Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Препорачај книга

Ре: Препорачај книга 08 Мар 2011 02:07 #120313

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Куќа од хартија - Карлос Марија Домингез.Фантастичен спој на креативност на авторот и приказна која изобилува со мудрости. Неколку реченици особено ме фасцинираа..и сега ќе ги прафразирам - Библиотеките не се само збир на книги, тоа се сведоци за животите на авторите, па дури и на нас самите-читателите. Прекрасен роман во кој се опишува како љубовта кон книгите, може да прерасне и во опсесија..и да биде дури и погубна по човек. Книгава мислам дека не е преведена кај нас, но ја има мислам на сајтот банепревоз со српски превод, каде можете да си ја симнете како ПДФ. Мала е по обем, но апсолутно ме воодушеви! :OK:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 08 Мар 2011 05:35 #120383

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Еден, ниеден и сто илјади - Луиџи Пирандело. Ова е последниот роман кој го објавил авторот, кој инаку во 1934 год ја добива и престижната награда, Нобеловата награда за литература. Прекрасно дело во кое читајќи за главниот јунак Витанџело Москарда Вие ќе се запрашате себеси..колкумина се наоѓаат во она кое го нарекувате јас? Јунакот преку една наизглед смешна ситуација, дознава дека она кое луѓето го гледаат во него е далеку од неговата сопствена реалност. овие размислувања го доведуваат дури и до лудило! Интересна приказна за човекот кој тргнува по патот на себеспознавањето. Дали ќе ја спознае својата вистинска природа? Одлично дело на фантастичниот Пирандело :OK:

Последна промена: 08 Мар 2011 05:36 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 16 Мар 2011 10:43 #122783

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Захир - Пауло Коелјо. Стрелецот со вечно младиот дух уште еднаш ја погоди целта, прецизен во својот израз како и секогаш, непоколеблив трагач по вистината и најголемиот воин на светлината. Зборувајќи за својот захир, својата опсесија како да сака сосема да ја соголи душата на читателот, која така обезбремена е во состојба да го открие својот сопствен Захир...својата Опсесија. Навистина магично дело! :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Препорачај книга 26 Мар 2011 17:35 #125662

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Без збогување - Линвуд Баркли. На корицата на книгата пишува дека книгата се чита во еден здив и дека страниците сами се вртат...Јас апсолутно се сложувам со ова!!!Прекрасна приказна која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај. Одличен трилер :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, Frogy

Ре: Препорачај книга 28 Мар 2011 12:04 #125962

  • zence
  • zence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 505
  • Thank you received: 81
  • Карма: 1
Triologijata Milenium- izdanie na "TRI" : Devojkata so tetovaza na zmej; Devojkata sto si igrase so ogan i Devojkata sto go urna osiloto.
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 28 Мар 2011 21:26 #126167

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Сто празни страници - Сирил Масарото. Книгава апсолутно ме воодушеви! Неверојатна приказна!!!Ја прочитав за неколку часа и напросто не можев да се одвојам од неа. Она кое најмногу ми се допадна во книгава е една од поуките кои ги носи - да создаваме големи дела никогаш не каејќи се за минатото, т.е. никогаш не гледајќи наназад. :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, zence

Ре: Препорачај книга 03 Апр 2011 22:04 #127666

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Моите пријатели, моите љубови - Марк Леви. Во стилот на пишување на авторот се вљубив веднаш по читањето на "Седум дена за вечност", па знаев дека и оваа книга ќе ми се допадне. Сепак, морам да бидам искрена дека другата книга, "Седум дена за вечност" ми се допадна за некоја нијанса повеќе. Како и да е, ова е навистина дело кое ќе ве опушти и кое ќе ви зборува за љубовта и пријателството. Ликовите на Антоан и Матијас апослутно ме пленија, а секако симпатични беа и Софи, Ивона, Одри и сите останати. Разноликост од ликови и карактери, со различни приказни кои се вртат околу стожерите на дејствието - Антоан и Матијас. Навистина, тешко е да се биде сам, а животот е дефинитивно поубав во двојка. Тоа само ни го потврдува ова прекрасно дело.

