Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Препорачај книга

Ре: Препорачај книга 16 Авг 2012 08:10 #210772

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Elicka wrote:
Моја препорака Без збогување-Линвуд Баркли.

Ovaa kniga denes ja dobiv za podarok. Odma kje pocnam da ja citam :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 16 Авг 2012 17:04 #210818

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
"Мажи, пари и чоколада: приказна за потрага по животот сладок како чоколада и како да бидете среќни пред да го вкусите..." од Ван Праг Мена.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 12 Дек 2012 21:58 #225636

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
„Женско родословие“ од Љиљана Хабјановиќ- Ѓуровиќ
Прекрасна книга која не` враќа години наназад, раскажувајќи за судбината на жените во едно црногорско семејство.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 12 Дек 2012 22:00 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 06 Јан 2013 07:57 #228801

  • Lile
  • Lile's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 66
  • Thank you received: 1
  • Карма: 5
Која е та девојка - Александра Потер

Замислете да го запознаете вашето помладо јас...
Белетристика за добро расположение исполнета со непредвидливи пресврти...
Прекрасно дело,интересно,со брз ритам и способно да расположи.Исполнето со хумор и душа...
Прекрасна романтична комедија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 06 Јун 2013 08:04 #240594

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Во Мај имав две недели одмор и го читав Петре М. Андреевски. Ептен ми се допадна, читко, не многу комплексно, блиско. Какви зборови користи, македонскиот јазик никогаш не ми бил поубав. Ги читав и сите три ги препорачувам:
Небеска Тимјановна
Пиреј
Тунел
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamicka

Ре: Препорачај книга 06 Јун 2013 09:55 #240620

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
bart wrote:
„Кога ќе заигра срцето“ од Џејн Мур

Убава, лесна книга што брзо се чита. Станува збор за љубовни дилеми, со голема доза на хунор. Не ви ја раскажувам, ама кој не ја прочитал, обавезно да го направи тоа. Од мене чиста петка.

interesna prikazna , ja preporacuvam i jas
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart

Ре: Препорачај книга 13 Јул 2013 14:19 #242153

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Периодов прочитав доста книги, ама книга што стварно ме бендиса беше „На Балканот и дождот мириса поинаку“. Не ви ја раскажувам- прочитајте ја, стварно е прекрасна. Интересна е и „Пред да заспијам“- писателите нешто не ги памтам баш.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 13 Јул 2013 15:11 #242156

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
ne sum fatila kniga 6 mes. :zauska: ova sama na sebe. kade ja ima На Балканот и дождот мириса поинаку“?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 14 Јул 2013 17:40 #242186

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Vo biblioteka :)
Izdanie e na Toper, okolu 500 denari kosta
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky

Ре: Препорачај книга 14 Јул 2013 17:42 #242187

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
toper imashe vo ramstore, neli?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 14 Јул 2013 17:48 #242189

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
Edno vreme imase i na Rekord ako ne se lazam, ama jas stvarno ja zemav knigava od biblioteka
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 14 Јул 2013 17:51 #242190

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
ги најдов на нет, имаат веб.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart

Ре: Препорачај книга 01 Авг 2013 05:34 #242631

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Препорака за книги кои може да ги читате на плажа

Ако сте љубител на прекрасните летни приказни, oва се предлози од Националната установа - Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Битола

„Цариградската пророчица“ – Мајкл Дејвид Лукас

„Цариградската пророчица“ претставува волшебен историски роман, за последните денови на Отоманското Царство. Дејството не носи на бреговите на Црното Море, во далечната 1877 година, каде претскажувањата поврзани со штотуку родената Елеонора не ветуваат ништо добро. Мајка и умира при породувањето, царската коњица го напаѓа нејзиното село, маќеата не ја сака и таа е приморана да патува затворена во потпалубниот простор на бродот...но и покрај сите несреќни настани, Елеонора ќе израсне во искучително интелигентно и вешто девојче.
И кога трагедијата ќе ја остави вклештена во Истанбул, храброста на Елеонора и силата на нејзината волја ќе ја одведат до султанот и до нејзиното ослободување.

