Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Препорачај книга

Ре: Препорачај книга 17 Јун 2011 12:03 #142094

  • Nikolina008
  • Nikolina008's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 103
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
Јас навистина многу сакам да читам, после секоја книга се чувствувам толку исполнето, побогато...Бидејќи завршив италијански јазик а немам многу контакти со јазикот книгите коии ги читам се на италијански јазик. Не знам дали некои од нив се преведени на македонски. Еве нешто од последните:
Senka na vetrot - Karlos Ruis Zafon (ovaa mislam deka ima prevod na makedonski)
Scuza ma ti chiamo amore - Federico Moccia
Scusa ma ti voglio sposare - Federico Moccia

Tre metri sopra il cielo - Federico Moccia
Ho voglia di te - Federico Moccia

За овие последнива од Федерико не знам дали има преводи но ке побарам ако има ке ви пишам. Навистина се прекрасни романтични дела.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 23 Јун 2011 16:21 #142828

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Бригадата“ од Александар Белов

Заснована врз реални факти, претставува приказна за животот на четворица млади луѓе во Москва.Еден од нив, Александар Белов, е обвинет за убиство што не го извршил. За да го заштитат, неговите пријатели се колнат на вечна верност и ја создаваат БРИГАДАТА- група која самоуверено се издига во хиерархијата на криминалниот свет.
Авторот на „Бригадата“ е целосна загатка. Никој не знае како изгледа и кој се крие зад псевдонимот Александар Белов. Се претпоставува дека е директен учесник во настаните што се опишани во книгата. Книгата го скандализирала јавното мислење во Русија и била дочекана со бурни реакции- на незадоволство и на восхит. Како и да е, таа била наречена најотворената исповед за преминот.
:OK:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 24 Јун 2011 15:46 #143000

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ананда wrote:
bart wrote:
„Заедно“
Книгата ја зедов од библиотека, па не се сеќавам на точното име на авторот (Перл ...). Спаѓа во жанрот на семејни драми. Станува збор за поврзаноста на две семејства и нивните деца, и иако има над 500- ни страни, се чита во еден здив и ве остава без спиење.
Да не мислиш можеби на книгата Заедно П.С. љубовна приказна од Џоди Пико? Се сложувам, одлична книга!



Ананда, си била во право, проверив на другиот сајт, а го прочитав и твојот коментар таму. Се извинувам за грешката. Како и да е, книгата е супер.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 06 Јул 2011 05:45 #144121

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Ако го дочекам утрото“ Сидни Шелдон


Како и се` друго од Шелдон, и ова е доста интересна книга иако со постар датум. Главната хероина, Трејси Витни, чекори во животот исполнета со идеали. Но, (за жал секогаш се јавува тоа „но“), животот и` подготвува непријатни изненадувања. Невино осудена, завршува во затвор, од каде излегува наоружена со желбата да се одмазди. Патот ја води во Европа, каде е постојано следена од настраниот Даниел Купер, кој чека таа да погреши.
За оние кои не ја прочитале книгата, се надевам дека ви го предизвикав љубопитството...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 06 Јул 2011 05:46 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 12 Јул 2011 08:10 #144531

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Бакнеж во ноќта - сеуште ја читам ама интересен спој на историја со секојдневието, додуша малце повеќе еротика него што очекував, ама добро ;)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 01 Авг 2011 15:46 #146683

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Полноќна палата“ Карлос Руиз Зафон

Дејствието не` носи во Калкута, Индија во 1932 година. Низ раскажување на еден од членовите ќе го запознаеме „тајното“ друштво Чоубар, кое го сочинуваат деца од едно сиропиталиште. Секој од нив носи своја приказна, но во средиштето на вниманието е приказната на Бен, кој низ сплет на околности за кратко ќе ја запознае и повторно ќе ја изгуби својата сестра близначка.
„Што можам да кажам? Кои зборови би можел да ги употребам за да ја опишам тагата што ја видов таа мајска вечер во очите на Бен, во очите на својот најдобар пријател? Буричкањето низ минатото ни откри сурова лекција и ни го покажа животот како книга во која е подобро да не се свртуваат страниците назад, како пат при кој не е важно во кој правец одиме, зашто никогаш нема да можеме сами да си ја избереме судбината...“
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 01 Авг 2011 15:49 by bart.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence, Ананда