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, zence

Ре: Препорачај книга 04 Апр 2011 23:22 #128034

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Пурпурен хибискус - Чимаманда Н. Адичи. Навистина не знам кој збор да употребам за да ја доловам мојата воодушевеност од книгава! Дури и кога би рекла ФАНТАСТИЧНА, НЕВЕРОЈАТНА, БРЛИЈАНТНА книга...сепак, мислам дека би било малку. Боже, каква приказна! Камбили и нејзиниот живот предизвикаа цела низа на емоции кај мене - сожалување, гнев, восхит, емпатија. Мислам дека она кое го прочитав во книгава нема никогаш да го заборавам! Факт е дека по читањето на книгава секој од нас може да му се заблагодари на Бога за сите благодети во кои уживаме денес, но морам да признаам дека книгава ме тера да ги осудам сите оние кои ги угнетуваат своите семејства (тука пред се мислам на таткото на Камбили). Зарем ваквите личности заслужуваат да бидат нарекувани луѓе??? Немир во земјата, немир во семејството...приказна која ќе ве натера повеќе да го цените она кое го имате и да бидете еден од оние кои ќе се борат против семејното насилство!

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, Dolphin, zence

Ре: Препорачај книга 06 Апр 2011 21:50 #128526

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Мојата љубов Че - Ана Менендез. Морам да признаам дека очекував книга полна со историски факти..но она кое наместо тоа го сретнав во книгава е прекрасна, топла приказна полна емоции и страст. Ја прочитав со голема задоволство и толку ми беше криво кога ја дочитав и последната страница. Книгата е меѓу поубавите книги кои сум ги прочитала периодов и се надевам ќе прочитам уште некоја книга од авторкава. :OK:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, zence

Ре: Препорачај книга 10 Апр 2011 04:02 #129282

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Антихриста - Амели Нотомб. После неколку прочитани книги од Амели, не сум веќе ниту изненадена што книгава ми се допадна до степен на воодушевување. Навистина, морам да признаам дека високите очекувања кои ги имав од книгава апсолутно се исполнија! Повторно Амели воодушевува со нејзината нарација и со леснотијата во креирањето на генијални ликови. Преку една, навидум, едноставна приказна за животот на една 16 годишна девојка, авторката успева да навлезе во психологијата на оние луѓе кои јас ги нарекувам енергетски вампири т.е. луѓе кои едноставно ви ја одземаат енергијата. Таква е Христа, антихристот кој на Бланш и ја одзема наклоноста на нејзината фамилја, ја запоседнува нејзината куќа...а се чини посакува да господари и со нејзината душа! Генијално дело кое нема да ве остави рамнодушни! Како ќе се одвиваат настаните во книгата, претпоставувам дека во секој од вас ќе расте гневот и бесот...можеби дури и ќе побарате некако да се стави крај на сето она што Христа и го прави на својата "другарка". Кои се мотивите за ова однесување на Христа? Е тука веројатно треба малце да се подразмисли и веќе навлегуваме во психолошката нишка на книгава, која можеби ќе ни покаже кои се "Христите" во нашите животи. Мене дефинитивно ме натера да размислам по тоа прашање. Чиста 5ка за мојата единствена Амели :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence

Ре: Препорачај книга 11 Апр 2011 15:03 #129470

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Остров - Викторија Хислоп

Attachment OstrovViktorijaHislop.jpg not found


Главен лик во книгата е Алексис, фотографка која заминува на одмор во Грција со своето момче и постојано си го поставува прашањето дали тој е вистинскиот за неа. Одговорот ќе го најде откако ќе почне да истражува за минатото на нејзиното семејство, кое нејзината мајка Софија го чува како најголема тајна и од кое ја има само единствената фотографија од тетката и тетинот кои ја одгледале Софија од малечка. Ова патешествие на Алексис ќе и донесе и поубав (поблизок) однос со Софија, а воедно ќе ја научи на вредна лекција својата мајка за тоа што всушност е најважно во животот
Книгата е едноставно прекрасна. Топла приказна за семејството, љубовта, страдањата и голема лекција за сите нас за тоа што вреди во животот да се бори човек за него. Авторката (која инаку е новинарка) има убав, читлив и разбирлив стил на пишување. Без разлика дали се работи за опис на ликови, ситуации, пејсажи, додека читате не можете да не се соживеете со она кое таму се случува (или да речам, да се исклучите од светот околу себе). На многу лесен начин ве пренесува во минатото и ве враќа во сегашноста, ве води низ дејствието.
Голема препорака од мене :)
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 12 Апр 2011 14:02 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 11 Апр 2011 15:17 #129478

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Лексикон на лични имиња - Амели Нотомб. Ова не е вообичаена приказна, но сепак ова е Амели Нотомб во нејзиното стандардно воодушевувачко издание. :) Чудна приказна за една млада девојка која доаѓа на овој свет на еден суров начин - родена е во затвор. Но, тоа не е најстрашното што и се случува. Нејзиното име на инсистирањето на нејзината мајка е Плектрид...Да, убаво прочитавте. Плектрид, тоа невообичаено име се чини ќе ја запечати судбината на оваа нежна но истовремено и воинствена девојка. Кратка но прекрасна сторија :OK:

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 18 Апр 2011 02:34 #130872

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Денес во еден здив ја прочитав книгата "Храна од која се слабее" од Изабел Мартин. Ја имав дома, па дојде на ред да ја прелистам :) Ја препорачувам на сите. Корисни совети за исхраната и слабеењето :OK:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 18 Апр 2011 02:35 by Независна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 20 Апр 2011 23:24 #131489

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Игрите на гладните - Сузан Колинс. Книга која со полно право била цели 102 недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери :OK: Гледано жанровски некој би ја сместил во фикција, некој во трилер...некој во акција можеби. Но, во кој жанр и да ја сместите, ова е книга од која нема да можете да се одвоите, чекајќи да видите што ќе и се случи на главната хероина, 16 годишната Кетнис која се бори за својот живот. Мене апсолутно ми го помати умот книгава...мислам дека одамна не сум прочитала вака динамично дело. Приказната, но и ликовите ме оставаат навистина без зборови, што и да кажам не може сосема да ја долови мојата фасцинираност :nc: Прочитајте ја, верувам ќе ви се допадне :OK:

Последна промена: 20 Апр 2011 23:25 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, zence

Ре: Препорачај книга 28 Апр 2011 14:36 #132624

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
За љубителите на популарната психологија и книгите за самопомош, интересна книга од веќе докажаниот и јас би рекла, комерцијален автор Робин Шарма - Светецот, сурферот и директорот. Кога ја прочитав Калуѓерот кој го продаде своето ферари од авторов, ми се допадна...но неколку месеци потоа стана хит кај нас и сета таа искомерцијализираност почна да ми пречи...па се откажав од авторов. :zelen: Потоа ја прочитав Кој ќе плаче кога ќе те нема, но ставот ми остана ист - Шарма не го доживував како автентичен автор. НО!!! Откако ја прочитав Лидер без титула, веќе почнав да уживам во неговите дела...а последново дело Светецот, сурферот и директорот можам слободно да кажам дека според мене, е најдоброто дело од Шарма...но, тоа е само мое мислење. Одлична книга која ќе ви даде своевиден енергетски boost и поттик како да продолжите и кога ви е најтешко. :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence

Ре: Препорачај книга 03 Мај 2011 19:05 #133417

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Полиња со диви нарциси - Винка Саздова. Прекрасна книга!!! Не се ни осмелив да ги запишувам мислите кои ми се допаднаа во книгата, бидејќи во тој случај ќе требаше да ја препишам целата книга :) Приказната е неверојатна, стилот на авторката апсолутно фантастичен. Приказната навистина изобилува со бројни мудрости, што верувам е само сведоштво на богатото искуство, начитаноста, креативноста и познавањето на човековата психологија на самата авторка. Ми беше чест да ја запознаам на саемот на книгата, каде и го потпиша примерокот од книгава. Никогаш нема да ја заборавам посветата - САМО ЉУБОВТА ГО ЗАТВОРА КРУГОТ! Од љубов сме создадени, за низ љубов да создаваме. Винка е доказ дека во една мала земја знае да се роди и да твори литературен гениј. :OK:

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, Dolphin, zence, sole

Ре: Препорачај книга 04 Мај 2011 11:58 #133491

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Искинатиот вел - Естхер Гулшан. Автобиографско дело на една муслиманка од Пакистан, која по цели 19 години парализираност на десната страна на телото, е исцелена преку вербата во Исус и неговата моќ. Ова чудо ја тера да ја промени својата вера и стане христијанка..но со тоа започнува нов несреќен период во нејзиниот живот. Каков е животот на една муслиманска жена позади велот? И што се случува кога истиот ќе се отстрани? Прочитајте ја..можеби ќе ви се допадне :)
Последна промена: 04 Мај 2011 11:58 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 07 Мај 2011 13:41 #134092

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2792
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26


Konecno i jas da ja procitam
Semejna prikazna ,na momenti mi bese malku dosadna , ne e od onie knigi koi nemozes da gi ostavis, mislev deka nekako drugacie ke zavrsi ama ete :poimnemam:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 07 Мај 2011 13:49 by Dolphin.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 08 Мај 2011 00:16 #134170

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Последниот чај - Винка Саздова. Боже, каква книга! Неверојатна е леснотијата со која авторката ме пренесе во далечната Индија..неверојатна е моќта со која делуваа нејзините зборови, нејзините описи врз мене. Речиси ја видов Индија..речиси ги осетив мирисите на минатото, копнежите по иднината-вплотени во вечното СЕГА..речиси уживав во вкусот на последниот чај испиен во Индија. Ова е прекрасна сторија за жената која побегна од се и сите...а пред се, од самата себеси, за повторно да се пронајде!

The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: zence

Ре: Препорачај книга 10 Мај 2011 19:28 #134826

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Девојката со портокали - Јустејн Гордер. Морам да признаам дека на самиот почеток книгата ми беше и повеќе од монотона..дејствието ми делуваше дека нема некоја насока кон која се движи...и се се одвиваше така бавно. Но, како навлегував подлабоко и подлабоко во делото, започнував да читам за токму оние делови од книгата кои се базата - што е светот? Што е животот? Каков тој треба да биде? Имаме ли избор? Од последните 20тина страници кои се всушност и разврската во книгава - сум апсолутно воодушевена. На прекрасен начин со идеално вткаена симболика во своите зборови авторот не потсетува колку сме всушност среќни што сме тука. Ние сме лозовите на лотаријата кои се извлечени! Дадена ни е можноста да живееме!

The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 10 Мај 2011 19:34 #134828

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Пред некоја година ја читав ама сега ми текна
A Short History of Tractors in Ukrainian - Marina Lewycka
Кратка историја на тракторите на Украински - Марина Левицка

Трагикомедија, толку суптилен и кул хумор, лесен стил на пишување (не очекувајте Пруст), убива време и ве остава со насмевка и оптимизам. Веднаш по читаето му ја дадов на еден колега од работа и кога и да се видиме книгата е прво нешто на што ни текнува и веднаш си се смееме.
Последна промена: 10 Мај 2011 19:38 by Cize.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 10 Мај 2011 19:37 #134832

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Ананда, многу сакам да ги запамтам книгиве од тебе, ама хиперпродуктивна си :)
Со оглед на тоа колку јас читам во споредба од тебе се оддалечуваме со пирамидална прогресија :muahaha:
Би те замолила доколку е можно да ги пишуваш и имињата на оригиналите за полесно да ги најдеме во странство, или за Kindle. Фала!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Ре: Препорачај книга 10 Мај 2011 19:41 #134835

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
:hug: Мама_и_Мартин. Договорено! Понекогаш заборавам дека на сајтов имаме друшки и надвор од Македонија. :sram: Еве..иако и порано постирав овде во препораки нејзини книги..најтопло ти ја препорачувам Amelie Nothomb...било што од неа! Мене многу многу ми се допадна. Одлични приказни, стил на пишување кој не заморува со непотребни работи..се на се, одлична авторка. Доколку најдеш нешто од неа, обавезно прочитај...барем за проба :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cize

Ре: Препорачај книга 17 Мај 2011 01:58 #136106

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Затоа што те љубам - Гијом Мисо. Parce que je t'aime - Guillaume Musso. Немам доволно зборови со кои би можела да ја опишам мојата фасцинираност од книгава...ја прочитав за 2 часа а приказната полека ме навлекуваше, и навлекуваше...се до последната страница кога сфатив дека книгата ја прочитав и ги дочекав првите утрински зраци :) Неверојатна приказна за родителската љубов (поточно татковската), за простувањето и надежите...Книга полна со неизвесност, мистерија...Чиста 5ка за книгава. Ја прочитав и "А потоа" од истиот автор, но таа ми е за некоја нијанса послаба од Затоа што те љубам. А во моментов читам уште една негова книга, Што би правел без тебе, и за жал...толку книги од Мисо можат да се најдат кај нас преведени. Наскоро ќе ја добиеме и 4тата книга од авторов (така ме известија кога бев во Топер), па ќе можеме уште да уживаме во прекрасниот стил на пишување на авторов. :OK:

Последна промена: 17 Мај 2011 01:58 by Ананда.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Препорачај книга 19 Мај 2011 16:51 #136733

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Ананда wrote:
Полиња со диви нарциси - Винка Саздова. Прекрасна книга!!! Не се ни осмелив да ги запишувам мислите кои ми се допаднаа во книгата, бидејќи во тој случај ќе требаше да ја препишам целата книга :) Приказната е неверојатна, стилот на авторката апсолутно фантастичен. Приказната навистина изобилува со бројни мудрости, што верувам е само сведоштво на богатото искуство, начитаноста, креативноста и познавањето на човековата психологија на самата авторка. Ми беше чест да ја запознаам на саемот на книгата, каде и го потпиша примерокот од книгава. Никогаш нема да ја заборавам посветата - САМО ЉУБОВТА ГО ЗАТВОРА КРУГОТ! Од љубов сме создадени, за низ љубов да создаваме. Винка е доказ дека во една мала земја знае да се роди и да твори литературен гениј. :OK:


Анандич, коментаров на Facebook ти го објавиле од Три :love:


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ананда

Најново на форумот

  • No posts to display.