„Последната војвотка“ – Габриела Ким

Ова е една прекрасна историска книга, книга која ќе ве освојува малку по малку со секоја наредна прочитана страница. На тој начин нема да почувствувате кога ви поминало времето, кога сте ја завртеле и последната страница и сте стигнале до самиот крај, а притоа ќе посакате да има уште некоја страница плус за уживање. Ова е дело кое ме освои со својата содржина, дело кое ме освои со леснотијата на пишаниот збор.

„Љубов и приврзаност“ – Ерика Џемјс

Болката никогаш не може да се надмине, само научуваш да живееш со неа. Но, времето лекува сѐ. Животот никогаш не нѐ става пред искушенија што не можеме да ги надминеме и кога една врата се затвора, друга се отвора!

„Мајката на оризот“ – Рани Маника

Мајката на оризот е реткост меѓу наративните приказни. Со чудесна фантазија читателот ќе го пренесе во едно друго време, на друго место, во безмилосен свет на егзотична убавина, каде ситните животни задоволства мораат да ги надополнат незамисливите ужаси..
Мајчината љубов не признава закони, ниту граници, ниту пак се поклонува пред каков и да е господар освен пред себеси!

„Никогаш посреќна„ – Мена Ван Праг

На сите оние кои им се допадна инспиративниот роман Мажи, пари и чоколада со сигурност ќе уживаат и во оваа волшебна и интересна приказна од истата авторка. Мај веќе има сѐ што од секогаш посакувала: пари, популарност, совршено момче, нормална телесна тежина... но сепак нешто недостасува.

„Тагата на самурајот“ – Виктор Дел Албор

Ако сакате одличен љубовен роман, тогаш го наоѓате во редовите на Тагата на самурајот, ако трагате по совршен трилер, тогаш Виктор дел Арбол го напишал за вас.
Или пак, можеби претпочитате историска фикција во која ќе препознаете ликови од минатото на Каталонија?

„Освојувачот“ – Кон Игулден

Учен човек кој тврди дека создал царство поголемо од она на Александар или на Цезар.
Воин кој со силата и мудроста покорил една петтина од светот. Од мудар учен човек до еден од најмоќните воини, Освојувачот ја носи приказната за Кублај-кан – исклучителен човек чие место во историјата е до великаните како Александар Велики, Јулиј Цезар и Наполеон Бонапарта.

„Црвениот волк“ - Лиза Марклунд

Аника Бенгтсон, новинар на Ивнинг Пост, сака да пишува приказна, односно да почне да копа подлабоко во случајот од 1969 година кога е извршен нападот на воздухопловната база на Ф21 во Лулео. Бидејќи се ближи годишнината од тој напад, поточно триесет годишнината и бидејќи за тој напад најмалку се пишувало, таа сака да открие што всушност се случило тогаш и да напише приказна за тоа.

„Московска сага“ – А.Д. Милер

Читајќи ја книгава, ќе се запрашате како за толку кратко време низ рацете ви поминале сите страници на кои е напишана оваа интересна приказна?
Ова е книга преку која ќе добиете јасна слика за изгледот на Москва и на сѐ она кое се случува таму, за сите измами и поткупи.

„Белата светлина во Париз“ – Тереза Ревај

Откако ги губи родителите, младата Русинка, Ксенија бега од болшевиците и од Санкт Петербург се преселува во Париз, каде што се соочува со трагедијата и осаменоста на живот во прогонство. Но Ксенија е решена да не се предаде

„Пред да заспијам“ – Стивен Вотсон

„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“
Спомените се она што го дефинира човекот...

„Хипнотизер“ – Лаш Кеплер

За љубителите на добар трилер оваа книга ќе претставува вистинско и огромно задоволство. Ова е книга која ќе ве остави без сон, книга која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и целосно ќе ве освои.

„Сопругата на сенаторот“ – Сју Милер

Секој брак крие свои тајни, па дури и оној најсовршениот! Но, некои тајни понекогаш е подобро да останат скриени. Засекогаш!