Ре: Препорачај книга 17 Авг 2011 18:43 #148713

  • beelyana
  • beelyana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 148
  • Thank you received: 158
  • Карма: 1
Се изначитав препораки, а многу малку македонски автори сретнав. Овие ми се едни од поомилените автори и дела:
Венко Андоновски - Вештица, Папокот на светот(:srce: :srce: :srce: )
Петре М. Андреевски - Тунел
Ката Мисиркова Руменова - Јас, Жена
Јагода Михајловска-Георгиева - Индиго Бомбај
Жарко Кујунџиски - Спектатор

А од странските автори:
Милан Кундера - Шега, Неподносливата леснотија на постоењето(:srce: )Бесмртност, Забавеност (:srce: :srce: :srce: )
Џ.Р.Толкин - Господар на прстените - трилогијата
Михаил Булгаков - Мајсторот и Маргарита (:srce: :srce: :srce: )
Хенрик Сјенкјевич - Quo vadis

доволно за прв пат :laugh:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Marge, Nebo, Ананда

Ре: Препорачај книга 21 Сеп 2011 17:34 #154948

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
Ja docitav knigata B)
[img size=300x400]ilike.mk/wp-content/uploads/images/2010/...tetovaza-na-zmej.jpg[/img]

Interesna so zapleti i realni situacii , samo ocekuvav poinakov kraj :)
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 22 Сеп 2011 04:57 #155009

  • zence
  • zence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 505
  • Thank you received: 81
  • Карма: 1
Delfin 76,so najgolema preporaka, prodolzi da gi citas uste dvata dela od triologijata "Devojkata sto si igrase so ognot" I "Devojkata sto go urna osiloto"
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009
Последна промена: 22 Сеп 2011 05:06 by zence.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 20 Јан 2012 10:07 #175863

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Шума“ од Харлан Кобен

Неочекувано интересен роман.
Јавниот обвинител Пол Коуплант решавајќи еден случај, се соочува со закани кои можат целосно да му го уништат животот. Но, и покрај тоа, тој не се откажува, па така на виделина излегуваат многу тајни од подалечното и поблиското минато... Ова само колку да ве заинтригирам да ја прошитате книгата.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Препорачај книга 20 Јан 2012 17:21 #175949

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
  • Карма: 11
Brida od Koeljo definitivno!!!!!!! me magepsa bas kakva sto e i nejzinata sodrzina ! fantasticno!:OK: ednostavno veruvas vo nesto sto ne se voobicaeni za tebe. dodeka ja citas si sosema drug covek!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Препорачај книга 29 Мар 2012 08:19 #191568

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Катедралата на морето“ од Илдефонсо Фалконес

На почеток малце тешко ми почна, ама после ми стана многу интересна и за час ги прочитав 600 и кусур страни. Нема да ја раскажувам, само ќе кажам дека дејството е воглавно сместено во Барцелона, во 1300 и кусур година, кога владеела инквизицијата и многу тогашни несфатливи закони во корист на буржоазијата. Преку градбата на црквата е раскажан и животот на главната личност во романот.
Ако треба да ставам оценка од 1 до 5, би добила 5 со едно мало минувче за мали делови од книгата каде имаше многу историски податоци, кои баш и не беа неопходни.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Препорачај книга 06 Апр 2012 05:50 #192929

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Сосема нов пријател“ од Мајк Гејли

Интересна книга, која настојува да даде одговор на прашањето дали е можно пријателство меѓу маж и жена. Бидејќи јас имам машки пријатели, би рекла да, ама главните ликови во книгава имаат голем проблем за да го задржат пријателството, и на крај, за жал, не успеваат во тоа.
На скала од 1 до 5 книгава од мене би добила едно четворче.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, mamicka

Ре: Препорачај книга 10 Апр 2012 09:01 #193828

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Дневниците на една дадилка“ од Ема Меклафлин и Никола Краус

Го опишува начинот на кој богатите американци ги воспитуваат своите деца. Комична и многу остра сатира која го исмева начинот на живот на високата класа на Менхетн, кој има тенденција да се прелее и кај нас. Можеби некој и ќе се препознае.
Одлична книга, мене многу ме бендиса. :OK:
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 10 Апр 2012 09:11 #193829

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
bart wrote:
„Бригадата“ од Александар Белов

Заснована врз реални факти, претставува приказна за животот на четворица млади луѓе во Москва.Еден од нив, Александар Белов, е обвинет за убиство што не го извршил. За да го заштитат, неговите пријатели се колнат на вечна верност и ја создаваат БРИГАДАТА- група која самоуверено се издига во хиерархијата на криминалниот свет.
Авторот на „Бригадата“ е целосна загатка. Никој не знае како изгледа и кој се крие зад псевдонимот Александар Белов. Се претпоставува дека е директен учесник во настаните што се опишани во книгата. Книгата го скандализирала јавното мислење во Русија и била дочекана со бурни реакции- на незадоволство и на восхит. Како и да е, таа била наречена најотворената исповед за преминот.
:OK:

Оваа ми е следна на список, зашто сакам книги за современа Русија...

