120220

  • Zaharija
  • Zaharija's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 369
  • Thank you received: 135
  • Карма: 18
Норман Винсент Пил и "Моќта на позитивното мислење" е книга која ќе ви ги отвори очите и ќе ви ја зголеми самодовербата.Топло Ви ја препорачувам
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна, Ананда

Ре: Препорачај книга 07 Мар 2011 23:49 #120282

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Епитафот на царскиот гурман - Вељко Барбиери . Ова е иронична и гротескна приказна, со фантастични ликови и ситуации, која зборува за човек кој не се снаоѓа во новонастаната ситуација која ја диктира власта. Живеејќи ваков живот, кој не се поклопува со општествените начела, тој доаѓа во судир со власта, полицијата, па дури е и обвинет и осуден. Но, зошто? Едноставно... бидејќи е поинаков и бидејќи не се вклопува во новонастанатиот режим.

Приказна која сведочи за бескрупулозноста на општеството кое не дозволува индивидуата да размислува со својата сопствена глава. Топло во го препорачувам ова дело, кое ќе ве насмее а истовремено натера да сфатите - колку е животот понекогаш ироничен.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 08 Мар 2011 00:10 #120290

  • Fenix
  • Fenix's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 17
  • Thank you received: 14
  • Карма: 0
ЦРНОТО ЛАЛЕ од Александар Дима (таткото)

Дејството е сместено во Холандија во 16 век, во времето на Принцот Вилијам Орански. Александар Дима вешто нè води низ приказната за љубителот на лалиња, Корнелиус ван Барле кој е лажно обвинет за предавство, па поради тоа е осуден на доживотен затвор.

На Корнелиус му е доверен важен документ од страна на неговиот кум Корнелие де Вит, заедно со писмо кое го ослободува Ван Барле од било каква вина.

Тој го крие документот меѓу своите драгоцени луковици без да знае што воопшто пишува во него.

Тоа ќе го искористи неговиот љубоморен сосед Исак Бокстел, чија градина со лалиња е буквално засенета од градината на Ван Барле, па лажно ќе го обвини за соработка и предавство за да го тргне од патот. Додека ја чека пресудата, Ван Барле работи на создавањето на црното лале, за кое Друштвото на Цвеќарите од Харлем распишало награда.

Трите вредни луковици, заедно со Библијата во која се крие ослободителното писмо, се во рацете на Роза Грифус, неписмена но убава Фризијка, ќерка на чуварот на затворот во која Ван Барле ќе ја пронајде својата љубов. Секоја вечер тие тајно се состануваат, при што Роза ќе научи да чита и пишува, но исто така ќе навлезе во тајните на одгледувањето на лалињата.

Првата луковица ќе биде уништена од чуварот на затворот, а втората луковица ќе биде украдена од Исак Бокстел. Некој од нив конечно ќе ги земе заслугите за создавањето на Tulipa Nigra.

Извор
SOMETIMES PEOPLE PUT UP WALLS, NOT TO KEEP OTHERS OUT, BUT TO SEE WHO CARES ENOUGH TO BREAK THEM DOWN.
Последна промена: 11 Апр 2011 14:27 by Big Sister. Причина: додаден линк
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 08 Мар 2011 00:17 #120295

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Fenix, мислам дека описот за книгава ти е речеси буквално превземен од еден сајт за книги..а бидејќи мислам дека ти не си автор на статијата на тој сајт, не би било лошо да оставиш и линк на описот т.е. она што сега го постираше тука. Линкот претставува всушност извор од каде си ја превзела содржина. Сепак, нема љутиш...го знам авторот на тоа што ти тука го цитираш..па убаво би било тоа да се наведе, и да не излезе дека објавуваме нешто што е туѓо под свое име. :)

едит - сепак згрешив, авторот на таа статија не е мојата пријателка, па доколу ти си авторот на таа статија на сајтот за книги за кој зборувам, ти се извинувам. :) Доколку сепак не си, убаво би било да го наведеш изворот. Поздрав
Последна промена: 08 Мар 2011 00:26 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.