„Теодора“ – Стела Дафи

Осудена на живот на актерка и на блудници не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во коишто ја фрлила татковата смрт, Теодора израснува во сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата туку и да ги закопува длабоко во себе. Со доаѓањето во византиската царица дури тогаш ќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба. Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство. Стела Лафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величенственоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.

„Во името на предците“ – Тес Геритсен

„Повторно ме маѓепса! Јас не сум во состојба ништо друго да правам кога ќе почнам да ја читам новата книга на Тес за авантурите на Рицоли и Ајлс. Овојпат се заглавив во бостонскиот кинески град со Џејн. Мора и со другите и не можев да ја оставам книгата. Исто како и со претходните книги. Секогаш е така. Освен тоа, одвај чекам да излезе следната книга“ – Лорејн Брако

„Љубовта ме води“ – Федерика Боско

Федерика Боско е писателка и сценарист, страсна љубителка на јога и поборник за вегетаријанска исхрана на која ги подложила и роднините и пријателите, а во меѓувреме научила и да меси леб (вели: Во денешно време е добро да се има некој занает во раце!)

„Љубовта не е за мене“ - Федерика Боско

Моника е тврдоглава, романтична и откачена триесетгодишна Италијанка, со чиј проблематичен љубовен живот читателите се запознаа уште во претходната книга на Федерика Боско, Смртно вљубена. По разочарувањето и неприликите што ги доживува, Моника продолжува со своите авантури и во овој, уште поинтересен роман.

„Мажи, пари и чоколада“ – Мена Ван Праг

Маја ги минува деновите фантазирајќи за совршен живот; живот полн со љубов, успех и задоволство. Се обидува да си ги оствари желбите во потрага по мажи и пари, а кога не успева во тоа, бара утеха во чоколадата. Меѓутоа, подоцна се чувствува само празна и загубена. Потоа наидува на мистериозен странец и тргнува на духовно патување, каде што ќе го открие тоа што цело време и недостигало...

„Три метри над небото“ – Федерика Моча

Голема приказна за љубовта, за младите, за гневните животи што се обидуваат да се одвојат од земјата, да отидат три метри над небото...

„Некој како тебе“ – Сара Десинг

Хали и Скарлет се најдобри пријателки уште откако се запознаа. Хали отсекогаш е поповлечена. Секогаш кога и е тешко се обраќа за помош на својата похрабра и поотворена другарка која често знае како да постапува. Тие двете совршено се согласуваат. Но сето тоа се менува на почетокот од новата училишна година.

„Три силни жени“ – Мари Ндиај

Наградата „Гонкурс“ е една од најпрестижните книжевни награди во Франција. Се доделува еднаш годишно за книжевно остварување на француски јазик, чијшто автор со својот стил оставил особен пеат во француската литература.

“Таинствениот пламен на кралицата Лоана” - Умберто Еко

Во романот Таинствениот пламен на кралицата Лоана, иако е илустриран во боја, владее магла. Јамбо се буди од клиничка смрт, но не може да се сети на своето име и презиме. Со самиот кошнеж да дознае по сопствената историја и така романот страница по страница станува кино, театар, стрип, графит, балада.....

“Заштитникот” – Николас Спаркс

Сега Џереми живее во едно гратче наречено Бун Крик, Северна Каролина, оженет е со Лекси, жената која ја сака, и го очекуваат раѓањето на нивната ќерка. Изгледа дека си го среди животот – се додека не се појави една вознемирувачка и мистриозна порака од минатото. Раните кои мислеше дека се залечени, повторно се отворија, и Џереми сфати дека поранешниот негово живот е поблиску отколку што мисли.