Да ја препорачам "Московска Сага", само што ја дочитав...

Млад лондонски адвокат ќе влезе во мрежа на измами и интриги во Москва, сето тоа зачинето со љубовна игра...Се случува во посткомунистичка Русија




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 16 Апр 2012 03:29 #194708

  • Mariposa
  • Mariposa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 24
  • Thank you received: 23
  • Карма: 0
Копилето од Истанбул - Елиф Шафак

Само што ја завршив книгава и ви препорачувам да ја прочитате. Интересно патување низ историјата, поврзувајќи ги минатото и сегашноста преку главниот лик Асја, односно "копилето". Авторката раскажувајќи за животот на Асја, ги испреплетува и приказните за нејзините три тетки, мајка и и вујко и( одамна отселен во Америка), сите од семејството Казанџи. Но тука се проткајува и историската нишка за прогонот на Ерменците од Турција и омразата што постои меѓу нив уште од 1915 година. Токму таа омраза ја префрлува приказната во Америка, каде што се запознаваме со семејството на младата ерменка Армануш, а кое на чуден начин е поврзано со Казанџиеви во Истанбул. Романот е едно интересно патување помеѓу европскиот и американскиот континент, испреплетно со мистицизам, каење, љубов, солзи...

"Си било тоа што не било. Божјите суштества беа мноштво како зрна, а беше грев да се зборува многу, зашто можеби ќе го кажеш она што не смееш да го запомниш и ќе го запомниш она што не смееш да го кажеш". Уживајте...
Последна промена: 16 Апр 2012 03:30 by Mariposa.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Препорачај книга 17 Апр 2012 08:37 #194907

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 956
  • Thank you received: 340
  • Карма: 7
Ispovedite na edna akuserka
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 20 Апр 2012 13:45 #195412

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
  • Карма: 28
Малце не ми е соодветна темава но морам да ве прашам дали некој знае каде можам да ја најдам книгата По свое на Бранислав Саркањац?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 23 Апр 2012 06:50 #195775

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Опасно блиску“ од Линвуд Баркли

Прекрасна книга...можеби малку само очекував поинаков крај, ама како и да е, интересна е.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 23 Апр 2012 07:21 #195781

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
biljann wrote:
Малце не ми е соодветна темава но морам да ве прашам дали некој знае каде можам да ја најдам книгата По свое на Бранислав Саркањац?

Беше кај нас на гости пред некој ден... Да знаев, ќе го прашав. Често доаѓа, па ќе го видам пак следната недела, и ќе ти пишам. :cmok:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Препорачај книга 24 Апр 2012 09:35 #195962

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
  • Карма: 28
Јеее, фала ти многу Клаудија :hug:
Ја имаме барано на неколку места но ја нема, сега ја имаме во електронска форма ама не е тоа тоа
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Препорачај книга 26 Апр 2012 05:31 #196297

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Сега беше човекот, го прашав. Прво мислеше за мене дека е книгата, па демек ќе ми поклонел, па мене срам ми стана, викам не е за мене :hahaha:

Издавач е Табернакул, а ја имало и во Култура. Но 100% ја има на Саемот на книгата на штандот на Макавеј. :cmok:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Препорачај книга 03 Мај 2012 12:27 #197319

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
„Кога ќе заигра срцето“ од Џејн Мур

Убава, лесна книга што брзо се чита. Станува збор за љубовни дилеми, со голема доза на хунор. Не ви ја раскажувам, ама кој не ја прочитал, обавезно да го направи тоа. Од мене чиста петка.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 03 Мај 2012 12:36 by bart.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 16 Авг 2012 02:19 #210718

  • elena j
  • elena j's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 519
  • Thank you received: 113
  • Карма: 4
Papata Jovana
Veronika resi da umre
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Elicka

Ре: Препорачај книга 16 Авг 2012 07:03 #210767

  • Elicka
  • Elicka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 258
  • Thank you received: 103
  • Карма: 4
Овие две од елена ј се прекрасни книги, за мене во најдобрите 10. Моја препорака Без збогување-Линвуд Баркли и Левиот брег на Сена-Кејт Мјуир.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: elena j

Најново на форумот

  • No posts to display.