Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Препорачај книга

Ре: Препорачај книга 22 Јан 2011 03:16 #104512

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Мене ми ја препорачаа и затоа ја земав, сите премногу ја фалеа, се надевам дека денес ќе ја почнам, па ќе кажам мое мислење.Сега имам многууууу книги за читање 10 добив на поклон и моите 2 :jupi:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 22 Јан 2011 04:46 #104561

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
na kerka mi za Bozik i ja kupiv knigata''A potoa...'' od Gijom Miso,sega ja chita i veli deka knigata e ekstra,edvaj chekam i jas da ja prochitam,pa toplo vi ja preporachuva od nejzino ime

p.s. kerka mi e brucosh da ne pomisli nekoj kniga za malo dete preporachuvam:hahaha:
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 22 Јан 2011 21:41 #104715

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Ќерката на Магда од Кетрин Колиер - книгата ја прочитав за неколку часа, не можев да се довојам од неа :love: Стварно добра драма!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 23 Јан 2011 05:44 #104834

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Прирачник за полтрони во политиката од Горан Величковски..Книгава ја зема мм последниот пат кога бевме во Матица, на што нормално му смрчев..Бидејќи му викам па за иста цена можеш да земеш некоја сериозна книга (на самата корица на книгава има карикатура од човек кој му ги бацува нозете на некој Бос)...И иако моментално читам друга книга, ја видов вечерва оваа..малецка е, некои 70тина страни и викам ај да те прочитам...лелееееее пукнав од смеење..Еве сега ја завршив, ја прочитав за некој половина час..ама се смеев на глас..Каква пародија на сето она на што сме сведоци денес :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 24 Јан 2011 01:09 #105052

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Седум дена за вечност од Марк Леви
Интересна приказна за Зофија и Лукас..што се случува кога доброто и злото ќе се сретнат? Приказна во која се испреплетуваат елементи на фантастика, романтика и драма.
Издавач - АЕА, 2006 год
Цена - 360 ден (доколку моментално не е на попуст)


The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29

Ре: Препорачај книга 24 Јан 2011 04:30 #105135

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
На сите љубители на трилер- хорор книги им ја препорачувам- Кутија во облик на срце-Џо Хил.
Сега ја завршив иако малце се упрпав, зошто духот ме потсетуваше на Фреди Кругер(а скоро сите што ја имаат ме предупредија ), сепак ја прочитав и не ја баталив како што мислев :zelen:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, Ананда

Ре: Препорачај книга 24 Јан 2011 14:03 #105183

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
kalinche70 wrote:
na kerka mi za Bozik i ja kupiv knigata''A potoa...'' od Gijom Miso,sega ja chita i veli deka knigata e ekstra,edvaj chekam i jas da ja prochitam,pa toplo vi ja preporachuva od nejzino ime

p.s. kerka mi e brucosh da ne pomisli nekoj kniga za malo dete preporachuvam:hahaha:

Моментално ја читам оваа книга и стварно е екстра исто како и "Што би правел јас без тебе" исто од Гијом Мисо. Наредно ќе ја купам "Затоа што те љубам". :hug:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 29 Јан 2011 17:58 #107262

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Скршени крилја од Калил Џибран.Неверојатна книга. Толку малечка по обем книга, а со толку мудрости за животот и љубовта! Самиот автор смета дека ова е неговото најубаво дело. Навистина, авторот ме фасцинира со неговиот сензибилитет, но и неговата мудрост. :OK:
Последна промена: 29 Јан 2011 17:59 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 29 Јан 2011 18:57 #107268

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Гијам Мисо ми е супер автор. :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 31 Јан 2011 01:18 #107593

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
mozam da vi ja preporacam Kerkata na mojata najdobra prijatelka :da:
za edno mnogu silno prijatelstvo pomegu dve devojki
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 02 Фев 2011 22:31 #108472

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
На сите жени, мајки, девојки...но зошто да не, и на мажи :) од срце им ја препоачувам книгата Будењето на Офелија од Проф.Д-р Мери Пајфер. Книга напишана од клинички психолог кој на еден толку разбирлив начин го третира проблемот со адолесцентите, поточно со девојките адолесценти. Иако немам ќерка, сепак книгава се покажа како многу корисна за некои мои ставови во животот. Како културата влијае врз кревките и сеуште неискусни девојки? Дали навистина желбата некому да му се допаднеме е толку голема што е оправдано да ја платиме (ние или нашите деца) со здравјето. (анорексијата и булимијата)...Богами книга која навистина навистина ми се допадна.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 03 Фев 2011 00:18 #108494

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2894
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Во моментов ја читам Мајката на Перл од Морин Ли. Баш е убава ја препорачувам :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 03 Фев 2011 18:48 #108710