НИКОЛАС СПАРКС ГИ РАЗОТКРИВА ТАЈНИТЕ НА ЧОВЕКОВООТ СРЦЕ
„Спаркс обрнува внимание на тешкотиите и напорот кои ги вложуваат луѓето кога се прилагодуваат на заеднички живот“

“Последната песна” – Николас Спаркс

Животот на седумнаесетгодишната Вероника Рони Милер ќе се сврти наопаку кога ќе се разведат нејзините родители, а татко и ќе се пресели во Рајтсвил Бич, во Северна Каролина. По три години, таа се уште е отуѓена од родителите, особено од татко и... Се додека мајка и не реши дека за сите ќе биде добро ако таа и брат и го минат летото со татко им. Јадосана и непослушна, Рони ги отфрла обидите на татко и да се зближи со неа и се заканува дека ќе се врати во Њујорк пред да мине летото. Но, наскоро Рони ќе го запознае Вил, момчето за кое последно би помислила дека ќе ја привлече и оти ќе се вљуби во него, отворајќи го срцето за најголемата среќа – и болка – што некогаш ќе ја искуси. Следејќи ја традицијата на саканиот роман, „Незаборавна прошетка“ Николас Спаркс ни раскажува особено трогателна приказна за првото соочување на една девојка со страдањето – со љубовта.

“Одлука” – Николас Спаркс

Николас Спаркс со години ги одушевува читателите со своите исклучителни романи. Својот вонсериски талент го искажува и во новата приказна за пронајдената и изгувена љубов.
Травис Паркер има се што човек може да посака – добра работа, верни пријатели, дури и куќа на брегот во едно гратче во Северна Каролина. Целосно ужива во убавиот живот, негувајќи нејасно уверување дека сериозна врска со жена само би го попречувала неговиот начин на живот.
Се додека прва сосетка не му стане Габи Холанд.

“Николас Спаркс” – Порака во шише

Тереза Озборн е разведена и разочара, но еден ден сето тоа ќе се промени кога на плажата ќе пронајде шише со таинствено љубовно писмо. Се она што се случува понатаму е сосем неочекувано, можеби дури и чудно, бидејќи ги опфаќа сите наши надежи да пронајдеме некој посебен, да ја дофатиме љубовта која е вонвременска и вечна.

“Николас Спаркс” – На прв поглед

Исклучителната љубовна приказна започната во Вистински верник, продолжува во романот на Прв поглед.
Џереми Марш со сигурност знаел дека никогаш нема да замине од Њујорк и веќе никому нема да му го даде своето срце. Откако ќе го преболедува распаѓањето на првиот брак, Џереми сега живее во малиот град Бун Крик во Северна Каролина, свршен е за Лекси Дарнел, љубовта на неговиот живот. Но токму кога животот навидум тече блажено, една таинствена и вознемирувачка порака ќе раздвижи низа настани што ќе влијаат врз врската на младата двојка.
Колку вистински ги познаваме оние што ги сакаме? Како ги решаваме неизбежните сомневања, родителските стравови па и препреките што се појавуваат понекогаш на нашиот пат?

„Едно лето во Италија“ - Луси Гордон

Тоа требаше да биде само одмор? Но на некаков начин Холи е маѓепсана од малото девојче без мајка и сосема е обземена од таинствениот татко на детето, Матео. И пред да биде свесна што се случува, ќе се најде во нивната луксузна вила во Рим. Додека долгите летни денови почнуваат да замираат, Холи открива дека срцето на мажот што го засакала крие неколку темни тајни.

“Близначка” – Тес Геритсен

Повторно уште едно неверојатно добро дело на авторката од чии приказни и здивот ќе ви се заледи, маестралната Тес Геритсен.
Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце.

„Без догма“ – Хенрик Сјенкјевич

„Без догма“ е современ роман пишуван во форма на дневник од страна на еден исклучителен човек со аристократско потекло. Тоа е првата литературна творба на Сјенкјевич која се здобила со интерес кај европските читатели. Романот е обид да се даде слика за крајот на векот, кој врз интелектуалната душа остава петно на очај, како резултат на паѓањето на вредностите, бунтот против граѓанското општество, и воопшто, недостатокот од верба во што било и недостаток од каква било цел.

“Фатални желби” – Бруклин Хадсон

Совршена за љубителите на филмовите Sixth sense, Butterfly effect, како и за љубителите на Стивен Кинг - хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи.Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме... Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но... некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат...

“Пред да заспијам” – С. Џеј. Вотсон

„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“

“И планините одекнаа” – Халед Хосеини

Ќе се фатите во мрежата која е толку умешно скроена, ќе тагувате заедно со Абдула, кога неговата сестра, неговата сродна душа му е одземена, кога времето поминува и заборавот се наметнува...

Извор
Последна промена: 01 Авг 2013 05:42 by Marge.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Cinnamon, Dolphin, zence, Независна

Ре: Препорачај книга 02 Авг 2013 19:39 #242672

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
„Тао те Кинг“ - Лао Це

Малечка книга во која е содржана основата на таоизмот (едно од најпознатите толкувања на кинеската филозофија). Во превод „Тао те Кинг“ значи книга за патот и доблеста. Во неа се дадени практични мудрости за владетелот, но и за обичниот човек.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 02 Авг 2013 20:11 #242673

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Би ја препорачала и книгата „Злоба“ од Даниела Стил. Да не ви откривам детали, прочитајте ја, сигурно нема да зажалите :OK:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 06 Авг 2013 07:31 #242729

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Најновата од Khaled Hosseini - And the mountains echoed.
Омилен писател ми станува, неверојатно убаво пишува.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Препорачај книга 08 Авг 2013 08:54 #242768

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
Jas vi ja preporacuvam Hipnotizer , navistina interesna prikazna t.e. triler
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 10 Авг 2013 10:57 #242802

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
Ke se nadopolnam ,mi se dopadna Polinja so divi narcisi od Vinka Sazdova, ja preporacuvam
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 10 Авг 2013 11:05 #242804

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Gi procitav prvite dva dela od trilogijata Dragulj Indije od Talasa Ali, sovrseni knigi za odmor i relaksacija na plaza :plaza:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
Последна промена: 10 Авг 2013 11:05 by Elka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 27 Авг 2013 06:29 #243199

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Анастасија - Владимир Мегре
Многу интересна книга за смислата на животот, за поврзаноста со природата, за добрината, за искреноста, за децата. Книгата во најголем дел е дијалог меѓу писателот со една исклучителна девојка од сибирските тајги, која има парапсихолошки способности и голема енергија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 11 Сеп 2013 05:36 #243809

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
  • Карма: 10
Kниги што вреди да се прочитаат

Kниги што вреди да се прочитаат
Без разлика дали се за деца, научно-фантастични, авантуристички, љубовни, историски, политички, некои книги го надминуваат жанрот и оставаат огромен впечаток врз човек за цел живот. Па, кои се тоа книги што секој би требало да ги прочита барем еднаш?

Кога на ова прашање одговараат корисниците на Reddit, меѓу најчестите наслови што тие ги избираат како најдобри се:

The Forever War - Joe Haldeman

The Little Prince - Antoine de Saint-Exupéry

For Whom the Bell Tolls - Ernest Hemingway

Која било книга од Haruki Murakami

Crime and Punishment - Fyodor Dostoyevsky

Flowers for Algernon - Daniel Keyes

Brave New World - Aldous Huxley

Catch-22 - Joseph Heller

The Count of Monte Cristo - Alexandre Dumas

All quiet on the Western Front - E.M. Remarque

Nineteen Eighty-Four - George Orwell

The Handmaid's Tale - Margaret Atwood

Animal Farm - George Orwell

The Brothers Karamazov - Fyodor Dostoyevsky

The Giving Tree - Shel Silverstein

Fahrenheit 451 - Ray Bradbury

One Hundred Years of Solitude - Gabriel Garcia Marquez

A Short History of Nearly Everything - Bill Bryson

The Stranger - Albert Camus

A Game of Thrones - George R.R. Martin

The Hitchhiker's Guide to the Galaxy - Douglas Adams

To Kill A Mockingbird -Harper Lee

Dune - Frank Herbert

Le Miserables - Victor Hugo

Where the Red Fern Grows - Wilson Rawls

The Perks of Being a Wallflower - Stephen Chbosky

on.net.mk/zhivot/literatura/knigi-shto-vredi-da-se-prochitaat
Последна промена: 11 Сеп 2013 05:37 by AWAO.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 12 Сеп 2013 10:54 #243831

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
  • Карма: 1
„За љубовта кон синот“ од Џин Сасон
Сега скоро ја прочитав и е мноооогу убава, барем мене ме бендиса
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 09 Окт 2013 05:07 #244675

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками

Сите книги на Мураками се убави и специфични заради неговиот стил на пишување, ама оваа (според мене) му е најдобра :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Препорачај книга 15 Ное 2013 08:42 #245713

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 953
  • Thank you received: 338
  • Карма: 7
Пред да заспијам - Стивен Вотсон
The administrator has disabled public write access.

Ре: Kaко доаѓате до литература за читање? 16 Дек 2013 08:25 #247422

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Книжевни класици кои можете бесплатно да ги превземете од интернет

Ви откриваме мала збирка на изгубени литературни богатства кои можете да ги превземете бесплатно од инетрнет. Потребна е само желба за читање.

1. „Последниот човек“, Мери Шели, 1826 година.

Роман за апокалипса во која цивилизацијата од 21-от век пропаѓа заради соочување со епидемија на чума.
2. „Девојката со златните очи“, Оноре де Балзак, 1833 година.

Прекрасна девојка, нејзиниот љубовник и љубовница, се најдоа во средина на афера во која е вклучен инцест, обид за убиство и убиство.
3. „Зад маската, или Моќта на жената“, Луиза Мај Алкот, 1866 година.

Внимателните читатели на романот „Мали жени“ ќе се потсетат дека Џо Март од пишување лоши романи му одговорил прогесорот Бхаер. Тој детаљ е автобиографски.
4. „Стрмни патеки“, Џон Мур, 1918 година.

Натуралист кој се карактеризира со прецизен и моќен стил, Мур пишувал љубовни писма и есеи од терените по кои одел: планини, долини и внатрешноста на американскиот запад.
5. „Меѓу Тибетанците“, Изабела Бирд, 1894 година.

Во ерата кога „авантурист“ и „истражувач“ сеуште припаѓале во категорија „вистински“ професии, Изабела Бирф била меѓу првите жени во таа област. нејзините патописи се драгоцени и прекрасно напишани.
6. „Образованието на Хенри Адамс“, Хенри Адамс, 1907 година.

Духовити мемоари во кои Хенри Адамс дискутира на прашањето како да ги „подготвите“ луѓето да се справат со радикалните нови технологии и социјалните промени кои тие ги носат.

7. „Plum Bun: Новела без морал“, Џеси Редмон Фаусет, 1928 година.

Роман за расата, полот, долгогодишни поети, новинари и уредници на весникот The Crisis.
8. „Есеј“, Мишел де Монтењ, 1580 година.

Оптимизиран за модерен начин на живот и прегледен на многу апликации, есеите зборуваат за сите можни теми од животот, смртта и бесмртноста, секс и љубов, пријателство и Бог, телото и душата, политика и минливоста, страста и болестите, верата и фанатизмот, мрзеливоста и воздржаноста…
9. „Г-ѓа Спринг Фрагранс“, Суи Син Фар, 1912 година.

Суи Син Фар била позната и како Едит Мауд Еатон, кинезка и британка израсната во Америка, евидентирала големи културолошки разлики, на кои секогаш се навраќала како главни теми. Оваа збирка раскази поделена е за возрасни и за детска публика.
10. „Детинство, детство, младост“, Лав Николајевиќ Толстој, 1855-1858 година.

По читањето на неговите класици „Војна и мир“ и „Ана Карењина“, префрлете се на неговата полу-автобиографска трилогија која почнал да ја пишува кога имал 24 години.

Извор
Последна промена: 16 Дек 2013 08:49 by Marge.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Најново на форумот