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Анатом од Федерико Андахази. Искрено..чиста 5ка според мене. Воодушевена сум од книгава, од интелигентно испреплетените стории на еден анатом од 16тиот век и две жени со сосема различни животни патишта и морални вредности. Книга која меѓу другото зборува и за ставот кој црквата од 16тиот век го има кон науката. Ретко кој научник во тоа време успева да доживее жнеење на плодовите на неговиот научен труд. Зошто? Бидејќи како научници и пропагатори на новото добар дел од нив се наречени еретици и им се суди на најсуров начин. А да биде романот уште поубав..нормално, проткаена е и интересна љубовна приказна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 05 Фев 2011 19:29 #109438

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Рајот може да почека од Кели Тејлор. Прекрасна приказна за чудна судбина на една млада девојка која на ден пред својата свадба доживува несреќа...и треба да бира дали да се врати на земјата како дух и да биде покрај саканиот или да оди во Рајот (каде веќе ја чекаат родителите кои ги изгубила пред некое време)...И колку да не ви се верува сепак книгава изобилува со смешни ситуации на кои ќе се смеете од срце..и така ќе варирате помеѓу смеење и воздишки поради преубавата љубовна сторија. Чиста 5ка за делово од мене! :OK:
Последна промена: 05 Фев 2011 19:29 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 09 Фев 2011 00:02 #110518

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Сопругата на дипломатот од Пам Џеноф.Трогателна исповед и уште потрогателна судбина!Нереализирана љубов, војна, чувство на напуштеност и осаменост. Сочуството едноставно бликаше од мене како вода од извор. Ја прочитав во еден здив! :OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 13 Фев 2011 04:01 #112079

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Поништена од Воли Лем. Потресна приказна за една девојка..исповед на една изгубена, несреќна девојка. Низ што се не минува низ животот..развод на нејзините родители, нервен слом на мајка и...а подоцна и нејзин. Чиста 5ка за делово :OK: Штета што не е преведена кај нас, барем така мислам. Јас ја читав на српски и ја има во Топер.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 13 Фев 2011 04:47 #112095

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Конечно ја завршив - Крвав орел од К. Расел.
Ми се допадна - интересен трилер, со добар заплет и многу изненадувања, кои ве тераат будно да прелетувате низ страниците до самиот крај. Изобилува со одлични детални информации, историски факти, легенди....но е напишана на многу едноставен и разбирлив начин, што ја прави лесна за разбирање и читање.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Фев 2011 04:50 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 01:50 #114087

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Изгубената роза од Сердар Оскан. Лесна и едноставна за читање, а сепак преполна со симболи и скриени мудрости.Дефинитивно ме натера да трагам по мојата изгубена роза, мојата душа која е неменлива и вечна...која е всушност она кое го нарекувам ЈАС. Чиста 5ка од мене за делово! :OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 02:18 #114098

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Луѓе, направив список од сигурно 15 книги од оваа тема кои ќе ги барам за читање! Фала ви!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 03:17 #114124

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Немој да ја изоставиш и книгата Остров од Викторија Хислоп. Прекрасна е!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 16:30 #114296

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Ај ве молам само кажете ми од кого се книгиве:

- Папата Јована
- Никаде без ќерка ми


Нигде не најдов автор.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 16:39 #114300

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
  • Карма: 10
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер
Папата Јована - Дона Вулфок Крос
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 18 Фев 2011 16:41 #114301

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
ZeleniCka wrote:
Ај ве молам само кажете ми од кого се книгиве:

- Папата Јована
- Никаде без ќерка ми


Нигде не најдов автор.
Можам ли да одам некаде без да обезбедам инфо за френдица која сака да чита :love:
Значи Папата Јована е од Дона Вулфолк Крос, а
Никаде без ќерка ми е од Бети Махмуди со Вилијам Хофер

Поздрав срц и се пишеме ко ќе се вратам..:hug: :cmok:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle

Ре: Препорачај книга 20 Фев 2011 23:34 #115036

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Допир од Нада Маринковиќ. Прекрасна приказна за една средовечна жена чиј живот се менува кога ќе го запознае необичниот, привлечниот и младиот Вид...Дали е можно еден цел живот да се проживее без да се размисли над своите постапки? Што е со нашите желби? Преубаво четиво..одлична приказна и воодушевувачка нарација од страна на авторката! Чиста 5ка за делово! :OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 21 Фев 2011 14:51 #115285

  • mami29
  • mami29's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 420
  • Thank you received: 257
  • Карма: 3
Вчера ја дочитав Папата Јована, чиста 10ка. Многу ми се допадна, ја препорачувам на сите.:hug:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда